Ама не разбираш, тие бројки од мз и ијз и сите клиники се непостоечки. Што прават инаку 8 саати на работа тие луѓе? Го спремаат планот за новата епидемија. Многу логично.
Како можеш да имаш имунитет за морбили ако ги немаш прележано или се немаш вакцинирано? Те молам дај ми еден пример од тие многу што ги имаш.
Ај немаш г'з да си го пуштиш невакцинирано детето со МРП во градинка кај што се знае дека има морбили, ај, ај
Zdravo, ve molam nekoj/a so iskustvo od nevakcinirani deca. Kako pominuvate so imunitet, razboluvanja, nekoja bolest nedaj boze za koja sto ne e vakcinirano deteto kako ste ja pominale. Gradinka, skolo zapisani kako ste prosle so toa? Pred vakciniranje sme pa za da donesam odluka istrazuvam. Fala
Еве јас ќе ти кажам за син ми - вакциниран со се. 2г оди во градинка, ниту еднаш немал изолирана стрептокока, ни гнојна ангина. Вакциниран со превенар. На 1г6м фати рота во градинка. Повраќаше 1 ден. Јас и татко му префативме рота, бевме болни 5 дена. Другари од градинка, невакцинирани, минимум 10 дена поврќање. 6 валентна вакцина има покрива и хемофилус. Ниту еднаш не му е изолирљна на брис. Јас ја имав, пиев 2 кутии антибиотик. За морбили нема да коментирам, последици од морбили се и менингити и енцефалит. Возрасни со морбили завршуваат скоро секогаш во болница. Дете паѓа, се сече, барем покриено е со тетанус не го мислам за тоа ама вие си знаете. Коа ќе се вратат искоренети болести како полио, сите ќе си ја акаме главата. Пс. Вакцини никако, ама антибитик на секое кивање се дава. И кортико инхалации и урбазон за температура..
Сипаници, 2019, популација со ~33% вакцинација: https://en.wikipedia.org/wiki/2019_Samoa_measles_outbreak Пошто сеуште не се поминати 7 години, бројката не е финална. Има една ретка форма на енцефалитис што се добива од морбили што се појавува до 7 години после прележување. Нема лек. Може само да се спречи со вакцина пред да се фатат морбили. https://en.wikipedia.org/wiki/Subacute_sclerosing_panencephalitis Ако ги земеме за пример гласините (страв! страв! страв!) дека има врска со аутизам, тоа веќе развиваат начини за дијагностицирање пред три месеци возраст, пред било каква вакцина. https://answers.childrenshospital.org/erg-autism/ https://sendd.eu/ Што се однесува на ранзоразни критики за тоа што морало што не морало, во МК не се задолжителни ни вакцина за Жолта Треска, ни за Беснило, ни за Коксиела Бутернии. Задолжителни се за тие што се фаќаат кај нас локално и лесно може да се закачат. Не сите вакцини спречуваат заболување. Примерно вакцината за Туберкулоза спречува дисеминирана туберкулоза, односно ќе ја спречи да се рашири на внатрешните органи и да те убие ако падне имунитетот. Како на пример при инфекција со сипаници (морбили, варичела) што паѓа имунитетот. Има некои истражувања што покажуваат дека штити и од јувенилен автоимун дијабетис, ама тоа сеуште се истражува. https://www.massgeneral.org/news/pr...for-bcg-vaccine-in-stemming-type-one-diabetes Во врска со теориите на заговор дека ова е чисто за профит на фармација, што прави многу повеќе пари од медицински материјали што им требаат на луѓе кога лежат во болница (види само еден болнички ден колку чини), ама некако волшебно во мозокот на антиваксерите иако целта им е да направат повеќе пари, сепак прават лекарства што спречуваат заразни болести и си ги намалуваат сами профитите. Будали. Додуша нивните акции се на јавни берзи и може да се купат, така да секој што има вложено пари во инвестициски фонд во МК што има портфолио на берза, уствари прави пари од дивидендата на фармација. Има јавно достапни информации на интернет за тоа. Еве пример за Фајзер: https://www.investopedia.com/articles/company-insights/082316/top-10-shareholders-pfizer-pfe.asp Се прашувам колку од антиваксериве се свесни дека ако им се парите на берза или во инвестициски фондови, или во приватни пензиски фондови/осигурителни компании, уствари дел од тие пари и кај нив стигаат на сметка. Се разбира, ако протарашкаш низ годините наназад на форумов/темава/интернет, ќе најдеш постови од антиваксери дека деца не умираат од сипаници, дека сето ова се лажни статистики и дека има глобален заговор од рептилите од орион дека вакцините се користат за менување на човечката днк за да не направат послични на нив. Пошто очигледно луѓе што гледале Тхе Х Фајлс се збуниле дека гледаат документарец, а не фантастична серија за тепање време. Чисто да знаеш што се можеш да најдеш на темава.
