Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    738 глас(а)
    76,0%
  2. Против

    233 глас(а)
    24,0%
  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.155
    Ќерката е второто дете?
    Сама си го имаш дадено одговорот погоре.
    Превенарот штити од сериозни компликации од стрептококни инфекции, во 5/6 валентна имаш вакцина за компликации од Hemofilus. Ете ти го одговорот зошто се проаѓа лесно детето.

    Јас имам фатено Хемофилус во нос од син ми, не можам да го исчистам 3г. Те во грло ми се спушта, те во нос. Те локален антибиотик, те апчиња. Он никогаш немал никаква компликација, на брис еднаш е појавена, па ја нема без никаква терапија. Од сите стрептококи, само А има фатено, за таа нема вакцина. Прочитај стрептокока pneumonaie какви компликации прави. Еве 4 ипол години има, оди во градинка без прекини од јасли, никогаш ја нема фатено иако ја имале во група.
     
    На mal.ecka и Чанта им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.155
    Децата кои сега се на возраст од 5,6г биле 18м во период на ковид затворањето. Не вакцинирале тогаш, реално еетко кој вакцинираше. Јас имав бебе на 4м кога се затвори се ради ковид, знам како беше вакцинирањето тогаш
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Бидејќи баш моето е на возраст за Мрп, по сите разговори, баш ради муабети од околината Мрп не е безбедна,Мрп не се дава кај дете кое не е проодено, Мрп е ваква или таква, не ја ставиле воопшто.
    А за Дтп и Превенар зошто не биле, не знам,ама пак и дека 15+ деца имале проблеми претходно, не верувам. Зошто сега истите тие истрчаа во 1 недела да ставаат пропуштени вакцини.
     
  4. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    1.643
    Пол:
    Женски
    Не те разбрав баш најдобро, ако мислиш дека со чести разболувања кои завршиваат со антибиотици се буста имунитет, многу грешиш. Само се ослабнува така имунитетот.
     
  5. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    538
    Пол:
    Женски
    Да ќерка ми е второто дете. Инаку сакав само да му дадам чист пример на јаре дека вакцините заштитуваат. И дека можеби ете некој има причини да ги одложи но не и да не ги стави. Тоа ми беше поентата. Поминав низ пекол со син ми и не очекувам некој да ме подржи во тоа што го одлучив но барем нека ме сфати зошто чекав до сега.Сега здравје од на пролет ќе почнеме со вакцини само да е скроз здрава.

    Инаку и син ми освем стрептокок А ниедна друга група нема фатено итоа нема ни симптоми со оваа.
     
    На mal.ecka и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  6. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    538
    Пол:
    Женски
    Да знам, само напоменав дека за гнојна ангина нема друго чаре освем антибитоик.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.692
    Пол:
    Женски
    Јас ја разбирам загриженоста на родителите кога станува збор за вакцини. Се што се внесува во телото на децата и треба да биде со доза сомнеж. Наивно е размислувањето дека вакцините се 100% безбедни и нема да има некоја сериозна несакана реакција. И секој лек во различен организам може да има страшни последици или реакции. Тоа што не се случило на некого од вас, не значи дека нема да се случи на друг. Да бидеме искрени и реални, сите сме со доза на анксиозност кога ги носиме децата на вакцинација, особено што на толку мали бебиња им се наметнати неколку вакцини од различно потекло одеднаш. Затоа би рекла, имајте разбирање према некои родители кои имаат страв. Можеби неоправдан научно, но сепак е страв. Не се работи за неписменост, неоукост, туку искрено човечко чувство на несигурност од причини за нив разбирливи. Ова го пишува личност која примерно го следи вакциналниот календар и сепак при секоја вакцина има одредена доза на сомнеж.

    Но, големо но, би сакала да ги прашам родителите кои не сакаат и одбиваат да ги вакцинираат своите деца, што доколку вашето дете се зарази со лесно превенирачка болест и биде хоспитализирано со запрашувачка судбина? Каде ќе ја барате и во кого вината, за вашата себична одлука. Затоа што вакцинацијата не е ,,лек" само за вашето дете, туку и целокупното човештво и општество. Болеста не бира, бактериите и вирусите си бараат домаќини за да ја продолжат својата првична цел. Уште помалку ве прашува за вашиот став.

