Не секој родител кој не го вакцинирал детето е антиваксер,еве ке се посочам себе за пример, јас вакцините на моето бебе ги одложив по совет од педијатар, и сега што да правам, еве бебето ми е болно, пие антибиотик неможам да го вакцинирам периодов, големото дете го ставив во карантин не го пуштам никаде, здиве дома, мислите не ми е страв, страв ми е, ама страв ми е па и да ги извакцинирам во паника по секоја цена. Тој што е совесен родител сигурно нема да си го прати детето свесно да се зарази од некоја болест ниту пак да изложи други деца на опасност.
Не маца, за жал не знае секогаш родителот што е најдобро за неговото дете. Да знаеа, немаше да има дисфункционални семејства. Немаше ни доктори да постојат, ни училишта зошто мајките најдобро знаат се. Еве и мене бебето до 4месеци ми помина ковид, рсв, носот полн секоо 2 недело, во нос има мораксела потврдена. знам јас дали е подобро да го заштитам од пертусис дур има мораксела добиена од брат му што ќе си седи во нос? Еднаш ни одложија вакцина, сега на 4м тројца педијатри согласно преглед и к.слика ми рекоа вакцинирај. Секако дека јас не знам подобро од нив.
Јас вчера правев кај двајцата крвни слики за денес да ги однесеме да ги боцнат. Матичната не дозволи вакцинација. Крвните слики им се ужас а имаат благо течење на нос,двајцата со високи леукоцити,кај едниот бактериски кај другиот вирусно. Им даде даде антибиотик и еве ги дома седат.
Ама тоа е друго. Не мешајте баби и жаби. Нормално дека болно дете не се вакцинира. Ќе си помине тоа што има ќе си прими вакцини. @macalavica јас одвај чекав вакцина за ковид не за да шетам, не за по кафичи да седам туку да бидам раат и заштитена. И кога фатив го поминав релативно лесно. А фатив на крај на пандемија. А прав антиваксер, ќе си ги смеша децата, ќе си ја докаже теоријата. Не да си ги чува и да плука по оние кои вакцинираат деца. Фино лепо ќе го изложи на се, јер нели тоа се лесни болести ништо нема да му е. Е сега дали во раце ќе го извади од болница или во ковчег.. лотарија.. ама ете не примило вакцина важно.
Тоа викам, докторите секако ќе кажат ако не треба да прими вакцина. Мене така ми кажаа на 2месеци да одложиме и нормално послушав. Со лесно да ви пројде.
Да знаеш и планираат такво нешто, некои мали селца каде ќе си одгледувале храна сами, облека ќе си правеле сами, школи не знам какви и сл. Во Србија демек почнале и па и кај нас сакале и за тоа добиваат поддршка од Бибан и на неа сличните. Им се восхитуваат на амишите, ама помислуваат ли дека им наметнуваат на сопствените деца изолиран начин на живот, само во рамките на таа заедница? И мене ми е апсурд да помислуваш на вакво нешто во денешни услови, кога едноставно мора кога тогаш да одиш во град и завршиш, купиш нешто што таму не ти е достапно ама ете, до таму одат да го истераат своето.
Колку треба да си плиток во мозок оваа да ти делува? Сериозно, како ја слушаат бе оваа?? Лиценца и зедоа не смее медицина да практикува никаде. И ја следат како луди!!
Дечки па никој не зборува за вакцинирање на болни деца со лоши крвни слики. Но да не се лажеме целава ситуација со нагло враќање на искоренети болести и стигнување до степен на епидемии доаѓа од класично антиваксерство и неверување во вакцините. Инаку никогаш не би ни стигнале до ова ниво ако се одржува редовна вакцинација и ако процентот на вакцинирана популација преовладува. Вакцините покрај индивидуална заштита кај секој што е вакциниран пред се имаат логика кога се масовно аплицирани и се создава колективен имунитет за трајно да се сузбие причинителот. На ваков начин ги штитиме и имунокомпромитираните и децата што имаат во моментот други настинки и трудниците и сите кои од реални причини не можат да се вакцинираат во моментот. А сега вака со ова своеволие и антиваксерство излезено од контрола освен што настанува општ хаос и неминовно ќе има трагични случаи, ништо друго не постигнуваме. И се надевам дека навреме ќе се реагира затоа што големата кашлица не е состојба за занемарување и не дај боже да ни дојде на врата. Ве молам известете кога ќе има достапни единечни вакцини за возрасната популација, мене лично најмногу ми е страв за татко ми кој е хронично болен и не сакам ни да замислам како би поминал ако се зарази...
Леле, ај те молам не ги споредувај вакцините за ковидот и овие, плс Ти си една од ретките кои останаа да веруваат дека вакцините за ковид (кои патем беа перална на пари) штитеа. Исто и изолацијата и маските итакодаље.... Аман!!! Пертусисот е далеку посериозна болест од ковидот и постои вакцина за него која е докажана низ годините. За ковидот сигурна сум да не се кренеше толкава фама, ќе поминеше како сите сезонски грипови и вируси што минуваат. Што се однесува до починатите од ковид, се чудам како имате кратко памтење? Во тоа време 90% од починатите од ковид беа Дајте!!!
Овде друг спомна ковид јас се надоврзав и да верувам дека штитеа. Ама никого со сила не терав да се вакцинира. Негов избор. Ама за вакциниве за деца не можам да сфатам како можат да бидат толку ингнорантни родителиве. И да се согласувам дека темава не е за ковид вакцини. Ти за секој случај купувај си резерва плинска боца да не прогласат пак полициски час да не ти снема.
Ковид беше прилично сериозно заболување на самите почетоци тоа не може да се негира. Смртноста беше висока особено кај оние што имаа други коморбидитети правеше многу компликации, а во добар процент и кај луѓе без никаква медицинска историја. Затоа и најмногу настана тој хаос од паника. Вирусот почна да слабее после неколку мутации. За вакцините не знам веќе што да искоментирам. Вирусот постоеше и постои тоа е факт. Беше нов, следствено нормално е да те плашат идни можни последици за нешто за кое немавме доволно инфо. Како и сосем нормално што секој свесен граѓанин сакаше да се заштити себе си и своите. Колку штитеа вакцините не знам, ама сигурно повеќе отколку без нив. Најдобар совет што го имам добиено од педијатар а во врска со вакцинација кај децата, е да не се одложува. Мое право е ако сакам секако, ама со секое одложување се одложува и следната и таа по неа, а и со секоја можна настинка во меѓувреме дополнително се одложува вакцинацијата и секоја наредна вакцина. Моите и двајцата се вакцинирани според календарот во земјата во која се родени.
Се јавив во ИЈЗ вчера, за скоро ќе отвореле вакцинирање на возрасни. Без око да ми трепне ќе се вакцинирам
Ауу да сум ја блокирала таа во мозок. Демон ми е . @KuklickaSk фала за инфо ќе се слушнам со матичнава да ми каже дали да се боцнам.