Нема потреба да се воведе нова вакцина. Пертусис е одамна во листа на вакцини. Не ти ја сфаќам поентата. И да, воопшто не е наивна болеста, особено за мали бебиња. Дај боже никој да не дознае од прва рака.
Не читам глупости од типот на статија издадена во нерелевантни списанија со имакт фактор:непостоечки, читам статии издадени во репутабилни списанија со репутабилни истражувачи.
Дали знаете дали дете што е вакцинирано, но не и ревакцинирано на 18 месеци, заради други болести, е колку толку заштитено или не е од Пертутис. Требаше ноември ревакцина, но фати коксаки, па ајде ќе ја ставиме јануари за распуст, и сега читам епидемија
Жено, има уште случаи хахаха. Буквално ти си таа што измислува дека магично завршило, јас ти кажувам дека не е туку нема толкав наплив и системот се справува. Тотално го изигнорира тој дел. Патем, не знам како се трудам да воспоставам авторитет, пази - со тоа што пишувам мислење еднаш на сто години во темава. Тебе целото постоење на форумов ти е само за вакцините. Ако ти си толку исфрустрирана што моите мислења така ги перцепираш тоа е твој проблем.
Zdravo nova sum vo grupata kerkami treba da primi vakcina za ran pubertet sto mislite imal li nekoj dosega vakov slucaj dali e opasna vakcita ili ?
Vakcina? Valjda ke prima nekoj hormoski antagonist vo injekciona forma, a ne vakcina, koja vakcina bi se davala za predvremen pubertet? I kolku god e deteto, zasto mislam deka nad 8-9 godini veke i ne gi tretiraat
Dve deca zarazeni od pocetokot na godinava so pertusis. Mislite ke izbie epidemija i kaj nas vo skoro?
Со оглед на мислењата кои се пишуваат овде па и на останати интернет сајтови. Да ќе воскреснат болести што мислиме дека ги нема веќе
Од тоа невакцинирање се вратија болести што речиси ги немаше. Иначе,Пертусис имам пррлежано на 3 месеци како бебе,сеуште невакцинирана . Страшно било ,од она што знам од мајка ми ,сум помодрувала од кашлање. Ама поминало фала богу.
Баш и тоа се случува со пертусис има и други вируси и бактерии ама баш овие што се примаат се страшни и последици за дете/човек. Во населба имам една бабичка во количка што е нејзините не ја вакцинирале и жената цел живот е во количка уствари имала закачено полио и се има парализирана гревота е. Барем за тоа што има лек да можеме да спречиме.
Можеш да дознаеш што се случило со бабичката поточно ? Ако е бабичка има над 70-75-80 години, што значи дека примала вакцини после 2 светска војна некаде до 1950та година. Првите дадени вакцини се 1946 (БСЖ) и 1948 година (Полио експериментално) на територија на тогашна Југославија. Татко на мој пријател останал во количка од експерименталните вакцини за полио тогаш, се запознав со него дур беше жив, и го носеа со количка, по негова желба, на сите средби на родители кои се против вакцинација. Велеше дека доста негови другари настрадале набрзо после вакцината за полио, тој ете останал во количка и ги молеше родителите да не ги вакцинираат своите деца, објаснувајќи го неговиот случај. Инаку последен случај на полио на нашиве простори беше во Хрватска, пред некаде 12-13 години, каде мајката докажа дека детето и е инвалид од самата вакцина и доби отштета од државата, а парите ги поклони на деца со посебни потреби, бидејќи за нејзиното немаше спас.
Жално е што за одредени луѓе мислат дека подобро е само да створи инунитет да не го вакцинираат детето туку да си ги прележува вирусите и бактериите макар и најлошото да се случи.