    Истата медицина во која верувате и ги носите децата на преглед, давате лекови, ги произведува вакцините. Тогаш зошто верувате на педијатар кога ќе ви препише антибиотик или кортикостероид, а не на инфектолог, имунолог, чија една од специјализациите се токму вакцините.

    Замислете што би се случило доколку сите почнеме да се водиме според туѓиот избор за невакцинирање. Не ве плаши фактот дека искоренети болести со фатален исход може да чукнат токму на вашата порта? Тоа за мене е еден вид на себичност. Вашето дете го штитите преку колективен имунитет. Значи благодарение на тоа што трезвено некои луѓе размислуваат наспроти својот страв, вие сте безбедни. Кога живееш во општество и државно уредување, треба да се прилагодиш на неговите барања.

    Значи во ред е вашата себичност према имунокомпромитирани лица каде е контраиндицирана апликација на вакцини, ама не е во ред кога ќе ви забранат да си ги носите децата во градинка, каде можеби токму такво дете посетува настава. Немате грижа на совест доколку тоа дете заболи од болест која вашето дете ќе му ја пренесе? Или вашето е најбитно, секој за себе нека си гледа. Да, треба секој да си гледа за себе, но во некое поле, далеку од цивилизација. Додека во една држава и урбанизирано место ќе мора да си го прилагодите стравот на барањата на таа држава.

    Затоа помалку верба на родители чии приказни не се научно потврдени, како на пример предизвикување на аутизам од вакцини, повеќе верба на децениска и традиционална превентива на болестите.
     
    На bertold, Cosmic Girl, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Мрп е безбедна вакцина. Дали ќе ја ставиш на 1 година или на 5 години ако би имало последици ќе има секако. Тоа што е ставено на најмалку 1 година да се прима е ради имунитетот. Удрена е проценка на која возраст е соодветно да се стави кога на детето би му бил спремен имунитетот за истата. Иначе да избие епидемија тогаш се прима и на 9 месеци најрано, но сепак за редовност ставиле уште 3 месеци дополнителни. Не можеш да престанеш да збориш од вакцина или да одиш итн. Повеќе родителите ги отупавуваат децата со константно држење во раце, пазење, тресење врз детето несвесно дека прави контра ефект и зависно да е од родителот. Не давање бебе на никого освен дома во стерилно ѕвоно и после пуштање во градинка кај непознати и правење стресови и шокови на психата. Па после следи дали детето е со аутизам па им се наоѓаат замерки зошто се замислуваат зошто не се вртат кога ќе ги викне некој, а се замислени или инат си тераат итн да не должам. Еве во комшии детето не прооде до 2 години зошто не ја пуштаа доле цело време во раце ни во количка да не се вози. 3 годишно дете треба надвор да трча да се дружи, а не да се стави во количка и да го возиме зошто нас не мрза да трчаме и кафе да пиеме. Не не е до вакцините до луѓето е зошто си мислам дека ако не ги вакцинираат на време одложат за покасно дека полесно ќе поминат итн повеќе траума е за него.

    Ние ја имавме пнеумоние среќа 2 дена со темп ја помина ништо не спушти на плуќа, додека другарчето негово немаше примено последна доза до ден денес сега спушта на плуќа и одма се во козле со што таму добива плус бактерија и детето наредни 2 месеци не смее да се разболи.


    Ако насвистина нема причина за да се одложи а настане епидемија и да треба да се хоспитализираат вакцинирани и невакцинирани, а нема место приоритет ќе имаат вакцинираните. Исто како и сега за вакцинацијава со дтп што е тие со редовни предност имаат,а тие со намерно пропуштени ќе чекаат.
     
