После првата доза на Дитепер бронхит, после втората тешка пневмонија и веќе немавме ни можност да се вакцинираме секој месец со години бевме со антибиотик и уште 3 4 пневмонии се така до 6,7 години....
Знаеш дека си. Твоја е потврдата, ти си причината или барем една од нив, што многу родители ја одбрале другата страна. Твои зборови во оваа тема, не мои. Али еј, ништо не си разбрал. Владата и фармако во комбинација, сам си против сите. Никако обратно. Извини, вака требаше да изгледа (не) знаење. Нц! Прекомплицирано е. Когнитивни предрасуди, веројатно оти човечкиот мозок е ужасен во обработката на сложени информации. И твојата тенденција да прифатиш како факт, фантазии кои одговараат на твоите веќе постоечки верувања и илузии. Причинско последична врска, таму каде што ја нема. Другото, чери пикинг се вика. Дури и харизматичен стануваш у пецање на емоции, за прашања како што е вакцинација, каде што има јасен научно докажан и точен одговор! Патем, поздрави ја тетката на комшиката, таа шо го сподели со тебе ова субјективно мислење. You welcome. Не, никако. Вакцините постојат исклучиво поради трансмисија и епидемии на веќе искоренети болести. Сакам да кажам, пробај со медитација. Ооооом!
Жалам што сте поминале лошо со спуштање на плуќи. Ама нема такво истражување кое тврди дека од вакцина се добива бронхит. Случајност можеби или настинка ,вирус ,бактерија кога е вакцинирано детето. Вакцините не се ставаат секој месец,првата година има 4 и толку,после се на неколку години.
Матичната ми кажа дури од кога ја доби пневмонијата , ептен тешка животот му беше во прашање дека Дитепер понекогаш ги погодува плуќите и тајмингот беше тој одма после вакцина.
Дали ви направија испитување некое дали имало моментално некоја бактерија и дали правевте крвна слика вториот пат кога се боцкавте со дитепер?
Секогаш пред вакцина го носев и кај матичен да го прегледа со крвна слика плус доктор од вакцините пак го прегледуваше значи го носев сосема здрав.
@Brpbrp мила вака да ти кажам зборовите во тије моменти на една докторка беа, "виталните органи во секој момент може да почнат да му откажуваат", тоа ни една мајка никогаш да не го слушне за своето дете. тој стрес ми нанесе болест која до ден денес ја носам. Затоа за второто не размислувам сега да го вакцинирам можеби понатаму на некоја поголема возраст сега не. Тој што еднаш изгорел и на јогуртот ќе дува.
Мајка сум и не дај боже никоја да не го осети тоа. Мило ми е што се е добро сега. Те сфаќам колку и зошто си исплашена. Ама сепак сум за редовно вакцинирање
Јас сепак би почекал на одговорот од лекарот од клиника. Прекрасно е кога така перфидно ми ставаш зборови во уста. Еве го читам коментарот, додека како месија влегувам на Сатурн. Венера е дури задутре. Секој родител треба да донесе одлука. Просто е. Каде што има ризик, мора да има и избор. Не ја мешај владата, таа, чива и да е е, е обичен извршител. А дали сум сам во ставот, ќе оставам ете ти да ми кажеш. Некако и ти си ми месија, Или можеби мораш да го заработиш својот хонорар. Не. Нема никакви когинативни предрасуди. Има обична логика. 2 и 2 мора да се 4. За илузии се креираат сложени информации, а стадото тоа го перцепира дека не го разбира. И остава друг да му каже како треба. А неретко тој другиот не знае што зборува следејќи ја зависната наука. За среќа, има доктори и доктори. Да, еве баш земам часови за харизма од едни вонземјани. И нема субјективни мислења. Медаљата секогаш има две страни. Одбирам да ги видам двете. Не. И не. Идејата за вакцините е одлична. Се вика заштита и превенција. За жал, останато е на идеја, со еден куп последици. Ооооом! Ај заедно. Еве вонземјаниве ми велат, ако идете заедно во медитација, повеќе „фаќа“ Имаш доста примери наназад на темата, не си единствен/а. Покрај многу учителки како кои само шумат во темата, можеш да најдеш многу сведоштва на изгорени родители.
Ти цело време збориш за тоа како родителите се изгореле што ги вакцинираат. Ајде да збориме малце за тие што се изгореле што ги немаат вакцинирано и починале што се во голем процент. Да не беа вакцините до сега светот ќе беше преполовен, свесен си ти за тоа?
Како мајка на две деца би требало барем малце да имаш свест што пишуваш. Пишуваат и читаат мајки што се изгорени од вакцините. Ти си запнала смртност па смртност. Дај боже никогаш да не видиш лоша промена кај децата после вакцина и никогаш да не го осетиш страво од вакцини.
