Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    739 глас(а)
    76,0%
  2. Против

    233 глас(а)
    24,0%
  1. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Преку барата никогаш немало БСЖ вакцина, па немаат некаков зголемен број на туберкулозни.
    Ако мене ме прашаш ова е вакцина во врвот на беспотребните вакцини.

    Нејсе, бараш повеќе инфо за БСЖ.


    Различни студии, вклучително и 15-годишен извештај на СЗО, откриле дека БСЖ не ја спречува туберколозата и не го намалува нејзиното ширење (ICMR, 1999).


    Студија за вакцинирање на околу 260 000 лица за 7,5 години, како прв дел од горенаведеното и цитирано во извештајот на СЗО од 1979 година, покажува дека дистрибуцијата на нови случаи на туберкулоза кај неинфицираните за време на вакцинацијата, не демонстрира докази за заштитен ефект на БСЖ. Во заклучокот го повторува веќе утврдениот факт дека БСЖ не обезбедува никаква заштита од болеста (ICMR & WHO, 1979).

    Пред децении, се знаеше дека слабиот имунитет што беше постигнат преку БСЖ, не го ослободува организмот од туберкулозни бацили (Smith, 1967).

    Една европска студија посочува дека обично се јавуваат случаи на туберкулоза забележани кај вакцинирани деца. Покрај тоа, голем број на научни извештаи ги отфрлаат ревакцинациите на БСЖ, како (Rodrigues, 2005; Infuso etal., 2006).

    СЗО исто така не препорачува ревакцинации на БСЖ бидејќи тие се неефикасни и со дополнителен ризик од несакани ефекти (Dara et al., 2014).

    Постојат некои докази за ефикасноста на БСЖ при компликации на туберкулоза, но истражувањата покажуваат дека тоа не е случај за неухранети деца кои покрај вакцинацијата, се сериозно болни и честопати со фатални компликации на милијарна и дисеминирана туберкулоза и туберкулоза менингитис (Udani, 1994). Се знае дека туберкулозата се нарекува „болест на сиромашните“.


    Еве некои од несаканите ефекти:

    На местото на лузната од БСЖ вакцината: остеомиелитис, остеитис, неоплазија и псевдотумори, разни апсцеси (вклучително и ретроперитонеална), активна БСЖ инфекција на лимфните јазли, саркоидоза, анафилактоидни реакции (на вакцини што содржат декстран), дисеминирани БСЖ инфекции (вклучително и грануломи во црн дроб), разни лимфаденитиси, микобактериски псевдотумори во лимфни јазли, невритис, дерматомиозитис, хроничен преден увеитис, хроничен микобактериски артритис, еритема мултиформ, хидраденом, келоид и хипертрофични лузни, скрофулодерм, компликација на атопичен дерматитис, псоријаза, улцеративен васкулитис, витилиго, првут, грануломи, лишаи striatus, лупус вулгарис и други проблеми со кожата.


    Некои од посериозните реакции на БСЖ се опишани и во бугарската научна литература, а не се наведени во упатството:
    Клинички случај на БСЖ кај 7-месечно новороденче.

    БСЖ остеитис е карактеристичен за раното детство и е различно од туберкулоза на коскената срцевина кај постари деца и возрасни. Погодените децата се на возраст меѓу 3 месеци и околу 6 години, компликацијата се јавува во периодот од неколку месеци до неколку години по вакцинирањето. Најчести локации се во метафизите или епифизите на бедрената коска, тибијата, рамената коска и градната коска. Само кај околу половина од случаите е изолиран патоген што не ја отфрла дијагнозата (Варбанов et al., 2010).


    Во друг случај на БСЖ остеоитис ( вакцинирано дете на третиот ден од раѓање), на 13 месеци се установи формирање на тумор на IX ребро налево, означувајќи туберкулозен процес. Следи веднаш оперативно отстранување и едномесечен третман со туберкулостатици (Генова и др.,2013).


    На местото на лузната од примена БСЖ вакцина, во ретки случаи, со тек на време, може да се развијат малигни и бенигни тумори и други ентитети -меланом, сквамозни карциноми, карцином на базалните клетки, дерматофирбросарком протуберанс (DFSP), Sweet синдром, ангиоми, пилатомикс, гранулом ануларен, улцеративен лупус вулгарис, какои други реакции на кожата и тоа не само на местото на инјектирање.

