Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.654
    Допаѓања:
    39.421
    Пол:
    Женски
    :D Добри делузии. Со оглед на тоа што си зачленет/а само за да шириш антивакс приказни, пре би рекла за тебе дека те плаќаат.
    А баш тоа што ја сменија официјалната изјава за ефикасноста на вакцините ти докажува дека не е некава теорија на заговор туку наука што е динамична и се менува. Да сакале да лажат, цело време ќе тврдеа дека штитат 100% и никакви нус појави немаше да бидат јавни и достапни.
    Туку ај ковид не е релевантен веќе, ама што ќе правиме со болестиве што толку сакате да ги вратите во тренд?
     
    Последна измена: 3 февруари 2023
    На ladystardust, nevermet18, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  2. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Не се делузии. Не допираш. Ѕидот на стереотипот граден со децении многу тешко се прерипува. Знам по себе. Многу непроспиени ноќи пред 15 години, за да го направам најдоброто за моите деца. Како и секој родител.
    Ковид вакцините беа еклатантен пример за отворање на очи. „Научниот“ доказ како што @Lianna Anna милува да се повика не беше научен туку протнат. Поради притисок од други (неспонзорирани) научници и доктори мораа да обелоденат и неучинковитост и очајност во нуспојави.
    Ковид вакцините не смеат да се заборават и нивните промотори амнестираат. Од барем две причини. Тие истите ги произведуваат и останатите вакцини, и се доведува во прашање како тие го прошле ситото на „независната“ наука. Втората е загрозеното здравје на оние кои ја примиле вакцината.
    За тоа дека некој сака да врати болести е дегутантно и погрешно обвинување. Иако темата е обемна обиди се да го најдеш одговорот наназад.

    И да не ми оди постот во ветер, да почастам едно видео. Документарецот се вика Man made Epidemic

    https://vimeo.com/manage/videos/187620634
     
    Последна измена: 4 февруари 2023
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.051
    Пол:
    Женски
    Thanks! Иако не се потрудив, комон сенс е. :yawn:

    Сега да се вратиме во реалноста, бидејќи, вакцина која предизвикува штета би резултирала со значителна правна и репутациона штета по фармако и производителите. Која е логиката да поттикнуваат промоција на штетни вакцини. Ќе изгубат многу. Наспроти тоа, ја осигуруваат безбедноста на своите производи.

    Ај не бладај жити се, јавни се студиите и за Ковид. Ама секако немаш логика во аргументот. Никако не можеш да ја споредиш оваа вакцина со претходните, затоа што прво, се работи за сосема друга платформа на изработка и производство и второ, претходните вакцини се на конвенционален начин направени, години уназад држат под контрола заразни болести и има јавни студии за нивната ефикасност и безбедност, well, уште од времето кога болести коселе се пред себе.

    Што се однесува до Ковид, вакцината е ефикасна и е мрна вакцина. Платформа која исто така подлежи на тестирање години уназад и е можеби иднината во превенција на канцер. Ефикасноста на ковид вакцините не е мерлива со конвенционалните, а и се покажа прилично добро, иако подвали малку во одличен резултат. Ама воопшто не е за занемарување, тоа што светот успеа да ги сведе последиците на минимум, со помош на вакцината.

    Не постои зависна наука, освен онаа во која ти веруваш. За спротивното тврдење немаш доказ.
    Имаш импресивна фантазија и рушиш стереотипни ѕидови. На родители и деца поминуваше полесно во 2012, кога ќе ти поверуваше некој залутан родител. Ама среќа сега се многу повеќе информации достапни, па бајките ти се само тоа, бајки.

    Во врска со спонзорството, нема ништо повеќе спонзорирано од антивакс студиите, кои не подлежат ниту на пир ривју. Мислам, дај човече, освен оние местенките на Бигтри, ништо конкретно немаш.

    Во врска со етиката, да прашам, како им иде на Вејкфилд и нему сличните¿
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AraZaho

    AraZaho Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Bravo moite se 6 i 3 nemaat nisto primeno vo Germanija doagaat i te prasuvaat prvo dali sakas ili ne da potpises ... ama sea se vrativme vo Makedonija nazat ....dali za sekoja vakcina koja ke ja odbies tuka plakas kazna ili ?
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  5. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Ти благодарам за споделувањето како се врши вакцинацијата во Германија. Претпоставувам дека потпишуваш согласност за вакцинација на детето, и со тоа ги превземаш на себе евентуалние последици од вакцинацијата. Така барем беше порано.
    Како е во Македонија зависи од многу различни состојби. Генерално некој плаќа (50%) казна, некој ништо, некој добива на суд. Водечки е ставот. И се бориш за него. Лично немав ама баш никаков проблем со предшколскиот и школскиот диспанзер. Познавам луѓе (секогаш вон Скопје) што им беше доставена казна и платија. И си продолжија понатаму, без други казни За ова искрено не се сложувам. Има случаеви каде родителот добил на суд. Мнозинството не одбива директно туку бара дополнителни информации од докторите.
    Јас не сум толку во тек веќе, знам дека се спрема епидемија на морбили за да се засили вакцинацијата.

