Дали знаете, дсли детското оделение во воена болница...даваат вакцини? И дали ми треба некаков си упат од матичен лекар за вакцина или било што друго?
Не ставаат таму вакцини, таму има двајца доктори кои работат како педијатри. За вакцина не ти е потребен упат, одлучуваш каде ќе вакцинираш и таму ти отвараат картон за вакцинација.
Јас ветив елаборирање на тема Вакцини и еве ме, одговорно тврдам НЕ. Јас дете не вакцинирам. Сите знаеме како се добиваат деца на денешницава, речиси и да нема трудница без компликации, дете без компликации, 9 месеци се тресат мајките, па и од раѓање му се тресеш нешто да не погрешиш, зошто, за да им дадам на докторите да ми го убијат со мајмунски вируси, клетки од мртви фетуси од кокошки, кои патем се убиени бог знае како, со жива и тешки метали... Епа нече мочи. Ќе потпишувам и изјави, ќе плаќам и казни и што треба ќе направам само да го заштитам детето од канџите на пропаста. Лично многу сум заседната од реакциите од вакцините, мојата најголема радост си пати од овие мали боцки полни зло. Убаво го памтам тој ден кога ја однесоа на вакцина, детето потона, како да стана друго дете, тажно и болно, престана да комуницира и наеднаш престана да ги употребува дури и тие неколку зборчиња кои ги знаеше. Сега не збори, не комуницира, состојбата се подобрува, но боли душичката кога знаеш дека нејзини врсничиња знаат цели песни, во градинка е одбиена, не ја примаат заради оваа состојба, дури и кога е таму ја одвојуваат од другарчињата, глупави воспитувачки, ако тоа ги учеле на факултет алал да им е. Не знам колку од вас знаат за новите мерки кои се спремаат, затворски казни за родителите, читај мајката, одзимање на право на родителство, старателство... Добро кој им е ѓаволот? Што сакаат да постигнат? Да го намалат наталитетот, да го зголемат морталитетот? Добро ете за наталитетот нека ни ги извадат на сите нас женски суштества матките, па нема да раѓаме, ќе ги спасиме од сите тие мали суштества кои ги носиме на свет со радост за на крај да плачеме над нивната судбина, да се чудиме што не снашло, од Бога ли е дадено, од што ли е. Не, не е од Бога, некој упорно си игра локален гробар во општеството. Епа нече мочи, втор пат. Ако толку сакаат да ја направат вакцинацијава како што треба, што не превземат одговорност и самите доктори, ете они се сигурни дека аутизмот не се појавува како реакција на ММР вакцината, нека потпише и нека каже, оваа вакцина е безбедна, па кога детето ќе ми оболи да го удрам него по главата празна, да видиме дали така ќе боли помалку или повеќе. Да се разбереме, јас сакам да имам многу деца, 3, 5... колку ќе даде Бог, ама ниедно нема да го вакцинирам, ќе ги раѓам затоа што јас сакам така, и ќе ги заштитам со живот ако треба за да не дозволам некои си таканаречени доктори да си изиграваат гробари над нивните живот. Потпис, една многу лута тетка
Јас ова неодамна го гледав на една емисија и си викам не е можно! И самат патам од една вакцина мислам и дека пишував на темава, од така наречена вакцина имам страшна модринка на раката што знаејќи што истече од вакцинираното место чисто се плашам зошто уште не ми е повлечено,а да одам на лекар ни на крај не ми паѓа бидејќи последен пат кога бев господинот единствено што ми рече е незнам што е,но помини одкај сестрата на излегување,а дотичнава пак ме праша имаш ситно 50 денари?!? И сега јас кому да се жалам кај да барам правда за ракава моја И тоа моево е само страшна модринка(или барем моментално е тоа) но што со оние деца на кои многу посериозни последици им има оставено Затоа и јас те поддржувам Арх,барем морално оти реално за жал во оваа пропадната држава ништо неможе да се направи
Zdravo, Se potrudiv da gi procitam poveketo mislenja no, nekako ne naletav na resavanje na problemot narecen "sto potoa" odnosno, kako ovie decinja (mislam na onie sto ne primile zadolzitelna vakcina) se zapisuvaat vo gradinka/uciliste. Nekoj spomena i deka postojat grupi na FB koi se borat so ovoj problem. Moze da dobijam link?
