Не важи веќе ова. Бројни истражувања докажале дека алергија на јајце не е контраиндикација за вакцинирање со ммр. Вакцината е култивирана на пилешки ембрион, ама во составот нема траги на нивни протеини.
Ете уште нешто ново . Што значи нема индикации за да не се прими. Освен докторите ако не мислат спротивно за одредени случаи.
Не не може. Не може вакцина да активира аутизам бидејќи аутизмот настанува уште кога се формира мозокот интраутерино. Значи или генетски или други фактори од околината ама додека се развива плодот. За автоимуната болест добро, ама аутизам и автоимуна болест се скроз различни работи. Башка што со муабетиве си кажувате дека попрво би го изложиле детето на смртоносна инфекција отколку да има аутизам што е само по себе questionable ама вие си знаете....
Мене ме прашаа пред 10 дена дали е алергична на јајце. Сметам дека проблемот како и во секоја тема е несогласување на самите доктори. Еден едно ќе те советува, друг друго. И рекла-казала муабети што ги спомна @Brpbrp имаат голема улога очигледно.
Ова си го измислија буквално од нигде никаде, ендемски вид некои доктори. Има нови студии, сосема е безбедна и за тие што имаат алергија или се уште немаат внесено јајце во исхраната. Единствена причина за невакцинирање е медицинска индикација, согласно индивидуалната состојба на единката, која секако ја проценува доктор. Некои индивидуи со веќе постоечки генетски состојби, може да реагираат со различни одговори на одредени вакцини и затоа е особено важно консултација со стручно лице. Вакцините не предизвикуваат автоимуни болести, туку го предизвикуваат имунолошкиот систем да произведе заштитата од специфичен патоген. Не постојат научни студии кои го сугерираат спротивното. Се друго што раскажувате тука, антивакс, се приказни за мали деца.
Ne daleku od toa deka nema da go vakciniram jas sum za vakcinite i toa golemo ZA,no ete so 100 stravovi od chitanje razni mislenja. Fala ti za komentarot i spodelenoto.
Fala ti mnogu za sovetot,iako sum svesna deka samo losho si pravam so guglanje.Na net sekoj moze da si pishe shto saka,a kolku e izdrzano toa ili ne,ne se znae bash.
Баш се може да биде тригер, висока тт, пад, удар, стрес, вакцина, антибиотик, сируп, баш се... Јас не реков дека вакцината ствара аутизам, читај убаво, го активира генот, познавам возрасен кој после развод појавува симптоми, до тогаш бил повлечен ама никакви симптоми посебно немал појавено, после развод станува страшно. Генот никаде не реков дека се создава од вакцина или после раѓање, исто така. А исто така и не реков дека не боцкам. Мое мислење е дека поврзаноста на оваа вакцина со аутизмот е поради возраста на која се прима, на таа возраст се очекува некаков говор и доколку отсуствува се поврзува со говорот што не мора да значи, нели. А вакцината како и секој друг лек може да создаде реакција или одговор на телото.
И многу педијатри советуваа исто. На син ми педијатарот, која важи за еден од подобрите, кога и реков ќе ја ставам ммр ме праша дали зборува и оди кога и кажав не , мореее не му ја ставај , чекај прво јас и на внучето ќе чекам до 3 години ( генерација беа со синко) Така да, вината не е само во родителите, нека се заангажираат и педијатрите малки. еве пак се заканува епидемија од морбили… Пред неколку години беше страшно , ако ви текнува. Како што кажа Ангел, се поклопува возраста на апликација со очекувањата да прозбори , прооди.
Јас читам убаво, ти не читаш убаво. Не може да активира вакцина ген за аутизам, затоа што прво, таков единствен ген не постои - аутизмот е склоп на различни фактори, а како второ аутизмот се развива додека се развива плодот. Не може да се роди дете без аутизам и после да се создаде на една, две или три години. Анегдотални случаи од познаници исто така не се некакви докази, кај возрасни луѓе па уште помалку може да се "активира" аутизам. Не е тоа автоимуна болест. И не реков дека не боцкаш, верувам дека не си антиваксер, ама ова се дезинформации.
Дали на пријателот му правеле проблем при упис во градинка/училиште? Кај нас ни бараат да се вакцинирани од морбили обавезно за да ги примат во градинка/училиште.
Не сум против вакцините и ќерката ја вакциниравме со сите вакцини, еве овде има многу крлежи и таа вакцина е задолжителна (во Мк не знам) и таа ја прими.. Синот ги прими до сега, еве има закажано во март мрп..со него па и помирна сум оти правевме пренатален фала му на Бога се беше во ред..
Извини кај тебе реплицирам..и мојата пријателка двете деца не ги вакцинираше па два месеци двете деца во болница тешка инфекција одвај оздравеа.. и покрај тешките "врски" не и ги земаат во градинка.
se tuzese mislam ako ti treba da prasam, barase napismeno da mu dadat zosto je e primano deteto taka nesto ama ne sum bas siguren ama ako ti treba ke prasam
Затоа прашувам. Мајка ми работи во градинка, ама мораше да ја вакцинирам. Не признаа ништо. Им однесов и до доктор дека е предвреме родена и мора да се одлоѓи не признаа ништо. Седеше дома, кога ја вакциниравме ја примија. Воа кога имаше пандемија на морбили.
И да нема пандемија не ги примаат. Ние кога бевме деца доаѓаа во школо да не вакцинираат, родителите не ни знаеја. Сега е друго време за нешто подобро за нешто е полошо..
Да се надоврзам за градинката и МРП. Мене ми ѕвонеа од градинка, бараат обновен вакцинален картон. Најверојатно ќе мора сите да се вакцинираат пошто веќе има сипаници по градинките. Барем јас така разбрав
Доаѓале во школо, точно, но со претходна најава барем неколку дена однапред и напомена да носиме задолжително здравствена книшка тој ден за да ни ја внесат вакцината, а воедно и да проверат да не случајно претходно била примена од икс причини. РОДИТЕЛИТЕ СЕКОГАШ ЗНАЕЛЕ! Е сега, колку ги интересирало, колку воопшто биле запознаени за што е вакцината итн е др работа, ама скришно никогаш не доаѓале ненајавени. А ставот на родителите отгаш најчесто беше, нешто им бараат книшка, ќе им стават вакцина за нешто и толку. Но не е точно дека не биле информирани. А во врска со сипаници, има во моментот многу не само низ градинките, има и низ школите, има отсутни деца еден куп. Почна уште пред Нова година. Ама варичела, за која кај нас нема вакцина (во ЕУ секаде има, примаат 4-валентна ММРВ, ако имате некој познат во Германија на пр. може да видите во нивниот картон, а кај нас е сеуште без тоа В за варичела бидејќи е многу поскапа, може еден ден ќе се смени и тоа, па варичелата ќе биде прогласена за смртоносна). Како и да е, има варичела многу периодов, морбили нема.
https://telma.com.mk/2023/01/21/na-zemjava-i-se-zakanuva-epidemija-od-morbili-alarmiraat-lekarite/ Нема, ама се очекува да има