Сакаш да кажеш дека оние родители што вакцинирале немаат став и не се грижат доволно за здравјето на нивните деца? Пошто они глупи вакцинирале, а вие со став, гордо и казни плаќате. Парична казна е ништо. Треба да ви се забрани лекување со модерна медицина, па чим се разболите, како племе да си се лечите во пештери со тревки и бајачки.
Дијагноза аутизам се поставува после три годишна возраст, на година никој не поставува, и да постои вештачки аутизам предизвикан од екранизмот ако не се зборува кај нас не значи дека и во другите држави не се зборува еве конкретно за Шветска ти зборувам тамошниот назив на екранизмот е вештачки аутизам. А за ммр какви докази ти требаат за да се увериш дека вакцината кај некој го дава тој ефект, можеби е еден на сто или еден милијон ама од каде знаеш дека тој стоти или тој милјон нема да си баш ти?
Па немој да влегуваш во дискусија со некој што си има свој изграден став јас мислам со своја глава не ми требаат ни докази ни научни истражувања, доволна ми е маката и проблемот на луѓето за да знам дека нешто не ваља...
Ама не е аутизам. Има точно определен фактор што го предизвикува и кога ќе го отстраниш екранот детето се менува. Луѓетк со аутизам се раѓаат со аутизам и за ниц сеуште ме знаеме што е причината. Знаеме само дека се такви родени.
Арно де, освен што тоа што гледаш ≠ потврда за причинско-последична врска. Од друга страна, науката се базира на строги принципи, не на приказни од комшиите. Затоа и твоето мислење не е факт. Аутизамот постоел од секогаш, уште пред струја да имаш, уште пред да има вакцина, уште пред да користиш телефон и фемина. Тоа што не бил широко формално препознаен, не го прави непостоечки. Во Македонија е страшно колку луѓе се недијагностицирани а се возрасни.
Кај нѐ враќате со вашите “ставови” 100 години назад, враќате искоренети болести, па уште памет им солите на совесните родители што си ги вакцинираат децата и пробувате на истите да им набиете грижа на совест и страв дека не се грижат за децата. Јас разбирам да не примиш ковид вакцина, или хпв, што се релативно нови и недокажани. Ама вакцини што се тука со години, сите сме ги примиле, стварно не ми е јасно кој ве учи дека аутизам предизвикуваат, кога НИТУ ЕДЕН доктор не се нашол да го потврди тоа. Ама да, народов повеќе верува на facebook коментар од Сања Нокти Ефтино, отколку од доктор кој учел 15 години. Продолжете вака, и Црна Чума ќе вратиме.
Вакцините со причина се наредени според возраст. Некој со повеќе знаење го направил тоа. А тоа што со емотивни наративи и изговори одбивате вакцинација, без сериозни медицински индикации, како хемотерапија и останати имуносупресиви, ја покажува само вашата неинформираност. Тоа што сте родители, не ви дава за право, да носите одлуки според вашите желби и емотивни изговори. Ниту за еден обичен антибиотик не смеете сами да одлучите, а не пак за нешто што засегнува и јавно здравје. Сакам да кажам, да сте знаеле повеќе, ќе сте биле доктори. Мрп не предизвикува аутизам. Вакцините не предизвикуваат аутизам. Престанете да измислувате непостоечки линкови. Субјективни мислења не се и никогаш нема да бидат доказ. Корелацијата не е нужно причинско последична врска, за тоа ви треба доказ. Пост хок се вика. Јас стварно никако не можам да го процесирам ова значи, толкава одбивност кон евидентни докази. Со нула желба за дополнително информирање, освен за она кое ги потврдува вашите стравови. Неосновано! И немате само вие деца, скоро сите овде имаат деца. И сите виделе мака со истите, опструкции и останато. Па не си земаат туку така за право да носат одлуки кои засегнуваат и други. Пошо среќа, па свеста и разумот владеат многу повеќе, отколку желбата да се биде во време кога е важно што рекла комшиката на баба ми. Пошо она нели, има искуство. Па според нејзиниото искуство, другите носат одлуки. Вашиот став, е врз основа на logical fallacies и ништо друго. Од Јаре па најдовте да се информирате. Се што тој има објавено на темава, е debunked. Али само напред, вратете се од болести, почнувајќи од морбилите. Следствено, да! Асолутно треба да ви се забрани лекување со модерна медицина. Ве поздрави Вејкфилд гастроентерологот, со фалсификуваната студија за аутизам и заклучоците од истата кои никој потоа не успеа да ги повтори. Сакам да кажам, се докажа дека податоците се неточни! Oh wait, не ве интересираат научни докази. Лол!