Топ! Фалат уште три работи. Да им потпишеш лична: Гаранција дека вакцината ќе биде учинковита. (веднаш и после 10 години). Гаранција дека нема да има нуспојави (веднаш и после 10 години). Гаранција дека кумулативното дејство на вакцините нема да даде никакви последици по здравјето. После слободно можеш да ги пратиш Аваксите на Марс. @Zajko kukurajko Копај и истражувај. Разговарај со лекари, разговарај со луѓе кои имаат последици од вакцина. Разговарај со сите. И тие, сиротите „антиваксери“ имаат деца, и си ги сакаат како ти. Вакцинирањето е нереверзибилен процес. Нема назад, нема каење.
И еве како се препознава анти-ваксер. Веднаш почнува со ад-хоминем, односно напад на личност, како и секој религиозен фанатик. Не се важни повеќедецениски студии, не се важни модерна медицина и наука, фармакокинетика и генетика, важно е само веднаш да се премине на пропаганда исполнета со логички недоследности и директно да се повика на Лично, пошто нема што друго да каже освен пропагандата што ја шири. Се разбира, доколку му влезеш во играта, следниот чекор е да те прогласи дека те купила фармацевтската индустрија и затоа се добри вакцините. Како и секој пропагандист што не може ништо фактичко да понуди, туку само спинови и дезинформации. Чек да пробаме да одговориме на сличен начин: Вакцина за грип е учинковита околу година дена, ти вели на самата вакцина, пошто толку траат антителата, оди Лично научи основна имунологија. А да, и додека сме кај учинковитоста, научи Лично што е и Нирвана логичка грешка. Да знаеше основна имунологија, ќе знаеше точно кои последици ги даваат кои вакцини и точно после колку време ги даваат, наместо вакви паушални изјави наменети како премногу општи генерализиции. Ама, види, пак ти успеа во една реченица да споиш неколку логички грешки. Останатите теории на заговор што се потпираат на дезинформации и тврдења базирнаи на игнорантноста на антиваксерите се раскринкани сите до едно, ама да, анти-ваксерите си продожувате да ги повторувате до бесвест, како секоја добра пропагандна машина што само ги повторува истите лаги. Како беше она, пошто некои вакцини содржат алуминиум, фаќаат 5Г и овоможуваат контрола на умовите. Во меѓувреме, еве ти една докажана една последица што ја даваат. Продолжен живот и драстично намалена смртност од патогените организми од кои што штитат. Кумулативното дејство е стекнат имунитет на повеќе видови болести. Причината поради која што се користат. Ама да, за антиваксери што мислат дека пошто во нивно маало никој не умрел од Вариола Вера, никогаш не ја ни имало, тешко да ги извадиш од светот на фантазии во којшто живеат. Ама, се разбира, да можеа религиозни фанатици да разберат рационалени аргументи, немаше да бидат религиозни фанатици. И еве го моментот со теориите на заговор - "нема назад". Нема назад од што точно? Од имунолошки одговор што ги штити децата и возрасните? Имаш нешто фактичко да кажеш или пак ќе се вадиш на повикување на емоции, страв и пропаганда, како и на твоите претходни постови? Ајде, не генерализирај, кажи си ја теоријата на заговор, што почнува да личи на играта Доом. Таа беше на Марс.
Дали овие гаранции ги барате да ви ги потпишат пред да ви препишат било каков лек за вашето дете или за вас? Ви го потпишува ли тоа некој?
