Поздрав до Гоџо, Јаре и сите останати антиваксери https://www.google.com/search?q=per...ate=ive&vld=cid:a9d128dc,vid:S3oZrMGDMMw,st:0
Дефинитивно никако не би преживеале да би немало вакцини незнам кој како сватиле но научниците долго истражувале во оваа област на медицината без вакцини тешко би се зарaувавале еден од друг хаос би настанал насекаде на земјата.
Jas licno ne sum protiv vakcinite, no nema da go vakciniram moeto dete se do odredena vozrast. Ednostavno nemam doverba vo toa sto nas ni go davaat I prikazuvaat Kako vakcini. Sin mi pocnav da go vakciniram I iskreno mnogu zestoko mi ja pokazaa losata strana tukasnite vakcini.
Многу е интересно како цело антиваксерско движење засновано на рекла казала се појавува да продава празна слама кога некој е несигурен дали да вакцинира. Соочени со факти, никаде ги нема. На Јаре конкретно у минатиот месец му ставив во темава Линкови од студии дека загадениот воздух и употреба на одредени лекови во бременост го зголемуваат ризикот од аутизам (не вакцините) Статистика на случаи на број на болести пред и по вакцини (вклучително и пертусис и морбили) Факт дека деца умираат од пертусис, додека тие тврдат обратно Пропаѓа у земја кога нема што да одговори, ама да напише 3 страни празни зборови е прв. Пред 100г. Пред вакцините и пред антибиотиците животниот век бил за 30г пократок во цел свет. Сите имате сестра/брат на (пра) дедо/баба умрени како деца. И мака ми е зошто во оваа наша шака држава луѓе ко моите дедовци, едниот меѓу првите професори по македонски, другиот меѓу првите доктори, по војната оделе од село во село, да описменуваат народ (над 70% биле неписмени, не знаеле да читаат, ни да пишуваат), и оделе од село до село да вакцинираат за да спасат повеќе деца од смртоносни болести. За да дојде 2024 и заради шака луѓе да умираат пак деца од искоренети болести. И тоа што знаат да читаат е за џабе, зошто не знаат да проценат што треба да читаат
Извини вака ама убаво си напишала во времето на дедо ти, тогаш ни воздухот бил ист како сега, ни храната, а камо ли пак вакцините и едно само можам да ти кажам биди среќна што не си го искусила лошиот дел на вакцините верувај вака не би размислувала. Што се однесува до аутизмот и вакцините моли Бога што не ти ја покажал спротивната страна. Има еден милјон случаеви меѓу кои и мои блиски после примањето на ммр детето го прекинува говорот итн.... Убави се вакцините спречуваат зараза и сето тоа но не верувам дека нас ни даваат нормални вакцини сигурно некоја ш класа како и за се друго што ние го добиваме овде. Се убаво си напишала ама едно е заборавено ние сме северна. За нас нема ништо добро кај нас е ѓубрето од светот.
Здраво кукло, @KuklickaSk Нема потреба за ad hominem напаѓања. Сите тука се обидуваат да на своите деца, и евентуално своето поколение му обезбедат што подобар начин на живот. Се работи за убедувања, а никако за празни слами како што милуваш да кажеш. Јас за твојата „празна слама“ нема да кажам дека е, а не дека не е, туку едноставно не ми личи тоа ниво на комуникација, особено кога разговарам ете со внука на некои професори и доктори. Нејсе, разговараш со лик чиишто дедовци се можеби се познавале а и тие моите скромно допринеле во развојот на нашата претходна држава. Нивните титулари ќе ги оставам за некој друг разговор. Но никако за омаловажувањето на соговорникот во дискусијата. Јас од моите сум имал среќа да повлечам еден одмерен однос и никаква навреда кон другиот со различно мислење. Ете сеуште се употребува и измисленото омаловажување со термин антиваксер. Изразот е настанат за да се омаловажи и потисне размислување кое е различно од мислењето наметнатно на крдото, од страна на за жал зависна наука. Сите оние други (научници и доктори а не молери) кои имаат различно но логично мислење, мора да се утепа. Омаловажување е одличната работа, но тука се и други уште поригорозни методи. Се што имаш ставено во темата се веќе елаборирани работи, и ако некој сака навистина сака да прочита, покрај многу шум на темава, има и одлични издржани работи, неколкупати повторени. Пак да повторувам ? Кога пишувам во темава, се обидувам да бидам јасен и конкретен, И секогаш да одговорам со реплицирање на целиот текст како и сега, Не сум чери пикер. Ете и со пертусиссот во Србија и Хрватска, некој не примети дека децата имале други коморбидитети, а им требаше да обвинат пертусис. Исто