Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Доволно е да кажат кој имал трајни нус појави од вакцина. Ама гледаш нема такви :)
     
  2. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Смртен исход од рота вирус нема осем ако не се третира. За тоа дали некој починал од вакцина неможеш да видиш бидејќи несакаш ниту да видиш ниту да чуеш. Наназад на темава имаш еден куп проблеми после вакцина, и иако во МК постои систем (Малмед) НЕВЕРОЈАТНО колку ние како нација немаме проблем со вакцини. Но не дека нема, него не се репортираат во системот.
    И уште еднаш. За да докажеш дека некој ќе помине полесно со вакцина, треба да имаш ист организам кој е вакциниран и невакциниран.

    Да. Некои глатко, некои тупат. Се бара потврда за примени вакцини при упис, но во законот нема правна рамка училиштето да може да одбие упис ако детето нема потврда. Со тужба за дискриминација секое дете мора да биде примено.

    Жално е што науката е зависна и резултатите на званичните институции несмеат да се косат со наративот на нивните спонзори. За среќа има и доблесни лекари и научници шиканирани од истите тие кои овие првиве ги плаќаат.

    Скролни низ темава наназад.

    Околу сипаниците и медаљата на вакцините
     

    Прикачени фајлови:

    • vt.jpg
      vt.jpg
      Големина на фајлот:
      60,7 KB
      Прегледи:
      20
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.476
    Допаѓања:
    21.035
    Леле исказов...
    Ама сепак може да доведе до смрт така?
    И да не е смрт.
    Дехидрација, повраќање и проливи премногу истоштуваат и те мачат.
    Еден обичен стомачен вирус да фатиш два дена ќе папсаш, а не од ова.
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Исказ на векот :D
    Која болест нема да доведе до смрт ако не се третира? Колку болести предизвикуваат компликации и покрај третманот, не секое тело одговара позитивно на третман. Не можеш да се докажеш, ноуп.
     
    На Aнонимус_, FridaodaMk, Brpbrp и 6 други им се допаѓа ова.
  5. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.672
    Допаѓања:
    6.543
    Пол:
    Женски
    Јас не знам што се објаснуваш, батали ги. Само греота децата (facepalm)
     
    На lovely91, Skyler, Tea SK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    4-5 милиони деца годишно умираат од дехидрација.
    Читни симптоми на инфекција со рота вирус и колективно сите да се помолиме да не одмине, и децата, а и нас возрасните.
     
    Последна измена: 27 април 2023
    На Mikha4, FridaodaMk, Brpbrp и 4 други им се допаѓа ова.
  7. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Ајде пример за едно дете во МК пред воведување на рота вирус вакцина кое умрело од дехидратација поради рота вирус.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    На Mikha4 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.476
    Допаѓања:
    21.035
    И да не умрело еве ниедно.
    Зарем сметаш дека е океј дете да трпи 20 приливи на ден? Оти по толку имаат.
    Цела недела на инфузии да живее
    Со инфузии нонстоп фала богу во најголем број случаи ќе се спаси.

    И при колера со навремени чести инфузии ќе спасиш болен.
     
    Последна измена: 27 април 2023
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.653
    Допаѓања:
    39.414
    Пол:
    Женски
    Да беа глупи за нив, ај, само нивните деца ќе беа греота, ама влијаат на цел колективен имунитет...
     
    На Aнонимус_, FridaodaMk, Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    13.472
    Абе батали го, со него ли ќе се докажуваш. При обичен стомачен вирус бебе/дете ќе клапне, па прима инфузии, не па рота не дај Боже. Моето кога фати првпат стомачен, со денови не знаев главата кај ми е, ми се скрати животот.
     
    На Munchmallow20, lovely91 и IRBBB им се допаѓа ова.
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Еве јас ќе ти кажам околу сипаниците. Брат ми не вакциниран од морбили, а јас да. Он малтене на смртна постела за влакно не скина конци од задушување бидејќи морбилите се со внатрешен оток повеќе одколку надворешен, јас пројдов на нозе без никакви маки.