@OutOfAnywhere Не си ласкај. Или не знаеш што е ад-хоминем. Околишање. А се бараше конкретно. Со сите научни студии, дури може и со оние „независни“ студии платени од производителите на вакцини. Зошто да не се бара гаранција на учинковитост и нуспојави ? Зошто се силува вакцинацијата, со разни претења, отпишувања од градинки.. Дали еден куп доктори се будали што не ги вакцинираат своите деца ? Зошто Фајер плаќа отштети Директно прашање: Колку е валиден имунитет на стадото ако „учинковитоста“ на вакцините согласно нивните производители е максимум 10 години ? @IRBBB Лекот медикаментите, не се протнуваат под незаконската „задолжителност“. Можеш да ги пиеш, можеш и да не ги пиеш. Никој не те силува за нив. За вакцините те силуваат. Согласно неколку закони и конвенции (каде постписник е РМ) пациентот сам одлучува. Во медицината, информираната согласност означува дека откако пациентот ќе ги добие сите неопходни податоци за суштинатан апредложената медицинска интервенција , придобивките и ризиците поврзани со неа, ТОЈ, граѓанинот, одлучува дали таа ќе биде извршена или не. Медицинските интервенции од профилактичка природа каква што е вакцинацијата, не се исклучок.
Не се задолжителни медикаментите, ама знаеме дека и тие можат да бидат штетни, некаде и фатални. Дали и за нив барате да ви потпишат вакви гаранции?
Или ти не знаеш што значи зборот "лично". Кохортните студии не се платени од производителите на вакцини. Знаеме дека не знаеш основна имунологија, очигледно ти треба и основна епидемиологија. Студиите ги имаш достапни онлајн, слободно пребарај си на гугл, или научен си само ти да им кажуваш на други "сами да пребараат". Или сега веднаш ќе преминеш на стандардното антиваксерско дека сите студии од ЦДЦ не ги прифаќаш поради -вметни теорија на заговор тука-. Цитат: "Дали еден куп доктори се будали што не ги вакцинираат своите деца ?" Според тебе, веројатно и ова не е ад-хоминем. Оди прочитај дефиниции и примери за ад-хоминем и за лажна генерализација. Инаку да, има будали доктори. Има писхопати што зеле диплома од медицина и ја злоупотребуваат на уште поголеми будали. Кажи си де, на која поточно исплата мислиш. Како и сите големи компании имаат неколку. Директен одговор: И еве пак истите логички грешки. Не бегај од сопствените логички грешки. Има разлика од вакцина до вакцина, примерно морбили имаат имунитет на стадо пошто се работи за хуман вирус, додкеа кај ТБЦ нема имнуитет на стадо пошто се работи за ендемски бовинум бактерии. Оди научи основна имунологија, вирологија и епидемилогија пред да продолжиш со тресење пропаганда исполнета со неиздражни логички грешки, иако знаеме сите дека ако воопшто имаше желба да научиш. Нешто место само да шириш религиозна пропаганда до сега веќе ќе се оправеше. Во меѓувреме, оди научи што е социјална одговорност кај живеење во заедница, или едноставно соберете се антиваксерите и одете живејте си некаде без никаква модерна медицина. Тоа можда и ќе ви ги отвори очите.
Не. Бидејќи докторот не те силува да ги земеш. Сам одлучуваш. @OutOfAnywhere Очигледно е дека не го разбираш поимот Ad hominem. Еве од википедија. Ad hominem (ад хоминем, од лат.: „кон/против човекот“ или „кон/против личноста“[1]), кратко за argumentum ad hominem (аргумент кон човекот) е грешка во логиката, реториката и критичното мислење во која аргументот е одбиен врз основа на некои ирелевантни факти во врска со лицето кое го презентира аргументот.[2] Вообичаено се класифицира како неформална логичка грешка[3][4][5] и попрецизно - како ирелевантност,[6] која го завртува вниманието на противникот и публиката од темата на спорот, и ги насочува кон личните квалитети на противникот. https://mk.wikipedia.org/wiki/Ad_hominem Повели пронајди го ад хоминемот од мене кон тебе. А намали или исклучи ги твоите ад хоминем напади кон мене. Дали можеме да констатираме дека имунитет на стадо не постои? Еве за ТБЦ вакцината, која е повлечена од употреба во повеќето земји на ЕУ а во Америка никогаш не е воведена. Добро, и до кога трае оној имунитет кој учествува во крдото од вакцината знаејќи дека производителот пропишува макс 10 години „заштита“ ? Земи го слободно опсегот на живите единки на земјата, од 0 до на пример 80 годишна возраст. Или ако сакаш, дали една просечна жена/маж со 30 годишна возраст е заштитен/а ако била бустерирана последен пат на еве 14 годишна возраст.
