@Lianna Anna Намали на доживјај. Еве, со свои зборови објасни ми го колективниот имунитет како што ти го разбираш, за после да го продолжиме муабетот. Она што те прашав во претходниот пост.Значи од 0-75 години. Директно одговори те молам. Во 2016 стручен тим на доктори и професори имаат седнато и прегледано 52 студии и утврдиле слабости на вакцинација од морбили и пертусис. Нивниот труд го објавува престижниот часопис Јама. Па имаш: 43,2 % вакцинирани а заболени од морбили. 55 % вакцинирани а заболени од пертусис. (Пертусисот инаку е третиран со антибиотици и нема пријавено компликација) Заклучокот можеш и сама да го изведеш. Значаен процент на појава на морбили и пертусис е што вакцините не даваат соодветна заштита. (ако воопшто, моја забелешка) Ај што не си епидимолог, тоа е јасно. Ама уште појасно е дека не си ниту правник. Толкуваш како што ти одговара. Кој дел од посебен режим тебе не ти е јасен? Не постои никаква сегрегација, се работи за дел од мерките за спречување заразни болести и заштита на јавното здравје. Ајде ад хоминем пак. Тоа што не сум епидемиолог и правник не ме спречува да читам како што е напишано од збор до збор. За како посебен режим праиме муабет ? Законот е јасен ептен. Или затварш институција или не.
Како може ова да биде аргумент против вакцинација? Лол. Сакам да кажам, пертусис нема доживотна заштита ниту ако прележиш. А да не зборуваме за сериозните компликации кои може да ги предизвика. Кај невакцинирани. Поентата? Вакциниран нема да се разболи, а може да се инфицира. Затоа и ти кажав, разликувај болест од инфекција. Невакциниран, може да заврши со хоспитализација. Болеста често знае да биде атипична, а со тоа и тешка за дијагностицирање. Компликации, 93% од децата под година, завршуваат со хоспитализација. А 1% од нив ќе умрат. Пневмонија, инконтиненција, воспаление на средно уво, оштетување на мозокот поради недостаток на кислород. Трајни оштетувања кои можат да резултираат со парализа, оштетување на вид и слух. И ти со целиот памет тврдиш дека е подобро да се закачи болеста и да се минува низ оваа ужасна симптоматика. Постојат бустер дози и соодветни препораки за вакцинација. Следствено истото, ќе се држи под контрола, за разлика од твојот предлог, невакцинирање и минување низ ужасни болести со ужасни последици. На прашањето одговорив многу поназад. Јес, чери пикинг ти е се уште фаворит. Заборави да кажеш имунитетот е под постојани истражувања, што е и нормално. Следствено актуелни препораки се од особено значење. Од студијата која ја објави: Conclusions A substantial proportion of the US measles cases in the era after elimination were intentionally unvaccinated. The phenomenon of vaccine refusal was associated with an increased risk for measles among people who refuse vaccines and among fully vaccinated individuals. Although pertussis resurgence has been attributed to waning immunity and other factors, vaccine refusal was still associated with an increased risk for pertussis in some populations. IMPORTANCE Parents hesitant to vaccinate their children may delay routine immunizations or seek exemptions from state vaccine mandates. Recent outbreaks of vaccine-preventable diseases in the United States have drawn attention to this phenomenon. Improved understanding of the association between vaccine refusal and the epidemiology of these diseases is needed. OBJECTIVE To review the published literature to evaluate the association between vaccine delay, refusal, or exemption and the epidemiology of measles and pertussis, 2 vaccine-preventable diseases with recent US outbreaks. EVIDENCE REVIEW Search of PubMed through November 30, 2015, for reports of US measles outbreaks that have occurred since measles was declared eliminated in the United States (after January 1, 2000), endemic and epidemic pertussis since the lowest point in US pertussis incidence (after January 1, 1977), and for studies that assessed disease risk in the context of vaccine delay or exemption. FINDINGS We identified 18 published measles studies (9 annual summaries and 9 outbreak reports), which described 1416 measles cases (individual age range, 2 weeks-84 years; 178 cases younger than 12 months) and more than half (56.8%) had no history of measles vaccination. Of the 970 measles cases with detailed vaccination data, 574 cases were unvaccinated despite being vaccine eligible and 405 (70.6%) of these had nonmedical exemptions (eg, exemptions for religious or philosophical reasons, as opposed to medical contraindications; 41.8%of total). Among 32 reports of pertussis outbreaks, which included 10 609 individuals for whom vaccination status was reported (age range, 10 days-87 years), the 5 largest statewide epidemics had substantial proportions (range, 24%–45%) of unvaccinated or undervaccinated individuals.
