Леле. Сум читала страшни искуства со вирусот така да ај. Ми се чини не е толку застапен ама тие што ги фаќа не поминуваат лесно.
е знам де.Ама еве ние шо избор не сме имале така растевме деца.И пораснаа керка ми прележа рота пред 2 години на лето.Дома ја лежеше 7 дена.Се опорави без инфузии и болници она.
Со рота вирус ретко кое дете поминало без инфузија. Инаку, 2017г студирав во странство. Изби менингит меѓу студентите на универзитетот. Сите до 30г мораше да примат (примиме) вакцина. Нејќеш - чао студии. И уште нешто, работам со државјани на UK. Децата тука ги вакцинираат, иако си одат често дома. Дтп конкретно е направена во Франција, не е дека се неквалитетни вакцините кај нас. Исти се.
Секако и вакцината не дава имунитет до 13години, па може пак да фатат, ама кај маливе деца многу е опасна зошто брзо се дехидрира.
Ротата била страшна за мали деца, затоа на мали деца ја даваат. Ние имаме ваљда врснички, и тогаш беше кај мене незадолжителна, покриена од фонд до незнамколку месеци, после сам да си платиш. Имаше на времето детски болести, кои се викаа детски, оти ги поминуваш лесно како дете, комплицирани се за возрасен- заушки на пример, и за нив немаше вакцина. Многу работи се мешаат овде, затоа реков -појма немам кој за што се расправа. Ниту сите вакцини се неопходни, ниту секој од вакцина ќе има последици, ниту се измислени случаите на вакцина како тригер за нешто. Затоа секој со својот ум.
Рота и покрај тоа што ја има кај нас не е задолжителна и ден денес. Ке задоцниш еден ден за вакцина и завршена приказна, сакал нејќел тоа е, нема вакцина. Комшивче невакцинирано лани на година и пол се зарази на одмор во Грчка, месец дена беше во болница таму. Најмногу ги погодува деца до 5 години.
Рота за првото дете не беше воведена, декември 2018 роден, ја воведоа некаде ко имаше 6,7 месеци. Досега 5год добро е не фатил. Малово не ја прими бидејќи тогаш беше болно, па одма потоа сипаници фати и неможеше ни една вакцина да прими на 2 месеци, така ротата ја љуфнавме и со него, недај Боже да фати ама искрено за рота не се плашам многу. Повеќе ми е страв сега до пертусис дека има по децава, а тој само 1доза има примено, др недела ќе одиме за 2ра доза.
Ако бевме секој со својот ум буквално немаше да бидеме на оваа точка на развиено општество каде што сме сега.
Здраво ќерками сега имаше рота вирус и поминавме доста тешко,прво почна да повракат можеби 15 пати поврати и завршивме на инфузии, имаше и страшни болки во стомачето што тоа најмогу не загрижуваше ја прегледаа и два хирурзи се правеше ехо на стомаче два пати крвна слика урина, па крена температура не и се симнуваше, ова е шести ден и дури денес е подобро можам на прсти да избројам колку пати имат каснато во овие дена и тоа само по еден залак, докторката ми рече добро е што била вакцинирана не сакам да помислам што ке беше да небеше вакцинирана, два пати дехидрира од што не можеше од болка да се напие ништо, ете тоа е нашето искуство со рота вирус и тоа кај вакцинирано дете
Ниту се мои, ниту се дезинформации. Споделувам она што споделуват оние доктори и научници кои излегле од кутијата и маѓепсаниот круг на контролираната наука. Сите кои ги споменуваш се нападнати и дисквалификувани за податоците кои нецензурирано ги објавуваат ризикувајќи ја својата професија, кариера, некогаш и живот. Исто како што го сатанизираа германецот кој измисли филтер за уље кој што допринесе уњето во возилата да се менува на 500К км наместо на 15К. А изворите од кои ги објавуваат се званични државни институции. Историјата веројатно ќе ги изучува во некое друго, похумано време. Повторно ми ставаш зборови во уста. Да, родителите, или уште подобро тинејџерите треба да се запознаат со оваа тешка тема уште пред да станат родители. Медалот дефинитивно има две страни. Ништо перфидно, многу реално. Последици од вакцини постојат. Преку барата исплаќаат и отшети што е доказ за тоа. И кај нас случајот во Кочани пред 10тина години. Супер, гледам си го повторила матиеријалот и од тука. „Пропагандата“ е уште порано. Тука сум од 2012 година. Ти си знаеш Последниот случај на балканот беше во Хрватска пред 10тина години. Мајката докажа дека детето добило детска парализа од вакцината. Доби и отштета која ја поклони во установа на деца со посебни потреби. Еве една потазе. Линковите ги имаш покрај секое сликиче. Адаптирана за балканско говорно подручје. Последната епидемија на пертусис од Данска не е на сликите. Браво. Одлично воопшување.Но неточно. Еве. Сликчето погоре.
Сликичето ти е неточно и тоа апла. Ако 99% имале голема кашлица тоа е малтене секој човек да бил заразен што нема врска. Друга работа се и Морбилите или поточно последната слика не ги прележуваат сите. Еве брат ми беше меѓу невакцинираните од други причини не ради антиваксерско мислење едвај го спасија додека јас на нога ги поминав. Да кажеш дека од вакцина се добива болест или нешто лошо треба сите да го имаат или пак во голем процент нус појави, а тоа не е случај. Пак ќе кажам еве од форумов земи процент колку деца имале компликации од вакцини, а колку не. Да не би биле вакцинирани поголем дел од луѓето во светов вие невакцинираните ќе ве снема со брзина на светлината.
Срцка, па ти не го разбираш графиконот, Епидемија и процент на вакцинирани заболени. А не од вкупната популација.
Батка ти не го конташ графиконов. Прикачи го кога ќе имаш ситуација на 50/50 вакцинирана/невакцинирана популација па тогаш да видиме резултати.