Го квотирав твоето претходно писание, за да не поставуваш нелогични прашања на моите одговори. Ти ме праша дали имам став, а јас не реков дека ти немаш. Тој што вакцинира не е глуп, нипошто. Нема глупи луѓе. Но нема премислен родител кој одлучил да не вакцинира. За разлика што има многу родители кои прекинуваат вакцинација после настаната штета. За за нацизмот, имаше еден Хитлер на времето. Те молам да ми се обраќаш со директна конфорнтација на ставови, Не со омаловажувачки тон. Умно ги прескокна моите последни 3 поста, ама не се зачудив. Едноставно немаат логичен издржан одговор во обратна насока. Околу аутизмот. Постојат многу студии што ги поврзуваат вакцините со почетокот на аутизмот, како и многу студии што ја поврзуваат популарната состојка на вакцините – алуминиумот, со невролошката регресија (и аутизмот и Алцхајмеровата болест). Еве дел од нив. Двофазна студија за проценка на врската помеѓу администрацијата на вакцини кои содржат тимеросал и ризикот за дијагностицирање на нарушување на спектарот на аутизам во Соединетите Држави. Translational Neurodegeneration, 2013 Дали администрирањето на вакцини кои содржат алуминиум е одговорно за зголемената стапка на аутизмот? Elsevier, 2011 Што е регресивен аутизам и зошто се јавува? Дали е тоа последица од мултисистемска дисфункција која влијае на елиминација на тешките метали и можноста за регулирање на нервната температура? North American Journal of Medical Sciences, 2009 Изложување на тимеросал, улогата на хемијата на сулфурот и достапноста на тиолот кај аутизмот. International Journal of Environmental Health and Public Studies, 2013 Б-лимфоцити од популација на деца со нарушувања на спектарот на аутизам и сензитивноста на нивните браќа/сестри на тимеросал. Journal of Toxicology, 2013 Теоретски аспекти на аутизмот: Причини – преглед. Journal of Immunotoxicology, 2011 Транскриптомска анализа на невротоксични ефекти во мозокот на глувчето по неонатална администрација на тимеросал. Toxicological Sciences,2014 Алуминиум во мозочно ткиво при аутизам. Science Direct, 2018 Позитивна асоцијација се пронајде помеѓу преваленцата на аутизмот и вакцинацијата во детството кај американската популација. Journal of Toxicology and environmental health Part A, 2011 Коментар – Контроверзии околу живата кај вакцините: Негирање на аутизамот како пречка за универзална имунизација. Indian Journal of Medical Ethics, 2014 Методолошки проблеми и докази за злоупотреба при истражувањата кои претпоставуваат дека тимеросалот во вакцините е безбеден. BioMed Research International, 2014 Абнормални антитела на морбили-заушки-рубеола и автоимунитет на ЦНС кај деца со аутизам. Journal of biomedical science, 2002 Вакцинација против хепатитис Б кај машки новороденчиња и дијагностицирање на аутизам, NHIS 1997-2002. Journal of Toxicology and Environmental Health, 2010 Сличности во карактеристиките на аутизамот и астмата и можна врска со употреба на ацетаминофен. Medical Hypothesis, 2010 Употреба на ацетаминофен (парацетамол), вакцинирање со морбили-заушки-рубеола и нарушување на аутизам: резултати од анкета на родители. Autism, 2008 Серија на случаи на деца со очигледна енцефалопатија предизвикана од токсичниот ефект на живата, што се манифестира со клинички симптоми на регресивни аутистични нарушувања. Journal of Toxicology and Environmental Health, 2007 Сеопфатен преглед на аутизам предизвикан од жива. Indian Journal of Medical Research, 2008 Теоретски аспекти на аутизмот: причини – преглед. Journal of Immunotoxicology, 2011 