@Lianna Anna не си троши време. Колку сакаш учи ја свињата да пее таа пак ќе си грофта. Тешко на децата...
А ти кога ќе научиш дека вакцините не се да не добиеш нешто туку кога би добил телото да може да се справи со тоа. Вакциниран се 1% шансите да не биде хоспитализиран и на раб на смрт, додека пак невакциниран 99.9% ќе биде хоспитализиран. Во тоа се состојат и вакцините мора да ги разграничиш работите.
Рота вакцина во Србија е незадолжителна, не ја ни спомнуваат во вакцинален пункт за жал, многу често се заразуваат во градинки и школо. Еве еден случај што може да се случи, и антиваксери нека имаат срце да речат дека ова е природна селекција. Многу битно ми беше лично да мене да ја ставиме ротата на време. https://www.blic.rs/vesti/drustvo/b...nFugqJ2Flejn11RdSt4JCFVQS7Ppw9FZqARw2bJFHH9CA
Мислам дека и ти разбираш, ама се правиш. Лол Секако. Имаше и статистика. Иако ретко, пертусис може да се јави и кај прележани. Значи повторно, не и не. Не постои начин да се докаже дека различно проаѓаат вакцинирани невакцинирани, повторно за тоа доказ треба да е ист организам кој е и вакциниран и невакциниран. Технички таков доказ неможе да настане. Интересно е дека на 50 и кусур студии СИТЕ биле третирани стандардно и НЕМА пријавени компликации. А да, ете и кај нас 2ца вакицинирани завршија со хоспитализација. Благодарам за информацијата. Повторно, претходната анализа на 50те студии кажува за слабата учинковитост ( иф ени) на вакцините. Не ми одговори, еве пак да прашам. Кога завршува „заштитата“ на последната бустер доза ? Твоето ќе да е чери пикинг. Ако јас коментирам секој твој пасус, ти тоа перфидно го правиш со избегнување на директните прашања. Еве како на пример имунитет на стадо од 0-70 и незаконската сегрегација на невакцинирани ( а здрави) дечиња по градинките. Лошо сум толкувал ? Ајде толкувај ти - како јас не знам. И да, се слагам дека актуелни препораки се од особено значење. Но од значење се вакви студии кои даваат до знаење дека учинковитоста на вакцините е далеку помала од пропишаната ( иф ени ) 50 години се вакцинира со Орална полио вакцина, и таа е виновна за враќањето на Полиото. Ама ете 50 години не убедувале дека е добра. Тие што настраделе се колатерална штета ? За ИПВ тек ќе учиме и гледаме, дур таа е експеримент. Секако, намената на студијата е друга, но на површина ги извадила резултатите за неучинковитоста. Ги разграничив. Одамна. А ти провери ја математиката.
Одлична ми е, само треба здравствениот систем да не функционира за вас бидејќи се што они нудат е штетно за здравјето по децата. Белким твоите деца никогаш не се разболеле и не биле третирани никако сами си граделе имунитет ама не ти ги носиш сепак на доктор дури и обичен спреј за нос не треба да користиш зошто и тој е штетен исто така. Тука солиш памет на други дека вакцините се лоши, а ти си вакциниран секако со истите вакцини и мислам дека сеуште си здрав и си шеташ додека ги малтретираш твоите невини деца зошто родителот им е отиден во АУТ. Жално е што некои луѓе молат господ да ги добијат тие деца со години се мачат, додека некој како тебе не се замара и им го загрозува.
Многу ти благодарам за грижата. Законско право на секој пациент да избира за билокоја медицинска интервенција вклучувајќи ја и вакцинацијата. Невакцинраните деца НЕ СЕ БОЛНИ деца. Родител кој знае ЗОШТО не вакцинира никогаш нема да го стори тоа. Ќе попушти оној кој не знае ЗОШТО го прави тоа.
