Сват, ти не си ги сфатил правилата на правопис во основно образование, впрочем како и за вакцините, па уште се дрзнуваш да држиш предавања и на двете теми. Дај жити се, не се бламирај повеќе на темава, доволно е, те распердушија "мисиркиве на чешма".
Здраво. Само што наполнија 2 месеци и ќе примаат 6валентна и рота. Е сега поголемото од вчера е со секрет и блага температура, а бебињата засега немаат симптоми. Терминот за вакцинација е утре. Дали чекате прво да помине некој ден, дали ќе пројави бебе нешто откако било во контакт? Или е важно во моментот на вакцинирање да е здраво?
Од позиција на заплашување, секако. Од позиција на малтретирање на родители, исто така. За останато, затресла се гора родио се миш. Не лечев. Зборував со оние кои лечеа. Велеа и рака да исечеш, у болница да не си дошол. Инаку да, многу лекари го оспорија третманот. Лупање кислород на пуна преку вентилатори и респиратори без контрола беше еден од најпогрешните. Вакцинирани, ако заболат имаат симптоми на болеста. Невакцинирани многу често се асимптоматични и шират без да знаат. И едните и другите се третираат на ист начин. И НЕ ПОСТОИ доказ за нивото на заболеност кај вакцинирани и невакцинирани. Јас го прочитав. Нема право на сегрегација. Или ќе ја затвори градинката за сите. Не, Не одејќи по стандардниот наратив на фармацевтското лоби, немаше потреба да се реплицира. Не душичке, Ланцет немало да го објави ако не била во ред. Ама дури откако се јавиле спонзорите на Ланцет, ајде рикверц, не е добра студијата. Платенчкиот новинар Џон Дир, ( патем го има и во филмот Vaxxed 1 ) направил се што може да го дискредитира ликот и делото на Вејкфилд. Делумно и успеал во тоа. И да Вејкфилд сакал да ја одбрани вистината на 12те родители, кои како и Вејкфил немале пари да подигнат тужби. Затоа, главните кучиња, адвокатите дале, убедени дека ќе го дибијат спорот. Не, за жал животот на Векфилд е уништен. Контирал многу помоќни од него. Знам и дека жената го остави поради притисоци поради неговата борба. Ако е женет со супермодел - супер. Неговата страна на приказната може да се види во Vaxxed 1 и 2. Сите други постови по стандардниот мејнстрим се воглавном плукање. Посочената студија која неодамна ја објави Hviid et al. (2019, Annals of Internal Medicine) остава многу посериозни прашања од колку дефинитивни одговори. Авторите тврдат дека нивната работа „силно го поддржува тврдењетo дека вакцинацијата со МРП не го зголемува ризикот за аутизам, не предизвикува аутизам кај децата кои се подложни и не е поврзана со зголемен број на случаи на аутизам по вакцинацијата“. Ова е исклучително широко тврдење кое, за жал, не е поддржано со доказите што ги презентираат. Во студијата постојат осум основни недостатоци кои доведуваат до прашања за точноста на заклучоците. 1.Недостигаа деца од примерокот на студијата. Прво и основно е нецелосното пријавување на случаи на аутизам во рамките на нивниот примерок на податоци. Авторите на студијата користеле регистри на Данска, за деца родени во Данска од мајки родени во Данска, кои треба да ја одразуваат моменталната пријавена инциденца на аутизам во Данска со 1,65% (Schendel et al., 2018, JAMA). Сепак, инциденцата на аутизам во примерокот во студијата (Hviid et al.) е 0,98%, што значи дека околу 4.400 деца со аутизам недостасуваат од оваа студија. Авторите не дискутираат за разликата во бројот на случаи. 2. Многу од децата во примерокот беа премногу млади за дијагноза на аутизам: Најверојатната причина за несовпаѓање во случаите е дека примерокот во Hviid et al. студијата е премногу млад, за целосно да се утврди дијагнозата на аутизмот. Просечната возраст на примерокот е 8,64 години, со стандардна девијација од 3,48 години. Возраста на дијагноза на аутизам во просек е пријавена како 7,22 години со стандардна девијација од 2,86 години. Ако претпоставиме дека возраста на дијагноза следи стандардна крива на ѕвонче, тоа би значело дека 31,5% од примерокот е премногу мал за да добие дијагноза на аутизам. Ова значи дека околу 3.400 дополнителни случаи не се вклучени во анализата, што би довеле до исход – резултатите да не влијаат на наоѓање на врска помеѓу МПР вакцината и аутизмот. 