    Ајде да не ги боцкаме децата со детска парализа, па кое ќе има среќа ќе биде здраво право кое не ќе се мачи цел живот.
     
    На Mikha4, lovely91, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    За жал проблемот е токму обратен. Еве изџвакано.


    Истражувачката студија објавена во 2013 година во списанието „Вакцина“ насловена: „Споредба на ширењето на вирусот по жива, атенуирана, петовалентна, генетски модифицирана ротавирусна вакцина“, се повика на фактот дека ротавирусните вакцини содржат живи вируси способни да предизвикаат инфекција, ширење на вирусот па дури и пренос на невакцинирани субјекти:

    „Всушност, забележан е пренос на генетски модифицираните вакцинални соеви од овие две ротавирусни вакцини на невакцинирани субјекти [9-13] [1], дури и во отсуство на симптоми“.

    Линк
    https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/24076325/

    Една од петте студии наведени во референците погоре потврдува дека вакцинираните може да ги инфицираат невакцинираните „Трансмисија на вакцинален сој на рота вирусот (RotaTeq) и врската со ротавирусен гастроентеритис“, објавена во 2009 година. Ова е прва студија во литературата, со која се идентификува преносот на вирусот од ротавирусната вакцина на невакцинирани контакти што резултира со симптоматски ротавирусен гастроентеритис, кој бара итна медицинска помош:


    „Тука го документираме појавувањето на ротавирус (RotaTeq [Merck и Co, Whitehouse Station, NJ]) од вакцинирано новороденче на постар, невакциниран брат или сестра, што резултира со симптоматски ротавирусен гастроентеритис, кој бараше грижа во одделот за итни случаи”.


    Студијата, исто така, посочи дека два од петте видови на ротавирус во составот на Rotateq вакцината, се модифицирани да предизвикаат генетска прегрупација и појавување на поопасен тип вирус, или на вакцинираното новороденче или на последователно инфицираното невакцинирано братче или сестра:


    „Резултатите од нашата истрага сугерираат дека повторното ресортирање помеѓу вакциналните компонентни видови на генотипови P7 [5] G1 и P1A [8] G6, се случиле за време на репликација (како одговор) или во вакцинираното новороденче или кај постариот брат или сестра, со што се зголемила можноста дека оваа ресортирање може да ја зголеми вирулентноста (релативната способност на патогенот за надминување на одбраната на телото) од вирусот добиен од вакцината“.


    Линк:
    https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/20100758/

    Дополнително, студијата објавена во 2012 година во Никарагва покажа дека „широко распространетата употреба на вакцината RotaTeq доведе до присуство на гени од вакцината во циркулирачки човечки RVs“, откривајќи дека широко распространетото воведување на вакциналниот вирус го променило генетскиот состав на дивиот тип ротавирус, кој сега ги инфицира изложените популации.

    Линк:
    https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/22487061/


    Друга студија на случај, пријавена во документот на Националниот информативен центар за вакцини, за ширење на вируси од вакцини:


    „Во 2010 година беше објавен извештај за педијатриски случај кој опишува 30-месечно здраво момче кое никогаш не добило вакцина против ротавирус и беше заразено со вакцинален ротавирус. Тој заврши во просториите за итни случаи со тежок гастроентеритис 10 дена откако неговиот здрав, два месеци, постар брат добил доза на вакцина од Merck – RotaTeq. Примерок од столицата бил земен во просторијата за итни случаи и се покажал позитивен за соеви на вакцината RotaTeq добиени по тестирањето со RT-PCR .