    Меланомите се најагресивни малигни тумори, тие растат секаде каде што има пигментни клетки. Опишани се случаи на вакцинираната локација со БСЖ (Lokich, 1975; Bonnetblanc et al., 1981).

    Сквамозните карциноми се развиваат релативно брзо. БСЖ-предизвикан лупус вулгарис и карцином на сквамозни клетки на момче од 7 годишна возраст (Thakur & Verma, 2011). Боуновата болест – сквамозно клеточен карцином на локацијата на инјектираната БСЖ вакцина (Miyakura et al., 2007).

    После вакцинирањето со БСЖ, карциноми на базалните клетки (базалиоми, епителиоми), кои се неоплазми со бавен раст поврзани со изложеноста на сончева светлина. Тие ретко метастазираат (Nielsen, 1979; Panizzon,1980; Braithwaite et al., 1992; Kluger et al., 2012).

    Дерматофирбросарком протуберанс (DFSP) на вакцинираното место (McLelland & Chu, 1988).

    После вакцинацијата со БСЖ, забележан е синдром Sweet, кој е акутно фебрилна неутрофилна дерматоза со црвени до виолетови папули или испакнати делови на кожата, формирање на наслаги; со воспаление на зглобовите; во околу 20% од случаите може да премине во малигнитет, на пример леукемија (Radeff & Harms, 1986;Carpentier et al., 2002).

    Granuloma anulare е една од најчестите бенигни дерматози на кожата (во calluses и ringlets) на местото на вакцинација, но може да биде генерализирана реакција (Houcke-Bruge et al., 2001; Nomiyama et al., 2013).

    Овие грануломи тип „туѓо тело“, се јавуваат на вакцинираното место како резултат на мононатриум глутаматот кој е присутен во БСЖ вакцината (Chiu и др., 2006).

    Улцеративен лупус вулгарис (лупус на кожата), последица на вакцината за БСЖ (Izumi & Matsunaga, 1982; Attia, 2007; Farsinejad et al., 2009; Singalet al., 2013)

    Pilomatrix (бенигна неоплазма на кожата) од БСЖ (Aquilina et al., 2005).

    Пaпуларен туберкулид е ретка појава на БСЖ пост-вакцинирање, се карактеризира со бројни еритематозни папули (испакнувања, нодули на кожата) – реакција на хиперсензитивност на Mycobacterium bovis (содржан во БСЖ) и е варијанта на Папуло-некротичен туберкулид (Figueiredo et al., 1987; Muto et al., 2006).

    Саркоидозата останува на местото на вбризгување на БСЖ (Osborne et al., 2003).

    После вакцинирање со БСЖ, хипертрихоза (патолошка влакнатост) и пигментација на вакцинираното место (Svindland &Wetteland,1975; Oztas et al., 2003).

    И така....
     
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    20.220
    Пол:
    Женски
    Паднав година, баш оти ништо после тоа не се случи. Да се случеше, ќе положев со 10ка.
    Среќен? :)
     
  3. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.377
    Допаѓања:
    12.012
    Пол:
    Женски
    @yarre Ти кажав оди и зарази ги своите деца со се можи? И со пертусис и со морбили и со туберкулоза ќе одиш? И после те молам целата твоја научно истражувачка студија поткрепена со факти и аргументи сподели ни ја тука на нас кои си ги труеме децата. Ќе одиш ќе го напрајш што?
     
    На nena2010 и Skyler81 им се допаѓа ова.
  4. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Ти бараше ? Како го положи испитот на крај ?

    Ајде дај некој конструктивен предлог. Моите деца се во целовремена интеракција со тазе вакциниринани деца, потенцијални преносители, па не драмам. Понатаму ќе ги игнорирам твоите постови.

    Да не ми оди постот во ветер во видеото се сведоштва на родители за последици од вакцинација.Од Македонија.

     
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    20.220
    Пол:
    Женски
    Го немам положено бе Јаре, паднав година и не се појавив пак
    Здравје, ако стане претседател или шо и да има во план веќе не можеш крај да му фатиш, па може нема да биде професор веќе
     
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски

    Еј сууууупееер за тебе. Ја откри Америка дружеее бравоооооо. Орден, медаља, Нобел сакаш????