Морам да признаам дека ова е многу интересен феномен. Раритетен сигурно не е, оти е целосно карактеристичен за антивакс. Сите тие студии од науката која ја детерминираш за зависна, ваква, онаква и таква, никако не се валидни и се обидуваш да ги дискредитираш со pointless нарација. Освен кога (пази) од истите тие студии, бираш 3 реченици за кои мислиш дека се во твоја корист. Reality check, не се. Е дај објасни ми ги сега двојните аршини што ги имаш. Оти Јаре, ништо друго и немаш. Па единствено што ти останува е да употребуваш официјални студии со мисинтерпретација на информации и манипулација со податоци. Оти една и единствена студија не постои за тврдењата кои ги изнесуваш. За разлика од тебе, што прикачи само слика со маркирани редови, јас прочитав целосно. Совршено ја познавам ваквата антивакс нарација, чери пикинг, ама некако само трулите ги бираш. Немој жити се, мене да ми подметнуваш перфидност, нешто со кое ти одлично се носиш, оти само ти така можеш. Не избегнувам никакви прашања, особено што ги имам одговорите, кои патем, толку се едноставни и ти ги имам кажано многу пати. Само тебе не ти чинат, па почнуваш со фантазија пар екселанс. И пошто сум многу перфидна, еве по кој знае кој пат, најотворено ти кажувам дека лажеш. Не ги вакцинираш децата, ок. Ама престани да објавуваш невистини и лаги кои можат да им наштетат на другите. Само поради тоа и ти реплицирам. Затоа што тоа и ти е целта, да убедиш се повеќе родители на твојата, сакам да кажам, на погрешната страна. Те заболе тебе искрено за туѓите деца, па вака загрижено да држиш предавања за заразни болести, за пертусис, како да се работи за играчка, а не патоген, заразна бактериска инфекција со висока вирулентност. Не знам дали ти некогаш ќе разбереш дека истражувања и студии за (не) развивање болест, мерливи единици (антитела) кај вакцинирани, невакцинирани и прележани, се прават постојано. Јавно објавено, јавно достапно, никакви изговори, целосна вистина. Процентите се знае на чија страна се. Но добро, знам зошто ги игнорираш. ИПВ нема компликации како ОПВ. Факт, со кој е време да се соочиш. А ова со ОПВ е години и години уназад, ама изгледа ти дури сега си научил. И не. Немаш право на избор за нешто кое го засегнува јавното здравје. Не сме деца од 10 години па да се натегаме со вакви реторики. Се правам? Нема потреба да глумам слепа на очи, уште помалку игнорантна. Оти фактите доволно говорат за себе.
Како што имам пишано и претходно, имам во фамилија инфрктолог. Рота вирус не е обичен стомачен вирус, дава до 7 проливи во 1 саат придружено со повраќањр. Скоро сите деца до 3 години завршуваат во болница со рота. Има податоци на Институт за јавно здравје, до 2019 додека да се воведе вакцината колку чесра беше инфекцијата со рота. Сега има неспоредливо помалку случаи на рота.. Не постои инфектолог на кој не му се целосно вакцинирани децата. А сигурно повеќе знаат од сезнајковците ко Гордана Гоџо и господинот од темава.
Не се болни не кажав нигде дека се болни. Само кажав дека имаат татко кој е вакцинирам и нема никакви последици ама битно не си ги вакцинира децата ДА НЕ ИМААТ некакви последици(што и ти знаеш дека би немале ама се правиш паметен) Кога не веруваш на докторите што кажуваат дека треба да се примат вакцини заради општо здравје пред се за себе па после за другите, тогаш не треба брате мили ни на лекар да одиш. Зошто? Бидејќи таму се оди со намена да ти препишат рецепта за труење на твоето тело и на детето за муабет никој не се бута по амбуланти и болници каде виреат зарази. Ти не вакцинираш деца зошто не се добри ама даваш парацетамол да му го оштетиш црниот дроб на детето али тоа нема везе нели. Понатака ќе му дадеш аналгин глава кога ќе го боли и ќе му ја разредиш крвта што може да прокрвари ама и тоа е небитно. Ќе му дадеш антибиотик за да излечиш бактерија некоја или ако има развиено пневмонија што сепак може да добие автоимуно заболување ама и тоа е небитно битно е дека вакцините се штетни. Ако си со тој памет дека вакцините се штетни следен пат не влегувај во аптека ни по пробиотик. Децата се трујат преку храна и пијалаци со тешки метали ама битно вакцините биле проблем. Ќе дојде денот кога ќе видиш дека не си во право за ништо. А голема е и веројатноста дека лажеш дека ги немаш вакцинирано децата, зошто здрав родител се бори за своето дете да биде заштитено.
