Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Секако. Вакцинацијата сама по себе е ризик, и да, има нуспојави. Каде има ризик мора да има право на избор. Ти ја заговараш ситуацијата како да се напиеш чајче од камилица и сигурна си дека никој што го чита форумов нема да има евентуални проблеми, веднаш по вакцинацијата или после одреден временски период.
    Затоа да, лично гарантирај. И тоа воопшто не е адхоминем напад. Или можеби она како кај бабите - „Што ми је мило то ми се снило“ :D

    Поентата е во незадолжителноста. И ете, немаат нешто многу заболени. А и кај нас.Џабе е вакцината ТБЦ коа е во прашање.

    Морам да признаам дека во тебе препознавам прекрасен писател. Ако сакаш може и Ад-хоминем пофалба да е. :). Имаше еден писател Владимир, не ми текнува презимето, на платен список кај една фармацевтска куќа беше. Да не си ти ? Дури и водеше група на фејс, мислам се викаше - пази име „Информирани родители на вакцинирани деца“.

    Јас ти поставив едно обично логично прашање и ништо не заобиколувам. Ти можеш да кажеш дека игнорирам, ама еве повторно истото прашање од погоре, ако знаеш одговори без вртење како „Киша око Крагујевца“ Знам или незнам еве ти кажи ми директно за која популација станува збор колективниот имунитет кога е во прашање. Simple as that.

    Ух доста измешано. Иако ти барав она конкретно. Спрема логикава вакцината трае 30 години во неендемски средини. Добро. значи 20 години + од последниот бустер кој трае 10 (ако нели штити)
    Ова е неверојатно откритие. :) Ама без подлога. „Повремено или постојано изложување“. Циркус. :)

    Умреа и во Романија пред некоја година. 10 неухранети ромчиња депортрани од Италија каде пред да ги вратат ги исповакцинисаа. Но што да кажам, ти веќе и одговараш за мене :)

    Одлично на вилица но погрешно профилирање. Фактичката состојба мене ми е позната повеќе години. Можеби треба да ги запознаеш. Ќе се изненадиш. И секаде ги има, не само на балканот. Мислам дека тука се најтивки. И тие како и сите други родители си ги сакаат своите најмили. Нема тука никаков инает.
    Погледни ја страната што ти ја заземаш. Медицинско лоби контаминирано од пребогати фармацевтски куќи кое тук и там е фатено во „промоцијата“ со мито и корупција за пласман. И по некој писателски бот кој за ситна надокнада спроведува за тоа што е платен.

    Личниот квалитет да го оставиме на оние кои пратат тука, не само оние 5-6 кои неможат да го скокнат стереотипот па ти праќаат срценца. ;)

    Или да ги олабавиме, иако прашањата останаа неодговорени ? :D
     
  2. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    И повторно генерализации и симплификации во истата изјава. Дефинитивно треба да те земат за пример во настава за повторување на истите логички грешки до бесвест.
    И ете, не е важно колку деца умираат од превентабилни болести, тебе ти е смешна целава работа, пошто на испран антиваксерски мозок максимумот му е бабини изреки.
    Ама нема сомнеж дека за вакви фанатици, што немаат проблем да шират пропаганда од која што деца умираат, здрав разум не може да се очекува, само истите лаги и спинови да се повторуваат повторно и повторно.
    Како за пример, неколку пати ти се укажува дека е ад-хоминем, ама упорно фанатично си запнал да повторуваш дека не е.
    Пошто во фанатичниот ум, ако ја повториш лагата илјада пати, за вас станува вистина.

    И целосно и потполно ги изигнорира оние бројкине од мртви и перманентно инвалидизирани, пошто не ти одговараат на анти-ваксерскиот светоглед.
    Типичен филтер на испран ум.

    И како и секогаш, мора да се појави анти-ваксерското тврдење дека некој тука е потплатен од фармација. Колку клише.

    Очигледно за тебе прашање исполнето со логички недоследности и целосно непознавање на материјата за којашто би требало да е наменето е исто што и "логично".
    Значи покрај тоа што немаш ниту основно познавање на епидемилогија, ниту основно познавање на имунологија, немаш ниту основно познавање на логика, за епистемиологија да не ни почнуваме.
    Ај оди научи барем основи на епидемиологија, пошто очигледно не ја разбираш доволно материјата за воопшто да го разбереш одговорот.
    Сега за сега добиваме пример за мешавина на
    https://en.wikipedia.org/wiki/Argument_from_incredulity
    https://en.wikipedia.org/wiki/Dunning–Kruger_effect

    Конкретно, со бројки дадено, ама ти не го разбираш, како што може да се види од тоа што го напиша.
    Оди научи основна имунологија.
    Кога си веќе таму, научи што е разлика меѓу логика и емпирија и имунологија.
    Пошто ги мешаш како ништо да не разбираш, ама не те спречува во продолжувањето на ширење лаги и пропаганда.