беше и со ковидиотизмот, Пиши Ковид, на луѓе во терминална фаза од други болести. Скроз истото беше и пред некоја година со ромчињата во Романија. За твоја информација, а и ради потеклото на дедовината, јас сакам да се информирам за секоја точка и запирка што ставам во моето дете. Кај нас има 2 типа вакцина (во делот Пертусис) од кои спрема производителите имаат: - Целуларната - наводно 30% учинковитост со многу несакани дејства од аѓувантите. - Ацелуларна - со наводно поголема од 30% заштита која во организмот генерира тн Бордетели кои како такви генерираат 1,65 пати повеќе токсин а поради тоа вакцинираните се клицоносители. Вие сте „заштитени“ но другите страдаат. Не е реткост некое тукушто вакцинирано детенце да е во контакт со бебе, и да му пренесе пертусис. Затоа во некои болници има истакнати соопштенија дека посети не се дозволени од тукушто вакцинирани. Да, коселе епидемии. И кога тие епидемии стивнувале, дури и до нула случаеви, дури тогаш се пронајдени вакцините. Пример чума колера. Епидемиите завршени без вакицини. Најмногу од болестите за кои се вакцинира се завршени со осовременување на условите за живот, хигиената и слично. Графикони имаш на страниците наназад. Многу од нашите прабаби и прадедовци умреле поради сиромаштија, очајни услови за живот но и немањето можност за третирање на болестите. Антибиотиците се друга работа и не се предмет на дискусијава. Со негова злоупотреба на секое влажно прднување, се деградираше до максимум неговото примарно дејство. Секоја им чест. Имале убедување дека прават добро. Како и ти денес. За описменувањето секоја чест. Ако следиме само медиуми со платена задача - во право си. Ако малце загребеш под површината ќе видиш и друго. Но тоа е тоа, неможе секој. Полесно е да се плука отоколу да се дискутира.
На Сето ова што го напиша ,ќе ти реплицирам со едно : Во Србија починаа 4 бебиња од црна кашлица, сите НЕВАКЦИНИРАНИ. И сега ?
...И темава ви е доказ дека родителот не знае што е најдобро за свое дете, ко шо ми се стаивте пред некое време. Не вакцинирајте. Ама не ги пуштајте во школо, не ги лечете по доктори туку дома. Дома растете ги, во 4 ѕида. Нели вие знаете што е најдобро за нив, не доктори, наставници и тако даље. А да. И ако се исечете длабоко, не трчајте да ви чистат и шијат рана, сама ќе се затвори. И да се инфицира, имунитет имате, сам ќе се избори.
Компарациите што ги правиш ама воопшто не се соодветни, и никако не се поврзани едно со друго. Јас сум за вакцини ама за безбедни вакцини оти на своја кожа осетив што се лоши вакцини.
Оти се лоши компарациите? Ако имунитетот може супер да ти се избори со пертусис, туберкулоза, морбили, зошто не би можел со било која бактерија која би навлегла преку отворена рана? А за она другото. Ако сакаш твоето дете да биде дел од општеството, ќе почитуваш некои "закони" на тоа општество. Ако не, дома.
Па како споредуваш рана со нешто што треба да ти се вбризга во телото, невакцинираните да немаат право на доктор и лекување. Дали знаеш колку доктори познавам што не си ги вакцинираат своите деца. И што е тоа чим не почитуваш закон (вакцинирање) немаш право на живот. Абе што се замислувате дека сте Господ или што? Треба граници да се има во се, јас не вакцинирам по секоја цена јас размислувам со своја глава, и да јас не сум против вакцини ама не верувам на ова вукојебина со што не труе, кога гледам дека и сопствената мајка би ја продале за пари. Јас се вакцинираав Меѓи првите против ковид ама со вакцина што јас сметам дека е безбедна.
Во кои болници не дозволуваат посети од вакцинирани? Можеш да ми дадеш релевантен извор за твојата констатација за ацелуларната вакцина и клицоносителството? Клицоносители на кој микроорганизам?
Имаш право на живот ама не и да го користиш сите бенефити на едно општествено живеење. Ако не сакаш да придонесеш за доброто на тоа општество, иди во планина живеј
Кои се бенефитите? Одлично развиена фармација, се купуваат лекови на големо, приватните болници мела направија затоа што имаш мака а немаш здраство, нема термин нема кревет нема реагенси во лабораториите. За овие ли бенефити ми зборуваш?
Образование и да се движиш слободно на пример. Меѓу луѓе да си постојано. Реков ете. Неќе некој вакцини, може слободно во планина да отиде, никој не го спречува. Не може да си ходајуча петриева плоча ама сакаш на лекар да отидеш, сакаш да се образуваш, сакаш ова она.