Со една доза има 55% заштита од хоспитализација, со 2 дози 80%, со три дози 85%. Читав студии, вака пишува. Е сега, како да го заштитиш целосно од контакт со болен ич не знам.
Како нема врска? Моите се на антибиотик и докторката рече никако сега вакцина. Прво да испијат антибиотикот пауза крвна слика па вакцина.
Ние два месеци по сипаници треба да чекаме и мојата нема примено, од лани не враќаа неколку пати или таа со бактерија или големиот болен, само рота успеа да прими. Не знам како ќе се дочуваме толку време..
Се пренесува преку плунка и контаминорани предмети зошто е бактерија. Така да најбитно е ао друго дете да не е во близок контакт и со раце да не допре негде некој каде што кивнал и кашлал.
@KuklickaSk тебе матичниот педијатар или имунолог/инфектолог те советуваше да не даваш повеќе вакцини одеднаш? Прашувам пошто ќерка ми ги прими комлет како што кажуваат во вакцинален пункт, па ме интересира дали има врска како се примаат вакцините во однос на тоа колку јак имунитет се создава или едноставно за да не се преоптеретува детето кога ги прима вакцините?
Бил Гејтс се согласува со Ана. https://off.net.mk/video/razno/bil-gejts-ne-sme-znajale И за маските Фаучи се согласува. За пертитус се согласувам. Ама да не се шибаа вакцини за се и сешто и кога треба и кога не треба, немаше да биде до ова дереџе на конфузија. И опасност, да. Оди сега некому објасни, кои болести се прележуваат лесно, кои не толку лесно и на која возраст, кога е се во ист кош.
Абе знам теоретски како се пренесува, во пракса оди маж на работа со многу луѓе е во контакт на ден, големиоѕ ај нема да иде во градинказ ама ќе иде на спорт. Дежа ву од 2020 кога у карантин седев со бебе, сега пак
Има мн јака атопија бебето, затоа се поделени. Педијатар препорача и на пункт плус се согласи докторката кога го виде.
Абе просто едноставно не го бацувајте од работа само преоблакање во чиста облека и толку. 100%стерилно не може да биде ваше е да припазите другото е веќе господова работа.
Кои се тие вакцини за се и сешто што се шибаат? И кога треба и кога не треба. (?) Освен тие по календар, еве, што ми промакнало?
Ќерка ми немаше никакава реакција, иако ги прими сите 3 одеднаш. Веројатно протоколот да се разделат важи само при одредени состојби. Инаку во спротивно треба да го сменат протоколот за сите. Искрено и јас се зачудив кога рекоа дека три ќе и стават, од која едната беше поливалентна, ама супер помина. Кукличка знам дека е информирана околу вакцини, ме интересираше да слушнам искуство од други што правеле поинаку.
Исто и ние, на 2 и 4 мес по 3 вакцини, сега на 6 мес 2 вакцини. Никаква реакција немаше, ниту температура, ниту грчеви.