Relativno visok procenat komplikacija ove infekcije uslovljen je ozbiljnom supresijom imunskog sistema obolele osobe. Na taj način pacijent je osetljiv na komplikacije poput zapaljenja pluća ili uva, teških dijareja, ili fatalnih kasnih komplikacija na mozgu kao što je subakutni sklerozirajući panencefalitis. https://velikeprice.com/zdravlje/za...gsupIt0sdtevpJ1KdCSX6CtFIf-krB2Pm_c8-ZBx7ywKH
Прашањето е: Кој е процентот на колективниот имунитет во популација од 0-75 години старосна група на жители во една популација ?
Со оглед на тоа дека во државава има повеќе пензионери одколку вработени лица под 62 години значи голем е процентот
Ќе ја објаснам сите се вакцинирани. Кога било нивно време сите се вакцинирале, а сега на извољевање на не родители се враќаат болестите. Искрено и јас би да се вратат барем јас немам гајле ниту пак моите деца нека му ја думаат тие што немаат ништо т.е. само верба во Господ за нив.
Ок, еве да земеме дека сите се вакцинирале, што е невозможно но еве ок. Сите се вакцинирани во последни 70 години. И ова не е така ама ради математиката ајде. Ако последната вакцина (бустер) се дава на 18 години, а спрема производителот „траат“ или „заштитуваат“ 10 години, значи дека вакцинираните НЕМААТ повеќе „имунитет“ после 28 година, па се до крајот на животот. Осем се разбира оние кои ги прележале болестите, со што во 99% случаи обезбедиле траен имунитет. Значи дека „колективниот имунитет“ со некакви бројки над 90% НЕ ПОСТОИ во популацијата од 28 години па нагоре. Терминот е протнат за лековерноста на стадото за да успее прикаската. И никој не се дрзнува да ја истражи реалната математика на „колективниот имунитет“, осем се разбира оние кои имаат основна логика во главата.
Што измислуваш? Колективниот имунитет е реалност! Бројни студии говорат за истото. Кога доволно голем дел од популацијата станува имуна кон одреден патоген, а тоа е најчесто преку вакцини, имаме колективен имунитет. Ова значи дека иако не секој во заедницата е имун, бројот на имуни луѓе е доволно голем, што го ограничува ширењето на болеста. Чисто како пример, стапка на вакцинација имаме редовно кај возрасна група на деца и постари луѓе. Колективниот имунитет е комплексен систем и вклучува различни аспекти. Возраста е само еден од нив, ама никако не се употребува како универзално правило или конкретен аспект за имунолошки статус. 1. Новороденче има антитела од мајката и/или имунитет на мала заедница. Ова е краткотраен имунитет кој се бустира со вакцините во понатамошниот живот. 2. Антитела од вакцините, најважен дел од имунолошкиот статус. Времетраењето на антителата зависи од неколку фактори: производител, тип на вакцина, конкретна болест, вирулентност. Следствено, се следат актуелни препораки за евентуални бустер дози. 3. Имунитет преку пречесто изложување на одреден патоген, исто така краткотраен. 4. Имунитет од прележана болест, не е секогаш доживотен и доаѓа со висока цена. 5. Различни возрасни групи, односно, колективниот имунитет се гради и поддржува преку вакцинирање на различни возрасни групи. Ова значи дека ако одредена возрасна група не развила доволно силен имунолошки одговор, добива заштита од колективот. И најважно за колективниот имунитет, е јавната свест и одговорноста на секој еден поединец, а со цел почитување на протоколите за заштита на јавното здравје. Сакам да кажам, многу лоша ти е логиката. Оти и тие што веќе немаат антитела, се заштитени од останатите. Постојат регулаторни тела кои се грижат за истово, односно за оддржување на висока стапка на имунолшка заштита. Патем и 3 години заштита е подобро од 0. Нирвана ефект, еј! Какво прележување и траен имунитет, со ужасна симптоматика и ужасни последици. Објасни ми го природниот доживотен имунитет од дифтерија. Ох чекај, не постои. Едитирам: не е потребен процент од 90 за секоја болест. Различни болести, зависно од вирулентност, бараат различна стапка на вакцинација, односно процент на заштита. Колективниот е особено важен за имунозагрозени индивидуи, оние кои не можат/не смеат да се вакцинираат од медицински причини. Стапката на вакцинација паѓа, со тоа што родители одбиваат да си ги вакцинираат децата, поради небулозни наративи, лоша логика и недоволна информираност.
