Не е малку безобразно да нарекуваш ковидиотизам период во кој многу луѓе изгубија родител, партнер, дете?? Другар го изгуби татко му, другарче на син ми мајка, јас баба... на страна што имам во најблиска фамилија инфектолог што до дем денес не може да спие од траумата која ја поминаа при напливот на тешко болни пациенти и неможност да се спасат. Идиотизам е за тебе ковидот зошто не те здоболел на никаков начин. Си имала среќа. Може ќе имаш и сега среќа и ќе ве скокне и пертусис, искрено се надевам дека ќе се запре магично и ниедно дете повеќе нема да се зарази, зошто ете, имаш видеа горе како изгледа. Ама тешко дека ќе го снема со оглед на тоа што сеуште верувате дека вакцината е најголемо зло. На крај на ден, како родители, ќе си ја маваме главата зошто не сме вакцинирале. Да не ни дојде под прозор само. Еве јас жива се јадам што до 4 месеци има само 1 доза, а не 2, иако тоа не е по моја вина. И чисто за инфо, специјалисти инфектолози први си ги вакцинкраат децата во пункт. Зошто виделе со свои очи како изгледа и рота, и морбили, и заушки, еве и пертусис кај дете. Виделе и смрт кај тие деца од искоренети болести. Не ги слушаат беседите на Гоџо и есеите на Јаре.
Треба некои мерки да се превземат и за родителите кои не си ги вакцинираат децата, и за докторите кои со врски потпишуваат извештаи со измислени дијагнози дека наводно детето заради Х причини се препорачува да не прима вакцини! Јас сум со завршена општа медицина, и одговорно тврдам дека тие лекари се срам за докторката фела и Хипократовата заклетва. Немам зборови како да ги наречам примитивците кои појма немаат од наука и медицина, а заземаат став и не ги вакцинираат децата. Години и години се поминати од кога се измислени вакцините, научници животите си ги посветиле за да на идните генерации ни го продолжат животниот век. За сега да дојде некој идиот (кој можеби и не би бил жив ако не постоеле вакцините), и да одлучи дека е против вакцинирање. Најлогички размислете колкав бил животниот век пред вакцините, од какви болести умирале и на кој начин луѓето. И од кога има вакцини, колку е продолжен животниот век и стапката на смртност поради болести за кои има вакцини. Ниту една вакцина нема 100% гаранција. Ама е научно докажано дека процентуално клиничката слика кај вакцинираните е далеку полесна отколку кај невакцинираните. Најефективна профилакса се вакцините! А заради празноглавците кои одбиваат вакцини, колективниот имунитет е нарушен и затоа и вакцинираните си патат од нив. Тоа е веќе уништување свесно на човечкиот род поради нивната едноцифрена интелигенција. Којзнае колку од нив мислат и дека Земјата е рамна плоча. На крај, чичо Алберт многу убаво си рекол:
Тоа е зошто некој си што сакал да направи бунт помеѓу луѓето почнал да шири дека МРП предизвикува аутизам поради живата што ја имало внатре,нека ми простат ама во туната повеќе жива има него ли во вакцината а секојдено им ја даваат на своите деца ама битно "здраво е".
Ковидот беше вирус, а сега ова е предизвикано од бактерија колку што прочитав, така да повеќе на хигиена ќе се припазува колку што се може. Градинките треба да бидат посвесни да одржуваат повеќе хигиена.
Не е за бунт. Докажано е дека за пари е направено истражување со платени 12 деца. На авторот му е земена лиценцата, ама милионер е, живее вп САД и зема пари за антиваксерски кампањи
Од ковидитиотизмот твој 12 блиски луѓе изгубив, меѓу кои вујко ми и ден денес не можам да се соземам. Срам да ти е за ова!! Иди зарази си го детето со кашлица, со морбили со се живо ако е се лага и отров! Ајде иди! Да створи имунитет.
Andrew Wakefield се вика тој идиотот од кого започнува циркусов, и кој е прогласен за виновен поради неговата „студија“ неоснована.
Ако вакцинирани се преносители, пред вакцините кој пренесувал и зошто умирале луѓе? А, како се искорениле тие болести? Дека вакцините штитат се факти. И 1% заштита да е, е поќе од 0%. 30% е многу над 0%. Мене едино жал ми е за децата. Пошто од политиката на антивакс родители страдаат само децата, и нивните и туѓите кои не смееле да примат вакцина или кога вакцинирани се мал број па не можи да се штитат. Штета.