    Си чул ли ти дека во различни земји има различни вакцини кои штитат од болести што се баш таму пораспространети. Веројатно не. Јер тебе ни те тоа целта. Ќе налеташ од време на време на нешто и ќе му се закачиш на тоа ко пијан за плот и ќе го вртиш ко расипана плоча.

    А вистина е различна од твоите лаички, недообразовани и неинформирани тврдења.

    Во Велика Британија исто нема вакцина за туберкулоза. Ама ние сме земја која спаѓа во ризично подрачје за туберкулоза па ако сакаш таму да студираш мора да оденсеш доказ дека си вакциниран со БСЖ вакцина и мора да одиш да ти ја видат лузната. Ако не ќе ти стават таму вакцина. Зашто така се штити нивното население од таа болест.
    Е сега од друга страна кај нив е прилично пораспространета инфекција со бактерија која предизвикува менингит и се препорачува секој што ќе оди да студира таму да си прими соодветна вакцина во сопствената земја и да си приложи доказ. Или секако таму ќе се прими вакцината.

    Или таквите како тебе може да пробаат да се преселат во Израел на пример. Имавме таква другарка. Првиот месец по преселба нејзиното невакцинирано дете ги прими сите вакцини (скоро одеднаш). Или така или назад. Па ти бирај.

    Еве што вика сега СЗО за вакцината за туберкулоза (не вика да нема вакцина туку да има и за возрасни): https://www.who.int/teams/global-tuberculosis-programme/research-innovation/vaccines. Цитирање наоди од 1979 во наука не се толерираат за нешто што е променливо.
     
    На Cka, Mandela, FridaodaMk и 3 други им се допаѓа ова.
  7. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.377
    Допаѓања:
    12.012
    Пол:
    Женски
    @yarre Зошто твоите деца да бидат во интеракција со вакцинирани? Твоите деца треба да немаат интеракција со деца ако не се вакцинирани. Пак ќе те прашам кој си ти да прекршуваш закон. Зошто моето дете да е во контакт со твоето кога јас си го почитувам законот. Нема да дискутираш затоа што полн си со небулози. Медицината не е од статии од 1970 се менува али кој да ти кажи
     
    Последна измена: 22 февруари 2024
    На Lianna Anna, JoyJoy и Skyler81 им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.591
    Допаѓања:
    38.963
    Пол:
    Женски
    Нормално да, твоите деца си се заштитени - додека може - преку колективниот имунитет. Кој ги врти другите.
     
    На Cosmic Girl, Lianna Anna и Skyler81 им се допаѓа ова.
  9. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Ве читам цело време и се воздржувам. Ама еве ќе споделам мое мислење.
    Не сум против вакцини, и сметам дека луѓето што не ги вакцинираат нивните деца се себични. Но треба да имаме барем некаков избор пред да одлучиме да ги пуштиме во било каков колектив дали градинка или школо. Не сум доктор ама моето второ дете со вакцини ќе почне со навршени 3 години.(до тогаш нема да фаќам врски за во градинка затоа што пред се се плашам од болести). Сакам да има стекнат имунитет и килажа. Се одлучив на ваков чекор ете од мака. Првото дете после првата вакцина со рота и дтп имаше месец и пол дијареа која не се запираше со ништо(7-8 столици на ден). Докторите одлучија да не се ревакцинира. Знам дека е клише ама буквално бебето после тој месец не ме погледнуваше во очи ни во лице (а го прсвеше тоа како сите бебиња имам видеа и слики еден куп и баш споредба си правев пред и потоа) на прегледот пред вакцината докторката ми кажа - ајде нема врска што му течи носето може да се вакцинира, понатака јас знам што се поминав за да си го вратам детето во нормала.
    Да скратам - верувам дека вакцините се со добар состав ако доаѓаат од развиена земја како на пр. Франција или Англијс но секое дете различен имунитет има и сметам дека мора да биде скроз здраво,да има одредена килажа и имунитетот да му е изграден. Не е секој имунитет ист кај никого така да неможе по секоја цена да се редат вакцините во ист временски период.
     