Јас можеби немам видено, но мајка ми има видено како е да имаш не вакцинирано дете и да ти се бори за живот. И да целата работа е за смртноста да се намали во светот да не се вакцините многу голем број на луѓе нема да бидат живи односно не би преживеале. Ајде да удриме просек чисто од форумов колку мајки имале компликации од вакцини, а колку немале.
Никоја Мајка нема тебе лично да ти се отвори и да ти каже што компликации имала. И нее битен просекот битен е моментот дека компликации има.
Колку од вас родители на невакцинирани деца би прифатиле сега детето да ви биде во друштво со дете со пертусис?! Би го изложиле ли на болеста? Ако не, одете и вакцинирајте ги децата. Поразително е ова што се случува денес. Промивте без проблем мрна ковид вакцини ама вакцина која толку долго се употребува и против ваква тешка болест не.
Ама они не се свесни каква болест е пертусис . Јас ја имам прележано на 3 месеци . Раскажував еднаш тука која голгота ја поминале моите .
Мојот став е непроменет. Не постои предомислен родител кој одлучил да не го вакцинира своето дете. Дури и да има, тоа е поради системскиот притисок во вид на страв што го прават во вид на измислени епидемии и упитни умирања со други коморбидитети.Секако и платени родители да одглумат покајание. Постојат многу родители кои се предомислиле откако почнале да вакцинираат. Во последниве страници ете има еден. За жал се случил проблем и тоа ги отворило очите на родителот. Проблемите можат да се случат и после одреден период, но зависната наука вели дека „сигурнио не е од вакцините“. Контролаираните медиуми (99%) пишуваат што им е наредено. Во светот па и кај нас. При намален опфат на вакцинација ќе најдат 2-3 случаи и ќе ги спакуваат во вид на страв. Ако ти се дискутира за изгорени родители кои ги немаат вакцинирано децата, повели, јас со драга воља ќе ги прочитам твоите ставови. Јас познавам многу родители кои одбиле вакцинација. Навистина многу. И ниту еден разочаран. Свесен сум дека вакцините ја земале медаљата, без да до направат тоа за што требале. Плус креирале еден куп проблеми на популацијата. Се уморив повторувајќи. Скролај наназад на темата. Има слики од установи со вакви соопштенија на влезовите. Ако сакаш. Мене верувај ме мрзи да се повторувам. Има свест. Не дека нема. Но тешко се размислува надвор од кутијата. Знам по мојот пример. И во право си, мајките со проблем после вакцина, не им се ни зборува, со детето во рака на кое ниту тие ниту системот (кој ги терал да вакцинира) не можат да му помогнат. Нашите невакцинрани деца се цело време во друштво на атипични преносители, дечиња кои се вакцинирани за пертусис. Инаку јас и моето семејство не се вакциниравме за ковидиотизмот. Незгодна е. Секако. Уште понезгодно е кога мислиш дека вакцината те штити со некаква званична бројка меѓу 30-40 % Третманот на пертусис е ист и кај вакцинираните и кај невакцинираните. Не може да постои доказ дека вакцинираните „поминуваат полесно“ од проста причина бидејќи треба да имаш еден ист организам кој е и вакциниран и невакциниран, што е технички неизводливо.
Убаво те праша. Дали би однел твое дете кај друго дете со дијагностициран пертусис? Да/не? Или во близина на човеков на видеово? *Малце вознемирувачко е ама чисто да видите кое мачење е пертусисот.
Ти ова го зборуваш зошто голем дел од популацијата е вакцинирана редовно, да би бил мал бројот на вакцинирани или воопшто да нема ќе видиш какви епидемии ќе има исто како порано пред да се откријат. Е тогаш сите ќе се кријат по дома ни по леб нема да одат. Лесно е да збориш во ова време дека вакцините предизвикуваат болести прашај ги порано тие што пропатиле кга имало епидемии како им било.
Мислам дека многу јасно кажав. Моите деца се опкружени со клицоносители после вакцинација со Ди-Те-Пер Многу е глупаво прашањето, да ти докажам дека сида може да се добие од хив позитивен? Што би ти докажал дека ми е сеедно дали детето ќе ми фати пертусис, секако дека не. Однеси го ти твоето ако си сигурна во заштитата од вакцината. Не бре. Или не ми ги читаш постовите или не ги разбиараш.Секако дека пропатиле тие што биле во епидемиите. Ама вакцините не ги спасиле бидејќи нивниот почеток на употреба е ОТКАКО епидемиите биле на својот завршеток.