Здраво. Ете, за тебе пак 0-75 останува прашањето. Колку е точно. Така е. Заклучно со некои 20 години возраст. Постари од 20 години не се вакцинираат за ништо, осем со неучинковита вакцина за грип, од сој од пред 2 години. „Имунитет“добиен од вакцина после 30та година од животот - не постои ! Зеро, Нула, Ич. Е добро бре, вака како стручна особа објасни го со бројки. Како не се употребува како универзално правило. Па катадневно трубат од комисија за заразни болести опаднат колективен имунитет па прикаски со бројки 90 и кусур да било. Абре просто. Кој со тој процент ? Првото, да второто - не. Второто е обична дологогодишна прикаска. Ајде и ова да е вака, а не е. Тогаш кажи ми дека производителиве лажат дека вакцините „штитат“ само 10 години ? И јас се сомневам во нивната прикаска, ама еве ти како своевиден експерт за воопшување, кои вакцини се даваат на лица постари од 30 години ? Ок. Сигурно е подобар од вакциналниот. Ако нели воопшто постои. Во повеќето случаи е доживотен. Еве, вујна ми не прележала морбили. Нејќеле да ја вакцинираат. Кој колектив ќе ја штити ( осем прележаните ) ако тие што се вакцинирани „имунитетот“ од вакцина им завршил најкасно на 30 годишна возраст. Ќе и кажам на вујна ми да не праи муабет со бабите од 60 во парк Бла бла бла..... Ајде пак 0-75 Упитно е и 3. А не, комисијата а фати епидемија од 23 лица, вели мора опфатот да се зголеми. Бла бла бла..... Или со други зборови, успеваат да се разбудат од децениски наметнуваниот стереотип дека вакцините го спасиле светот.
1. Разбра што пишав? 2. Што сакаш да кажеш со ова. Се зборува за колективен имунитет во популација 0-75
Напротив, сака да каже дека имунитет имаат само децата до 10 години, според производителот на вакцините. Скроз валидно прашање.
Црната кашлица е најопасна за новороденчиња и мали бебиња и дечиња. Така да има логика и да не држи имунитет цел живот. Иако за Рубеолата јас сеуште имам антитела од вакцината што сум ја примила како бебе.
Се согласувам за ова, мојот став за вакцини е истиот. Само што ова за колективниот имунитет и мене ме интересира, како се повикуваат на него ако вакцините штитат само 10 години?
Не збориме само за колективен имунитет. Да се вакцинирани 100% луѓето во светот нема да владеат вируси и бактерии од тој тип како рота,заушки,морбили итн. Замисли ете 15 години без никој да се разболи. И пак ќе ти го поставам прашање дали мислиш дека имунитетот на дете од 1 година и човек од 50 години е ист? Не не е ист дури доенчињата што цицаат го штитат делумно бебето со тоа што примаат антитела до 6 месеци после тоа веќе не. Друго е 1 месечно бебе да заболи од морбили, друго е 1 годишно дете друго е 10 годишно дете. Имунитетот е различен на сите возрасти затоа и вакцините што се примаат си имаат одредена возрасна граница да би немало тогаш ќе ги шибнат сите вакцини наеднаш било кога и тоа е тоа.
Wow! Напреден левел на игнорантност. Фанатична нарација на ад хоминем која не се важи, само кога ти си земаш за право да ја употребуваш. Со твојата експертиза нели, за декдентна поента. Нови омилени аргументи, фин начин да се води дискусија на завидно ниво. Ок. Чекај ќе пробам и јас. Бла, бла, бла, бла.... **** Ако колективниот имунитет не постои, заштитата е намалена, што доведува до поголем број на заразени лица, враќање стари болести. А тоа не се случува, со исклучок на оние болести за кои стапката на вакцинација опаѓа. Константно морбили, оти нели, ММР предизвикува аутизам. Сепак, локални епидемии. Вакцинацијата не гарантира апсолутен имунитет и ова никогаш не било тврдење. Ама да, вакцинацијата значително го намалува ризикот од тешки заболувања и спречува ширење на вируси. Што не е случај со природната заштита, пошо, за да ја добиеш, треба да прележиш со целата таа симптоматика и сите тие последици. Значи дечки, поентата му е, нирвана ефектот. Ако нема 100 % заштита, не е ни потребна. Без притоа да е свесен дека нирвана нема ниту кај прележани. Особено за болести кои немаат доживотен имунитет. Уште чекам одговор за дифтерија, иначе. А уште помалку е свесен за сите медикаменти кои не гарантираат 100 % и кои да, имаат поприлично можни последици. Сакам да кажам, со многу лоша аргументација се обидува да ја оспори потребата од вакцинација. Цела една наука е во прашање. Не е Јаре никаков фактор тука, за да знае која индивидуа до која возраст има заштита. Иначе да, имам антитела на морбили и рубеола од вакцина. Митот, замина во длабокото. Сакам да кажам, имунолошкиот одговор може да варира според возраста, но вакцините се разработени за да одговараат на потребите на различните возрасти и да ги штитат и најранливите групи. Сите што го читате, а се двоумите, консултирајте се со стручни лица. Рандом член на форум нема повеќе знаење.