  10. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Жалам за твојата состојба со Вело. Јас човекот го имам еднаш запознаено, искрено не ми остави некаков впечаток, гледам дека не е против вакцини, но, гледам и многу логика во негово излагање по ова.
    Зарем не постоеше некој друг начин за полагање на неговиот испит, некоја комисија ? Дали е субјективно тоа што можеби и си се разочарала ?
    Иако имаме дијаметрално различни ставови, искрено посакувам да го пројдеш ова. Не се откажувај.

    Јас не прекршувам закон. Закон за права на пациенти. Моето дете не е проблем за твоето дете. Моето дете неможе асимптоматси да шири болест. Твоето вакциниранио - може.

    Една страна наназад многу логично и издржано објаснив дека колективен имунитет - не постои.

    Пред малку ми улета емисија со Гордана Гоџо со домаќин Сашо Тасевски.
    Не плукајте, ако сакате погледнете ја, има што да се научи. Некаде до пола се права на родители и „грижата“ на државата. Споменати се и незаконските прогласувања на епидемија на морбили, зошто составот на вакцините е класифицирана информација, и секако зошто подлистокот за вакцините што се даваат во Македонија се многу ограничени во однос на оргиналните од производителот.
    Одличен осврт има за правото на родителите согласно тековната законска регулатива. Ова е особено важно за оние родители кои ми пишуваат приватни пораки.

    Во вториот дел е темата која се вика ССО, кое не актуелно тука во оваа тема, но се доловува перфидниот начин на нормализирање.
    1 саат.

     
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.585
    Пол:
    Женски
    Ова се научни докази и факти. Пишан текст на јутјуб. Баш вакви ви се изворите на релевантни информации, за жал.

    Да имаше постирано барем извештаи кога примиле вакцина, кога биле во болница од потенцијална компликација од вакцината, можеби и ќе можевме да се убедуваме, вака си пресмешки и не знам зошто уште воопшто ти реплицираме.

    @Чанта не сакам да се разубедуваме, ама многу ме интересира како ќе изолираш дете 3 цели години од патогени?
     
    На Skyler81 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Абе сите тие таквите како тебе веруваат дека се што е лошо доаѓа во Македонија. Мислам треба да олабавите веќе со ова. Бидејќи работев во фармацевска индустрија многу добро знам нашиве компании што прават за наш пазар, а што за странски.

    За да влезе нешто во државава од странски производител треба низ триста чуда и врагови да помине па да се одобри па да се пушти во употреба.

    И не се проблемот вакцините за тоа што "нешто им се случува на децата" како погоре видеото од јутуб од некоја си пишано. Проблем е до родителите што ги трујат децата преку храната ама неее никако тоа не труе нели. Во Берово ги носите на чист радиоактивен воздух нели. Ама нема врска тоа вакцините предизвикуваат болештии.

    Не драг јаре, вакцините ги штитат сите, а тоа што се појавува "после вакцина да кажеме" како таа на видеото не е од вакцината туку во самите гени. 70% од жените во светот имаат мутиран ген мтхфр така се раѓаат што значи дека обичната фолна киселина не може да ја обработи организмот и се исфрла па затоа треба чиста да се зема. И ова е само еден од геновите, а ги има премногу и сето ова е уште пред вакцините кога жените не можеле да остануваат бремени и имале проблем со спонтани абортуси.

    Човек што има мутирани гени било каков вирус или бактерија не мора да е вакцина може да биде тригер за да излезе тоа на виделина. Што значи твоите деца одат во школо закачуваат стомачен вирус и оп се случува нешто друго, а не се вакцинирани, што правиме тогаш кој е виновен?
     
    На nena2010, Cosmic Girl и FridaodaMk им се допаѓа ова.
  13. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.254
    Допаѓања:
    1.665
    Пол:
    Женски
    @IRBBB еве кај нас се случи нешто слично после прва доза на дтп бронхит, после втора пневмонија со тешки опструкции, баш тогаш знам правев и испитување во био тек дојдоја на клиника да му земат материјал на околу не знам точно 30 можеби и повеќе вируси и бактерии и на ниту една не испадна позитивен, после последувателно имаше уште неколку епизода на пневомнии, алергија никаква немаше, се беше многу чудно постојано болен но никаква причина не се наоѓаше. Да се разбереме не сум против вакцините но кај нас нешто се случува, не знам зошто на сите не ни одобрат прочистени вакции што обично ги даваат на предвреме родените и на оније со јаки врски, ке платиме ако треба само да е побезбедно. А што се однесува на епи нападите пред скоро време на група на фб имаше дискусија и многу мајки баш пишуваа мислам го постирав и тука линкот. Еве сега морам да ја вакцинирам малата поради градинката, имам страв во коските ама морам за да ја примат нема да ја чува ,се надевам ке нема компликации.
     