Аутизам: нова форма на труење со жива. Medical Hypothesis, 2001 Проспективна студија за администрација на имуно глобулин Rho кој содржи тимеросал, како фактор на ризик за аутистични нарушувања. The Journal of Maternal-Fetal and Neonatal Medicine, 2007 Хипотеза: конјугираните вакцини може да предиспонира нарушувања на спектарот на аутизам, кај децата. Medical Hypothesis, 2011 Потенцијалната важност на стероидите во третманот на нарушувања на аутистичен спектар и други нарушувања кои вклучуваат токсичност на жива. Medical Hypothesis, 2005 Намалено ниво на жива во косата кај деца со аутизам. International Journal Of Toxicology, 2003 Култивираните лимфоцити од деца со аутизам и не-аутистични браќа и сестри го регулираат топлотниот удар на РНК протеинот, како одговор на предизвик со тимеросал. Neurotoxicology, 2006 Односот помеѓу реакцијата и дозата на жива преку изложеност од вакцини што содржат тимеросал и невроразвојни нарушувања. International Journal Of Environmental Research and Public Health, 2014 Дали администрирањето на вакцини кои содржат алуминиум придонесуваат за зголемување на стапката на аутизмот? Journal of inorganic biochemistry, 2011 Невролошки несакани ефекти поврзани со вакцинацијата. Current Opinion in Neurology, 2012 Можен централен механизам во нарушувања на спектарот на аутизмот, дел 1. Alternative Therapies in Health and Medicine, 2008 Влијание на факторите на животната средина врз преваленцата на аутистично нарушување по 1979 година. Journal of Public Health and Epidemiology
Да, јас се базирам на реални приказни, нечии судбини и затоа не две него четири очи ке отварам пред било каква одлука што се однесува на моето дете. Како што ти кажав таква ми е работата и имам прилика секојдневно да гледам разични случаеви и тоа што викаш многу луѓе возрасни не се дијагностицирани не се слагам, очигледно немаш видено аутистичен човек. Ти слободно потпирај се на науката и доказите од разни научници за кои биди сигурна дека не ја ставаат истата вакцина што ти му ја ставаш на твоето дете. И знаеме дека аутизмот е стар но сега на 20 деца 4 се со некаков спектар ако нешто ти значи, а тоа многу кажува.
Што менува кога се тргаат од екран? Имаат напредок но минимален далеку од нормалното и дали еден ден ќе успеат во целост да се опорават не верувам... Причината за аутизмот не се знае но при тестирање на децата со аутизмот пронајдени се тешки метали што ги поврзуваат со крајно загадениот воздух,храна итн....
Нц, те рипнав затоа што упорно продолжуваш да презентираш наратив во убедлив формат, сакам да кажам, приказни со негативни искуства на родители, затоа што ти многу убаво знаеш на што паѓа родител кој се двоуми. Доказ за истото е сложена формула, другово, позната фора, лични перцепции и пецање на емоции. И секако твојата пар екселанс бла бла нарација, на која едноставно не можам да одолеам. А што друго очекуваш за лажните и за оние научните студии што ги објавуваш, а се резузлтат на деконтекстуализација на медицински извори. Аплауз и овации? Јеа, погрешни перцепции за вакцините, али нема никакви научни докази. Има само непрепознавање реалност од мит. Потпис: конгресот во Женева, Бигтри, you name it. Самиот се етикетираше со ова, па ти види сега колку веродостојни и логично издржани информации споделуваш. Преку милион пати побиени, вклучително последниве. И секако, ете си ти со уште еден обид за адјувантите. Како не ти здосади? Не постојат докази за тврдењето. Debunked! Мое право е дали ќе ти реплицирам или ќе те игнорирам. Истото го имаш и ти.
