Форумџика на годината

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    10.027
    Пол:
    Женски
    ТОЧНО. Се сомневам во државата. Ма ја се распрашував и за Германија дали може таму да прими, ама не може. А чим викаш џабе и Грчка...Уф леле...
     
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Може да прими во Грција ама треба сама да си ги купиш во аптека. Да ги донесеш треба да ги шверцаш и на одредена температура, па да најдеш доктор овде да ги стави. Еве да ти помогнеме, кажи за кои вакцини се работи, има членки што живеат во странство, па и јас се распрашував за некои, ќе ти пишеме од кој производител се.
     
  3. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    2.874
    Пол:
    Женски
    Ти потврдувам и јас дека се исти вакцините со Грција.
     
    На IRBBB, Skyler и Viveki им се допаѓа ова.
  4. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    10.027
    Пол:
    Женски
    Сите редовни што треба да ги прими. Ди ТЕ Пер Детска Парализа, Морбили. До сега има примено БСЖ, и ХЕПБ кога се роди во чаир, и рота на 2 месеци.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    10.027
    Пол:
    Женски
    Од таа детска Парализа највеќе ми е страв...Таа од висока температура се добива така?
     
  6. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    https://www.iph.mk/poliomielitis-detska-paraliza/

    Полио вирус. Затоа е важна вакцината.
     
    На Viveki и IRBBB им се допаѓа ова.
  7. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Мама :hug:
    Имам многу блиска колешка со дете со аутистичен спектар, вие сте поим за сила и храброст.

    Не сакам да испадне дека се контрам, само ме интересира- каде испитувавте/испитуваат концентрација на метали во организмот?
    И како знаете дека нивното потекло е од вакцините?
    Точно е дека во вакцините има метали како жива, меѓутоа пишува дека е во трагови, како стабилизатор на вакцината. Во меѓувреме во не така далечно време имаше информација дека во мкд е увезено овошје со кадмиум и олово над дозволените концентрации, која што брзо беше тргната од јавноста, нормално. Како знаете, како да знаеме дека металите во организмот се од вакцини или лекови, а не од храната што ја консумираме секојдневно?
     
    На yarre, SummerGirl, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    3.871
    Пол:
    Женски
    Кај нас конкретно синлаб праќаат крв или коса во германија и таму се испитуваат метали. Има родители што одат и надвор на испитување италија, хрватска, германија и таму им потврдиле од што е...
    Не може да де насобере толку алуминиум пример во крв преку овошје и зеленчук как дете од година година ипол што е на доење и јаде каши...
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.909
    Допаѓања:
    177.218
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што не постои метар квадратен на земјава што не е помалку или повеќе контаминиран, храната и водата што ги внесуваме содржат (тешки) метали, воздухот исто, особено во земји како Македонија што горат секакво ѓубре и воздухот е загаден илјада пати над дозволеното. Според тоа, сите ние во себе имаме одреден процент тешки метали.

    Бебе на 1 година и те како може да има големо присуство на метали. Тешки метали се наоѓаат во бебешката храна, дури и во органската. Бебешките сокчиња и житарки особено се издвоени со најголем процент метали.

    Алуминиум содржи во мал процент мајчиното млеко каде, најголема концентрација на алуминиум има во колострумот, помала во следната фаза млеко или водлестата и најмала во последното калоричното. Алуминиум во голем процент содржи бебешката формула, а особено голем процент формулата што е на база на соја. Еве друг пример, бананите во зависност од земјата од која се увезуваат содржат помалку или повеќе алуминиум, а банана е едно од овошките што се меша доста често во секој оброк ради слаткиот вкус што придонесува бебето помалку да одбива храна.

    Да, изложеноста на загаден воздух, земја, вода, храна, придонеле кон зголемување на одредени дијагнози, состојби, болести. Ако постои генетска предиспозиција кај одредена индивидуа за било каква состојба, тригер може да е било што, па можеби и вакцината.
     
    На Brpbrp, Asher, lovely91 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    @Снегулк@23 еве yowannty објаснила се :) жал ми е што ете тоа се случило кај вас, али не е да те убедувам но има и деца што не се вакцинирани а имаат аутизам.
    Screenshot_20231022-075007_Facebook.jpg
    Еве конкретно ова е кај нас и не само во Велес и во други градови. Органското не значи дека не е прскано, и тоа е прскано но само со помалку хемија. Се додека сам не си одгледуваш храна не знаеш на што ќе налеташ и што купуваме дури и по маркетите. Работава е јадеме храна за да поживееме малце.
     
