Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.239
    Допаѓања:
    3.130
    Пол:
    Женски
    Се тоа во ред, ама јас и кажав дека он викендот имаше тт. Не многу висока ама сепак имаше еден ден. Крвната слика да ја направев после 2 дена може и повисоки ќе беа леукоцитите. Сега не дека претерувам ама според мене треба да е супер здрав во моментот за да го боцнам, пошо и после вакцина е малку намален имунитетот нели.
    И јас никогаш не споредувам со порано и сега, затоа што се се менува, гледам за моментално. Свесна сум дека како реакција може да качи тт ама сметам дека треба да е здрав во моментот на примање, сепак од ммр повеќето родители се тресат
     
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Со сето тоа што не се вакцинираат се појавуваат повторно старите болести. И да во диспанзер ја примаат, не зборам од памет бидејќи на едно девојче од кај син ми од група не и ја одложија вакцината иако беше алергична на белка од јајце и супер помина со оглед на тоа што е нежна и не само на храна е алергична туку и со атопичен дерматит. Некои работи се сменети.Вакцините како и коксакито се заразни пред да биде видливо со голо око, освен коксакито што се исфрлаат во рок од 24 до 48 часа и знаеш дали има или нема. Од сите врсти на сипаници најлошата е со морбилите напоменав и зошто и затоа форсираат да се вакцинираат децата за нејзе додека со варичелата лесно се проаѓа. Сепак родител си одлучува за свое дете на никого не наметнувам дека мора да се вакцинира.
     
    На CameliaMiller, IRBBB, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Carry

    Carry Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2023
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Машки
    Дечки да ве прашам нешто, имам примано тетанус дози и сеа оваа што беше на 18 години ја неам примано, лекарката ми кажа дека ако сум ја примил на 14 треба пак на 24 ама оваа на 18 е ревакцина е сеа дали сеа да ја примам вакцинава или на 24?
     
  4. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    970
    Koksaki moze da dade osip i posle 7-8 dena, a pred toa da ima simptomi koi voopsto ne se specificni, od tip na mnogu visoka temp, bolki vo grlo, kaslica, pa duri i naod na beli drobovi. I nema vakcina za nego.
     
  5. NIKA@

    NIKA@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2020
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    731
    Пол:
    Женски
    Devojki na 12 meseci se prima taa za morbili posle toa do 2 godini ushte kolku vakcini ima za primanje ?
     
  6. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Женски
    Ревакцина стрептокока и петовалентна некаде на година и пол зависи кога се примени првите дози
     
    На Anaroz1 и NIKA@ им се допаѓа ова.
  7. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.055
    Допаѓања:
    21.438
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно, ја ставивме на 13 месеци, качи тт 8-11ти ден како реакција. Ништо друго
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    4.771
    исто и ние, место на 13 месеци ја ставивме на 14 затоа што беше болна, 10 ти и 11 ден качи блага температура, ништо друго
     
  10. Aleks@and&ra$

    Aleks@and&ra$ Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Zdravo,da prasam za vakcinata za Hepatit B dali se prima posebno ili vo petovalentnata e vo sostav ?
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    3.871
    Пол:
    Женски
    Мислам во петовалентна е
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.195
    Допаѓања:
    36.640
    Пол:
    Женски
    Добро поминаа и двајцата. Помалиот ја прими на 14 или 15 месеци. Не се сеќавам баш. Беше настинат и затоа не ја прими навреме. Немаа никакви проблеми.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Најлесно помината вакцина од сите претходни. Без ниту еден симптом.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    10.038
    Пол:
    Женски
    Бебе ми е 3 и пол месеци, ги прими вакцините во Чаир кога се роди. Потоа уредно ја однесов на вакцинација на 2 месеци и прими рота, а шестовалентна ни ја одложија пошто јас бев настината, и педијатарот кажа вратете се за еден месец. На 16ти октомври требаше да ја прими шестовалентната нели, се вративме по 1 месец, крвната слика покачени леукоцити, носе затнато, ајде пак не вратија и вечерта ми крена 37 температура. Во меѓувреме јас почнав да читам по нетов, а и еве тука на форумов 400 страни пролистав, колку толку да имам увид нели што вбриззгуваме во детево.