Наративот е одличен и издржан. Сведоштвата на родители камо среќа да беа приказни. Имаше постови кои ги прескокна, со конкретни линкови и студии. Ама те разбирам. Одбери лажна студија. За слеп при очи митови се се она што излегува од стереотипот. Ама медаљата има и друга страна. А тоа ич не е мит. Веројатно ако не ме спомнеше во потценувачки контекст, немаше да реплицирам. Еве добро, ќе гласам за Вело Марковски да стане претседател, за да ти завршиш факултет. Ок ? Можеби вака ќе ти се допадне. Добро. Се предавам. Вакцините не предизвикуваат аутизам! Аутизмот е бихевиорална дијагноза. За да се добие дијагноза на „аутизам“ детето мора да покаже одреден број на однесувања во одредена временска рамка. Ако тој или таа не го сторат тоа, дијагнозата на „аутизам“ не е оправдана. Нема тест на крвта за „аутизам“. „Аутизмот“ не може да се потврди или „отфрли“ преку лабораториски анализи. Тоа е строго дијагноза во однесувањето. Затоа, она што предизвикува физиолошко оштетување не може директно да „предизвика“ аутизам. Ерго… вакцините не можат да „предизвикаат“ „аутизам“. Вакцините предизвикуваат други работи. Вакцините предизвикуваат енцефалит. Вакцините предизвикуваат напади. Вакцините предизвикуваат проблеми во имунолошкиот систем. Вакцините предизвикуваат гастроинтестинални проблеми. Енцефалитот предизвикува промени во расположението. Енцефалитот предизвикува екстремна болка. Енцефалитот предизвикува невнимание и импулсивност. Енцефалит предизвикува агресија. Енцефалитот предизвикува проблеми со рамнотежата и тешкоти при поврзување со околината. Нападите предизвикуваат промени во расположението. Нападите предизвикуваат невнимание и импулсивност. Нападите предизвикуваат промени во свеста. Дефицитот на имунолошкиот систем предизвикува децата да имаат почести бактериски инфекции, како што се инфекции на ушите, горно респираторни инфекции (URIs), синуситис и стрептокок. Дефицитот на имунолошкиот систем предизвикува децата да имаат почести вирусни инфекции, како што се стоматитис, „треска со непознато потекло“, „вирусни осипи“, уртрикарија, конјуктивитис и гастроинтестинални вируси кои предизвикуваат повраќање и дијареа. Недостатоците на имунолошкиот систем предизвикуваат децата да бидат поранливи на „сè што се случува“ и потешко ги надминуваат работите, за разлика од нивните врсници. Гастроинтестиналното оштетување од вакцините предизвикува дијареа. Гастроинтестиналното оштетување од вакцините предизвикува гадење, рефлукс, повраќање и неодамна откриената „болест“ позната како ГЕРБ (гастро-езофагеална рефлуксна болест). Гастроинтестиналното оштетување од вакцините предизвикува зголемена ранливост кон вируси и бактерии, што доведува до зголемување на администрацијата на антибиотици, што доведува до прекумерен раст на патогениоте габи. Патогениото растење на габите доведува до интестинална хиперперибилност („Синдром на пропустлив стомак“). Патогеното растење на квасните габи доведува до запек. Патогеното растење на квасните габи доведува до алергии на храна. Патогеното растење на квасните габи доведува до ерупции на кожата, „пијано, глупаво однесување“, невнимание и импулсивност, желба за леб, шеќер, сладолед, млеко и јаглени хидрати. Технички, вакцините не предизвикуваат аутизам, бидејќи технички не постои такво нешто како аутизам. Вакцините ги предизвикуваат основните физички состојби кои резултираат со болка, невролошко оштетување, нарушувања