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Јас имам лошо искуство со биотек искрено. Кога малиот ми беше болен отидовме брисеви да направиме и испадна некоја бактерија што кога е паднат премногу имунитет е да лижел од вц шоља. А он искрено не беше до толку болен. После 2 дена повторно брисеви испадна бактерија во нос мораксела, а во грло ништо. Да напоменам дека не беше со антибиотик третиран во тој период, педијатарот рече батали нема ништо не им се валидни. Почна антибиотик трицеф ради грлото и гнојот детето здраво право после тоа.
     
  15. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.254
    Допаѓања:
    1.665
    Пол:
    Женски
    Е да можно е и тоа грешка резултати, овде за жал за се треба да бараме и второ и трето мислење.
     
  16. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.585
    Пол:
    Женски
    Во ред, во тој период си вакцинирала дете, па тоа го поврзуваш со вакцината. Шо не значи дека вакцината е тригер. Или дека сигурно не е.
    Панелот никаде не е со 100% точност. На крајот на денот постојат и други бактерии и вируси, габи, паразити.

    Јас одговорно тврдам дека не постојат поинакви вакцини за прематучиња или јаки врски. Работев во вакцинален пункт и имам прематурче кое е вакцинирано со истите вакцини како и сите бебиња.
     
  17. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.254
    Допаѓања:
    1.665
    Пол:
    Женски
    Моја братучетка со родени близнаци во 29 недела ги вакцинираше се мислам на имунологија со прочистени вакцини што не даваат никаква реакција, од таму и ми е податокот.
     
  18. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Ова се собираи сведоштва од родители. Кај многу мал дек од нив системот реагирал некако, кај мнозинството никако. Родителите после последици од вакцина се оставени сами на себе, За тоа говорат и сведоштвата на поедини родители во почетокот на темата.
    Ако случајно го изгледа видеото со Гоџо, ќе видиш дека системот или не функционира или функционира со префлање на топката од институција на институција. Повеќето морале да бидат пријавени во Агенција за пристап на информации, за да понешто (најчесто погрешно или неврзано со прашањето) одговорат.
    Додека во другите земји постојат пријави за несакани последици ( пријавени само околу 10% од случаевите ) а во некои се плаќаат и милионски отшети, кај нас ние сме како супермени. Несакани реакции од вакцини - нема.

    И секако можеш да реплицираш или не.

    За да не ми оди постов во ветер, ќе сподеалам едно размислиување на еден татко, по професија електроинжинер,, кој пред да стане родител (трудна му беше сопругата во тој момент) постави легитимни прашања и заклучоци. Пред да финално одлучи да невакцинира, Ова беше пред повеќе од 10 години.

    Подоцна беше гостин во емисијата Тунел.

    Заклучок1
    Фармацевтските компании, WHO, FDA, CDC и сите останати на кои би требало да
    веруваме дека се грижат за нашето здравје со години наназад, а и денес, дозволувале
    и дозволуваат во вакцините да има поголеми количини на отровни материи од
    дозволените.
    • За ова имав калкулации со жива и со алуминиум на стариот сајт. Не тврдам колку е
    тоа штетно, само тврдам дека е над дозволеното.
    • Прво кратко од линкот, дозволената доза на жива според EPA (било етил или метил)
    била 0.1микрограм по килограм телесна тежина. За бебенце од 5кг тоа значи 0.5
    микрограми дневно максимум. Во 0.25mL доза вакцина колку што примаат помали
    бебиња има 12.5 микрограми жива таму каде има тимеросал или 25 пати повеќе од
    дозволеното. За слична математика пишував и на стариот сајт. Да не зборам што за
    мене лично ниедна доза на најтежок отров како што е жива не е прифатливо да се
    шприца во никого, најмалку во бебиња но тоа е мој личен став, а ова горе се факти
    и бројки.
    Биле давани со години наназад во многу вакцини се додека не се побуни наголемо
    јавноста и со самото повлекување практично станува јасно дали е штетно. Да не
    зборам што сега се замени тимеросалот со алуминиум на некои места, пак отров.

