1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    764 глас(а)
    76,2%
  2. Против

    238 глас(а)
    23,8%
  1. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    804
    @expert

    Не знам од каде да почнам ама ајде со ред. ( пак нели без рипкање )

    Со поместувањата на старосната граница поради вакцината многу лесно излегуваат потребните математики на фарма фраерите и СЗО. Америка е пример за обратното правило. Епидемии се јавуваат во дури 98% вакцинирани популации ( го следев и примерот на една африканска земја, Гамбија чинам ) и таму истите бројки. Екселите на оние кои ги прават истражувањата се премногу пристрасни за да вака генерализираш.
    И на крајот, what the fuck со малите сипаници. Детска болест која наместо да се прележи во најбезбрижното доба, сосила се стиска да се искачи на постара популација. Пркосење на природата.


    Опа, значи сеа за малите сипаници го спасила ? Ние како пациенти, никогаш неможеме да бидеме сигурни во тоа што се крчка во коктелите за вакцини, некои работи ги знаат и ги преќутуваат тие што ги праат, некои и не се испитани, па удри на популација, и ко преживи ќе раскажува....

    Сеа со прашање ќе ми одговараш ? И двете ти ги елаборирав претходно, а полиото е најнехуманата вакцина, што постои, која е директен причинител на болеста, во последните 50 години.

    Ма се слагам ја со тебе, ама вакацината ниту поединечно нити колективнио не престанува стаклено звоно. Камо среќа да беше. Ама тешките метали од вакцините, кои во најмала рака ке предизвикаат дерматолошки проблеми ( еве ми го колегата со тоа се бори сеа и сите конктактирани лекари тивко му шепнуваат дека е од вакцина ) не ми се компромис за детска болести. За ММР и Аутизам е врхунацот на труењето на организмот.

    Абе се губиш у простор. Топикот искрено го укака од повторувања и прерипувања, и го направи заморен за читање, наместо да биде информативен. Објаснувањето ти је наназад на темата на овој форум.

    Сеа одговори или не ? Секако, дека неможе да се спореди стекнат имунитет со прележување и наметнат и непостоечки имунитет од вакцина.
    Тоа „колку толку“ нека ти биде хинт во мојата весела математика на „колективната“ заштита, заедно со степен на вакцинраност, временски параметар, и секако „трајноста“ на секој убод посебно. Бидејки нели, коа ги „измислиле“ вакцините, прокламирале дека заштитата е трајна.

    За аутизмот и вакцините, во Јапонија имаше и дебата, и ќе се обидам да ја најдам. Министерот за здравство кој повторно ја врати назад ММР во „стандардната временска рамка“ беше осуден за корупција, и кога го затворија си го ргна ножот у стомак. Дали добил нешто за да ја врати и да намести график, јас можам само да нагаѓам.

    @ikame

    Тамн работа експер да ти прочита. Како смееш да го доставиш составот :D Гледаш, не ти ни коментира

    @ians

    1. Ништо. Прво за заплашување казната е 300, па пола пола 150 ( има тука наназад се вика порамнување, аудио запис е интересен од татко невакцинирач vs тетка од министарство )
    2. Обично ретките пресуди се налог за вакцина, и опомена со судски трошоци, кои понатаму се оспоруваат на апелација и таму те ослободуваат
    3. Никој детето со сила нема да дојде дома да го вакцинира. Дури ни во диспанзер не смее насилно да се однесува.

    Подобри услови за живот, подобра прехрана, и еден куп други параметри на еволуција во живеењето. И за што? Пак за нормални детски болести. Убивање на глувче ( мали сипаници ) за да дојде слон (аутизам)

    Значи сега треба да поистоветиме внесување на метали директ во крвоток, со можно пиење на нафта, на дете преку цуцла... Или ајде, лошо е се околу нас, па нема да биде полошо ако ушприцаме и + уште некој метал, отров, ( и еден куп други работи кои ни биро за лекови во ниедна зема не ги знае ) и нема гајле а ? Очајна компарација.

    Е тука вишата математика за нечиви потреби доаѓа до израз. Аутизмот е разложен на спектар на болести, за да се најде сокрие поврзаноста. Затоа и толку споро се детектира ( ништо не му е, машко е, ке видиш ке прозбори... бла бла бла ) и кај нас но и во светот.
    Со системот кој потекнува од Америка, родителот на детето повредено од вакцина, не смее да го тужи производителот, туку таму постои меѓу суд кој ке балансира. Но и таму веќе да се појавуваат отшетите за дијагниоза од вакцина. Ако веќе има отшети исплатени на родители со деца болни од аутизам поради вакцина, нема поголем доказ за поврзаноста. Ако немало поврзаност немало да им исплатат нели ?

