Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    740 глас(а)
    76,0%
  2. Против

    234 глас(а)
    24,0%
  1. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Не сфаќаат дека аутизам не се добива туку тоа е нешто што веќе го имаш и е во активна фаза само некои се со поблаг аутизам некои со тежок.

    Дури и самите доктори одложуваатако детето има ковулзии и не вакцинираат ама тоа е веќе друго и доктор ти посочува и има и зашто.
     
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    https://pedijatar.mk/kalendar-za-imunizatsija-na-detsa-za-2022-godina/
    Овој е новиот календар е сега некои диспанзери превенар ја боцкаат на 2ри месец некои на 4ти.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.204
    Допаѓања:
    4.887
    Пол:
    Женски
    Моите деца не се вакцинирани со сите вакцини поради сплет на околности, не сум против вакцините ама искрено не сум ни скроз за зашто имам некој страв од нив. Еве сега големото уште од јануари не го пуштам ни во градинка еве сега ни на карате нема да оди зашто ми е преку глава од вируси и разболувања, секој месец нешто ново.Педијатарот наш вика за да прими вакцина бар месец или месеципол треба да е скроз здраво детето а ние цело време некако се вртиме во круг, со големото закаснивме ради ковид, мрп ја одложив тогаш по препорака од педијатар после фати ковид па после друг сплет на околности и така остана.Малово па само 2 дози рота има примено, за трета фати сипаници, цело време плус анемичен и слаб, не ги одлагав по своја воља вакцините туку по совет од педијатар.Овде во оваа држава со оглед на случувањата сметам дека се сосема во право родителите кои се плашат од вакцините, се плашам јас искрено од квалитетот на овдешниве вакцини,да сум во Германија на пример би ги вакцинирала без проблем ама овде каде што пуштаат вакцини со поминат рок и прелепуваат декларации за да се дотрошат ке размислам 10 пати пред да вакцинирам дете.И муабетот на нас што ни фали што сме вакцинирани ми е ист како муабетот за физичко казнување, ме тепале како дете па не ми фали ништо, мало сутра се и двете причи.
     
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.938
    Допаѓања:
    26.228
    Пред тебе од кутија ја отвара вакцината. Можеш да видиш и рок, и производител, и кога е ставена декларација. Француски се вакцините за дтп кај нас.
     
    На Lianna Anna, Ouravanture, ElenaOfRivendell и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.386
    Допаѓања:
    20.596
    Немам речи..
    Тие што биле тепани им фали тоа што поддржуваат тепање.
    Тие што биле вакцинирани што им фали?
     
    На Ouravanture, ElenaOfRivendell, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  6. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Од министерство за здравство повикуваат сите што не се вакцинирани сега да се вакцинираат .
    Како вакцини што се ставаат додека се бебиња ќе стават на 7,8,9 годишни деца пример, ќе имаат ефект? :?:
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.279
    Допаѓања:
    113.727
    Пол:
    Женски
    Ќе има. Како нема да има. Јас сега за мајка ми што е 69 годишна се распрашував и за мене да видам дали имам ИгГ бидејки ја имам прележано и уште еднаш тој хорор не сакам да го врвам.
     
    На BlackNight и desperate15 им се допаѓа ова.
  8. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    А како би ги примале кога се во повеќе дози тоа не ми е јасно, да е еднократна доза поедноставно е..
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.279
    Допаѓања:
    113.727
    Пол:
    Женски
    Си знаат тоа докторите .
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.386
    Допаѓања:
    20.596
    Читајќи ги коментарите под објавите, не ме чуди што има случаи.
     
  11. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    797
    Кога имаше „епидемија„ пред некоја година имаше теренски тимови. По училиштата.
    Препораката не е препорака, туку задолжително мирување дома 15 дена. Причината можеби е ирелевантна, со оглед дека не се почитува. Значи 2 работи не се почитуваат. Апликација во здравствена установа, и не се почитува мирување.

    Ме прочита. Идејата за смена на ОПВ со ИПВ е направена поради демиџот кој што со години го прави ОПВ.
    Дивиот полио вирус е заменет со полиото настанато од ОПВ. И годиништа оваа вакцина била по календар и се било „супер“. Ама очоигледно не било. Одеднаш, не чини и се менува со ИПВ. Супер. Ама плановите се изјаловуваат и ИПВ го враќа полиото назад.Очекувам за некоја година и ИПВ то да биде како и ОПВ па и тогаш да кажат - извинете не е ни ова добро. Податоците до текстот токму ова го кажуваат, поткрепено со бројки.