Благодарам за исцрпниот но многу воопштен одговор на прашањето колав е процентот заштита со колективен имунитет во популација нели од 0-75. За жал системот „киша око Крагујевца“ е само за глувонеми лајкачи. Вметнување на познати клишеа од стереотипен наратив не помага во егзактноста на наоѓање на одговори кои еден млад родител со бебе во раце ги прашува. Но признавам, располагаш со убав харизматичен речник, кое може да биде и добро за некакви политички води со НЏО помош. Познавав и писател, кој патем беше и музичар, кој одработуваше за една медицинска невладина организација. Токму на истава тема. Ова не е ад хоминем, онака повлекување паралела, поради многу сличности. Нејсе, Мене ми е доста од воопштувања, би сакал да одам со конкретни работи. И да, задолжително да консултирате стручни лица, најдобро и такви кои позади завеса ќе ви ги кажат нивните лични ставови, не само оние кои во јавност смеат да ги кажат. Теоријата за колективен имунитет е дека ако одреден процент на поединци (обично помеѓу 85-96%) се вакцинирани, заедницата е целосно имуна на епидемии и вакцинираните ги штитат оние кои не можат да бидат вакцинирани. Сепак, многу епидемии се случиле кај популации кои биле целосно вакцинирани, а некои истражувања укажуваат на програмата за вакцинација како поттикнувач на епидемии. 2009: над дваесетина случаи на пертусис во округот Хантердон, Њу Џерси – сите деца инфицирани биле имунизирани пред да се заразат со болеста. 1994: појава на мали сипаници во Синсинати – 80% од децата вклучени имале најмалку три дози од вакцината. 1989: 2.720 пријавени случаи на мали сипаници на национално ниво – 72,5% (1,972 од нив) се случиле кај оние кои биле вакцинирани. 1989: појава на мали сипаници во средно училиште во Илиноис – 69 случаи, 99,7% кај оние кои биле вакцинирани 1987: CDC пријавила 2.440 случаи на сипаници кај вакцинирани деца. 1986: појава на мали сипаници во Корпус Кристи, Тексас – 99% се случиле кај деца кои биле вакцинирани. 1986: во Канзас пријавени се 1.300 случаи на пертусис – 90% се случиле кај оние кои биле вакцинирани. 1984: појава на мали сипаници во средно училиште во Волт, Масачусетс – 27 случаи, 98% имале документиран доказ за вакцинација против мали сипаници. 1971:епидемија на рубеола во Каспер, Вајоминг – 84% (91 од 125 случаи) се случиле кај вакцинирани деца. За време на појава на епидемии на мали сипаници, важно е да се забележи дека имало изненадувачки мал број случаи на истите кај невакцинираното население. Многу студии откриваат дека многу деца добиле мали сипаници и голема кашлица и покрај вакцинацијата. На пример, според Одделот за здравство во Охајо, 50% од пријавените случаи на голема кашлица во Охајо од 1987 до 1991 година биле кај вакцинирани лица. The Journal of Pediatrics објави студија во 1989 година, покажувајќи 55% стапка на неуспех во вакцина против пертусис (Walene James, Immunization: The Reality Behind the Myth). Досега решението за овие очигледни неуспеси на вакцината е да се додадат повеќе засилувачи, односно бустери. Значи, CDC додаде повеќе бустери (ревакцини) во распоредот, додека тие продолжуваат да ги обвинуваат невакцинираните за појавата на епидемиите. Овој тип на размислување е сосема спротивен на целата премиса зад вакцинацијата. Ако вакцината функционира, заштитува, не треба да е важно дали некој друг е вакциниран. Ако сте имуни, не треба да е важно дали сте околу една невакцинирана личност или еден милион невакцинирани луѓе. Вистинскиот колективен имунитет може да резултира само од здрав, целосно функционален имунолошки систем. Вакцините не можат да формираат „колективен имунитет“, бидејќи вакцините само стимулираат еден од двата суштински делови на имунолошкиот систем. И делот што го стимулираат, не го прават тоа ефикасно. Имунолошкиот систем е составен од две линии на одбрана: првиот