    Заклучок2

    Сега ќе преминам на заклучокот број два. Уште овој ќе биде малку погенерален но ве
    молам да не сметате дека сакам некого да „уплашам“, уште од самиот почеток на форумов
    кажав дека токму голем дел од докторите и фармацевтите работат со користење страв како
    аргумент, ние треба да одлучуваме со знаење и слободна волја.
    Заклучок бр.2:
    Повеќе пати е откриено дека вакцините можат да бидат загадени со вируси кои се
    потполно непотребни во самата вакцина и можат да бидат многу штетни.
    Факти кои ова го поткрепуваат:• Кон крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите полио вакцината била
    загадена со мајмунски SV40 вирус и со тоа биле заразени милиони луѓе, пишувавме
    на форумот пред неколку страни.
    • Ротавирус вакцината во САД била загадена во 2008ма со свински вирус. И за тоа
    пишувавме.
    • Во 2009та Бакстер (една од пореномираните компании кои произведуваат вакцини)
    пушта во употреба во 18 земји вакцина за свински грип во која има и вируси на
    птичји грип (кои патем речено се многу помалку вирулентни т.е. многу потешко се
    пренесуваат од оние на свински грип). Ова го знае целата светска јавност, чисто
    како инфо за поткрепа е линкот долу:
    socioecohistory.wordpress.com/2009/03/07...ent-to-18-countries/
    За среќа вакцините се навремено откриени и повлечени но останува прашањето што
    барал вирус на птичји грип во вакцина за свински грип. Секако ова е факт кој оди во
    поддршка на вториот заклучок.

    Заклучок3

    Заклучокот број 3 кој е многу суштински, а има и димензија на наука го вели следното:
    Никогаш, никаде и од никого не е направена студија за кумулативното дејство (како
    краткорочно така и долгорочно) на вакцините кои се на распоред, а тоа е и тоа како
    важно бидејќи не е сеедно дали ќе дадете една или десет вакцини во даден период и
    колку е старо бебенцето на кои ги давате.
    Факти кои ова го поддржуваат:
    Види прилог, важен е, особено на оние кои веруваат на доктори. Малку податоци околу
    престимулирањето на недоволно развиените мозочиња со вакцините. (Забелешка,
    прилогот може да се види кај оригиналниот пост на темата)
    Студиите се важни нели за нешто да се прифати, а во овој случај никој не се грижи за
    кумулативното дејство тоа туку само ако некоја вакцина на овој или на оној начин
    поединечно се докажала како ефикасна, се вметнува на распоред
    Најсилен аргумент кој денеска го има се помалку - здрав разум. Ве молам, па зарем е
    сеедно што на децата на прв ден од животот им шибаме три инекции полни со којзнае што
    (HepB, Витамин K2 за коагулација и BCG), а во исто време до 5-6 месеци освен мајчино
    млекце во уста ништо друго не се препорачува? Па зарем е исто на дете во рамки на една
    година да му закачат 20 или само 2 вакцини? И дали вие ако утре за секоја можна
    болештина измислат вакцина и со тоа стигнат до 30 парчиња во 2 години (што и не е
    далеку) само ќе го подадете рачето без да мислите?
    Каде е границата, да објасни некој и со студија, молам. Дотогаш,максимално претпазливо.