на имунолошкиот систем, гастроинтестинални оштетувања и прекумерен раст на квасецот – кои се комбинираат за да се создадат симптоми на однесување кои резултираат со дијагноза „аутизам“. Гастроинтестиналното оштетување е најочигледниот резултат на оштетувањето од вакцината. Кога претходно здраво дете одеднаш почнува да има повеќе епизоди на водена и екстремно смрдлива дијареа секој ден, а тоа се случува кратко по вакцинирањето, тоа е забележливо како „повреда од вакцина“. Она што не е толку очигледно е дека кога цревата на детето се трајно оштетени, тој или таа повеќе не е во можност да ги апсорбира хранливите материи потребни за производство на невротрансмитерите потребни за правилна функција на мозокот. Значи, кога детето развива промени во расположението, тешкотии при спиење и при учење неколку месеци подоцна, овие проблеми не се признаваат како повреда од вакцина, бидејќи првичната штета се случила неколку месеци порано. Ова е причината зошто д-р Ендру Вејкфилд е таква закана за фармацевтската индустрија. Д-р Вејкфилд НИКОГАШ не рече дека вакцините предизвикуваат аутизам. Д-р Вејкфилд е гастроентеролог. Тој видел голем број на деца со гастроинтестинални проблеми, кои, исто така, се дијагностицирани со аутизам. Д-р Вејкфилд ги објави своите забелешки. Тој никогаш не тврдел дека ММР „предизвикува“ аутизам. Тој само пријавил дека голем број од децата што ги видел имале и гастроинтестинални проблеми и аутизам, а според родителските извештаи, овие проблеми се развиле за кратко време кога децата ја примиле МПР вакцината. Повторно… зошто д-р Вејкфилд е таква закана за фармацевтската индустрија? Помош: Не затоа што вакцините предизвикуваат аутизам – тие не предизвикуваат! Вакцините предизвикуваат гастроинтестинално оштетување. Гастроинтестиналните оштетувања предизвикуваат малапсорпција на хранливи материи потребни за правилна функција на мозокот. Малапсорпцијата на есенцијални хранливи материи предизвикува нарушувања на имунолошкиот систем, напади, енцефалопатија и сл. И тоа е она што води до крајната дијагноза на „аутизам“. Ако набљудувањата на д-р Вејкфилд се точни, НЕКОЈ, НЕКОГАШ, ќе ја повлече врската помеѓу вакцините и домино-ефектот што води до дијагноза „аутизам“. Од гледна точка на фармацевтската индустрија, сега е подобро да се „извади од корен“, што значи дискредитирање на д-р Вејкфилд до степен до кој никој нема да погледне понатаму во науката. Дали ова функционираше? Не за мене. И не за повеќето од многу интелигентните родители што ги знам. Само времето ќе покаже дали има доволно од нас да направиме разлика.
Ти почна целосно да се губиш. Која дискусија очекуваш да ја води некој со тебе со ваков стил на изразување? Каков потценувачки контекст, што измислуваш? Апсолутно се што напишав е точно и научно издржано, за разлика од твоите објави. Ама тебе не те дели клик од реалноста, туку многу повеќе. What the actual fuck¿ Ти гласај слободно за Вело или за кого и да сакаш, ама тоа нема никаква врска со мојот факултет. Него, нели за издржани и логични информации пишуваше? Хм! Среди си ја аргументацијата и ич да не цитираш со ваква реторика, пошо искрено, јас се срамам од ова што го читам кај тебе. Страшно! Ау, нов наратив! Прво беше ммр, сега чекај не е ммр, Вејкфилд друго сакаше да каже. Make it make sense! Вејкфилд е побиен! 12 деца со фалсификувани лабораториски податоци и финални резултати. Толку на темата!
