Дај објасни ми зошто пред сто години на прабаба ми ѝ умреле две-три деца од болести што денес лесно ги превенираме ако е до водата? Очигледно не пиеле пластика од град и не јаделе од силбо. Али добро океј општо унапредување на здравјето и специфична заштита не ти се јасни поимиве, уште помалку па ти е јасно што е патоген и како напаѓа. Кој се разбрал со скроз неук човек што мисли дека ги открил тајните на ксомосот....
А добро да ме лажеле дедовците, сигурно сорос ги платил. Искрено не ми се расипува денов со благо психотични, живеј си со помислата дека имаш полио вирус во цревата како нормална микрофлора.
Можам подоцна да те едуцирам приватно доколку си заинтересирана. Тука веќе завршив со дискутирање и со негатива. Бидете живи и здрави вие и вашите дечиња ❤️
@MagnoliaGirl еве мене стварно ме заинтересира како го стекна твоето медицинско знаење, доволно да едуцираш други, притоа тоа да не биде од статии и пребарувања на интернет?
Денес се уверив дека Магнолија профилов е направен за да се дрибла тука и мајтап да тера, не се палете на постовите. Одбивам да верувам дека може да постои човек со вакви муабети.
Секое дете треба да се вакцинира, незнам како може да си дозволи некој неговото дете да се зарази од болести за кои има вакцина и да има тешки последици од тоа.. како ли би спиел потоа. Штетат на колективно здравје и пред се на здравјето на нивните деца... Не се за џабе наоравени тие вакцини и се со години наназад користат до сега ако имаше штетни ефекти од нив требаше да има студија која го докажува тоа , нема ниедна... Од друга страана вакцини како оние за ковидот не би ставила на дете нови неиспитани направени на брзина без студии и без да ги помине сите стадиуми како што треба за до масовна продажба.
Добро е, се фативте за прабабите. Треба да учиме малку и временска зависност. Работите одма стануваат појасни колку вакцините го спасиле човештвото. Нивната имплементација почнува кога циклусот на болесите далеку опаѓа или е блиску до нула. Или исчезнува без вакцина.
Овде се поставува едно интересно прашање после констатација „За стандардните вакцини“ и „Не за ковид вакцини“. Или, им верувам за стандардните вакцини а за ковид не им верувам. Производителите се тие, истите, бели мечки заштитени. Фајзер бараше 50 години тајност, па излегоа на виделина сите сокриени идиотштини. Копни наназад за SV-40 вирусот ставен во вакцина кој предизвикува канцери, цели генерации беа вакцинирани, и мистериозно после повеќегодишна употреба ќутенката го тргнаа. За жал не е се така црно и бело овие се добри оние не. Единствена добра вакцина е таа што не е дадена.
Јас бев скептик до некаде за ковид вакцината оти јасно беше дека не може ефективна и безбедна вакцина да направиш за помалку од година. Магистерски труд не можеш за толку да спремиш а не нова вацина.
Нормално дека ковид вакцина не би ставила многу за брзо време ја направија испитаа и пуштија во употреба, без доволно информации за влијанието врз човечкиот организам. Но јас сум вакцинирана за ковид и пак да се најдам во иста ситуација сигурно ќе се вакцинирав. Меѓутоа вакцините што се во вакцинален календар кај децата се користат долги години и се доволно истражени , нема веза дали исти произведувачи или не. Меѓутоа ти можеш се да си толкуваш како на тебе ти е волја. И не вакцинирај се ни ти ни твоето дете ако не сакаш со ниедна вакцина, не те принудив јас со моето мислење на ништо. Поздрав
@Munchmallow20 Би се изненадил/а ако дознаеш дека постапката е иста и за останатите, да ги речам редовните. @Snowflake92 Прилично контрадикторен став. Ем гледаш нелогичност ем се буцаш. Ок. Твое право. И не толкувам.ништо. Ти кажувам факт, кој е едноставно таков. Да, предизвикува нервоза коа ќе допреш до него ама повторно тоа е тоа. Ништо не го менува. Шмајзер исплаќа милионски оштети за нивни разни производи. Допрва следат за вакцините. Не се нервирај, дискутираме.
Добар ден мајки Малце сум збунета околу вакцините. Син ми е година и еден месец и вакцините до сега му ги испомешаа. Пола има примено пола нема, фалат рота и превенар 3 доза а они мене ми рекоа за морбили да се вакцинира наводно не морало тие да ги прими. Педијатарот се чуди цело време што прават со вакцините, а кога ги прашав нив ми рекоа ние си знаеме мајка. Прашањето ми е дали да барам да ги прими рота и превенар или не. А за морбили да почекам да прозбори убаво и да прооди ? Не знам што да направам никој ништо не ти кажува.
За рота ви е многу касно, сте ја пропуштиле. Таа се прима до 32 недела. Превенарот може да ја прими заедно со ммр што јас лично не би го направила. Сега може да прими превенар, па после 2 месеци ммр или сега ммр, па после 6 месеци превенар. Вака ми дадоа мене избор во нашиот диспанзер.