3. Неуспех да се елиминираат оние со аутизам, поврзан со генетските состојби од примерокот: Покрај тоа, поединци на кои им биле дијагностицирани генетски коморбидитети (познато дека водат кон аутизам), по 1 година биле „цензурирани“, што значи дека биле следени до времето на дијагнозата, но не биле отстранети од студијата. Така, тие беа броени во примерокот, а многу од нив најверојатно биле аутистични поради генетска состојба. Тие треба соодветно да бидат елиминирани од примерокот. 4.Употреба на две различни МРП вакцини: Исто така, во оваа студија беа користени две различни МРП вакцини. Формулацијата на GlaxoSmithKline – Priorix® беше употребена од 2000 до 2007 година, а формулацијата на Мерк ММR® II беше користена од 2008 до 2013 година. Priorix® го содржи Schwarz сојот на морбили, a MMR®II го содржи Ender Edmonston. Така, децата кои ја користеле формулацијата на Мерк, биле премногу млади за да добијат дијагноза на аутизам, бидејќи најстарите во студијата би биле 6 години или помлади. Ова е важно за споредба со искуството во другите земји, особено во САД каде формулацијата на Мерк беше користена исклучиво за целиот период на истражување. 5.Неуспехот да се контролира „ефектот на дозирање“: Возраста во која данските деца во примерокот ја добиле својата втора доза од МРП вакцина, е намалена од 12 години на 4 години во 2008 година. Ова значи дека децата родени по 2004 година ќе добијат две МРП вакцини, пред просечната возраст на дијагнозата аутизам, додека децата родени пред 2004 година добиле само една МРП вакцина. Ако навистина постои „ефект на дозирање“ на МРП ( каде што двете дози се каузално поврзани со аутизмот), ова не може да се разјасни во примерокот и повторно, вака ги формирале резултатите погрешно – да не најдат врска. 6.Статистичкиот метод не успеа да ги опфати децата со задоцнета дијагноза на аутизам: Авторите исто така користеле нетранспарентен статистички метод „лице – возраст“ по вакцинацијата со МРП . Кадешто децата кои добиле дијагнозата на аутизам, веднаш по примањето на првата МПР вакцина ќе бидат понагласени од децата со покасно воспоставена дијагноза. Ова нема никаква смисла, со оглед на тоа што возраста на дијагноза на аутизам варира во голема мера кај популациите, врз основа на пристап до услугите и сериозноста на случајот со аутизам, меѓу другите фактори. Овој тип на метод е „позајмен“ од епидемиологијата на заразни болести, кога изложеноста директно доведува до состојба на болест, како на пример крупната сипаница. Сепак, методот нема улога во проценката на хроничните последици од вакцинација, што може да потрае со години за да се добие точна дијагноза. 7.Вакцинираните браќа на деца со аутизам, покажуваат повеќе дијагнози на аутизам: Интересно е да се забележи зголемената инциденца на аутизам кај момчињата со аутистични браќа и сестри во вакцинираната група прикажана на слика 2 од додатокот на студијата. Зголемувањето кон крајот на „кривата на преживување“ покажува дека повеќе момчиња вакцинирани со МРП (со аутистични браќа и сестри) се дијагностицирани со аутизам од невакцинираните момчиња. Разликата не е статистички значајна, но ова може да биде многу значајно поради помалиот број на момчиња вклучени во оваа анализа. Авторите на студијата, исто така, ја наведоа и студијата на Дестефано од 2004, кој е соработник на CDC. Студија која всушност покажува статистички значајна врска помеѓу возраста на администрирање на МРП и инциденца на аутизам. Ова се дискутирано во ренализата на податоците на CDC во „ Journal of American Physicians and Surgeons ” (Hooker, 2018). 8.Конфликт на интерес на авторите на студијата: Треба да се напомене дека трите автори на студијата моментално се вработени во Институтот за серум Statens, кој е производител на профитни вакцини во Данска. Покрај тоа, оваа работа беше финансирана од грант од фондацијата Ново Нордиск. Ново Нордиск е дански мултинационален фармацевтски производител. Ова се два сериозни конфликти на интерес. Водечкиот автор, Андерс Хвид, беше вториот автор на студија за врската помеѓу МРП и аутизмот, публикувана во „New England Journal of Medicine“, (Madsen et al., 2002). Ова истражување беше завршено и покрај фактот дека авторите на студијата никогаш не добиле соодветна етичка согласност за да ја завршат студијата.