    Јас не морам да живеам на планина. И не загрозувам никого со моите невакцинирани деца, Моите деца неможат да бидат асимптоматски преносители. Можат да заболат од вакцинирани асимптоматски деца. Што му ја мислиш ако твоите се вакцинирани, нели вакцините штитат?
    АЛп сакаш да манипулираш со „колективен имунитет“ објасни ми ја равенката што ја имав во претходниот пост, која некако ја прескокна со твојот политичко демагошки одговор.

    Ќе се обидам да ја пронајдам некаде, Битчут и Рамбл се нецензурирани.

    Тука сум бре, неможе да ве стигнам. Кои факти ? Дека делот на пертусис во ДиТеПер штити едвај 30%? Или дека „колективниот имунитет“ не важи за пертусисот ?

    Исто ? Од каде знаеш дека ако не си била вакцинирана ќе се поминела полошо ?

    Лесно. И двете деца. Ама тоа беше пред повеќе години. Сега бесправно ги малтретираат родителите за на крај да ги запишат. Законот (препишан од СФРЈ) вели дека при упис треба да се достави инфо за примени вакцини. Но школото НЕ СМЕЕ да не го запише детето ако истото не се достави.

    Секоја година има по над 100 случаи без прогласување епидемија, ама досеа никој не прогласил епидемија на 14.

    Прашај некој вакциниран асимптоматски преносител.

    Невакцинирано дете не е болно дете. Невакцинирано дете неможе да биде асимптоматски преносител.
     
    На Girly90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.565
    Допаѓања:
    8.154
    Пол:
    Женски
    Не. Фактот дека сите заболени од Пертусис се НЕВАКЦИНИРАНИ.
    Пошто ти тврдиш дека вакцинирани ја шират болеста.
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.607
    Допаѓања:
    39.091
    Пол:
    Женски
    Мајко мила, има активна епидемија на пертусис, она вика пола градинка нема мрп и не гледа проблем во тоа. Свесна си дека истово сценарио ќе се случи и со морбили?
    Не дај боже да се деси најстрашното сценарио - аутизам, пострашно дури и од умрени деца. Да не зборам дека уште од фрижидер не излегоа научници и доктори да објаснат дека таа теорија е неточна и одамна е поништена, ама не бе пак не ви е јасно.
     
    На fashion-addict, ladystardust, Lella и 16 други им се допаѓа ова.
  14. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    797
    Најмалку еден заболен е вакциниран. За неколку не се знае статусот ама тоа не се објавува. Заболеле невакцинирани (демек незаштитени). Прашањето е како. Знаеме дека вакцинираните се преносители. Невакцинраните не се преносители. Додека не заболат. Ама тогаш имаат видливи симтоми а не невидливи.
     
  15. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.565
    Допаѓања:
    8.154
    Пол:
    Женски
    Па види еден вакциниран на 17 невакцинирани . За што правиме муабет ?
    Ај те молам со твоите антивкас статистика копи паст
     
    На ElenaOfRivendell, Brpbrp, FridaodaMk и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.386
    Допаѓања:
    20.596
    Каде 100?
    На колкава покриеност?
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.279
    Допаѓања:
    113.727
    Пол:
    Женски
    Ај ако си вака силен однеси дете твое на инфективна да се зарази од кашлицава, да се зарази од морбили, полио, се живо. Ај те молам иди и дај му на детето да се имунизира природно. (Ако преживее де).

    https://www.instagram.com/p/BVpopBQgzmD/?igsh=dXM1ZGJyeGgwNm5m
     
    На Skyler81, eli25, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    И една доза прави разлика, а тие што треба да примат ревакцина ќе си го освежат имунитетот нема врска која возраст се.
     
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.386
    Допаѓања:
    20.596
    Уствари логиката на јаре е: Да укинеме вакцини за да видиме кој пренесува.
    Макар што може пола и више да умрат, ама битно побезбедно е да видиме кој све пренесува па така ќе ги лечиме и изолираме тие, него да имаат послаби симотоми и да се послаби преносители ама да преживеат 90%
     
    Последна измена: 8 февруари 2024
    На theowndemon, mimiiiii, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  20. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    12.046
    Пол:
    Женски
    @yarre Ако вакцинирањето е задолжително тогаш кој си ти да одиш спроти законот? Прочитај дали вака во Југославија беше сакам нејкам. Дали во други држави е вака како кај нас. Во Шведска дури и трудници за пертусис вакцинираат зошто? За да го заштитат новороденото оти пертусисот не е така баш лесна болест. Али сега модерни времиња антиваксери...па се тоа вие научници знаете повеќе од сите:clap:
     
    На Ouravanture, Munchmallow20, ElenaOfRivendell и 4 други им се допаѓа ова.