    Заклучок4

    Вакцините се даваат со директно вбризгување во мускул (крв) што е неприроден
    начин на навлегување на патогените во организмот со што „тренингот“ и реакцијата
    на имунолошки систем не е комплетна.
    Факти кои ова го поддржуваат:Освен за тетанус, маларија (за која не се вакцинира) и некои други болести, кај најголем
    број други случаи (особено кај оние за кои се вакцинираме) патогените влегуваат во
    нашиот организам преку уста,нос или очи примарно.
    Имунолошкиот систем на човекот има повеќе нивоа на бариери и реакции пред да дозволи
    ширење на патогените низ организмот на местата каде директно стигаат со вакцините. На
    пример, дигестивниот тракт има десетици одбранбени линии како физички
    (мембрани,слуз и слично) така хемиски (ензими, пептиди, кисела средина во желудникот...
    стручните лица можат да набројат повеќе), така и биолошки („добри бактерии“) пред да
    дозволи ширење на некој патоген низ организмот.
    Околу ова би можеле да пишуваме со месеци бидејќи имунолошкиот систем на човекот и
    неговиот состав и реакции се многу широка и важна тема, имавме дискусија и на стариот
    форум,но сметам дека горенаведното е кратко и јасно и доволно за да се потврди важноста
    и валидноста на заклучокот.


    Заклучок5

    Следниот заклучок (бр.5) ќе се обидам да не го образложувам длабоко бидејќи сметам
    дека на форумов има доволно аргументи да го поткрепат. Гласи вака:
    Примарното здравство во Македонија е недоволно квалитетно, недоволно одговорно
    и недоволно информирано, особено на темата за имунизација, што дополнително ги
    засилува ризиците од вакцините за сите кои се имунизираат кај нас.
    Неколку факти за поткрепа (како што реков, десетици други ќе најдете по форумов):
    Споредено со некои европски стандарди, добиваме нискоквалитетни вакцини чија набавка
    е сомнителна (се сеќавате на последниот скандал)
    Членовите на комисијата за епидемиологија давале и даваат погрешни и контрадикторни
    изјави (пр. живата во вакцините за свински грип,ќе се сетат сите кои читаат наназад)
    Најголем број доктори во МК одбиваат било каков разговор и споделување на
    информации.
    Се сугерира имунизација и против некои светски стандарди (пример, во т.н. епидемија
    MMR на 6 месеци според надлежните не е проблем)
    Не се прави скоро никаква проверка на здравствената состојба на детето пред да се
    вакцинира (ако не го сметате прашањето „дали е настинато?“ и евентуално проверката на
    грленцето за преглед).
    Селективно се одобруваат ацелуларните вакцини
    Не се внимава доволно на распоредот и типот на вакцините (и на форумов, и приватно
    знам за случаи на родители кои отишле за една, а сестрите им дале друга вакцина или
    комбинација од вакцини)
    И да не набројувам понатаму, оставам било кој друг да ги дополни фактите кои водат кон
    заклучокот. Сметам дека околу овој заклучок повеќемина од нас ќе се сложат.