Јас долго се мислев дали да ја вакцинирам или не дури мислев да нарачам вакцина од Грција но сепак се одлучив и ја вакцинирав тука кај нас затоа што ми кажаа дека никој не се нафаќа да ја боцне таа вакцина.
Баш сакав да ја гледам емисијата КОД за вакцините, претходно ја видов најавата, ама за жал емисијата ја фатив само на крајот. Очекувам најскоро да ја стават на YouTube. Ама според најавата во која беше фармацевтката која учествуваше и во емисијата Тунел, можам да претпоставам какви аргументи користеле. Уште во самата најава за емисијата госпоѓата кажа една небулоза, дека тимеросалот во вакцините се користел од 1991, што воопшто не е точно. Во вакцините се користи уште од самите почетоци во 1930 години. А од почетокот на 90тите во Европа и кон крајот на 90тите во САД, почнува да се исфрла од употреба. Со тоа и пропаѓа аргументот дека вакцините се виновни за зголемувањето на некои болести, за кои и се знае дека не се поврзани со вакцините. @lans Недовербата во компаниите, заедно со уште други „наивни“ коментари може да си ја дозволиш како конечна причина и аргумент за невакцинирање заради тоа што популацијата е вакцинирана и сметаш дека е непотребно затоа што така ти изгледа ситуацијата навидум. Во спротивно, ако го знаеше ризикот од една магарешка кашлица или кое било друго заболување кое се превенира со вакцините, немаше да можеш да си го дозволиш тој „луксуз“ и така лесно да ги отфрлиш децениите научен развиток и истражувања во ова поле, и тоа не само од компаниите, туку и од јавните тела кои на терен ги имаат податоците од реалната ситуација, не само од експериментални и контролирани услови. Јас разбирам дека стравот е голем, и дека има место за недоверба, ама треба да сфатиш дека тој простор за недоверба е возможен заради успехот на самите вакцини во спречување на епидемии и создавање на простор за индивидуално ескивирање без навидум големи ризици. Јас ова не го пишувам за да ти го променам мислењето, туку за да ти дадам друга перспектива во размислувањето и зошто можеш да си дозволиш да ја имаш таа дилема без паника и за да ти дадам една причина зошто вакцината има огромно одобрување како јавноздравствен проект. @Silver.E А за што нема дискусии? Тоа е успех на слободното мислење, токму да има разни мислења. Особено за оваа тема, и на крај и нема некои страшни спротиставености. Баш напротив, најголемиот процент имаат доверба во вакцините или во аргументите кои ги бранат истите. А дискусијата е возможна затоа што самите вакцини се многу успешни во создавањето на безбедна средина без епидемии и во на некој начин нормално е луѓето во таква средина да ја ставаат под знак прашалник потребата од вакцини. Каква ти е оваа логика? @Dream-Girl Воопшто не сте заморчиња, вакцината се дава повеќе од 7 години и само во Америка се дале повеќе од 100 милиони дози. И веќе се гледаат ефекти со огромно намалување на ХПВ инфекциите. Ова е ново истражување од Австралија каде се гледа намалување на ХПВ инфекциите за 77% проценти. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/24417782 Мене ми беше многу жал што јас не можев да ја примам вакцината, ниту пак сама да си ја купам од завод за здравствена заштита. За казната не знам, иако е задолжителна и имало судски процеси за непримање на оваа вакцина сепак не ми се верува дека ќе дојде до плаќање пари, има многу нивоа пред да дојде до тоа. @Silver.E Оф леле какво ти е ова мислење, ова е чиста теорија на заговор на некој параноик, буквално те замислувам со фолија на главата за да не ти ги читаат мислењата. За да биле унаказени жените и предизвикувала рак на матка, па девојче, вакцината се дава токму за да превенира такво нешто. Е па добро штом е пензиониран, и со причина, со зголемувањето на возраста се намалува можноста за прифаќање на нови методи и пристапи и тоа не дава никаков фактор за вакцината. А