Се прашувам зашто производителите на вакцини не се фокусираат кон подобрување на квалитетот на истите, во смисла не да целат кон правење на незнам какви поливалентни, или петовалентни и не воопшто битно како ќе ги именуваат кога составот е ист подеднаково исто токсичен, но кога веќе е нова генерација на вакцини барем нека бидат сосема изменети без токсини и карцегени ствари. Та нели денешната медицина е многу многу напредна. Чуда прави. Може ли и тоа чудо да го видиме нели за доброто на народот.
Од каде тоа сега дека содржат токсични и канцерогени супстанции ?...и од каде ви се информациите дека не се фокусираат на подобрување на квалитетот на истите ? Еве прочитајте малку: http://www.sciencebasedmedicine.org/tox ... -vaccines/
Спојлер ако фарма индустријата лаже за помалку битни медикаменти, измислува медицински состојби само ради продажба, продава лекови кои се подобри само од `ништо`, не дава резултати од студии, итн итн итн... кажи ми како да и верувам за вакцините? или за другите лекови они се лакоми,а за вакцините се филантропи и мислат само за нас,населението? кои се единствени лекови/медикаменти кои `мора` да ги примат сите? вакцините? зошто би биле искрени за несаканите појави и ефикасноста на вакцините,ако за голем дел од другите медикаменти што ги продаваат не се искрени? кое е твојот став? значииииии, обични апчиња кои не се поефикасни од најефикасниот третман во моментот, и за кои не се знаат несаканите појави.тие ги рекламираат со милионски буџети.некогаш воопшто не ни чекаат одобрување. а ти ми велиш дека треба да им верувам слепо кога ќе ми кажат дека вакцините што тие ги произведуваат се ОК? спомна за 95% проценти од населението.... истиот аргумент можам и јас да го употребам. 95% проценти од населението има повисок или понизок крвен притисок од просекот...и сеа? на сите да им препишуваме задолжителни лекови за крвен притисок,кои може а може и не се подобри од најдобриот третман во моментот,може имаат,а може и немаат несакани нуспојави,можеби ќе ги објават резултатите од студијата,а најверојатно нема. значи треба да им се верува слепо на нивниот збор? аргументот за еминентни доктори, може да се побие од: го ставиле неговото име на статијата за одреден надомест. врвни офицери на државни агенции стануваат врвни офицери на фарма компании... и сеа како и на кого да му веруваме?
Не мора да им веруваш де, во ред е, те разбравме.... Исто така многу сакаш да ги генерализираш работите од кои потоа очигледно произлегуваат многу контрадикторности...еве ти пример: Лечи се со билките на баба Рада а ако не дај боже треба да одиш на операција (еве на пример на слепо црево) кажи им на хирурзите дека не сакаш анестезија бидејќи мислиш дека нема ефект, а има повеќе несакани ефекти кои произведувачот ги крие....точно или неточно?????
За 9 дена треба да примиме вакцина, решив во Jане Сандански да ги примаме. Дали треба нешто да се jавам/закажувам?
Ако вакцините се безбедни зошто тогаш постојат теми и дискусии (овде и општо) против вакцинацијата ??? Ако некои родители имаат право на избор да ги вакцинираат, зошто други да немаат право да не ги вакцинираат ??? Ако вакцината направи штета на детето, зошто никој не ја превзема таа одговорност ??? Зошто родителот нема сертификат, упатство, детален состав и сл. на вакцините кои ги прима детето за точно да знае што прима ??? Зошто државата не се бори за децата со аутизам ???
Можеби прашањето не ми е за тука,но не најдов соодветна тема,ако има некоја друга тема нека ми се префрли мислењето. Наскоро ХПВ вакцина треба да примам,јас не сакам да примам,некако не ми е сеуште проверена првите резултати тек ќе се видат за 3-4 години. Значи и јас сум дел од заморчињата на кои се прават испитувања,па кој е вашиот совет да ја примам вакцината или не?И ако не ја примам сакам да прашам дали моите ќе плаќаат казна? Тато вика подобро е да не ја примам,ама сепак заради казната,нема да сака да плати ќе морам да ја примам. Ај некој кој е во ова упатен и знае нека ми одговори.