Токму и натаму требаше да оди дискусијата. На ниту една моја објава не се обиде да искажеш што не е точно и научно издржано. Плуканици и дисквалификации на ниво на личност, наместо дискусија. Ти го спомна Бигти, Плоткин... Јас не. А Вејкфилд не е побиен. Вејкфилд е намерно дискредитиран. Или да се повторам, Од гледна точка на фармацевтската индустрија, сега е подобро да се „извади од корен“, што значи дискредитирање на д-р Вејкфилд до степен до кој никој нема да погледне понатаму во науката. И те молам не ме споменувај низ постовите осем ако имаш нешто да кажеш во директен контекст на темата. Односно, на некој мој пост.
Производителот за вакцината конкретно на мрп е Мерк Холандија што е една меѓу подобрите компании и солидни и квалитетни производи на пазарот. 1 вијалa со прашок + 1 вијала со вехикулум х 0,5 ml/кутија Состав 0,5 ml суспензија по реконституција (1 доза) содржи: жив, атенуиран вирус на морбили (Enders' Edmonston сој) . . . не помалку од 1 х 103 CCID 50 жив, атенуиран вирус на заушки (Jeryl Lynn (ниво Б) сој) . . . не помалку од 12,5 х 103 CCID 50 жив, атенуиран вирус на рубеола (Wistar RA 27/3 сој) . . . 1 х 103 CCID 50 1 наполнет инјекциски шприц содржи: вода за инјекции . . . 0,5 ml Еве ти што содржи вакцината. Нема ни најмал процент на жива. Докажано е дека живата како метал претставува проблем кај децата со аутизам но за тоа не се виновни вакцините туку самите луѓе што внесуваат жива и други тешки метали. Верувам дека ти на децата им даваш морска храна и јадат риба особено туна како риба што има највеќе жива во нејзе. И да не се вакцините тригер за проблеми со имунитет,автоимуни заболувања, синдроми итн. Кога во светот ќе се оправи почвата, а тоа никогаш нема да се случи тогаш ќе има и здрави први луѓе. Размисли денеска колку штетен воздух вдишале твоите деца па после збори за вакцините.
Дали ти сериозно очекуваш, да бидеш сериозно разбран со такви мислења како за гастроентерологот погоре? Лол! Прочитај уште еднаш што напиша. Студија со 12 деца, во неконтролирани услови и без невакцинирани, а аутистични деца како контролна група. Има докази дека студијата има неточни податоци, кои ти упорно ги негираш, оти цела една наука те афектира колку цела една нула. Никој никого не дискфалификува, светот не се договорил да лаже. Ти не? Никако ти никого од нив се спомнал, онака јас си ги измислив, оти тоа така јас у слободно време. Дај жити се, не ме терај да ти ги најдам сите тие небулози по темава. Многу добро знам што имаш пишувано. Ако ти не се сеќаваш, скролај назад. Аргументирано ти е реплицирано и точно кажано каде и зошто грешиш. Мал милион пати. А твојата нарација, уел, веќе знам и што ќе ми одговориш уште пред да напишеш. Ич не ме моли, не ми се драги преписките со тебе, ама никако. Само не сакам да дојде до заблуда кај родители поради небулозите што ги пишуваш, а кои апсолутно треба да си ги вакцинираат децата, освен ако за тоа постојат сериозни медицински индикации. За кои кажува доктор, не ти, не јас, не родителите! Има разлика меѓу метил и етил жива, тимеросал. ААП инсистираа на елиминација, иако нема ниту еден валиден и конкретен доказ за тврдењата. И тоа му е едно 7165526662 објаснето, минимум од мене, ама не вреди. И тоа пази, во некои видови риба има метилжива.
Да, затоа изби пертусис. Зошто само 60% имаат ревакцина на 18м, уште помалку ревакцина на 7г. Сега најмногу болни дечиња има од 10 до 19г
Јас па друго се прашувам, зошто прекинале со вакцинацијата, што ги натерало? Мора да има некоја прилина што така одеднаш прекинале. Да биле против вакцините верувам не би започнале ни со една доза.