    На SummerGirl, LiquidLuna и IRBBB им се допаѓа ова.
  11. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Вакцините биле добро и исти. Ајде бе.
    Пред некаде 10тина години во Мк имаше НЕрегистирана вакцина за Ди-Те-Пер од Бугарија. Од неа настрадаа многу дечиња со дијабет. Се заташка.
    Оние што одат да купат вакцини во Грција, мислат дека совеста им е чиста. Ама и таму и тие вакцини прават бељи.
    Ова воопшувањево дека внесуваме пестициди и метали преку храна, почва, вода. И тоа е некое купување на совест. Со вакцините, отровите, аѓувантите и екстремно канцерогените стабилизатори како формалдехид и слично, влегуваат во крвотокот на детето прескокнувајќи ги сите механизми за одбрана
    Сите, ама баш сите родители со дечиња со аутизам приметиле различно однесување после ММР вакцина. Ама па нив не им веруваме, така им се чини нели ? Абре луѓе, мајката НАЈДОБРО си го познава детето и сите негови промени. И тоа „случајно“ било после вакцината.
    Проблемот на нас луѓето е што тешко учиме од паталци, сакаме да учиме од гаталци. А така кај вакцините секогаш е доцна, бидејќи вакцинирањето е едносмерна улица. Нема назад.
     
    На ButterflyQueen, stefanija70, Zumbulche и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Можеби и си во право не го оспорувам тоа, но што е со тие дечиња што не се вакцинирани, а имаат аутизам од каде е кога не примиле вакцина?
     
  13. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Не знам за невакцинирано детенце со аутизам. Субјективно, ако има можеби е едно во милион.
    Јас кога бев дете, и кога не постоеше коктелот ММР - немаше аутизам. Добри 20 години од тогаш па се до воведувањето на ММР не постоеше ниту зборот аутизам, спектри и слично.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    The history of autism dates back over a century, with the term being first used in 1911 by Eugen Bleuler. However, it was not until Leo Kanner's 1943 paper that autism was recognized as a separate condition.
     
  15. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Јасни ми се мене „историските“ оправдувања. Веројатно и имало ретки случаи. А секако можеби и аутизмот како таков е искористен за аутизмот директно тригериран од вакцините. Поентата ми беше дека ние не знаевме за поимот аутизам пред воведување на ММР. Во нашата блиска и далечна околина едноставно аутистични деца немаше. Сегашната статистика од пред некоја година, барем преку океанот каде што се води некаква евиденција - 1 во 68 деца. Некаде имаше и графикон за зголемување на процентот на аутистични деца после воведување на ММР.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.440
    Пол:
    Женски
    Во група во градинка имам 3 .
    Ниту едно не е вакцинирано со ммр.
    Нешто не си информиран,колку последно има деца со аутизам,невакцинирани.
     
    Последна измена: 14 ноември 2023
    На mimiiiii и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.652
    Допаѓања:
    39.402
    Пол:
    Женски
    Немало зашто никој не ги дијагностицирал.
     
    На Lianna Anna, Mandela, Tiny Love и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Ако вакцинатА е причина за аутизам тогаш сите што се вакцинирани би го имале. И затоа не може да се посочи дека тоа е од вакцинатА. Јас аутизмот повеќе би го сведила на лоша исхрана и лош квалитетен живот што не трујат со секакви хемикалии дури и за органските работи се користат хемикалии и се водат како "дозволени" за да може плодот да опстане.

    Да не заборавиме кога голем дел од европа беше фатен од чернобил и целата почва е уништена и радиоактивна но сепак се одгледува храна на истите иначе би цркнале за јадење. Ова е офф тематА и има да се збори на долго и широко.

    И реално колку деца имаат починато од морбили, а колку од вакцинатА имале трајни последици и колку немаат никакви последици од нејзе разгледај го процентот. Али виновникот за синдром,автоимуно заболување итн не е вакцина.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LionJ

    LionJ Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Гледајќи ја анкетава, фрапантна е бројката колку мајки свесно гласале против вакцини.
    Несомнено денешниве деца се жртви на неедуцираноста на родителите и читање статии или мислења на поединци на интернет.
    Преполни болници, прејаки вируси и вакцинирани деца трпат.
    Не се сеќавам кога сум одела јас во градинка да владеело толкава болежливост кај децата. Ќе сме настанале, малку температура со сирупот се следувало, сега секое второ дете е со тешка респираторна слика.
    Жално е што све не трпат дечињата во 21 век.
     
    На LiquidLuna, Tiny Love, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  20. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Можеби си во право. Но званичните бројки од местата каде што се води евиденција е логаритамско а не линеарно зголемување. Од искуство, а верувам дека сум постар, јас кога бев дете и младинец едноставно не можев да сретнам дете со аутизам, а се движев многу. Сега е вистинска епидемија на заболени дечиња.
    И покреј епидемиолошките размери денес некои од лекарите ги убедуваат родителите, да не се секираат, ете ќе прозбори, се е ок. А мајката ја гледа промената и се надева. А се губи време.

    Неможе сите деца да добијат аутизам од вакцината. Детскиот организам не е проста матетматика, и голем дел сеуште нејасен за науката. Лошиот настап со вакцините е дека one size fits all. Кај некои нема да се случи ништо (во моментот) а кај некои ќе биде тригер.
    Дека не трујат со хемикалии, не трујат нема збор. Дека тоа труење влијае врз се - влијае. Дека се трудиме сите за што поздрав живот - да колку моќеме се трудиме. Но, одбираме.
    Кај ММР вакцината ти трубат дека е задолжителна, нели мораш. Нема избор, те условуваат на секоја кривина.
    А епидемиите и медиските спинови за морбилите е познато, наназад низ темава елаборирано.