Јас не се вакцинирав и едвај преживеав. Таква агонија немам доживеано до сега а на прсти можам да избројам колку пати се имам разболено во 27 години..
Рекоа дека и сабота ќе вакцинираат. https://biznisvesti.mk/rast-na-inte...javeno-dvosmensko-rabotene-i-rabota-v-sabota/
Го видов ова, мислев некаде дали има официјално или пак некоја мајка ако вакцинирала денес па да има инфо дали утре ќе работат.
Каква кашлица предизвикува пертусис? Сува или продуктивна? Не сакам да гледам видеа, ако сака некој да каже 2-3 реченици како изгледа, и недај боже ама дали може да се препознае во домашни услови.
Во почетокот е сува кашлица и наликува на настинка. По две недели кашлицата зачестува, се јавува во напади и на крај на секој напад се искашлува леплив, проѕирен, белузлав секрет. Мислам дека во оваа фаза нема шанси да не се препознае и дома.
https://www.vecer.press/родителите-се-мобилизираа-во-страв-од/ Прпа а, антиваксери ајде бе не бидете толку плашливи.. па нели не е ништо страшно.. Инаку во Србија прв потврден случај на морбили
Ќе бидеш на stand by. Многу тешко се препознава првата недела, како обична настинка, не многу висока температура. Понатака се јавува во напади неочекувано со секрет, доаѓа до губење на воздух, помодрување и слично. Мислам дека најчесто се препознава по очи, пукаат капилари на белките, ова е симптом кој обично е после првата недела. Бидете внимателни кај бебиња под 3 месеци, тие може да не кашлаат само да губат воздух.
Болниците беа преплавени од пациенти. Преплавени. И после 3 години да си пишува некој како било како обично сезонско настинче е врв на игнорантност.
Kolku se zastiteni decata koi ne ja primnale revakcinata? Se bolna mi bese,pa kasnevme se taa za morbili,pa otposle pak cesto se razboluvase,ete ja momentalno pak so atb.Da go dopie mala pauza pa da ja vakciniram.
Јас видов сега дека 2020 е роден, а 2022ра е ревакцината на скоро 2 години ја примил. Мојот беше болен 2 недели со атб и 2 недели здрав па вакцинирав со мрп и 2 недели дома.
Бевме вчера на контрола и докторката рече може со било која вакцина да се вакцинира нема врска што пие терапија, не смета ништо.
Кај нас, освен ако немаат температура, вакцинираат без проблем и без крвна слика. Само општ преглед прават. Кога ја примаше МРП, детето ми беше настинато и мрсулаво. Си ја прими без проблем. Немаше никаква реакција. Која ја прими другата вакцина по две недели имаше благо покачена температура. И јас водена од македонскиот страв према МРП, ми беше малку непријатно. Но, кога сфатив дека ќе се чувствувам многу понепријатно ако се разболи од болест која лесно се превенира, пресеков одма. Мислам дека постои епидемија на страв од таа вакцина, која според мене не основана, освен од рекла кажала муабети.
Заштитени се од потешка слика, ама полесно фаќаат. Најмногу има болни деца сега се тие што не примиле ревакцина. Го слушав вчера Петличковски така рече. Исто со 1 вакцина кај бебе има многу мала заштита од потешка клиничка слика.
Кој знае да каже колку се заштитени бебињата што примиле 3 дози вакцина, а се далеку од ревакцината на 18мес.
Според мојот доктор рече дека со 3 дози е доволно да се вакцинира за да биде заштитено дете. Затоа и препорака е бебињата додека не ги примат сите 3 дози да не се во контакт со заболен. Ревакцините се поботни на 7 и 15 години зошто на толку време се намалуваат антителата за нив.