што се однесува до други доктори, јас пак имам спротивен впечаток, познавам доктори кои први ја прифатија вакцината уште кога се воведуваше кај нас, и тоа гинеколози кои секојдневно гледаат ХПВ инфекции. Во кој свет живееш ти? Па не знам дали знаеш дека повеќе од 80% од жените имаат ХПВ инфекции. Само колку конизации и останати инвазивни терапевтски и дијагностички постапки ќе се избегнат, а да не зборувам за пострашни исходи кои ќе се превенираат благодарение на тоа што ќе се оневозможат редовни ХПВ реинфекции. @srcence1607 Тамифлу не е вакцина, тоа е антивиротик, инаку јас сум лично вакцинирана против грип прв пат годинава. @Mayyya Не сте разбрале добро или тие не се изразиле добро. Тоа е еден лист изнапишан со разни хемикалии кој се шири по интернетов како божем за да се направи страв кај родителите и да се претстави како никој нема да го потпише затоа што се плаши. Никој нормален лекар нема логика да потпише такво нешто не затоа што би се плашел, туку затоа што има наведено разни небулози и лаги во него. Тоа не е нешто официјално, туку направено од вака како нас обични луѓе. @Sunshine88 Никој не треба да потпише формулар, тоа е текст кој се врти по интернетот како демек колку се онеправдани родителите и никој нема да го потпише тоа. Тоа се глупости, ако некој се потпише на тој текст треба да си ја скине дипломата затоа што ќе докаже дека нема основни познавања, исто како тие што го пишувале. @Pigmalion Ако се одлучиш за невакцинирање, ова треба да ти биде најмал проблем. Тоа е чисто бирократски проблем, кој може да забрани на детето да оди на школо, па дури и ако го загрозува здравјето на други деца, сепак најголемиот проблем и ризик е дали и кога детето ќе дојде во контакт со вирус кој кај него ќе предизвика болест. По мене беспотребен ризик. @AngelOfArh Па за да се заштитат децата, затоа се вакцинираат. Како сте ја претставиле ситуацијата како божем ситуацијата да е грозоморна. Па само до пред 50-60 години смртта на децата била нормална, денес е трагедија. До само пред 50 години во Македонија умирале 200 од 1000 деца, и денес тој број е висок во споредба со други земји, ама е 8-11, голема разлика. Кој лудак би ги употребувал вакцините ако беше вистина она што се шири по интернетов, се докажал бенефит, затоа се употребуваат. И овде како контруирате ситуација на беспомошни суштества под ѓонот на системот и тоа се изградено врз лажен аларм за одземање на деца на тие што немало да ги вакцинираат. Реков јас дека нема логика таков закон, тоа само за си прават филмови колку се онеправдани и немоќни. Најмалку е што сакам да разгорувам гнев и да делам совети за лични емотивни приказни затоа што ми е жал и најискрено посакувам да нема такви приказни. Јас прва би сакала да се најде некој надворешен фактор за таквите состојби, или дека вакцините се виновни, тогаш многу едноставно би се избегнале такви примери и состојби, ама за жал или за среќа вакцините одново и одново се докажува дека не се виновни. И ваквите сведочења дека после вакцината се случило нешто големо многу ме заинтригираат, зошто родителите имаат таков впечаток кога вакцината не е виновна. Тоа кај повеќето случаи се објаснува со поклопување на времето. Едноставно во тие месеци кога почнуваат да се примаат вакцините се појавуваат тие симптоми и автоматски се укривува вакцината. Или во повеќето примери ретроспективно се поставува поврзаност и тоа го гледам се почесто. Родители на дете со некоја состојба дознаваат дека вакцините се укривуваат за тоа, лажно се потсеќаат дека и кај нивното дете се појавиле симптоми по вакцинацијата иако можеби тоа се случило по месеци или пак година потоа. Затоа дури ни родителите не може со сигурност да постават таква поврзаност, а не пак тетка. Не дека го негирам вашето сведоштво, туку мислам дека треба да земите во контекст повеќе фактори.