    И се преплашив...Според мене не се релевантни многу од работите што ги пишува на нетов, без разлика дали се за или против вакцина. Затоа решив да ги искомуницирам сите медицински лица што ги познавам, три медицински сестри и двајца доктори. Имаа поделено мислење, децата на докторите не се вакцинирани инаку, тоа го добив како одговор.
    Потоа почнав по луѓе да се распрашувам за сите што имале
    несакани искуства, еден пример е моја комшика чиешто дете после вакцинација добило детска парализа (она тврди дека родила здраво право дете), сега е починато детето, страшно...
    Нејсе, конкретно на темава, да се задржам на форумскиот аспект, прво објаснив дека не сум антиваксер и отидов уредно да си го вакцинирам детето, но ете бидна два пати да не вратат, а верувам дека се е со причина и дека ова е тема на која што треба многу сериозно да се размисли, особено кога станува збор за здравјето на најмилото!
    На форумов сретнав убедени во бенефитот на вакциниата, цврсто уверени во нејзината делотворност, и спротивно натоа убедени во негативниот ефект на вакцината. Исто така имаи такви кои се против вакцината, но сепак ќе го вакцинираат своето дете, од одредени причини најчесто страв (притисок што системот на сите ни го наметнува, тоа е мое мислење не е дека ќе се согласите со мене и во ред е).
    Најмногу обрнав внимание на оние чии деца настрадале од вакцините и им благодарам што го споделиле тоа тука, и покрај тоа што сите од нив налетаа на несоодветни коментари, што ми беше несфатливо додека читав-гаталец на паталец, ама ок.
    Многу членови што ги почитувам на форумов се изјасниле на оваа тема, па затоа ќе си дадам слобода да ги повикам @Annath , @AngelOfArh , @ALISA0000 , @joy1 немојте да ми се лутите што ве тагнувам :)
    Во многу голема дилема сум и би ве замолила да ми кажете повторно за вашите искуства не стигнав се да прочитам, и сакам да знам дали вашите деца се вакцинирани, ве читав знам дека некои не се, некои се па сте престанале, но ако може подетално...
    Ви благодарам од ❤
     
    Последна измена: 20 октомври 2023
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    1.661
    Пол:
    Женски
    Која вакцина се прима на 14 години??
     
  16. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Ова прв пат го слушнав во 1одд кога не вакцинираа во школо и еве се уште е тренд значи. Наводно, кога се вакцинирале децата, децата од докторите не иделе тој ден на школо. Кај мене во школо и децата на докторите ги вакцинираа ама ете може на понеинформираните :)
    На темата, сигурно сите мајки сме се нашле во ваква дилема, од страв нормално. Сме читале, сме слушале и сме донеле одлука. Јас лично ги вакцинирам децата затоа што добив ист одговор од сите медицински лица: на здраво, право дете не може да му се случи ништо како последица од вакцина. За секоја болест што потенцијално ја носиме може да биде тригер било што, вклучувајќи ја и вакцината.
    Гледај ја поголемата слика и одлучи. Со лесно
     
    На Калатеа, LiquidLuna, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.195
    Допаѓања:
    36.640
    Пол:
    Женски
    @Skyler јас разговарав со еден доктор. Ама од оние доктори од времето. Тогаш беше пред пензија. Ми рече - За да прими детето вакцина треба да е 100% здраво. Ниту нос да не му тече. Он секогаш ми бараше негативни документи за да примат моите деца вакцини. За среќа, од ниту една вакцина немаа последици. Секој има право да одлучува за своите деца.
     
    На Viveki, Feminka22 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  18. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    3.871
    Пол:
    Женски
    Hpv
     
  19. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    1.661
    Пол:
    Женски
    А таа мора ли да се прима или не мора?
     
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.803
    Допаѓања:
    325.324
    Пол:
    Женски
    @Viveki Не го земај моето искуство и мислење на темава за релевантно , те молам.Можам само да споделам како ние правевме/правиме.

    Големата е вакцинирана со се,освен со хпв.

    Средната нема ммр и нема втора доза дтп.Си оди на школо нормално.Веќе е 4 то одд.

    Најмалото е 2 год,има само во Систина бсж.Таму ми рече Фиданоски дека остава на мене да одлучам за понатака.

    Да бевме некаде низ странство веројатно ке вакцинирав.Овде немам доверба во нашиот здравствен систем.И самата бев во здравство неколку години.Се изнагледв се.Да не одам подалеку еве ја гледаш онкологија и нивниот ‘протокол’ на лекување.Верувај секаде е слично.

    Од правен аспект ние немавме проблеми ни со казни ни со упис на деца во школо.Ни стигнаа две покани за суд ,но не појдов.

    Од здравствен аспект имам здрави деца скроз.Освен тук там некоја настинка,немале ништо сериозно.Антибиотик на малите немаме дадено мислам година и пол-две.

    Се решив да не вакцинирам бидејки кај најголемата се појавиа проблеми со последната примена вакцина.Можам во лп да ти пишам детално покасно ако сакаш(сега чекам гости).
     
    На H.VAGA, hello-kitty.90, Снегулк@23 и 3 други им се допаѓа ова.