Благодарам на истажувањето, проф Др. Лијана, - магистар за лица кои одлучуваат за тоа дали нивните деца да примат вакцини или не, а пониижувачки наречени Анти ваксери. Повторно цел е адхоминем напад. Студиите се лесно читливи кога се бројки во прашање. Никакви двојни аршини. Твојата констатација е само лош обид за дисквалификација На премногу јасни броеви и заблуда колку тоа навистина штитат. Ништо, со вакви познавања на „антивакс“ нарацијата, мислам дека можеш и понатаму да се развиваш, а во најмала рака да наплатиш. Ниту еден здрав аргумент. Хелоу, еве пак. - Објасни ми го директно колективниот имунитет во популација од 0-75 години. - Објасни ми каде во Закон за заразни болести наоѓаш мерка примање на само вакцинирани дечиња. Моите објави во темата се целосно согласно со правилата на форумот. Твоите театрални реплики, без грам логика нема да ме натераат да престанам да пишувам. Ниту пак ти можеш да ми забраниш. А и којзнае кој ти е мотивот за реплицирање. Можам само да се сомневам. Младите родители треба да знаат дека медаљата има 2 страни. И да грешам во ставот а не грешам, и 1 % да е точен за можни последици, а далеку поголем е, кога ќе се деси бељата тие ја имаат 100% за себе. Ако ништо друго доблесно е барем да знаат. А тие што одлучиле да не вакцинираат никогаш не се предомислуваат, за разлика од другите кои престануваат да вакцинираат после настаната штета по организмот и здравјето на своето најмило. Не ме познаваш, а можеби и подобро. Да, сметам дека е успех да се видат и слушнат двете страни пред да се вакцинира. Вакцинацијата е нереверзибилен процес. Нема назад, нема време ни за каење. И пак како погоре. Пертусис (во студијата за 50те студии што велиш дека си ја прочитала) е третиран стандардно и немало ниту една последица. И кај вакцинираните и кај невакцинираните. Напротив, проблемот е што ништо не игнорирам, а читам ставови и на други лекари и научници а не само фармацевтски наративи во зависни истражувања. ИПВ-то почнува да го враќа дивиот полио, и да барем засега има помалку видливи компликации. А ова со ОПВ и штетата која ја предизвикала години наназад велиш да скриеме по тепих ? Ок, ако така ти е полесно. Согласно Европските конвенции каде потписник е и РМ, имам право на избор за билокоја медицинска интервенција вклучувајќи ја како таква и вакцинацијата. За јавното здравје - те чека прашањето за колективниот имунитет 0-75 Ајде 0-75. Многу си конфузна во излагањето, ти реков, секој одлучува за билокоја медицинска интервенција.
Не можеш ти да кажеш за себе дека "не грешиш " Т.е можеш ,како што јас можам да кажам дека ние не грешиме.Ние сме во право,ти не си . Нејсе, 21ви век . Начитани ,социјализирани луѓе знаат кој е придонесот од вакцините. Само оние кои не се симнале од планина т.е планината не се симнала од нив го велат спротивното. Впрочем и баба ми знае кои се придонесите од вакцините а живеела во 50тите. Ние прознесуваме факти а ти цитираш некои си таму квази новинари. За фајзер викаа удира на стерилитет. Се вакцинирав и останав трудна за 5 месеци Еве ти факт. Дај ми ти факт.
Значи сакаш да кажеш следно: Пред вакцини - сите шират (у случајов невакцинирани се), голем процент умираат Со вакцини - сите шират ама мал процент умираат, и тие што се болни се со лесни симптоми Не ти е второво некако поарно? Како е првото во предност?