    Постои здружение „Од нас за нас“. Можеш нив да им се обратиш.
     
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Не им е нормално тоа шо ги казнуваат, зошто е тоа? Секако родителот си сноси одговорност доколку нешто му се случи на детето. Лошото е кај нас што ако го фати некој тежок вирус за тоа што и се вакцинираат децата ќе нема да знаат како да се излечи.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Estella

    Estella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Како тоа се спрема епидемија на морбили?
     
  8. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Исто како претходната „епидемија“ на морбили. Исто сценарио. Или ако сакаш исто како короната.
    Медиумите ќе одработат страв и паника, Притисоци ќе има по школите за вакцинација, ќе малтретираат (незаконски, од позиција на власт) по градинките. Дел од родителите кои не вакцинирале, ќе потклекнат на притисоците и уцените, дел ќе издржат.
    По примерот на починатите дечиња во Романија тогаш, и сега ќе најдат жртвени јагниња со други коморбидитети, а ќе ги пишат морбили...
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    32.294
    Пол:
    Женски
    Добро бре човече. Имап ли малку малку малку морал и етика во тебе. Се активираш само за да шириш страв и паника и да агитираш за твоите глупости.
     
    На IRBBB, nadja.d, Lianna Anna и 9 други им се допаѓа ова.
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.057
    Допаѓања:
    21.449
    Пол:
    Женски
    Можеш да докажеш дека нешто се "спрема" или лупаш од ракав?
    Епидемија или има или нема, како тоа може да го спреми некој?
     
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.654
    Допаѓања:
    39.421
    Пол:
    Женски
    Зошто членов не е баниран?
     
    На Cherry79, Skyler и lovely91 им се допаѓа ова.
  12. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    По што во постот заклучи дека немам морал и етика ? Како тоа ширам страв и паника. Со тоа што веќе е јасно сценариото ? Најобично и логично повлекувам паралели заради полесни заклучоци. Кој може ќе разборе, а за жал неможе секој.

    Прочитај го уште еднаш постот. Можеби ќе разбереш.

    Те молам прочитај ги правилата на форумот. Секако има опција „пријави“
     
  13. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.057
    Допаѓања:
    21.449
    Пол:
    Женски
    Читам и прашувам. Можеш ли да докажеш или не?
    Ти. Лично. Не медиуми, не градинки. Туку ти по која основа пишуваш дека се спрема епидемија на морбили?
     
  14. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Баба Ванѓа не сум но спетот на настани е веќе препознатлив. Тоа го пишува во првиот ред од постот. Обична логична аналогија. Изнесувам размислување не доказ.
    Дискусијава нека постои, 1-2 месеци. Ќе се навратиме на неа. Тогаш пак прашувај се за основата, која што сега не сакаш преку аналогијата да ја видиш.
     
    Последна измена: 7 февруари 2023
    На Te@ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.057
    Допаѓања:
    21.449
    Пол:
    Женски
    Ама ти знаеш, како тоа сега размислување било? Ако мислиш, ќе си пишел мислам дека се спрема, а не знам. Или нешто пропуштам?
     
  16. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Спрема аналогијата на претходните настани јас знам. Така размислувам.
    Или ќе вадиш запирки и понатаму ?
     
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.057
    Допаѓања:
    21.449
    Пол:
    Женски
    Хахахаха ок. Ти знаеш :D
    Еве јас не знаев дека научно знаење и твое лично размислување е исто.
    Ајде убав ден, ме научи нешто. Фала ти 8)
    И шо си толку луто настроен бе члену? Нели дискутираме?
     
    На fashion-addict му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека од лани МЗ известија дека се очекува епидемија на морбили заради големиот број на деца што не се вакцинираат? Не е дека ти си многу паметен и го предвиде ова како ‘се спрема епидемија’.
    Немаш грам совест, емпатија, жал кон родителите што ги изгубија бебенцата претходната епидемија.
     
    Последна измена од модератор: 7 февруари 2023
    На Misskirova, JoyJoy, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  19. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Не е. Никој не рече ништо научно. Ти сакаш да ми ставиш зборови кои не сум ги кажал.
    И не се лутам. Игранката ти е препознатлива.
    Убав ден и на тебе. :)
     
  20. n.lauda

    n.lauda Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2023
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    518
    Пол:
    Машки
    Начинот на живот го зголемува или намалува имунитетот. Ако не ве вакцинираат децата, и не се внимава на подобрување на имунитетот, некои болести може да се тешки. Многу примери пак покажуваат дека невакцинираните деца се поимунитетни од вакцинираните. Повеќе сум за невакцинирање, или вакцини по избор па родители, а не сите вакцини и задолжително.
     
    Последна измена: 7 февруари 2023
    На yarre и Te@ им се допаѓа ова.