Ама секако не прими ниту една ревакцинација после тоа. Што да замислам мајка ? Дека ќе лежи на болница дете и ќе си го земам здраво право ? А вака јас само знам и моето семејство колку трнлив пат изодевме за да можам да речам дека имам здраво право дете. Патем јас имам лежено како дете од рота на болница знам како е.
Јас лично не сакам да замислам, ама еве моево не се вакцинира со рота, пошто бевме хоспитализирани со рсв вирус, големата исто така не е вакцинирана со рота, родена мај 2019, во диспанзер рота ја почнаа од октомври 2019. Сакам да речам, за рота вирус прв пат слушнав ете 2019 год, за рсв сега прв пат слушнав и го искусив нажалост, ајде тогаш нека воведат и за рсв вакцина. (во други држави ја има, ја прима трудницата во трето тромесечие) Сеа треба да се тресам до 5 годишна возраст дека не е вакцинирано со рота малото? Па големата ќерка дека вакцинирана со пнеумокок, милион бронхоопструкции има направено. Да се изјаснам, сум ЗА вакцинирање и вакцинирам, ама да се фокусираме на вакцините за болести што биле искоренети а ни се враќаат, а не за рота и пнеумокок што не се ни задолжителни. Најдобронамерно ова.
Муабетот ми беше си видела како е со една доза од вирусот. Замисли да би го фатела вирусот што е каде каде по јак и како би поминале, ако веќе со помал интезитет го има во телото и дијареа 2 месеци. Верувај јас ја имам прележувано таа стрептокока што ги напаѓа зглобовите, толку лошо што 3 месеци константно бев со антибиотик и да не е заебанција. За рсв што збориш дека во други земји има тука не ги вакцинираат од дифтерија и туберкулоза не па со рсв.
Ама не се разбираме. Јас не велам да не се вакцинираат со рота туку да се процени кое дете смее да прими, кога и каква вакцина,каква му е здрсвствената моментална состојба, крвна слика, имунитет. Сепак се работи за 2 месечно бебенце, и каде би фатило рота? Еве нема за др примери да зборам лично за себе ќе кажам. До година и со вакцини и без од држава не сме излегле. Исто и за двете деца првите 6 месеци ги движев само со поблиски членови на фамилијата бидеќи и онака на бебе му се потребни само родителите. Значи ги вардев. Човек никогаш неможе да знае ама ете се правиш да ги довардиш во првите медеци од животот.Од оваа моја теза излегува ставот дека две месечно бебе да боцнеш со 5 живи вируси и притоа уште ДТП и уште една беше неможам да се сетам која е малку “блиску” до умот. За каде се брзаме? Неможе бре барем една па друга па трета ? Син ми прими преку уста, една во едното ноџе друга во другото. И ете компликации. Повеќето деца нема дс ги искусат фала му на бога,но зошто за тој мал процент да се ризикува? Па нели се греота и бебињата а и ние родителите што душа не боли? Кој на своја кожа не искусил не знае. Затоа си ќутам ни па некаде на др место сум зборувала за ова освем со специјални лица кои ни помогнале (психолог,дефектолог и логопед). Кој како си мисли нека прави,сма јас како родител ќе одлучам кога и која вакцина ќе ја прими моето дете а не државата на која не му е гајле за истото.
Колку и да го 'вардиш' бебето, и ти како родител можеш да му пренесеш билошто. Најголем дел од бебињата заболени од пертусис фаќаат од родителите. Оди некој од тие блиски на работа? Сопруг, баби, дедовци? Пазарите? Сите сме носители на вируси и бактерии, а пост ковид секако све е мутирано. Бебето на 20дена ми фати ковид од баба му што буквално никаде не оди, ни по комшики, ни по кафани. Ете, се заразила во маркет или во лифт и не зарази сите дома, вклучително и две бебиња. Рота може да фати од поголемо братче/сестра, а може и од вас. Не можеш ни да затвориш поголемо дете дома, затоа што имаш бебе да му скратиш од неговите дружења кои и те како се битни за развојот на детето. Не е дека на нас што не си ги пазиме бебињата само ни се разболуваат.