Но нема ни доказ дека не наштетиле на ниту едно дете. И не, не е работата само некој да се дрзне да каже дали тие биле штетни или не, за што служеле...Работата е во тоа какви вакцини примаат нашите деца, да не кажам децата на обичните смртници. Дали кај нас се примаат вакцините така како што треба? И како тоа скапо им било да ги земат петовалентните?? Па ако тие се како што треба секој родител за доброто на своето дете сам ќе си ја плати. Срамота е што наместо да одат напред во медицината тие измислуваат изговори. Заглавени сме во место, ни чекор не можеме напред. Како и да е, секогаш докторите и блиските до нив ќе тврдат дека вакцините се совршени затоа што така им оди во прилог, или пак мораат така да зборат ради својата професија и нашата ни мила држава. И едно не ми е јасно мене, наместо да се превземе нешто било што, за да се докаже дека навистина не се штетни вакцините по здравјето на децата(тоест од една болест штити друга создава), тие ги убедуваат родителите дека нема никакви шанси од вакцина да се појават штетни нус појави. Ок разбирам дека треба да има вакцинација, дека тоа е добра работа, ама само доколку се е како што треба да биде, а не ај ова е најефтино, тоа ќе земеме.... А ваму проповедаат кои играчки биле штетни, дека вода не смеело на бебе да му се дава,.....
Експерт, јас ќе вакцинирам дете, само ако докторот ми потпише дека вакцините немаат нуспојави какви што се Аутизам, Дијабетес, Епилепсија... Ма дај те молам, тоа ти е работа, да си ја браниш фелата. Недајбоже, но кога на твое дете ќе му се деси ќе видиш како ќе ја свртиш плочата, затоа те молам размисли кои ставови ги браниш. Во потрага по совет, искуство, помош дојдов до фрапантни сознанија, дете со откажан панкреас и дијабет, дете со епилепсија, дете со аутизам, дете со мозочни удари, дете со алергии, дете со астма, и тие се деца на 3, 4, 5 години, и сите тие се појавиле како реакција од вакцина. Ајде пак да тргнеме од друг аспект, две братучедчиња, едното вакцинирано, другото невакцинирано, ај зини да ти кажам кое е поздраво. Ма не ме зезај бре, вакциниве се отров, отров... Многу добро знам што прават медицинските лица, мајка ми е вработена во здравство, вакцините за обичната раја се едно, друго се за вработените во здравство. Ма дај те молам. Лично имам коментар од доктор дека не вакцинира деца, не еден гинеколог има кажано дека не вакцинира керка со таа ХПВ вакцина... Сите сме свесни, само ретко кој прифаќа.
Povelete link od grupata ima i nasa ama ovde ima poveke informacii i ima clenovi od cel balkan https://www.facebook.com/groups/204234299684425/
Немам намера да дебатирам...сакам да ви напоменам само една работа. Со ваква антивакцинална кампања нема да се укинат задолжителните вакцини и не знам зошто тоа никој не сака да го разбере. Потполно погрешно и на крај пак родителите ќе " го јадат стапот" бидејќи ќе треба и казни да плаќаат. Единствено нешто што може сега да се направи е да се покрене прашањето околу тоа кои и какви вакцини се моментално во употреба, од кои производители, дали се тоа најдобрите вакцини, дали е потребно и возможно воведување на петовалентните без разлика на цената...сите сакате многу " стручно" да прикажувате а ретко кој ( барем на форумиве што јас ги пратам) ги има основните познавања на биохемија, фармакологија, патофизиологија, имунологија, генетика итн,итн..... Значи, доколку се задолжителни, треба да се набават најдобрите и најскапите вакцини и тука нема компромис. А ширењето на параноја ( погледнете го мислењето на AngelofArt погоре), и теории на заговор, верувајте, нема никаде да не однесат...
Добро што толку ги браниш вакцините?Ти да не си ги измислила па толку оштри мислења даваш? Ти дали знаеш дека знам милиони ДОКТОРИ ама доктори што работат по систини и слични јаки болници ШТО СЕ ПРОТИВ ВАКЦИНИТЕ!зборам за муабет со нив на само како пријатели а не како доктор во ординацијата. Знаеш колку се против?? И сите добро знаеме колку е пренаселена земјата И ОВИЕ ВАКЦИНИ имаат за цел да не истребат.еве јас главата ке си ја исечам ако не сум во право.И јас сум медицинско лице,студирам тоа па знам отприлика работи за вакцини бидејки сум се интересирала и суум се распрашувала.Во странство имаш избор дали ке го вакцинираш и вакцините се сведени на минимум.а не како кај нас 20 вакцини па уште ако не ги примиш ке те гонат кривично. С-Р-А-М-О-Т-А. И што ти беше поентата со нападот кон AngelOfArh ? Жената си има причина за така да размилува,не и текнало да ги окриви вакцините сама по себе,си има причина.