Очигледно е дека не го разбираш поимот Ад хоминем. Да те цитирам тебе: "Да им потпишеш лична:" Прочитај се сам себеси. Не бараш научна, фактичка, докажана потврда, бараш Лична. Да те цитирам повторно тебе, односно тоа што ти самиот го цитираш од википедиа: "и ги насочува кон личните квалитети на противникот." Ајде да видиме дали сега ќе ти е јасно. Ооо, не ти одговара кога те прозиваат за твојот ад хоминем, спиновите, дезинформациите и пропагандата. Е па престани со лагите. Ете, гледаш, пак спинови и дезинформации што покажуваат и незнаење на основна имунологија, и несакање да се научат основни факти, пошто немаше да шириш вакви лаги и пропаганда. Ја има БЦГ во Америка и во Европа. Има на кого се дава и зошто се дава. Дури е и објаснето во кои земји се дава. Повели, од официјален сајт во САД: (имаш и за Европските земји, едно просто пребарувањ ена гугл ќе ти ги даде) https://www.cdc.gov/tb/publications/factsheets/prevention/bcg.htm Да ти цитирам: "BCG is used in many countries with a high prevalence of TB to prevent childhood tuberculous meningitis and miliary disease. However, BCG is not generally recommended for use in the United States because of the low risk of infection with Mycobacterium tuberculosis, the variable effectiveness of the vaccine against adult pulmonary TB, and the vaccine’s potential interference with tuberculin skin test reactivity. " И 15~30% од тие што ќе развијат туберкулозен менингитис ќе умрат, а уште ~20% ќе имаат доживотни последици. И тоа со првокласно здравство, без оглед на третманите. Јасно? Ах, да, пошто не се сложува со твојата религија, ќе го одбиеш како ирелеватно врз основа на -внеси-теорија-на-заговор-тука-. И пак истото. Спинови ли се, логички грешки ли се, анти-ваксерска пропаганда до даска. Откако веќе ти е посочено да бидеш поспецифичен во поглед на кој патоген организам се работи, пошто кај различни патогени организми се различни еден куп параметри во поглед на имунитет и ширење, ти упорно продолжуваш да игнорираш основни имунолошки и епидемиолошки начела во определување имунитет на стадо. Ај отиди кај некој од сите оние "доктори" на коишто се повикуваш цело време, нека те научат барем на некои основни работи, барем да знаеш за што зборуваш. Во меѓувреме, да не спинуваш пак дека не ти е даден одговор врз основа на нецелосното прашање што го поставуваш, пошто погоре е даден пример со Морбили, имунитетот од морбили кај 97% од вакцинираната популација е над 30 години во неендемски средини. (во ендемски е доживотен поради постојана реимунизација преку повремено или постојано изложување на патогените организми) Со поопиплив пример, ако не ти е јасно што е имунитет на стадо, прво види колку деца умреа на Самоа 2019 пошто вакцинацијата беше падната на ~33%, линкот е погоре. Зачудувачки, но вистинито, откако е над 90%, не се има повторено епидемија. Да не плачеш дека Самоа е за пример, повели Јапонија: https://www.newsweek.com/anti-vaxxers-vaccination-measles-outbreak-autism-1339369 Еве нешто поново: https://www.voanews.com/a/zimbabwe-says-measles-outbreak-has-killed-700-children-/6732718.html Да, да, знаеме дека според вас антиваксерите, морбили не убиваат, и сето ова е -внеси-теорија-на-заговор-тука-. Ако уствари седнеш и научиш некои Основни начела од епидемиологија и имунологија и вирологија, можеби и ќе разбереш што е имунитет на стадо и каде важи. Но пошто анти-ваксерите сте повеќе загрижени да ширите пропаганда, отколку да согледате фактичка ситуација, не се сомневам дека ќе си продолжиш по старо. Не си од јапонската нација па да научиш што грешиш и да се поправиш, од балканот си. Тука луѓе попрво ќе умрат, и ќе ги земат сите со себе, пред да признаат дека грешеле. И да, ова е пример за ад хоминем, каде што личен квалитет (инает до смрт) се дава на таргетирана група (балканци). Ама па има некоја вистина во тоа, ти си личен пример за тоа. И да, пошто е утребен зборот личен пример, ова е ад хоминем, односно повикување на твој личен квалитет.