Три работи можам да кажам, прво-со оваа вакцина наводно на долг рок се развивале женски болести, рак на матка и сл, стерилитет, и воглавно тоа и е намената за да се намали наталитетот во светот, да бидат унаказени жените второ-од сите доктори кои ги познавам (а, ги има многу, зошто татко ми е пензиониран лекар) никој не им дал на своите ќерки да се вакцинираат. трето-порано ја немало вакцинава и никому ништо, со свесен сексуален живот не верувам дека хпв е некаква закана.
Кај мене во школо мислам дека многу малку деца ја примија вакцината за ХПВ и мислам дека таа вакцина не е задолжителна и нема да ги казнат твоите инаку јас сум многу против за вакцините !
Сега прочитав на нет задолжителна била. Ќе мора да ја примам како што гледам,тоа е сепак фала ви на одговорите.
Тамифлу се антибиотици за лечење на свински грип а не вакцина.Јас пред неколку год го прележав грипот и ми ги препишаа нив .. За сезонски грип други се вакцините и сите што ги знам до сеа немале несакани последици од нив .
Dream ne e zadolzitelna, odnosno ako majka ti ne dozvoli nema da te vakciniraat, izlazi nesto, kazi deka primas antibiotici. Ama ako nejkes ne moras da primas,majka ti neka potpise i izjava i gotovo. Taa vakcina sozdade kup neplodni zeni, spontani aborrusi i slicno. Jas ne sum vakcinirana i doaega ne sum imala HPV a drugark koja e vakcinirana zabole od.virusot, idi pa premeri. Utee od.kompjuter ke vi pisam podolgo za vakcinive, sega izvinete me za lat od mob sum
Сакам да прашам вакцината што се прима на 1 год. и 5 месеци за што е и каква вакцина е и дали можам да побарам сама детето да прими пречистена вакцина и со чија препорака може тоа не ми е важно дали тоа го покрива фондот или не фала
Има ли на форумот тема, посебна само за прашања околу редовните вакцинации ? @angeliane Немој да се залажуваш дека „прочистените“ вакцини се подобри. Тие само даваат помала надворешна реакција. Она „темпираното“ во нив е исто Потикнат од емисијата на С.Лупевска, еве еден пример како треба да изгледа истражувачка емисија. Во емисијата гостин е и пензионираниот Dr. Poljak кој отворено искажува дека медицината еволуира и се менува, а и во тој конктекст и вакцините. Исто и тоа дека и лекарската етика не смее да наметнува интервенција со сила, против воља на пациентот ( или неговиот старател ). Ова во корелација на бабите од нашата емисија на Лупевска. Емисијата е вредна секоја секунда. http://www.youtube.com/watch?v=JhpxQ05fpaw
Ја гледав емисијата и нешто не ми е јасно. Наводно секој доктор потпишувал формулар во кој се наведени состојките на вакцината и последиците што таа ги предизвикува. Ако има некој запознает ме интересира дали навистина се потпишува ваков формулар и зошто ние родителите не сме го виделе.
Грипот е вирус, антибиотици не помагаат, „Тамифлу е вакцина против вирус“. Всушност, Тамифлу е перење пари. Не помага воопшто, впрочем како и кај секој грип. Еве јас сум петти ден болна од овој новиов, годинешниов грип, ништо не помага, ни аналгетици, ни инјекции, ништо. Сега го оставам организмов да се избори сам. Внесувам многу витамини, течности, одмарам, се масирам, се туширам за спуштање на температура. И тие смртни случаи, тоа најчесто се луѓе со 70+, со хронични респиратнорни, или срцеви заболувања, па не можат да се изборат.
Ја гледав и јас вчера емисијата, ама родителите рекоа дека и покрај тоа што докторот треба да го потпише тој формулар, не го потпишува а родителите не го ни гледаат. Тоа е лошото, што велат докториве не предизвикуваат ништо вакцините а сепак не сакаат да потпишат. Има казна за не вакцинирање, односно не совесни родители, а нема казна за не потпишување на тој формулар.