    Дека деца умираат од анти-ваксерска пропаганда, ама вашите религиозно испрани мозоци не го регистрираат тоа.
    Инаку немаше да споредуваш Јапонија со Романија. Ама кога не ти одговара, игнорираш.

    Фактичката состојба е дека поради антиваксерска пропаганда деца умираат од превентабилни болести. Ама да, на испрани антиваксерски мозоци можеш да им докажеш нешто колку и на секој религиозен фанатик со испран мозок што одбива да согледа фактичка реалност.

    И ете, повторно повикување на мито и корупција. Пошто фактите се против анти-ваксерите, па мора да се потпирате на ширење страв и сомнеж засновани на лаги, дезинформации и спинови, како и секоја пропагандна машинерија.
    Не се важни кохортни студии, емпириски факти, повеќегодишни истражувања, целиот научен корпус. Важно е само да се шири религиозната антиваксерска пропаганда.

    Прашањата што се исполнети со толку логички грешки што покажуваат дека поим немаш од основна епидемиологија и имунологија. Ама се разбира дека ќе ти е смешно. Секој фанатик се смее на озбилни работи, пошто фанатиците се најсигурни во себе.
     
    На FridaodaMk, Anaroz1, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  3. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Се надмина во празно на празно. а дефиницијата за „Ад хоминем“ ја надмина. Тука мислам дека некој од модераторите треба да си ја врши својата работа. Се работи за директни вербални навреди, кои во отсуство на аргумент очигледно е единственото оружје против дискусија. Јас нема да реплицирам на нападите и извртувањата.

    Поентата беше 2 конкретни прашања. Изврте се за да не одговориш.

    Јас нема да ја употребам твојата „фанатик со испран мозок“ квалификација. Напротив. Ти многу добро знаеш што да пишуваш и како тоа да го спакуваш за полесно голтање. И тоа проаѓа. За жал. Дали си мотивиран/а за твоите пишувања - не знам. Можам само да се сомневам. Една бапска :): “Парата врти каде што бургијата не сака“

    Еве само неколку примери од многуте. Башка и мало дете знае дека лекарите добиваат во џеб од препишување на фармацевтски производи, дури и кои се протнале без соодветна контрола. Пропагандната машинерија може да настане само кога некој ја плаќа. А ако го следиш мирисот на парите, многу јасно ќе ти стане, иако тебе конкретно се ти е јасно. Пропагандна машинерија кај противниците на задолжителната вакцинација (или како што милуваш да употребиш-анти-ваксери) едноставно неможе да постои. Нема кој да даде пари.

    https://lawyerinc.com/biggest-pfizer-lawsuits/

    За жал ова се само дел од фатените корупции.
     
  4. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    11 минутно видео. Со македонски превод.

    ДАЛИ ПЕДИЈАТРИТЕ ПРЕТЕРУВААТ СО БЕНЕФИТИТЕ ОД ВАКЦИНИТЕ?

    https://www.bitchute.com/video/03jqSKAEjo4n/
     
  5. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    214
    Кажи и го сега ова на мајката од Куманово чие деветмесечно бебе почина од туберкулоза. Не се обелодени, или барем јас не прочитав, дали било вакцинирано, но штом се испозаразило цело семејство можам да заклучам дека не. На голема врата ќе вратиме искоренети болести во 21 век. Се превртуваат во гроб тие научници и истражувачи што се мачеле да најдат вакцини за вакви тешки заразни заболувања.
     
    На FridaodaMk, Black girl и lovely91 им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.654
    Допаѓања:
    39.419
    Пол:
    Женски
    Кои се овие и зошто треба нивното мислење да биде релевантно?
     
    На anngelique му/ѝ се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.334
    Пол:
    Женски
    Се заразуваат и вакцинирани.Работев со тбц болни 4 години.Сите пациенти што ги имамвме(околу 35-40 души во година) сите беа со примена вакцина.
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    214
    Имате податоци колку починале од тие?
     
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.334
    Пол:
    Женски
    Еден или двајца на годишно ниво.Во глобала тоа беа пациенти постари од 65-70 години.Обично месец дена трае болничкото лекување,после се префрлуваат 6 месеци на домашно лекување со антибиотици.Еднаш месечно доаѓаа на контрола во амбуланта за преглед и земање лекови.Ова зборувам за периодот пред 5 години и на ниво на Гостивар само(не работам повеќе таму).
     
    На Romantic му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    214
    Ова кажува се', немам повеќе коментари.
    Ти благодарам за информациите.
     