@yarre а Нобелова награда сакаш? Или оној Wakefield ти е доволен. Не ти се ли здосади да бидеш вака наивен. Не е една студија што покажува дека нема линк меѓу аутизам и вакцина. Повеќе се. И пак исто па исто ко расипана плоча.
Фала мајка. Во тој случај правиш ли крвна слика? До сега немам практикувано, со поголемото само доктор го прегледува и го боцкаат
И мојата беше раскивана со растечен нос при ревакцина со МРП. Постоеше сомневање дека се работи за алергиски ринит според симптоматологијата и секретотот, инаку претходеше општ, детален преглед и надлежните рекоа може да се вакцинира. И ова во Македонија. Немаше реакции, никакви, подоцна само се засили течењето, брзо и мина, никакво понатамошно влошување.
За поголемиот правев пред секоја вакцина, за помалото зависи. Ако гледам дека е здрав, докторката дава зелено светло после преглед тогаш не правам. Мислам дека правев за првите вакцини и за мрп. Дефинитивно е подобро без крвна слика зашто за најмало отстапување докторите одложуваат. Еве што дека правев пред мрп, крвната слика беше перфектна, а тој истиот ден качи температура.
Скроз неточно дека невакцинирани се асимптоматски. Ако се како што велиш, од каде ги дознаа овие 22ца кај нас дека имаат Пертусис? Така им текнало ај да правиме крвна слика? Многу јасно дека имале симптоми.
Чуму студиите кои покажуваат дека невакцинираните имаат поголем потенцијал да го пренесуваат вирусот, поради поголема веројатност за развивање на истиот. Сакам да кажам, разликувај инфекција од болест. Вакцините го намалуваат ризикот од тешки форми на болеста. Вакцинираните обезбедуваат колективен имунитет, за кој имаш ин виво докази. Ова е особено значајно за оние кои не можат или не смеат да бидат вакцинирани. Закон за заштита на население од заразни болести: Член 58 Кога со мерките пропишани со овој закон не е можно во Република Македонија да се спречи внесување и ширење на одредени заразни болести, Владата на Република Македонија на предлог на Министерството може да ги нареди следниве мерки: 1) да одреди услови за патување, како и мерки и услови при враќање од држава каде што постои можност за заразување со посебно опасни заразни болести; 2) да забрани патување во држава каде што постои можност за заразување со посебно опасни заразни болести; 3) да воспостави посебен режим на движење или да забрани движење на населението во заразените, односно загрозените подрачја; 4) да забрани собирање на населението на јавни собири, во кино сали, училишта, јавни објекти, локали и други јавни места, додека трае опасноста од ширење на заразната болест; 5) да ограничи или забрани промет на одделни видови на стоки и производи и 6) други мерки пропишани со овој закон Бонус: Член 39, устав на РМ. На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.
Сеедно е кој наратив го употребуваш, кога е факт дека неговата студија содржи методолошки недостатоци и лажни информации.
@yarre а тоа што јас имам внука од братучед која пред да ја прими вакцината и дијагностицираа аутизам? И тоа зашто дедо и е доктор на науки во таа област па уште на 18 месеци ја примети? Ајде да те видам како тогаш детето има аутизам ама нема примено вакцина која подоцна си ја прими редовно како и сите други вакцини. Второто дете нема аутизам. Ајде овој феномен објасни ми го ако МПР предизвикува аутизам. Спојлер: Заушки кај невакцинирани Before there was a vaccine, mumps was a common childhood disease in the United States. In some cases, the disease caused complications, such as permanent deafness in children and, occasionally, swelling of the brain (encephalitis), which in rare cases resulted in death. From year to year, the number of mumps cases can range from roughly a couple hundred to a couple thousand. In some years, there are more cases of mumps than usual because of large outbreaks.