Еве уште една група која неаргументирано шири параноја и страв меѓу родителите....нема ниедно стручно лице во истата, никој не кажува што образование и од каде тоа ги стекнал знаењата кои тврдокорно ги брани за вакцини...во меѓувреме даваат и совети за лечење на други болести кај децата....а за тоа како ги навредуваат неистомислениците ( после тоа веднаш следи блокирање) треба посебна тема да се отвори...
Немам ниту јас намера да дебатирам, но во моментот кога ќе погледнеш жар во две очиња кој згаснал заради една мала боцка полна зло, во тој момент ќе почувствуваш што значи да те боли душата. Стави се на место, зборам помисли само, на оние родители чии деца поради тие вакцини престанале да го живеат нормалниот живот. Ќе разбереш дури тогаш. Задолжителните вакцини се еден вид истребување на народот, да ви биде јасно тоа. За ниедна тема на форумов не сум толку ревносна колку за оваа, да се разбереме, но едно гласче кое застанало некаде во главчето на едно мало суштество ме тера да бидам многу лута. Јас параноја не планирам да ширам, нит пак стварам теории на заговор Постручни од родители чии деца страдаат верувам дека нема, една од нив маката ја натерала да запише дефектологија за да му помогне на детето
AngelOfArh,па Eксперт не е компентентно медицинско лице,поготово не за вакцините таа посакува,ама не е (извини експерт ме држи меморијата од друг форум),а и онака со неа нема разбирачка,начисто тероризира на темава.
Првата вакцина што ја ставаат кога бебето ке се роди во првите 24 часа кај нас не работеше и докторот ни рече на полна годинка дека ке ја прима малата пак ,но ние се иселивме и тука кога наполни малата годинка ја водам на доктор и кажувам на докторката дека така ми рекле таа ми одговори вака :ниедна вакцина не е задолжителна ако сакате може да ги примате ако не сакате ваше право во градинка се записавме не ни ни побараа листа од кои вакцини ги имаме примано , и ај сега биди свесен како да размислуваш
Твоја е одлуката т.е на твоите родители дали ке ја примис вакцината или не ,само со редовни гинеколошки прегледи ПАП тест кој се прави 1-2 пати годишно нормален сексуален живот мислам на неменување партнери како чорапи, нормален живот ,исхрана како што треба и тоа е тоа @expert ахахахахахахахаххаахахахаххаахах @snezno значи ние сме глупи и прости ако немаме соодветно образование на темата @AngelOfArh така е убаво кажа како што секој има избур дали:ќе пие,пуши,се дрогира,се проституира,јаде ненормално многу оди на лекарски преглед каде што му препишуваат разни терапии па ќе се подзамисли дали ќе ги земе или делумно ке ги земе или ич нема да ги земе така и со вакцините треба да се има избор толку
Снежно, групата е креирана од доктор, не си упатена изгледа. И самото тоа што истиот тој доктор ислага на телевизија и јасно зборува за своите ставови ја прави многу стручна. Внимавај што зборуваш. Во таа група има родители на кои децата им страдаат, алооооооо Д Е Ц А Т А!!!! Единствено место каде некој ке ги разбере, ке им даде совет, ке разменат искуства. Мислиш дека на нив им е потрбно некој како тебе или слични на тебе да плукаат на нивната мака. Групите на ФБ се за истомисленици. Овде има спротивставени мислења. И тука можеш да пишуваш што сакаш. А на ФБ можеш да отвориш група каде ќе се бранат Вашите ставови. А ако веќе има таква група, те молам прати линк па да ги видиме мислењата и на другата страна.
@Anastasija-Velika сега следи напад ама ти Анастасија-Велика свиркај си http://www.youtube.com/watch?v=-BpZQMxgGFY