    На Yowannty, ArabellaStarfall и Miss_S им се допаѓа ова.
  9. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    538
    Пол:
    Женски
    Те молам не лупетај мн и не кажувај кој зошто мисли дека детето му има аутизам. Верувај ми аутизам не е детето ако не ти се сврти или да се инаети, и не се добива од држење за рака таква состојба или од не праќање во градинка. Аман. Моето дете нема аутизам, први зборови ,емитирања, заодоување и се што го прават здравите деца почна да го прави околу годината. Баш отсуството, погледот со очи, играње на еднолична игра му беа симотомите кои јас ги забележав а ради другото горенаведено мене ме правеа сите будала и ми викаа дека детето нема никаков проблем. Моето дете нити е држено во стаклено звоно, нити е лишено од детска игра нити па е седено пред екрани. Поглед со очи, насмевнување,допири и враќање на емоција имаше како сите бебиња до пред дадени три вакцини и компликација со рота. Сакаш верувај сакаш не твој проблем. Секако ова е многу редок случај,најчесто не се очекува несакана реакција. Истово ми беше кажано и пред вакцините во диспанзер ама ете да речиме јас бев “среќниот” добитник еден на милион.

    едит: толку од мене на темава.
     
    Последна измена: 25 февруари 2024
  10. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Затоа и пишував на француски, да не ме разберат германците. 8)
    Напишано е одлично на наш македонски јазик, дури и упростено за секој може да разбере, дури еве и за тебе. Иако и ти верувам дека одлично разбираш ама за ракоплескачката публика подобро е да напишеш душебрижнички дека нема да бидам сериозно разбран.

    Од ист порив пишувам и јас. Вакцините да, имаат две страни. Постои докажан ризик. Постои неучинковитост, постојат поврзаности со одредени состојби (студиите кои не ги коментираш) Каде има ризик мора да има и право на избор, дури и ако тоа бара борба во системот.
    А да, има доктори и доктори. Едни кои задоено и слепо веруваат во наративот сервиран од зависната наука, и оние другите кои за среќа имав можност да ги запознаам. Една од нив беше и педијатарката на моите деца.

    Нема да веруваш ама родителите кои не ги вакцинираат децата воопшто не се плашат за здравјето по прашањето на детските болести. За да го видиш тоа, мораш да тргнеш по патот на вакцинално освестените родители. Друг начин нема.
    За разлика од оние кои вакцинираат, не спијат ноќе пред да однесат дете на вакцина. Стравот се наметнува со „епидемиите“, ама не кај тие што не вакцинираат. Напротив.

    Ништо. Третманот на децата е ист, и ако е вакцинирано и ако не е. Не постои доказ дека вакцинираното дете нема да заболи, или дека полесно ќе помине.
    Одлуката не е себична поради фактот дека колективниот имунитет не постои. Ова е образложено последен пат во последниве 10 страни на темата.


    Секоја медицинска интервенција, согласно Закон за заштита на правата на пациентите може да се одбие.
    Истата медицина ги правеше и Ковид вакцините, па (за среќа) мнозинството ги одби.
    Единствен придонес за ковид вакцините е што многу луѓе отворија очи и за нив и за „стандардните“ вакцини. Оти нели, тие се производителите.

    Согласно популацијата на Амиши, ништо.

    Изгледа од скоро ја пратиш темава. Вакцинирано дете може да е асимптоматски носител на болест. Невакцинирано - не. Кога невакцинирано дете има симптоми се лекува и се трга од контакт со други деца.
    Вакцинираното нема симптоми. И ја шири болеста.
    Грижа на совест кој треба да има ?

    Да не си им во кожа на родителите со дете во рака кое има последица од вакцина. Недајбоже да имаш таква приказна. Тие или не се „научно“ потврдени или се дискредитирани. Од зависната наука.
     
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Тоа си ти и таквите како тебе се ретки. Свесна си ти какви родители има? Очигледни не си била доволно во контакт со такви луѓе. Ако вакцината го предизвика аутизмот или некоја таква сосојба тогаш исто и вирусот може да предизвика само тогаш ќе имаш дополнителен проблем. Вакцините не се направени толку нападни колку вистинските вируси и бактерии да го уништат организмот на брз начин.