Пензионираниот доктор од Струга добронамерно споделува несакана епизода со Пертусисот од негово време со неговата фамилија. Од времето кога третманот на пертусисот не бил со соодветни медикаменти и малку се знаело за самата кашлица. Не се осврнува на самата магарешка кашлица туку на лошиот здравствен систем после 2ра светска војна и неговиот напредок. Секако и големата смртност на новороденчиња кој бил голем и при самите процеси на породување. Секако и со нетретирање на болестите, како денес. Добронамерен но паушален текст. За жал има многу размислувања дека се случува токму обратното. Од ерадицирана болест ( пред воведување на вакцина ) токму поради неа се јавуваат повторно. Ќе бидам слободен да ви споделам едно такво размислување. Во 1990-тите, во САД и во другите земји беше воведена нова ацелуларна пертусис (голема кашлица) вакцина (ДТаП). Пред тоа, се користеше целоклеточна вакцина против пертусис (ДТП). Целоклеточната вакцина имаше умерена ефикасност (со повеќекратни дози на бустер), но предизвика релативно високи стапки на напади (конвулзии), други невролошки нарушувања, оштетување на мозокот и смрт кај чувствителни деца. Поради високите стапки на сериозни несакани реакции, ацелуларната вакцина беше воведена на нејзино место. Иако се веруваше дека ацелуларната вакцина е побезбедна, властите направија замена со вакцина која е помалку ефикасна. Новата вакцина против пертусис не само што беше делумно ефикасна кога беше воведена, но во изминатите неколку години истражувањата покажаа дека начинот на кој се произведува – да се бори против некои, но не и сите типови на токсините од Bordetella pertussis, всушност ја поттикнува природната селекција или адаптација на патогенот. Вакцината предизвика, пертусис микроорганизмите кои се поврзани со голема кашлица кај луѓето, да мутираат и да станат повирулентни. Вакцината не е ефикасна против овие нови соеви кои сега кружат низ целото општество. Еве неколку од многуте важни трудови во кои се документираат неуспесите на вакцинацијата за пертусис: Emerging Infectious Diseases неодамна објавија: „Видовите Бордетела пертусис со зголемено производство на токсини се поврзани со препород на пертусисот“. Неодамна, многу вирулентен вид на пертусис се појави од популациите вакцинирани против пертусис. Овој нов вирус произведува 1,62 пати повеќе смртоносен токсин од стариот сој, против кој вакцината беше дизајнирана да се бори. (1) Pediatrics неодамна објави „Зошто не успеваат вакцините за пертусис?“ Тековните вакцини против пертусис не успеваат како резултат на генетските промени во циркулирачките соеви на Бордетела пертусис и од надуените проценки за ефикасност на вакцините. Проблемот е што вистинската ефикасност на вакцината може да биде само 40%, а не затоа што премногу луѓе се невакцинирани. Според авторот на овој труд, „Употребата на вакцини резултираше во генетски промени кои влијаат на излачувањето на токсинот [пертактин] и фимбриата [фактори на вирулентност] во циркулирачките видови на Б. пертусис и се претпоставува дека ова доведе до зголемени стапки на неуспех на вакцината“. (2) Списанието Vaccine неодамна објави: „Несовршен имунитет предизвикан од вакцини и пренесување на големата кашлица кај новороденчиња“. Децата кои се вакцинирани со DTaP за да се заштитат од Бордетела пертусис, се со поголема веројатност да заболат од голема кашлица од Бордетела парапертусис. Очигледно е дека „патогената еволуција управувана со вакцини“ е избрана за овој друг вид на пертусис што може поефикасно да зарази по вакцинацијата. Според авторите на овој труд, „Постојат докази и од потенцијалниот епидемиолошки надзор и од неодамнешните експерименти на модел организми дека имунизацијата со ацелуларната вакцина всушност може да ја зголеми подложноста на домаќинот на инфекција од страна на Б. парапертусис“. (3) Неодамнешен труд објавен од Proceedings of the Royal Society B: Biological Sciences го испитуваа однесувањето на патогеното населене на Бортадела пертусис под притисок од вакцинацијата. Случаите на пертусис кај вакцинирани деца драматично се зголемија од воведувањето на ацелуларната вакцината за пертусис. Вакцините кои обезбедуваат несовршен имунитет (т.е. ацелуларна пертусис вакцина), може да го зголемат нивото на циркулацијата на патогенот, правејќи го потешко елиминирањето на болеста. Според авторите на овој труд „Фактот дека популацијата на Б. пертусис можеби еволуирала за да го заобиколи имунитетнот одговор, предизвикан со вакцинација и да се смени нивото на вирулентност, покренува голем број прашања во врска со дизајнирањето и употребата на идните вакцини“. (4) Иако здравствените власти како FDA и CDC се запознаени со бројните студии што ги документираат неуспесите на пертусис вакцината кај високо вакцинирани популации – поради несовршениот дизајн на тековните вакцини против пертусис, кои го охрабруваат развојот на мутирани видови отпорни на вакцини – тие ги обвинуваат невакцинираните луѓе за појава на болеста. Тие исто