    Заклучок6

    Заклучокот број 6 гласи вака:
    Некои вакцини се тотално погрешно временски воведени во распоред и дури и кога
    би се сметале за корисни се даваат во несоодветно време (HepB, HPV)
    Факти кои ова го потврдуваат:
    HepBСе пренесува најчесто преку крв или сексуален контакт, најголемите ризици да заболат ги
    имаат промискуитетните, наркоманите и здравствените работници во контакт со крв.
    Следствено на тоа, статистиките во некои региони покажуваат дека само 1% од заболените
    со HepB се на возраст под 15 години (тој процент е и уште помал за бебиња, околу 0,001%
    според некои статистики во САД).
    Бебињата се под ризик само ако мајката е носител на HepB.
    Одлуката да се даде HepB на прв ден од животот е направена не поради научни студии кои
    докажале дека тоа е најдобро време за да се почне и поради здрав разум туку поради
    фактот дека ризичните групи нема да сакале подоцна да се вакцинираат?!?!?!
    И уште една круна, според упатството на Merck за Recombivax „траењето на заштитниот
    ефект кај здравите единки не е познато“, а според СЗО брошурата “HepB vaccines,
    immunogenicity reappraised”, „до 60% од здравите возрасни ќе ги изгубат антителата кои
    можат да се детектираат за 6-10 години“
    Замислете го лудилото, даваме вакцина на несоодветна популација (за ефикасноста и не
    зборам), труеме бебиња на прв ден затоа што нема да примале ако пораснат, ама
    заштитниот ефект и не трае баш долго (не знаеме и колку трае) и тогаш кога ќе бидат
    подложни на болеста најверојатно и нема да имаат антитела за заштита (ако воопшто
    вакцината штити, ама тоа е друга тема). И успеаја да ни го продадат ова. Аферим за
    фармацевтскиот бизнис!
    Можам нешто слично да дадам и за HPV но верувам дека ова е доволно за заклучокот.
    Заклучок7
    Ова е седмиот, се мислев да не продолжам поради тоа што имав впечаток дека веќе не
    носи вредност тоа што го правам. Но можеби и спомнав, слушнав за уште еден случај на
    пријатели на мои роднини чие детенце се парализирало како последица на вакцина,а и
    некои членови на форумот сметаат дека има вредност тоа што го правев, па така решив да
    ја довршиме приказната.
    Заклучокот број 7 гласи вака:
    Поголем дел вакцини се даваат многу рано (во првите денови и месеци од животот, а
    најмногу до 1 година) и можат да имаат нејасни (потенцијално штетни) последици
    поради неразвиеноста на имунолошкиот и останатите системи кај новороденчињата
    и малите деца на таа возраст. На оваа возраст организмот и имунолошкиот систем на
    бебињата не реагира на надворешни дразби исто како кај возрасните.
    Факти кои ова го потврдуваат:
    • Во првите месеци на животот имунолошкиот систем на бебето е недоволно
    развиен, се до некаде 1-2 години од животот. Примарната заштита доаѓа од
    имуностимулаторните компоненти во мајчиното млеко до 6 месеци па и понатаму.
    Следствено на тоа, имунолошкиот систем не може и не реагира на рано дадените вакцини
    на начин на кој би реагирал потполно развиен имунолошки систем.
    • Бубрезите на новороденчињата не се целосно развиени до возраст од околу 1 месец
    па и подоцна. Вакцините кои се даваат и пред 1 месец (пр. HepB, Recombivax i Engerix)
    имаат компоненти на алуминиум во поголеми количини од дозволените (објаснето порано)
    кој се елиминира преку бубрезите.
    • Можам сега и да пишувам кои делови од имунолошкиот систем и кои компоненти
    не се исти кај новороденчињата како кај дете или како кај возрасен, но еве закачен еденфајл (а може да се дадат и други ако треба) од кој станува јасно дека кај новороденчиња и
    мали бебиња не е дооформен и следствено не реагира исто имунолошкиот систем како кај
    возрасен. Ова во суштина би требало да е јасно и без многу студии.
    • Последиците ги нарекувам „нејасни (потенцијално штетни)„ бидејќи не се доволно
    систематски истражени за да се потврди дека се благи или ги нема. Имено, како што
    потврдивме во еден од претходните заклучоци кој потоа беше дискутиран и со Мацика, не
    постои компаративна студија на доволно голем статистички примерок од комплетно
    невакцинирани деца и комплетно вакцинирани деца со сите вакцини на распоред кои би
    биле следени доволно долго време за да се види дали има или нема значајни негативни
    ефекти (краткорочни или долгорочни) од вакцинирањето со сите вакцини и какви се тие
    ефекти.

    Таткото во емисијата. Заедно со Др Аспасија Софјанова, и фармацевтот Весна Башевска Симонова.

     
  19. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Не изолирам мајка , еве за 3 месеци здравје ќе полни 3 години. Како и другите деца и таа настинува и лечиме и така сметам и дека имунитетот го зајакнала. Ете истеравме.

    Едит: Неможе никој да ме убедува мене јас имам доказ релевантен. Замисли ти како возрасна особа да имаш дијареа скоро два месеци по 8 столици на ден. Колку ли тоа ќе те исцрпи? Колку го нарушува метаболизмот тоа и имуниот систем општо,затоа што се досѓа и од цревата нели. Имам видеа,слики еден куп пред и потоа. Не станува збор дека моето дете зборувало па престанало после мрп и слично,станува збор за бебе кои првите контакти му се со поглед во твоето лице,очи и допири на твоето лице. Ама јас не ширам пропаганда ко некој на темава ни па имам душа да остан дете невакцинирано. Патем првото дете со сите вакцини ми е вакцинирано заклучно со возраста.
     
    Последна измена: 23 февруари 2024
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    A замисли што би се случило да нема вакцина за рота и да би го закачила вирусот. Кај здрави деца е одприлика 15 дена хоспитализација со инфузии, а како вашава состојба доста долго и опасно.