    Ти викаш по 3 дози примени рота, ако имало компликација и такви работи да прави дете би имало и по првата вакцина не по 3тата. Аутизмот е состојба не е болест што е вродена и не може некој што ја нема магично по вакцина да ја има.
     
  12. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    538
    Пол:
    Женски
    Не ме разбра точно,можеби не си ме прочитала по горе. Со ротата доби и петтовалентна и преневар сите во еден ден.Една на едната нога друга на другата и една во уста.Плус беше со растечено носе ама ми рекоја нема врска ако нема температура. И од првата доза на рота доби компликации па после неа не му ставија ни една ревскцина така одлучија. Можеби да не ги примаше сите немаше да дојде до тоа. Стварно незнам што да кажам…..
     
  13. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.317
    Пол:
    Женски
    Моите две деца сите вакцини така комбинирано ги примија, исто и ммр му ја комбинираа со превенар на едното дете. За првото дете правев крвни слики, за второто не.
     
  14. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    538
    Пол:
    Женски
    Да знам и други така што примија без никакви последици.
     
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Повеќе мислам е дека што ги ставиле сите 3 наеднаш. Јас пред да боцкам читав тука баш дека пишуваа дека можеш да кажеш ако не сакаш 3 да прими наеднаш. И бев спремна да се карам ама еве кај нас ни во Букурешт ни во ѓорче не му ставија никогаш 3. Не знам зошто кај некои 3 ставаат стварно не ги разБирам
     
    На Чанта му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    538
    Пол:
    Женски
    Кој знае… јас не бев мн активна по форуми искрено, и како што ќе ми кажеа на лекар така правев. Дури мислам дека тука во Охрид на сите така редат не прашуваат ништо само ти кажуваат какви несакани последици би можело да има и кога треба да побараш помош на детско но дека тоа скоро и да се нема случено барем не тука. Ама ете.
     
  17. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.372
    Допаѓања:
    11.993
    Пол:
    Женски
    Најјако е што доктори си ги вакцинираат своите деца, оти сакаат аутизам да им добијат(facepalm) Штета што не ја слушат Славица или Јаре или сите научници од форумиве па си ги ставаат сопствените деца во ризик. Мн неписмени, зошто учеле цел живот кога има еден тон учени по форуми(facepalm)
     
    На Yowannty, Skyler81, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    538
    Пол:
    Женски
    Психолог-невролог кој го следи развојот на моето дете а притоа работи во мн ценета болница ми кажа дека на пример мрп ја ставила во точно време како календар но петтовалентна/шестовалентна ги почнала нешто пред да наполни две години нејзиното дете. Ми рече не се слагам ниту јас ниту дел од мои колеги дека толку мн вакцини треба да де ставаат на две месечни бебиња. Ова е нејзино размислување ако ме лажи -лажам и јас тука.
     
  19. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.372
    Допаѓања:
    11.993
    Пол:
    Женски
    @Чанта ок е тоа, но ги ставила, значи таа сепак го знае бенефитот од вакцините. А за тоа кога треба, како треба сепак не сум стручна да кажувам. Има луѓе кои работат на тој вакцинален календар
     
    На Чанта му/ѝ се допаѓа ова.
  20. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Тебе досадно ти е а ? :D

    Уште појако е што многу доктори не си ги вакцинираат децата. Не слушаат ни Славици ни Марици па ни мене. Јас ги слушам нив.

    Едносмерните фоловери од педијатри (не сите секако) вакцинираат.
    Ене едно мало креле тукушто запослено во диспанзер, одмено кажа дека ДиТеПер имало 100% заштита.
    Таквите да, сигурен сум дека вакцинираат. Не знаат и не смеат да размислуваат туку слепо да слушаат. И да, најлесно е да си конформист. Потешко се живее вон стадото.
     
    На DonaOK и deniz333 им се допаѓа ова.