Зошто почитуваме и заради тоа премногу е дојдени сме до ова дереџе. И не е само нивна одговорност одговорност е кон цела заедница зошто ги праќаат во градинка која бара задолжителна вакцинација ама сепак си нашол врски да си го бутне детето.
Sega baš gledam vo kniškata, moeto znam ima primeno se, i se sekjavam posleden pat koga bevme 2021 godina ni rekoa sega tek vo školo. Ama mojava e 2019 rodena, a vo kniška pišuva pertusis 4 godini, i toa ni e prazno pole. A na net najdov deka sega nema takva na 4 god, pišuva samo 18 meseci pa tek 6 godini? Mislenje? Sekako kje proveram utre vo Idadija
Aha nemam kapacitet da razberam? Off.. Na 2 meseci bebe ne odi vo gradinka, druzenja so bolni se izbegnuvaat i sl. @doll.a toa e od vrski ne ne biduva, a za toa sistemot ne ni chini.
E zatoa ti ili jas (bilo koj) koj imame stav da NE vakcinirame treba da ne sankcioniraat so NEPRIMANJE na decata vo gradinka.
мене истово ме буни. Јас знам завршивме со вакцини: 3 дози дтп, стретокока само една доза прими, и последна ммр. Ми рекоа наредно во школо. Не живееме во мк мегутоа вакцинирана е во мк, во Идадија конкретно. Ми се јавија предходната недела за вакцина.. викам која вакцина?! Па реваквцина на дтп, јас цела прашалници не ми е јасно.Инаку и керка ми е 2019год Заштитени ли се со овие 3 дози? Кај нас нема сеуште случај ваков (во Турција живееме) , ама еве ја Мк преку една држава, ке дојде и тука
Кога е аплицирана последната вакцина? На 13 месеци е ММР на 18 е ДиТеПер. До година се 3 вакцини , на 18 месеци ревакцина. Да не сте ја промашиле таа на 18 месеци?
Не мислев конкретно на тебе, ама ок. Знам јас дека не оди во градинка и избегавам колку можам контакт со болни, ама ете детето се роди со одредена состојба која бара почести контроли на детска клиника. И сега треба ли јас да не го носам на лекар само затоа што некој не си го вакцинирал детето и потенцијално може да го зарази моето.
И ти можеш да се заразиш и да го заразиш бебето , за жал.Имунитет на пертузис вакцината е мислам најкраток, до 10 години.После опаѓаат антителата.Така да сите над таа старосна граница сме потенцијални заразувачи. И едно од 4 те деца на клиника што лежи заразено е целосно вакцинирано.Така да гаранција немаме за ништо. Во моја околина и фам сите се вакцинираа против корина и сите прележаа.Јас единствена бев шо не примив вакцина(не ми даде Петровска дека бремена бев) и двете деца не ги вакцинирав.И само ние 3 останавме не заразени од корона.А се имаме тестирано во лаб преку 10 пати и негативни бевме секогаш.
Не живееме во облачиња, живееме во заедница. Да нѐ засегаа одлуките само нас, немаше да постојат ни епидемии, ни пандемии, ни трансмисика на заразни болести. Ама малку треба да се уклучи мозокот, да.
@Stela Maris Треба вкупно 4 дтп вакцини да има до прво одделение. И мојот син е 2019, има 4 дози примено, следна во прво. Ќе донеле вакцини за возрасни дтп наскоро во ИЈЗ. И јас сакам да се вакцинирам зошто родителите се најчесто преносители на болеста как децата.
А зошто толку хистерија и хејтање на невакцинирани деца кога тие се во поголема опасност од вакцинираните?Едно невакцинирано дете е во поволема опасност од вакцинираното и треба ради негова безбедност родителот да внимава во чие опкружување ке го стави. За жал живееме во општество во кое дури поединци се вакцинираа за да одат слободно во кафана во време на ковидидиотизмот и што да се каже понатаму... А овде едно исти сезнајки на форумот се буквално најгласни во секоја тема, изгледа стварно вишок слободно време имате кога сте експерти за се.
Ние стигнавме до МРП има 2 години, ама затоа што иде градинка сега овој период е цело време настинат и така се во круг дома па градинка па пак дома па градинка нема кој да го чува, дали после сите вакцини се со рок како ротата или не ?
ние се нешто покасно ја вакциниравме ,зошто со ковидот кога биднаа карантините така бидна. Најверојатно да, таа е , ревакцината што требала на 18мес. Она 3тата ја прими на 2ипол год (дтп), а ммр 1 мес пред 3 год да напуни. Зошто не кажаа ништо тогаш за ревакцина на тие три дози дтп не разбирам.. А прашав,се сум убедена дека ми рекоа завршивте, тек во прво одд. Е сеа паника ме фати
Јас одев во Србија за вакцина и пак во кафани не одев затоа што сакав да се заштитам, а највеќе блиските.. децата никој не ги хејта тие сега се во понеповолна положба и мислам сите треба да побрзаат да се вакцинираат затоа што веќе бактеријата е раширена во заедницата и вакцинирани и невакцинирани може да се заразат. Јас лично се плашам да ја пуштам во градинка..