така инсистираат на тоа дека скоро секој мора да се вакцинира за да создаде „колективен имунитет“, што не би било можно дури и ако сите биле вакцинирани (100% стапка на покриеност на вакцините), бидејќи вакцината е толку слабо ефикасна против циркулирачките соеви. FDА признава – вакцинираните луѓе ја шират болеста! Исто така, постои уште еден проблем со вакцината против пертусис – им овозможува на вакцинираните луѓе да станат тивки носители на болеста, ширејќи ја на други. Всушност, ФДА неодамна потврди во соопштението за печатот дека поединци вакцинирани со ацелуларна пертусис вакцина „може пак да се заразат со бактеријата без секогаш да се разболат и можат да шират инфекција кај другите, вклучувајќи ги и младите деца кои се подложни на заболување од пертусис“. (5) FDA се повикуваше на важна нова студија објавена во Proceedings of the National Academy of Sciences. (6) Во оваа студија, бабуните (мајмуни) новороденчиња биле вакцинирани против пертусис на возраст од две, четири и шест месеци. На возраст од седум месеци, тие биле изложени на болеста. По 24 часа, невакцинирани бабуни беа сместени во истите кафези со вакцинираните бабуни. Вакцинираните бабуни ги заразиле невакцинираните со оваа болест. Иако бабуните вакцинирани од пертусис, не се разболеле откако биле изложени на болеста, патогениот пертусис се размножувал и колонизирал во нивните респираторни системи. Вакцинираните бабуни биле многу заразни и можеле да ја пренесат болеста на други бабуни. Тие станаа тивки носители и предаватели на пертусис. Денес, слично на Тифусна Марија – асимптоматски носач и предавател на тифусна треска – треба да бидеме претпазливи на Пертусис Пеги – асимптоматскиот носител на голема кашлица, кои циркулираат пертусис насекаде каде што одат. Илјадници луѓе вакцинирани против пертусис би можеле да бидат несимптоматски носители на болеста, ширејќи ја на сите кои се во нивното опкружување. За епидемија на пертусис веќе не може да се обвинуваат невакцинираните луѓе Оваа студија дава силен доказ дека колективниот имунитетот не е можен со тековните ацелуларни пертусис вакцини. Покрај тоа, практиката на вакцинирање на лица кои имаат контакт со новороденчиња е малку веројатно да им користи на новороденчињата, особено кога вакцинираните лица кои не покажуваат никакви симптоми сеуште можат да ја шират болеста. Оваа студија исто така потврди дека ацелуларната пертусис вакцина предизвикува имунолошки одговор кој е инфериорен во однос на природната инфекција, а нивото на антитела предизвикано од вакцинација не е во корелација со заштита од пертусис. (Вакцината го зголеми нивото на антитела, но не успеа да одбрани од инфекцијата и пренесување на болеста.) Накратко, вакцината за пертусис предизвика микроорганизмите на пертусис да мутираат и да станат поопасни. Луѓето вакцинирани против пертусис се во можност да ја шират болеста. Вакцината против пертусис претставува значителен ризик од неповратна штета. Затоа, никој не треба да биде заплашуван или присилуван да се вакцинира против своја желба. Родителите мора да имаат слобода да прифатат или одбијат вакцини за своите деца. Референци: 1. Emerging Infectious Diseases 2009 Aug; 15(: 1206-13. 2. Pediatrics 2012 May 1; 129(5): 968-70. 3. Vaccine 2010 Dec 10; 29(1): 11-16. 4. Proc Biol Sci 2005 Aug 7; 272(1572): 1617-24. 5. FDA Press Release 2013 Nov 27. 6. Proc Natl Acad Sci 2014 Jan 14; 111(2): 787-92.
Како може да створи антитела, а да не може да се одбрани од витусот циркузијада е текстот. Тело што ствара антитела кон некој вирус (затоа и ги примаме вакцините) не може да биде толку фатално за него колку што може кон тој што нема никакви антитела по веројатно дека би умрел тој што воопшто нема никакви антитела. Денес, слично на Тифусна Марија – асимптоматски носач и предавател на тифусна треска – треба да бидеме претпазливи на Пертусис Пеги – асимптоматскиот носител на голема кашлица, кои циркулираат пертусис насекаде каде што одат. Илјадници луѓе вакцинирани против пертусис би можеле да бидат несимптоматски носители на болеста, ширејќи ја на сите кои се во нивното опкружување. Ова ти е превод за дека вакцинираните не се толку подложни на смртност како невакцинираните. Еве прати невакцинирано дете во Козле да видиме што се ќе фати и дали би преживеало со 5 вируси закачени во исто време. Некои можеби имале лоша реакција од вакцина али тоа е многу мал бројот додека смртноста на невакцинирани од искоренети болести е многу големА. Никој не ја гледа храната дека е контаминирана со жива и метали и дека телото ни пати од тоа и има последици ама пак сите се вртат кон вакцините. Едно ќе кажам тој родител што не верува во вакцините не треба болно дете да носи на лекар треба да го остави дома и само да му се избори телото со вируси и бактерии јер антибиотици,вакцини итн се штетни за здравје и таквите не треба воопшто да ги лечат.
Zdravo na site...trebase da primime vakcina denes na 6 meseci no malata bese bolna i seuste potkasluva...koga da ja nosam?