    Да бе, од ич ништо тие седнале и рекле ајде сеа ќе се спротиставуваме на толку добрите вакцини, кои го унередија здравјето на моето дете. Е драга моја, од кеф тоа не се праи, од мака се праи.

    Е сеа дефинитивно те профилирав. Ти слепо веруваш.

    Понг! Вакцината НЕ превенира. Имаш вакцинирани и заболени од конкретна болест.

    Чудо еј чудо се вакцините. Која убава измишљотина која сеуште добро проаѓа кај грото од популацијата. Наназад видовме и зошто е така. Не ми се повторува.

    Има тука една математика плус. Што ако никад не заболи, а со вакцините си го отрул па си сервирал ослабен имунитет, метали аѓуванти и остали срања. Здрав прав, да го разболувам за да биде здрав ?

    Тоа ве учат, да сте над другите луѓе. АКо некогаш сум сакал да бидам лекар, денес би се срамел од професијата каде ме учат да бидам подруг од другите. Па пред лекар не смееш ни да се посомневаш во стручноста и знаењето.

    Текстот на Сашо Тасевски е премногу реален, го прочита ли ? Од око на човек не од око на доктор.
     
    На Silver.E и Glasna им се допаѓа ова.
  2. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
  3. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Ова за вакцините и за лобирањето ме загрижи малце. Лобирањето е многу голем бизнис кој се одвива зад затворени врати. Последно беше кога кажаа дека аспартамот не бил опасен (може ќе испадне дека е добар за здравјето ако Кока Кола плати уште малку) Страшно.
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. iiipiiiigiii

    iiipiiiigiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
  5. lans

    lans Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Машки
    http://www.nhs.uk/Conditions/vaccinatio ... klist.aspx

    има голема разлика од offered до mandatory/compulsory (ќе платиш казна нема да може во школо итн итн...)
    и второво е доста интересно...
    што значи ова?дека нашиве бебиња се со долготрајни здравствени проблеми или здравствени работници?
     
  6. lans

    lans Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Машки
    најверојатно претерувам,ама тпо да правам,ене го јуни.
    http://en.wikipedia.org/wiki/Reye's_syndrome
    тука вика дека всушност не е докажано дека аспирин предизвикува овој синдром,ама сепак за секој случај да не се дава на бебиња.
    исто така не е докажано дека вакцините предизвикуваат аутизам,ама сепак за секој случај не се даваат на бебиња...грешка...се даваат на мали бебиња и тоа вакцини за заушки,сипаници и слично.
    бидејќи не сум медицинско лице и не сум статистичар...
    што е разликата меѓу епидемиолошки студии и другите?
    и дали истото може да се примени за вакцините и аутизмот?
     
  7. lans

    lans Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Машки
    Норвешка
    http://venice.cineca.org/documents/norway_ip.pdf
         There are no mandatory vaccinations in Norway.

    Понтаму вели дека ВСГ се дава првиот месец само на деца од имигранти од ризични земји.Дали Македонија е во епидемиолошки ризичните земји?
    Значи првата вакцина е во 3 месец.

    Hepatitis B vaccine is recommended for risk gropus only...
    овдека најверојатно се мисли на сите новородени бебиња во Македонија?
    Вакцина од Рубеола се нуди само на оние жени кои немаат имунитет(претпоставувам,не прележале)

    
     

     
     
  8. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    @ lans
    да сите новороденциња се ризични или под ризик така ке ти одговори EXPERT
     
  9. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
  10. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    Чуден феномен во последно време, секој втор само што ќе постане родител, одма добива и докторат и стручно поткрепено право да се расфрла со факти од областа на медицината.

    Кој не сака да си ги вакцинира децата, нека не ги вакцинира. Само нека не трча по доктори после со детето во раце, нека не сере како никој не си ја знае работата и нека не му го троши времето на некој што бил доволно едуциран и свесен навремено. Just my two cents.
     
    На snezno, Gea и baby-star им се допаѓа ова.
  11. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    804
    Нема потеба од докторат. Доволно е само да се сака да се најде и прочита.
    Американскиот CDC на својот web го дава објаснувањето за Ди-Те-Пер вакцината (DTaP).