Душичке, претпоставувам дека имаш лапсус. Многу почесто вакцинирани се асимптоматски преносители. Невакцинирани секогаш ги имаат симптомите, конкретно за пертусис тука. Башка што се изнасмеав кога видов дека врз база на Прц тестови се утврдува пертусис. Тестот кој неговиот изумител рекол дека не може да се користи за дијагностицирање, и кој тест беше за болест која мораше да се тестира за да се знае дека ја имаш. Циркус. Ин виво одговори ми директ на претходното прашање. Сакаш да се вакцинираш, себе или дете - супер. Не малтретирај со колективен имунитет кој НЕ ПОСТОИ.Во целата популација. Подрачја. Подрачја. Значи во цело подрачје. Како што го затворија Дебар. Собирање на население. Ама целосно. Затворени училишта, градинки, кино сали... ЦЕ-ЛО-СНО. Не по пат на незаконска сегрегација и дискриминација, по системот „Ни се јавија од горе да не примаме“ а документ или нема или не е потпишан, зошто ако го има, родителите ќе тужат. Точно тоа и го прават невакцинираните. Секој е преносител, и невакциран и вакциниран. Лошото е што вакцинираниот често не знае дека е преносител.
Кога ќе разбереш дека вакцините се за да го поттикнат огранизмот да ствара антитела за кога би дошло до вистинскиот вирус да знае како да се одбрани со тоа што не треба хоапитализација. Додека невакцинираниот нема такпв организам и за него тоа е шок и тогаш доаѓа до активирање на некои генетски мутации што веќе ги има што доведува до хоспитализација и лоша клиничка слика.
Само што невакциниран од заушки, морбили, пертусис, дифтерија, тетанус, полио може да умре или да остане живо ама со тешки последици.. Koje komplikacije se mogu javiti kod malih boginja? Prava opasnost od malih boginja leži u činjenici da virus pored uobičajene kliničke slike izaziva opštu slabost organizma – anergiju praćenu izraženim padom imuniteta kod inficiranih, tako da se na male boginje često „nadovezuju“ druge bolesti i infekcije. Upravo ono što prati male boginje predstavlja najveću opasnost a to su su komplikacije – upale gornjih i donjih disajnih puteva, prije svega teške upale pluća, zatim upale uha, ali i najteže komplikacije koje mogu da se jave u vidu upale mozga – encefalitisa. Komplikacije čine da se na oko hiljadu oboljele dece, bilježi u prosjeku jedan smrtni slučaj u razvijenim državama dok je u nerazvijenijim državama ova stopa višestruko veća i od sto oboljelih smrt će se registrovati kod 3-5 osoba. Ги однесе децата твои на ифективна да градат имунитет?
Види, вакцинирано дете и да се разболи нема да има проблем. ама овие што си играат руски рулет со децава што не ги вакцинираат нека му ја мислат. Само нека имаат доблест па да потпишат дека во случај на смртен исход или инвалидност на детето ги ослободуваат докторите од секоја вина, а не да плукаат после дека е лекарска грешка.
Па не постои само во твојата фантазија. Како можеш да си толку игнорантен? Како не постои колективен имунитет, кога прво, има еден куп научни студии за истото, а друго, имаш локални епидемии и болести сведени скоро на минимум ради колективниот и ради стапката на вакцинација. Ај што не си епидимолог, тоа е јасно. Ама уште појасно е дека не си ниту правник. Толкуваш како што ти одговара. Кој дел од посебен режим тебе не ти е јасен? Не постои никаква сегрегација, се работи за дел од мерките за спречување заразни болести и заштита на јавното здравје. Сега ќе го игнорираме фактот дека невакцинираните процентуално, се изложени на поголем ризик од зараза и сериозни форми на болеста. А со тоа и го загрозуваат јавното здравје. На 100 вакцинирани, еве 10 нека се заразат. Ама на 100 невакцинирани, 99 ќе се заразат.