Текстот ич не е циркузијада. Токму авторите на наведените студии го поставуваат истото прашање, а ете и јас и ти. Инаку теоријата дека вакциниран ќе помине подобро од невакциниран, неможе да се изведе со доказ. За тоа ти треба ист организам да е и вакциниран и невакцинран, што практично е невозможно. И во двата случаеви ( вакцинирани и невакцинирани ) имаш пројдени и лесно и тешко. Антителата НЕ СЕ гаранција дека некој нема да умре од одредена болест. Ниту пак дека „полесно“ ќе ја прележи. Маестрално погрешно извлечен заклучок. Но, тоа е, кој колку може, иако е точно и јасно објаснето. Моите невакцинирани деца, со ненарушен имунитет НИТУ ЕДНАШ не биле во Козле. Исто како и децата на мои блиски истомисленици. Коа одеа во градинка неретко беа единствените редовни во времето на гриповите и настинките. 1. Бројот на несакани реакции зависи од многу фактори, и дали таа бројка е мала бара пообемно размислување. Прво е бројот на пријавени случаи ( далеку помал од реалните), второ е бројот на прифатени дека истите се од вакцина. 3то, рускиот рулет кој може да настане и по подолг период после примање на вакцина... не е така лесно, малку се и тоа е. Што ако твоето недајбоже е во тие со несакани реакции, која е бројката ? 100%. 2. Смртноста ја имавме наназад во графикон, истата е малтене непостоечка далеку пред воведување на вакцините ин џенерал поради подобри услови за живот, подобра медицина...Вакцините само го земале медалот. Тоа е посебна тема и се сложувам, но да, храна можеш да одбереш, вакцина - не. . Тоа и го правевме доста успешно со сопругата со двете деца. Реткост беше сируп за температура, еднаш антибиотици за син ми, ќерка ми ниту еднаш. Само помагавме детето да се избори, и успевавме. Имаве среќа со одлична педијатарка која антибиотици мислам и дека не препишуваше. Инаку право на здравство имаат сите. А одлуката за билокаква интервенција е во рацете на пациентот, односно неговиот родител. Има друга тема тука на форумот за овие прашања, види побарај ја.
Вечниот став на антиваксерите, невакцинирани и вакцинирани поминуваат исто. А факт е дека апсолутно не е точно.
Нема шо да признава ФДА, вакцинираните луѓе можат да се заразат и да ја шират болеста. Никој никогаш не рекол дека тој шо е вакциниран не може да се зарази или да пренесе болест. Целта на вакцините е да се ублажат симптомите од болеста, да се намали смртноста и можноста од компликации од болеста. Ти самиот го потврдуваш истото во цитираниот текст. Тивки носители-асимптоматски случаи. За да се спречи 100% зараза треба да се спречи било каков контакт со потенцијални носители на микроорганизми шо е практично невозможно, освен ако не живееме во некоја стерилна средина ??? Јас лично ги вакцинирам децата не за да не заболат, туку да не умрат од болеста. А дека вакцините имаат некаква ефикасност докажува појавата на епидемии од заразни болести шо биле стишани и се јавувале изолирани случаи за време кога е тренд да не вакцинираш.
Ама зошто антибиотик си дал на дете и сируп за температура нели се штетни по здравјето го трујат телото ги убиваат и штетните бактерии и антителата во организмот. Од една страна викаш дека не се разболеле твоите НЕВАКЦИНИРАНИ деца од друга страна даваш антибиотик. Ти не треба да даваш и треба да биде забранет за тебе зошто подобро е детето да си го мачиш со денови и месеци зошто се штетни исто колку и вакцините. Ако имаат толку јак имунитет можат сами да им се изборат иако тоа ќе трае со денови може и недели, а можеби и нема да им се избори па ќе завршат со конвулзии. И право на здравство не треба да имаат антиваксерите зошто не веруваат во медицината. Лечи дете со хомеопатија, а не со антибиотици да не речам хемикалија.
Добро си запознаена со штетни дејства на антибиотик. Да дадам антибиотик или не одлучувам јас како родител. Не државата. Како за вакцините. И едното и другото е медицинска интервенција за која само пациентот (или неговиот родител) може да одлучи. Очигледно ти одговара да вадиш од контекст работи, или очајно погрешно расудуваш. Еднаш даден антибиотик е своевиден успех за постигање на целите на оздравување. И тогаш можеби не требаше но ја послушавме педијатарката, која исто така предлагаше да не брзаме со вакцините. Тогаш ми беше чудно после ми стана јасно. Нејсе, заговараш нацистичко однесување. Или вакцинацизам. Одлуката за медицинска интервенција дали да се спроведе или не ти е во законот за Здравствена заштита. Законски одбирам дали и како ќе се лечам. А тоа што ти заговараш е типичен нацизам. Никаде не постои здравствена дискриминација. Ти боди го своето најмило. Можеби со тоа ќе допринесеш да тоа биде атипичен преносител. Но никогаш нема да ти кажам дека со тоа го загрозуваш здравјето на моето, иако тоа директно го правиш. Прати го календарот на вакцини, редовно давај антибиотици и терај. Секој со свој став и памет. Ајде да се вратиме на темата.