    На Angie1432 и joy1 им се допаѓа ова.
  11. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    ТБЦ вакцината не значи дека не можеш да се заразиш, туку мали се шансите за фатален исход, за разлика од невакцинирани.
     
    На bertold му/ѝ се допаѓа ова.
  12. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Бебето починало со туберколоза, како еден од другите коморбидитети. Главниот проблем е неухранетоста и очајните услови за живот. Истото беше кога терминални пациенти со канцер ги прогласуваа за починати од Ковид.

    Има опис под видеото.

    За да се докаже ова, мора да имаш ист заболен организам кој е и вакциниран и невакциниран.
     
    На Te@ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    https://sitel.com.mk/narodniot-pravobranitel-oformi-predmet-za-smrtta-na-devetmesechnoto-bebe


    "Од здравствен дом Куманово информираат дека детето во добра општа состојба ја примило оваа вакцина на 20.10.2022г. При прегледот не бил воопшто даден податок дека мајката е болна, ниту во евиденцијата имало таков податок. Според податоците, детето е родено во 35та гестациска недела со тежина 1 кг и 740 грама, додека на прегледот имало 3.300грама.

    На истата тежина детето останало и 4 месеци подоцна пред да биде хоспитализирано на Детската клиника."


    Не само што било вакцинирано бебето, туку откако ја прими вакцината престана да напредува на килажа. И останатите членови од семејството се вакцинирани.

     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  14. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.339
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Сепак и кога имало 5-6 месеци кога ја примило вакцината таа килажа е мнооогу малку, без разлика што е прематурче.
    Не гледам дека вакцината е проблем за неставање на килажа, ако добро ја сфатив интенцијата на постот.
     
    На FridaodaMk и lovely91 им се допаѓа ова.
  15. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.672
    Допаѓања:
    6.543
    Пол:
    Женски
    Да да погоре викаат вакцината за се била крива :D
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.339
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Ахам (facepalm)
     
  17. Zajko kukurajko

    Zajko kukurajko Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2023
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Znaci od vakcinata prekinalo da dobiva na kilaza??
     
  18. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Чекај сега малку да ти реплицирам со постот кој го имаш лајкнато на истомисленикот дека вакцините се за се криви.

    "За да се докаже ова, мора да имаш ист заболен организам кој е и вакциниран и невакциниран"(тука следи емотикон што превртува очи)

    Не ширете дезинформации дека е од вакцината. Ако било заболено детето не би требало дефинитивно да ја прими вакцината, за растеченен нос не ставаат вакцина, а не па за анамнеза на родители кои имаат туберколоза. Вакцина се става на здрава индивидуа, а не на заболени и со историја на болести. Ама од се си правите приказни, оставете го бебето да почива во мир и не си правете бајрам со умот од вакви работи.
     
    На FridaodaMk, ladystardust, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Во ниту еден момент не реков дека починало ОД вакцината, тука има и други причини, туку дека откако ја прими вакцината престана воопшто да качува на килажа ( и пред тоа очигледно многу слабо напредувало но колку толку напредуваше ) и состојбата почна да се влошува, а и не го кажувам или измислив јас тоа, туку така кажуваат на вестите чисто, јасно и гласно го изјавија тоа. За сите оние кои толку многу му веруваат на медиумите како за ова сега не им се верува и не им се слуша? Дека дете вакцинирано сепак почина од туберкулоза, и покрај вакцината, нели таа штити од смрт ? Истото потполно беше и со ковид вакцините, прво лажеа дека 100% штителе од смрт, потоа кога не можеа да сокријат дека сепак и вакцинирани умираат се премислија , не штитела од смрт ама штитела од потешки симптоми и хоспитализација на крај и тоа пропадна во вода, лежеа на болници повеќе вакцинирани одошто невакцинирани што се вика зборот, на крајот испадна штитела само ~30%
    Не сакав ни воопшто да коментирам и да зборувам за тоа кутро бебенце но Некој друг го замеша и спомна , пред се реплицирав на овај коментар :


    Значи било вакцинирано,



    детето во добра општа состојба ја примило оваа вакцина на 20.10.2022г.
    детето е родено во 35та гестациска недела со тежина 1 кг и 740 грама, додека на прегледот имало 3.300грама.
    На истата тежина детето останало и 4 месеци подоцна пред да биде хоспитализирано на Детската клиника.


    И да, има лица вакцинирани што се заразиле со туберкулоза и починале, има и лица кои не се вакцинирале а се заразиле и не починале.

     
    Последна измена: 12 март 2023
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Бебенцето било заразено со тбц пред да биде вакцинирано. Контраиндицирано е да се прими вакцина доколку си инфициран. Тука пропустот е само на родителите што не дале податоци, на никаква вакцина. Не си правете сензации, срамота е.
     
    На Brpbrp и LiquidLuna им се допаѓа ова.