Зошто мислите дека тука вакцините нечинат, а во странство чинат? Секоја држава припазува што оди за извоз многу се построги мерките од извозот и повеќе се обраќа внимание одколку во својата држава што е произведено. Нема само во Македонија против вакцините има и во цела европа некои се за некои против. Труло е размислувањето се што доаѓа тука не е добро не е квалитетно. Исто е сегде. Има луѓе што вакцинирале деца надвор од Македонија и пак се со истиот имунитет. Убаво вика @Munchmallow20 кој не вакцинира а заболи од некој вирус за кој веќе има вакцина не треба да го третираат во болница затоа што тој родител бил со мислење дека вакцините се лоши и дека само штета прават и дека не може не вакциниран да фати некој од вирусите или бактериите. Не значи ако сега не фатило детето дека подоцна во животот нема да фати и дека нема да биде фатално или со тешки последици.
Ма и не само за болестите од вакцини. Не може да не се вакцинирам, ама ќе идам во болница за ете сосем друг проблем и ќе чекам таму со 15 души во ходник. А меѓу тие 15 имаш и стари луѓе и луѓе со канцер и секакви. К ме боли кој имал слаб имунитет, битно ја за себе гледам. Уствари мене ми е стварно жал за деца со родители што од помодарство не ги вакцинираат.
Eve na primer Eden paracetamol vo germanija da zemis I'ma ogromna razlika vo kvalitetot I delotvornosta so nasiot ovde. Tocno e deka Sekade ima luge sto ne sakaat da se vakciniraat I si imaat svoja pricina ama ne veruvam deka toa se zaosnova na kvalitetot na istata.
Истиве антиваксри у англија и во германија први ќе стават вакцини. И плус за хпв, менингит и варичела без збор.
Еве јас ќе ти кажам за Ибупрофен на фарма 3 катастрофа невидена воопшто не делува додека на Реплек супер е. Не можеш да споредуваш така лекарства и да кажеш по квалитетен. Фармацевтските компании односно фабрики земаат на големо односно на тони и нормално со најниска цена. Тоа што е со поминат рок не се фрла туку му се продолжува со препакување. Ниедна фабрика не оди зијан верувај ова за таблети ти го кажувам. Додека сирупи,лосиони, вакцини итн се прават во помала количина за да се избегне ова како со таблетите.
Iskreno ne mozeme da se merime so Germanija vo nisto. Toa mislam deka ne ni treba da se diskutira. Od hrana od detergenti od obleka lekovi vakcini svetlisni godini se pred nas.
Се уште веруваш дека знаеш се и оти си испратен на благородна мисија да го спасуваш човештвото од мрачните сили на вакцините, да ги просветлиш останатите кои се испрани мозоци во договор со владата. Толку си убеден во ова, што не го препознаваш ниту сопственото не знаење. Не си чери пикер, никако! Ама бираш информации кои ги поддржуваат твоите ставови, без можност да се вклучи комплетна и објективна слика. Основаш ставови на лични искуства, сакам да кажам анегдотски докази со нула епидемиолошка заднина. Оние кои наводно починале од вакцина и/или се разболеле од истата, имале и други заболувања. Ова е твој аргумент, сега веќе во друга насока. Дали забележуваш колку лошо звучи? Ад хоминем ќе го ставиш како аргумент, кога ќе престанеш да употребуваш пост хок и останати логички грешки. За промена, среди си ја корелацијата меѓу две појави без доказ за причинско последична врска. Сега е време да престанеш да споредуваш вирусно заболување како морбили со бактериско заболување од животната средина како колера и чума. Основна логика, пошо нели, супер ти иде истата.
Дали воопшто знаете која е процедурата за тендер за вакцини и низ какви контроли поминуваат ? Или само сте слушнале нешто па тресете рекла казала? Еве јас од доктор на клиника знам дека имаме увоз на едни од најдобрите вакцини
Кај нас царува мито и корупција ништо не е сигурно, доволно е една пратка да е утната џабе се после сите други најквалитетни. На тој што ке му се погоди тој ќе си знае.
Кога се работи за лекови, ние немаме проблем со квалитет туку повеќе со цената. На пример пробиотици, витамини, аналгетици или некои други суплементи се исти и таму и тука. Само нашиве (мислам) имаат големи маржи па ги пумпаат цените повеќе од реалните. Сум слушала од луѓе кои ги порачуваат сами или купуваат од странство дека често пати поевтино им доаѓа, со сите трошоци.
Да, тоа е точно зошто одат со најмалку 200 денари од парче заработка. Али криви се производителите зошто треба да ги ограничат со колку заработка можат да одат зошто и на нив им игра улога цената ако тука се продава скапо никој нема да го купи така и на производителот му паѓа прометот.
Тука си во право, не чинат ниту тука ниту во странство. Додуше имаше една проблематична ДиТеПер пред 12-13 години, ја фукаа без да е регистрирана. Имаше доста појавен дијабет кај дечиња после неа. Една моја драга пријателка која не ги вакцинираше децата (или како милуваш да употребиш збор антиваксер), одби да се пресели за Америка на добиена зелена карта. До ставот е. До личноста, а не до променливоста на ставовите врз база на држава. Па здраво. Јас и незнаев дека сум испратен на мисија. Благодарам што ме просветли. Еве тукушто завршив состанок со делегација од Марс кои ми дадоа инструкции како да се носам со преодната влада. Утре веќе имам закажано и со преставници од другите планети од планетарниот систем. Мисијата мора да продолжи. А да. Незнаење е еден збор. Оу да. Да знаеш дека бирам информации. Можноста за комплетата слика ја имаш кога ќе споредиш зависна (од фармација) наука и независна од неспонзорирани доктори и научници. Јас ги одбирам овие вторите, и секако го следам текот на парите. Просто нели ? Лошо звучи ? Уште полошо звучи кога терминален пациент со канцер, го закопуваат со ковид дијагноза за да на фамилијата и предложат бесплатен погреб. Информацијата секогаш е лимитирана. Другата страна и комплетната слика треба да сакаш да ја видиш. Ти одбираш една, јас секогаш и двете. Благодарам учителке. Дефиницијата за корелација е одлична. Лош е примерот. Еве прашање, како можеле вакцините ин џенерал да помогнат, кога тие се „пронајдени“ после стишувањето на епидемиите, скоро во целост. А како знае докторот? Дали кај нас се тестираат вакцини ? Дали имаме лабораторија ? Знаеш ли дека составот на вакцините во еден голем процент е комерцијална тајна на производителот ? Јас одговорот го знам, еве прашај го докторот на клиника што ќе ти каже
Ајде да го чујам твојот одговор . И не ми постирајте тука статии од новини со Прашалник, постирајте ми од некој медиум со кредибилитет.