Ковидидиотизмот како термин го употребив за луѓе кои се извакцинираа за шетање по кафани и патување.Исто така се однесува на присилувањето на луѓето по секоја цена да се вакцинираат, јас прележав и имав антитела до плафон и ми вршеа притисок да се извакцинирам. Идиотизмот се однесува на делот со вакцинацијата не на самата болес, не ги извртувајте зборовите и на напаѓајте. Секој организам е различен некој без вакцина супер се справува некој со вакцина пак тешка клиничка слика има, 2 и 2 не се во сите случаи 4 за жал, бидете реални. Имаше вакцинирани мои блиски од ковид кои и после прележување и 2 дози вакцини пак заболеа и имаа тешка ккиничка слика. Нема правила, не значи дека ако се вакцинираш си 100%заштитен од компликации ниту пак ако не си вакциниран дека ке развиеш тешки компликации. А ако неможеш да се соземеш за нешто побарај помош, форумот не е место за тоа, уште па колнеш, навистина треба ти да се засрамиш, вакви ликови како тебе и сличните заслужуваат блок на форумов.
@macalavica Не можи да се споредува ковидот кој беше нов, со болести кои харале низ минатото и за кои биле правени со години вакцини, па тестирани. За ковидот мораше да се направи нешто во краток рок, сеуште не доволно тестирано. Да, вакцината не ти дава гаранција дека нема да се разболиш, но тоа може да помине без компликации. Ако ги немаше тие вакцини денес немаше да имаме толкав животен век, заради вакцините се искоренаја многу болести кои не се нималку наивни. Не е исто детето да ти е вакцинирано за пертусис и да не е вакцинирано. Точно дека секој организам не е ист, но фактите кажуваат дека вакцините штитат.
Јас не го оспорувам тоа, мене ме нервира општата хистерија и паника која се наметнува,зошто некако се е под присила во нашето општество. Неможеш дете да вакцинираш по секоја цена,секој родител си знае што е најдобро за своето дете, не си светец или одговорен родител ако си го извакцинираш детето дури и ако е настинато или ако до вчера било под некоја терапија, и не значи дека таа вакцина магично ке го заштити.
Детето ако е настинато или сл родителот треба да каже на докторот, и ќе се одложи вакцината ако има контраиндикација. За се' друго, родителот може да си го знае детето во смисла кој му е омилен цртан, играчка, навики за спиење и тн и тн. Ама не и на начин за да каже "Си го знам јас сопственото дете најдобро, нема да го вакцинирам". Медицината која е заснована на факти го знае детето најдобро за тоа. Вакцините де задолжителни, каква присила... Присила е да те натерат да направиш нешто што не би требало. Вакцинирањето не е присила. Мора јавно, јасно и гласно да се зборува бидејќи бројката на невакцинирани алармантно расте, и последиците на тоа почнуваат да се воочуваат. Тоа е за подигање на свеста, која за жал многу ја немаат.
Дефинитивно треба сите антиваксери да се населат во некои изолирани комуни во кои не само што нема да се вакцинираат туку и нема да ги користат придобивките на модерната медицина туку ќе се лечат со сангејзинг, хомеопатија и бајачки. Па да направиме после една споредба на просечниот животен век.
Не се “наметнува” паника, реално е за паника работава, за паника е што се дозволува да се враќаат болести кои можат да бидат летални, а тоа што Славици од Свирипичино се прават најдоктори, а врска немаат од медицина, е друга работа. И во вакви ситуации, во кои е засегнато јавното здравје, не е потребна демократија. Од таа демократија дојдовме до тоа повторно да се јавуваат болести кои биле сведени на минимално ниво, благодарение на тие вакцини, за кои што сите се поголеми експерти, од оние кои животот го посветиле на нивно изучување.
Дечки полека ,гледам дека некои овде не се свесни што болест е пертусис. Вие стварно мислите дека е ко настинка и обична кашлица?
Да,јас. Не ни успеале да ми ја стават вакцината сум ја закачила. Тешко било, сум помодрувала од кашлање. Мајка ми око не склопила
Izvini shto neznaev i ete me PROSVETLI deka ne zivemee na oblacinja, fala ti mnogu. Nemoze nikoj nikogo da prisili vakciniraj ili obratno, toa mi beshe muabetot. Vkluchen e mojot mozok ne cekam ti da mi go vklucish i da mi umuvas.