е вроден клеточен систем кој се потпира на „клетки убијци“, а вториот е хуморалниот систем кој произведува антитела за нешто што го надминува вродениот систем. Кога нешто е доволно вирулентно за да произведе антитела од хуморалниот систем откако ќе помине низ клеточниот систем, тоталноста на реакцијата резултира со содавање на доживотен имунитет од тој специфичен напаѓач. Се вели дека вакцините функционираат кога произведуваат антитела, но бидејќи го заобиколуват вродениот систем на клетки убијци, одговорот на антителата не е толку силен колку што би бил ако вирусот поминал низ имунолошкиот систем на соодветен начин. Ова создава второстепен проблем на „оригинален антигенски грев“ (ОАГ). ОАГ се однесува на првичниот одговор на имунолошкиот систем на било кој напаѓач. Откако тоа е поставено, тоа ќе биде нивото на одговор на телото засекогаш. Ако ОАГ е со слаба реакција, одговор – следните рекции на сличен напаѓач ќе бидат слаби, а ако почетниот одговор е силен, следните реакции ќе бидат подеднакво силни. Бидејќи вакцините не можат да ја реплицираат вирулентноста на дивиот вирус без да предизвикаат процес на заболување, ОАГ од вакцинацијата е пригушен. Целосно го заобиколува вродениот, клеточен систем и го вклучува само второто ниво на одбрана – антителата. Значи, кога некој човек ќе се соочи со вирусот во иднина, може да ја изгради истата несоодветна одбрана што првично ја создал. Кога се појавуваат епидемии на болести, властите најпрво го обвинуваат намалениот „имунитет на стадото“ – поради оние кои одбиваат да се вакцинираат, и покрај фактот што повеќето држави ги исполнуваат потребните цели на CDC со 95% стапка на вакцинација кај децата. Подобро е да се обвини концептот на неефикасно стимулирање на имунолошкиот одговор, оставајќи ги вакцинираните подложни на болеста, бидејќи поседуваат несоодветен имунолошки одговор. Оваа реалност на несоодветна заштита меѓу вакцинираните е прикажана во бројот на вакцинирани лица кои подлегнале на болеста, а вакцинацијата била дадена за да се спречи истата. Ова е доказ од реалниот свет дека вакцините не го прават имунитетот на стадото, кој може да се има само ако има целосен одговор на клеточниот и хуморалниот имунолошки систем кога работат заедно.
Денес во изјава за Нова Македонија се јави и универзитетскиот професор, доктор Вело Марковски, инфектолог. – Не би ги нарекол антиваксери оние што со внимателност им пристапуваат на сите аспекти и можни нуспојави од вакцинацијата. Луѓето се информираат од различни извори, а таквата информираност треба да биде мотивација на здравствените власти за поголема одговорност и внимателен стручен пристап за секоја опасност од епидемија. Во актуелниот предизвик на ризикот од епидемија од пертусис (голема кашлица), сметам дека имаме нестручно третирање на проблемот од Комисијата за заразни болести. Пертусисот е бактериска болест, која се лекува со соодветна терапија, кај деца на возраст поголема од две години. Најголемата опасност за смртност е кај деца до две години, но и во такви случаи има соодветен пристап за лекување. Сметам дека е погрешен пристапот за имунизација со петвалентна вакцина и треба да се пристапи со вакцинација со единечна вакцина. Премногу вакцинирање е поопасно од невакцинирање. На пример, ако за дете вакцинирано со петвалентна вакцина, во период од една година се појави потреба да биде вакцинирано можеби од тетанус, тоа може да биде многу опасно. Вакцинирање против пертусис на деца од четири-пет години е неразумно. Неразумен е и потегот на Комисијата за забрана за одење во градинка на невакцинирани деца. Повторно ќе кажам, луѓето, родителите се информираат, а ваквите неразумни потези предизвикуваат револт кај граѓаните
Вело Марковски, не треба воопшто да е уште професор, па камо ли да збори нешто, сеа ќе збира антиваксерски гласчиња пред избори.