Го зарази твоето дете? Бидејки еве е без последици, претпоставувам дека имаше храброст да го изложиш на бактеријата.. Еве во Белград регистрирани се морбили.. трк да фатите. Ама не, вие сакате ем да бе се вакцинирате, да нема вакцини, ама болестите да исчезнат.. е па бе може бе друже. Тоа е како да сакаш да се е.... а не сакаш да ти влезе вака безобразно сликовито да се изјаснам. И да изумрени се болестите благодарение на вакцините, живееме подолго од 30 години благодарение на вакцини, пеницилин, антибиотици и слично. Ама во таа јарешка глава ние мисирките на чешма не можеме да ти докажеме. Едит: Уште чекам да ми кажеш за внука ми која има дијагностициран аутизам пред да прими МПР вакцина? Или нема за тоа некаде студија од некоја будала што ве лажи за пари, а деца и внуци му се исповакцинирани за се. Ама ве нашле будали па верувајте а они нека прават пари на ваша сметка. А да и ако детето ти фати некоја од болестиве да не си стапнал на болница. Ќе си го влечеш по бајачки, по тревари, по такви работи. Зашто нели здравјето не доаѓа преку игла. Епа нема тогаш. Замисли во инфузија вакцина да му протнат.. аааа не може.
Имал среќа кога му биле бебиња децата, се потпирал на колективниот имунитет и не му фатиле пертусис како доенчиња. За нив секако е најстрашно. Јас сега ради такви ко него ќе си чукам глава бебето како да си го заштитам.
Без Ј. Уел, повели и друг пат. Полека, антивакс. Иначе, термин кој се користи за индвидуи кои се против вакцинација и никако не е навреда, ниту понижување. Цел свет го користи терминот и еве уште не видов дека некој на било кој начин може да одговара или да се товари некако за истото. Али Јаре се навреди. Лол. Си ја донел одлуката и носи се со истата, како и со епитетот кој неминовно доаѓа со неа. Али еј, види, дојдовме до тоа на тема вакцини да ти објаснувам за основни поими. Wahnsinn! Сакам да кажам, нема потреба од толку ментални гимнастики за да поентираш, пошто секако не можеш. Грешиш и јас, со уште 6265526782652 студии, одговорно тврдам. А за твојата самоувереност дека не грешиш, уел, искрено се надевам дека никогаш нема ниту да дознаеш. Ја ман, млади родители кои ќе ги доведеш во целосна забуна. Се надевам дека оние кои те читаат, ќе ги проверат информациите и ќе видат дека не си испратен на нобелова мисија. Сакам да кажам, јас не се сомневам воопшто во твојата цел, а ти за мојата, продолжи да претпоставуваш. Немам обид за дисквалификација. Толку многу е едноставно. Просто самиот себе се дисквалификуваш, оти немаш ништо конкретно. На темава многу пати си покажал какви научници и доктори читаш. И режисери. Лол. Но добро, социјалните мрежи често даваат лажно чувство на авторитет и самодоверба. Сакам да кажам извртување на науката. Така да, плис, освен што ја задржуваш игнорантноста на високо ниво, друго не гледам. И Јаре, читај сега ова, од почеток до крај. Па пак ово на ново. Може и ќе разбереш.
@Lianna Anna му ги читам постовиве и се смеам. Ако нешто докажа е дека под итно да се врати Општонардона одбрана предметот а не да ми дрнда за сегрегации и права во вонредни состојби и пандемии, епидемии.. да сум јас власт, секој родител кој нема да го вакцинира детето заради глупост ( не од оправдани медицински причини) нема да смее да се лечи на државна сметка и нема да се смее да се превеземаат мерки за спасување во случај на живот или смрт. Па да видиме после. Доста веќе со толерирање глупости. Што е следно, дифтерија, полио која да се врати? Страшно нешто. Вариола вера да се врати па да видиме што ќе виде тогаш паники. Нека погледне филмот.
Дали сериозно сметате дека ќе се разберете со анктиваксер кој уште од 2012 е активен на темава пишувајќи небулози? Ја разбирам фрустрацијата кај родителите поради вакви примероци како членов, ама секоја дискусија со ваков тип е сувишна. Само рестрикции фалат, ништо друго.
Абе за нив коа ќе дојде за лечење први се прифаќаат, ни а ни б. Имам познаничка, против лекови, против примање крв, нема деца ама сигурно и против вакцини ќе биде. Епа, се случи итна интервенција да и се праи, трк на доктор, си потпиша и да прими крв, и терапија да прима, инфузии се што треба. Битно јаки се сите на зборови.