Моето дете се разболува исто како и другите. Така сметам и дека му се оформува имунитетот. Мене не ми текна така само од себе - еј ќе сум “кул” и ќе се правам анти ваксер ќе убедувам други и слично. Како што има шанса да фати рота/голема кашлица иста таква шанса има да се искомплицираат работите како што се деси со нејзиниот брат. Првото неможам да го контролирам ама второво можам. Ајде пак и за ова да се повторам: не мислам дека составот во вакцините е нешто што менува чуда кај децата (ако се од проверени и развиени земји) туку за компликација сметам дека е пресудна моменталната состојба кај детето (здравствена,метаболизам и имунитет) секако дека што поголемо дете тоа повеќе го јача имунитетот со настинки вируси со бактериите и микробите од природата која го опкружува и слично,затоа јас така се одлучив. Вакцините се полесниот пат- но не за секого. Кај мнооогу мал процент има компликации кои за жал јас ги искусив.
Не знам зошто сте примиле 3. Јас и со првото и со второто прими рота и шестовалентна. Друга работа било каков вирус и бактерија можеме самите ние да им пренесеме стерилно ништо не е. Како фаќаат бебињата инфекција уште во болница, нели е таму најстерилно? Друга работа тие што има 2+ дечиња не можеш во кафез да ги чуваш си носат свои патогени,габи,бактерии,вируси. Едно одење на пазарување некој несвесен ќе кивне во тебе ќе се закашла и ете ти болест.
Во ред, искоментирав заради пазењето. За жал, не може да ги допазиме колку и да сакаме. А несакана реакција може да има од било кој лек. Исто и од прележан вирус може да добие диабет, да има проблеми со срце (перикардит), да добие менингит итн.
Чисто пример дадов рсв споредбено со рота, оти ротата не е задолжителна. Од поголемото братче/сестриче на пример, а и цела поблиска фамилија.
Епа и кај мене големата ќерка, превнар ја прими во една доза на 2годишна возраст. А сеа малото ќе ја прими во 3 дози до годината.
Да не ве цитирам сите тука ќе одговорам. Скроз ве сфаќам. И замислите како ми е што се одлучив на овој чекор- од една страна стравот да не се повтори тоа што се случи од друга страв од болести. Неможам да контролирам кога и што ќе фати. Ама за вакцините одлучив кога да ги почнам,барем тоа можам да го контролирам. Сум била и во вакцинален пункт, сестрите таму мн понижувачки се испонашаа со мене,дојдов до солзи во очи но докторката ме прими и кажав што имав да кажам го носев и картонот од син ми,виде што имаа напишано и ми кажа дека ќе средиме се кога скроз сите дома ќе сме здрави. Муабетот ми е не сме сите антиваксери туку има нешто штом одложуваме.
Да бидеме фер, ставаат превенар по дифолт. Јас кажав дека не сакам да прими сега превенар туку после 1г. и не му ставија. Инаку ја ставаат на 4м.
Јас не знаев за ова, не ми кажаа ништо, не сум медицинско лице и не знаев за жал,верував во системот на вакцини.
Прочитав дека сте имале лошо искуство со сестрите на пункт, и за жал, тие често си даваат за право да коментираат неповикани. Од друга страна докторите секогаш биле фер и одговарале на сите мои барања.
Едно е да одложуваш друго е воопшто да не ставаш ради тоа што некој си мисли дека умираш од вакцина и од ништо не штити. А ако си не вакциниран од се си заштитен. Твоево со тоа на јаре нема допирна точка.
@Brpbrp ке се надоврзам на ова дали штитат вакцините, ако се исти и со исти степен на заштитата како овие што беа за ковидот можеме да кажеме и дека не штитат! Колку само вакцинирани починаа, а колку не вакцинирани го поминаа на нога, некако се излегува индивидуално и зависи од организам до организам. Јас ставив спутник без никаква реакција баш ништо, колешка со истата вакцина по една недела доби инфаркт, друга со страшен оток на рака за што беше потреба и хоспитализација се ова е со иста вакцина. Веќе човек да не знае во што да верува.