Фала богу едното дете е вакцинирано и е здраво право и заштитено, заштити си го и ти своето или чувај го дома во стаклено ѕвоно за да не фати нешто од моето или да кажам вакцинираните. Ти сам кажуваш дека вакцините се штетни, ако реално гледаме антибиотиците се поштетни од вакцините зошто тие уништуваат буквано се и се тригер за активирање на автоимуни заболувања, ова веќе тееба да го знаеш и со тоа што ти на своето дете си му дал антибиотик си го ставил на ризик да добие некои автоимуно заболување, али за тебе сепак побитна е вакцинацијата. И не ширам вакцинизам туку препораки да си се вакцинираат децата за да не страдаат, а ти што си го изложуваш детето тоа си е твоја одговпрност и ако нешто му се случи ти ќе страдаш доживотно со него. И не сме надвор од темата впрочем сеуште коментираме за истата. Ти си тој што е против медицината затоа не треба да одиш на доктор зошто они не лечат со бабини лекови, уствари ти не треба ништо да им даваш на децата освен храна и вода.
За тоа што може да влијае и да штети на колективно здравје ( како на пример Црна кашлица која се врати заради антиваксери ) не можеш да одлучуваш ТИ како поединка. За епидемија и пандемија не можеш да одлучуваш ти како единка. За антибиотик, можеш.
@Brpbrp Се работи за одлука, која секој по закон ја има. И мора да важи и за антибиотици и за вакцини и за билокаква медицинска интервенција. Одлуката е суверено право на секоја единка и ако не си запознаена, е над правото на колективизмот. Државата ако одлучува што да се прави, треба да ја понесе и одговорноста. За да биде појасно, пред секој хируршки зафат потпишуваш изјава, за превземање на одговорност. Кај вакцините секако постои ризик. И секаде каде што постои ризик мора да има право на избор. Антибиотикот ( и Козле) ти беше кажан во други два контекста, ти одбра мајтап да правиш за ЕДЕН даден антибиотик. Во претходната порака дефакто имаш нацистичко однесување. Ти објаснив зошто не е така. @Misskirova Паушалност и основно непознавање. Пертусис компонентата во Ди-те-Пер вакцината нема никаква улога во колективното здравје (ако воопшто другите имаат). Тоа го вели и производителот на вакцината. Напротив, честопати има придонес во развивање на пертусис, во потполно вакцинирани популации како Данска, на пример. На претходната страна има осврт на ова, и со малку упалена логика станува јасно. За општата популација незнаењето не е некој проблем. Безрезервното пратење на индоктринирани медиуми и уште полошо „мотивирани“ лекари кои создаваат перцепции на барање на тие кои ги спонзорираат е во најмала рака идиотски пристап. Како и плукањето на различното мислење со погрдност. Јас можам (законски) и морам (човечки) да одлучувам за моето најмило.
Човеку никој не игра мајтап туку ти правиш како тебе што ти одговара. Прво си против вакцините дека биле штетни и против антибиотици и твое дете не би примило. Но сепак си дал на свое дете антибиотик не знаејќи дека може да е тригер за автоимуно заболување, да ти појаснам тоа е од типот на дијабет,лупус итн. Ако си решил веќе да не вакцинираш тогаш нема што да лечиш со антибиотик зошто и сам си свесен дека со тоа не се ствара имунитет, но сепак си го дал (иако можеби немало потреба) зошто тогаш си го дал? Да си го излекуваш детето? Немало потреба со тек на време ќе се изборел организмот али тука имаш едно големо АКО. И порано кога имало епидемија од вирусите за кои се измислени вакцини преживеале тие со поголем имунитет али бројот на смртност према тие што останале живи е преголем, додека бројот сега од кога се вакцинираат е драстично намален и нема никој починато од вакцина додека тој што нема вакцина има починато.
Законски не можеш. Затоа има и казни за невакцинирани деца. За човечки ,да ,одлучуваш за детето твое. Ама ако си општествено одговорен и емпатичен би размислувал и за останатите.