    И пази богати, еве јас не лекар, и без докторат ја читам оваа официјална информација

    Adverse events reported during post-approval use of Tripedia vaccine include idiopathic thrombocytopenic purpura, SIDS, anaphylactic reaction, cellulitis, autism, convulsion/grand mal convulsion, encephalopathy, hypotonia, neuropathy, somnolence and apnea.
    Events were included in this list because of the seriousness or frequency of reporting.

    Прифаќаат дека проблеми во вид на болести се репортирани, ама секако не ја прифаќаат поврзаноста. За стандардни лица, па и ок, ама за тие родители со последица после вакцинава, јака им душа.

    Страна 11 на текстот, линк
    http://www.fda.gov/downloads/BiologicsB ... 101580.pdf
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lans

    lans Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Машки
    да не одиме воопшто по доктори или само ако заболат од болестите за кои не би ги вакцинирале?
    бидејќи имам слушнато предлози,невакцинираните деца воопшто да не биле вклучени во јавното здравство оти се товар.
     
  13. mamaMace

    mamaMace Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    164
    генерално родителите кои не вакцинираат најчесто за здравствени совети одат кај хомеопати.
    јас на пример сум презадоволна од нашиот педијатар и не би ја менувала за ништо и покрај тоа што не ги вакцинираме децата.
    инаку има работи за кои се оди на лекар, а нема врска со вакцинирање. како на пример скршена рака, нога, и да не набројувам сега или можеби и за тоа измислиле вакцина.
     
    На Anastasija-Velika и DeMelo им се допаѓа ова.
  14. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    108
  15. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Баш ги видов написите за ова на повеќе интернет страници. Нашиве „компетентни“ новинари се надминале себе си.
    Прво таа вест е од пред 3 години, а тие пишуваат како да се случила вчера, и второ аутопсијата и обдукцијата докажале дека вакцината не ја предизвикала смртта кај бебенцето.

    http://tuzlalive.ba/arhiva/beba-iz-luka ... d-vakcine/

    Сите овие „новински“ агенции и медиуми покажуваат на кое ниво се новините кај нас.
    Една страница ја пренесе веста само за да напишат нешто шокантно или скандалозно за лајкови и за да имаат посети на страницата за да може да продаваат реклами, и потоа другите страници без да проверат веднаш ја копирале веста и на својата страна.
    Треба да одговараат за паниката што ја предизвикуваат.
    http://www.time.mk/c/d42fb7b726/vo-bih- ... ebeto.html
     
    На snezno му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Предпоставувам судот донел одлука дека бебето починало од природна смрт :(
    Исто како случајот кој беше во Македонија пред неколку години, бебче почина по неколку часа од примена вакцина, а обдукцијата докажала дека починало од природна смрт.
    Здраво право бебе, кое напредувало нормално, после неколку часа од вакцина починува и одете вие кажете им на тие родители дека не е од вакцината!
    Се знае судот каква пресуда може да донесе, ако се превземе одоговрноста, ке настане општ хаос.
     
    На tessie и yarre им се допаѓа ова.
  17. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    804
    Стара вест, дететно не починало после вакцина во 2013 него претходно. Штета стара вест.
    Дали овде имаш овдека реално расудување ? Дали е битно кога детето починало од вакцина ? Битно е починало после вакцина. Ме чудат твоите морални вредности.
    Дали аутопсијата може да е фингирана особено во вакви наши простори за ситна надокнада? Дали е направена како што треба ? Дали на некој не му одговарал резултатот ?

    Кои се следните констатации ? Је%и га отишло, тоа е нуспојава ? Не де докажано ? Од здраво и право, случајно после вакцина ? Каде ти је човештината ?

    Еве ти уште еден „редок“ случај. Датумот е од пред некој ден.

    http://zena.blic.rs/Zdravlje/19342/...radim-karijeru-ali-jos-se-plasim-da-imam-decu
     
  18. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    @ expert
    па и да естара 100 години на тие родители им е како вцера,а како второ обдукцијата НОРМАЛНО дека покажала дека детето не починало од вакцината ,како може здраво право дете да го однесеш на вакцина и после да почине ај те молам објасни, ке реечеш нус појава,нели биднало ете од 100 деца мора на некого да се деси ц ц ц ц ц ц ц ц цццццццццццццц ;( тажно многу тажно
     
  19. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
  20. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    804