    Авторите на извештајот за случајот забележале дека „преносот на вакцинални вируси (од RotaTeq) кон невакцинирани лица не е евалуиран во клучните (пред лиценцирање) клинички испитувања“ . Тие додадоа дека и двете вакцини RotaTeq и Rotarix [GlaxoSmithKline Biologicals] имаат „потенцијал за пренос на вакциналниот вирус при контакт“.

    https://www.nvic.org/NVIC/media/LegacySite/pdf/Live-Virus-Vaccines-and-Vaccine-Shedding.pdf


    Првата ротавирусна вакцина – Rotashield, која се состоеше од четири реасортирани резус-човечки ротавируси, беше одобрена во 1999 година, за да после само девет месеци, биде повлечена од пазарот од страна на FDA, кога беше утврдено дека го зголемува ризикот за смртоносна форма на опструкција на цревата позната како интусусцепција (преплет на цревата) во мала подгрупа на високо ранливи деца.


    Rotateq вакцината на Офит, која се состои од 5 човечко-говедски ретровируси (да, тоа значи ГМО), се сметаше за побезбедна алтернатива кога беше одобрена од страна на FDA во 2006 година, но ново објавеното истражување открива дека неговата вакцина ги предизвикува истите смртоносни проблеми.
     
  14. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Значи заклучивме дека ротавирусот (што може да се пренесе преку фекоорален пат преку вакцинирано бебе) е смртоносен. А не вакцината.
     
    На Mikha4, Angie1432 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  15. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Ама вакцината го пренесува :D Претходно никогаш се немал заразено. Не можам жими се :D

    @yarre Да, може да се заразиш од вирусот ако дојдеш во допир со изметот на вакцинирано бебе, која ти е поентата?
     
    На *Milicka*, Mikha4, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Поентата сака да ја каже дека вакцината со која се боцкаме е ГМО.

    @yarre Да точно е дека се пренесува преку измет. Но како што пиша и ти во постот детето што е вакцинирано со рота полесно прошло, додека не вакцинираното доста полошо. И што заклучивме од ова дека е подобро да се вакцинираш одколку да наидеш на жив вирус невакциниран што сегде можат децата да ја добијат или бебињата дури и ти можеш дома да им го донесеш.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  17. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Многу битна е релацијата. Вакцинираната единка е сеачот на вирусот.
     
    На *Milicka* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    12.156
    Пол:
    Женски
    Колку и да се полемизира факт е дека вакцините спасија многу животи, факт е дека да не беа ќе се умираше од морбили, со нив се искоренија многу болести, денес голем дел од нас ќе имаа последици од полио...... Да не збораме во минатото колкава беше стапката на смртност кај деца за разлика од денес од болести за кои има вакцина. Да немаше вакцина за тетанус еден убод од клин, каснување од куче... ќе беше смртоносно. Тоа што не си ги вакцинирате децата правите штета на околината, а да не зборувам за штетата што им ја правите нив. Али ваш избор што и не знам зошто толку се драми дека не ви ги упишвале во школо, па задолжителна е вакцинацијата и треба да биди. За грип, ковид бирајте си, али за морбили, заушки, полио нема што да се дискутира мора да се вакцинират. Имаше баш пред некое време случај во Србија каде невакцинирани дете се разболе од морбили кои оставија трајни последици, баш неговата мајка упати апел за да не му се случи баш тоа нив што им се случи на други. Не ги вакцинирате, а секојдневно им давате гмо храна, месо полно со хормони, антибиотици на секое кивање, виршли, паштети тука се глуми нешто антиваксери.
     
    На Snowflake92, lovely91 и IRBBB им се допаѓа ова.
  19. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    12.156
    Пол:
    Женски
    Абе нема грешка, сум била во контакт со деца кои беа вакцинирани со рота, менвав пелени, ќе припазиш тие дена и готово ниту се разболев ниту ништо.
     
    На lovely91 и IRBBB им се допаѓа ова.
  20. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Вакцините се примаат до 7 месечна возраст најкасно, не одат бебињата во градинка и не гледам каде би го сееле. На секој родител јасно му е кажано околу хигиената после рота вакцина, па и да се случи, не гледам како понатака родителот би го пренел вирусот некаде.
    За гмо ако ти беше претходната поента, те молам прочитај за генетско инженерство ете на pubmed, гледам дека е ти е веродостоен извор, скроз неочекувано морам да кажам :)
     
    На mal.ecka, IRBBB, Cherry79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.