@Brpbrp Треба да си ги препрочиташ претходните постови. Ниту еднаш не спомнав дека сум против антибиотици. Не су употребувани бидејќи моите деца не стигале до стадиум да се употреби. Осем едното, еднаш. Да. Ете ти го твоето погрешно равенство. Повторно, Ја промашуваш поентата. Уф, се намачив со делов. 3 пати прочитав и едвај некако склопив. Некаде наназад на темата, има еден многу убав графикон. Таму се опишани епидемиите по години. Кога тие завршуваат, тогаш почнуваат да се измислуваат и употребуваат вакцини. Медаљата ја носат вакцините. Ама погрешно. И има и нема. Нашите органи различно толкуваат. Во предшколска возраст има родители кои се казнети, има кои не се. Казнети се оние кои не сакале да си тераат постапка и платиле по 50% казна за да се раатисаат. Има и добиени случаи. Се работи за став, убеденост во правичност на одлука и секако желба за судир со системот. За градинка; Градинката НЕМА право да бара копија од вакцинален картон, согласно законската регулатива за упис на дете во градинка. За упис на дете во градинка, родителот треба да достави потврда за здравствената состојба на детето според член 60 став 8 од Законот за заштита на децата: „Родителите се должни при приемот на детето во градинката да приложат потврда од матичниот лекар за здравствената состојба на детето односно наод и мислење од соодветна стручна институција за дете со пречки во менталниот развој или телесна попреченост“. Секое барање на копија од вакцинален картон е противзаконско. За школо. Школото на упис бара таква потврда, но нема прао да не го прими детето во училиште, Односно не одлучува по тоа. Тоа што директорите се дрзнуваат да не примат дете, веќе е во неколку наврати судски решено и децата се примени во училиште. Некои од нив, кога го прочитуваат законот ја менуваат одлуката и ги примаат децата. Европските закони каде потписник е РМ јасно и недвосмислено ја почитуваат одлуката на поединецот контра мнозинството. Тука се Декларација за права на пациенти, Декларација на Европскиот совет за правата на човекот во биомедицината, меѓународна квалифијациај на болести и уште барем 2-3 други. Тоа што РМ не ги почитува иако е потписник е друга работа и веќе има неколку случаи во тек пред судот на човекови права во Страсбур, поднесени од родители од Македонија Сум. Моите деца нема да бидат атипични преносители.
Смртноста од вакцинирани и не вакцинирани е поголема кај вторите и тоа не можеш никого да го разубедиш. Само едно ќе кажам не дај боже ама буквално не дај боже да ти фатат децата некој од овие вируси тогаш антибиотик не ги оправа, а богами ни доктор нема да ти помогне.
Никогаш немам видено некој волку време да посвети да се информира погрешно. Не дека антиваксерите се неинформирани. Туку се длабоко погрешно информирани. Секоја информација си ја интерпретираат според преодредени уверувања, а не во оној контекст во кој таа информација била наменета да се разбере. Толку многу навлезени во дупката што и нив лично да им се случи и да им се потврди целата наука што ја негираат, ќе измислат сосема трета причина само за да не признаат дека не се во право.
Јас тоа викам во ред нека не го вакцинира, ама посче нека не бара од докторот да го спаси од болести што се искоренети и што има вакцина. Ако на него не му е жал за детето на докторот уште помалце ќе му биде, со оглед како се функционира нашава држава комотно може да му каже дека имаат се направено за да го спасат, а да излажат просто едноставно да не се замараат. Пак ќе кажам од вакцина никој не умрел.
Јас кога се вакцинирав со Фајзер,ми викаа немој, штетат на забременување. Се вакцинирав и останав трудна за 5 месеци Демек Израелците ќе и штетат на сопствената нација со Фајзерот( пошто први се вакцинираа) .
Како што постојат индоктринирани и платени научници и доктори кои тераат “независна’ наука, така постојат и некои други повторно научници и доктори кои аргументирано се спротиставуваат на овие првите. Последниот пример со ковидиотизмот е токму таков пример. Бил Гејц беше гласноговорникот на медицината, а неговиот потрчко од Африка гласот на СЗО. Оние другите, далеку пологичните беа едноставно банирани. Да не се сруши митот за ковид и вакцините како спасители. Твојот коментар е непрактичен. Мојот, извадок од различно и многу логично размислување на некои од тие „другите“ доктори и научници. Сржта на дискусијата треба да биде насочена кој од нив е во право, или најмалку кој е пологичен во ставовите. А не дека некој што размислува различно е дека се напикал во дупка. Но нејсе. во отсуство на логичен и нормален аргумент оцрнување и девалвација се единствени оружја. И афирмацијата на ракоплескачите во вид на лајкови, кој се осигуруваат дека вакцинирајќи ги своите најмили го направиле она решение на стадото ( Сите турци и голиот Асан) потиснувајќи го сознанијата дека вакцините можат да бидат и неучинковити и многу штетни. 1. Пак со твојот вакцинацизам. 2. Умреле и трајно оштетени има многу. Не сакаш да видиш. Дај боже да имаш примено од тие плацебо водичките. Зголемувањето на смртноста е кај навакцинираните земји. Оне со шмајзер и астра.
Ми стигна покана за на суд дека лани не сум го одвела детето да прими вакцини после покана која воопшто не сме ја добиле. Лани добивме покана за порамнување на прекршочен долг заради непримена вакцина, бидејки воопшто немавме ни добиено покана за вакцинјација а и бидејки детето е болно пуштивме одговор дека не сме биле повикани за вакцинација и дека дететео во тој период беше болно за кои имаме медицински извештаи. Сега после 1 година стигна покана за истиот предмет да одиме на суд зошто тогаш не сме ја платиле прекршочната глоба,ако има некој слично искуство да ми пише како да постапиме?