Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.429
    Допаѓања:
    12.197
    Пол:
    Женски
    @yarre живеј си вон стадото слободно:Dникој не ти брани, али како што гледаш тука некако си сам против сите:Dи мило ми е што е така. Али тебе ти е некако досаден животот па си на форум дојден за да коментираш само за вакцините:hai:Прошарај малку и други теми има:D
    Ко од некој култ си, како пијан за стап, верглаш напразно
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    587
    Пол:
    Женски
    Јас имам дете невакцинирано и мн ми е страв. Неќам да ширам паники по форумов ама педијар ми има кажано дека неколку негови колеги си ги вакцинираат внуците после 4тата година до пред школска со сите вакцини, но сепак ги вакцинираат. Зошто го игнорирсш моето прашање? Што ако фатат некој вирус или бактерија како на пр Полио или морбили твоите деца. Каков е твојот план ? Не ти е страв ? Неќам студии да ми праќаш сакам твое мислење како родител да ми дадеш.
     
    На mal.ecka и MartinaMM им се допаѓа ова.
  3. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Имало лек за сите се лечеле со соодветна терапија. Он спие на тоа уво.
     
    На Чанта му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    На јаре децата се големи не им се тресе за пертусис, кога над 95% се вакцинирани лесно е да се правиш паметен. Сега опфатот е опаднат и пертусисот за жал е многу реална закана, случаите не се измислени има заболени.. ама да уживаме пошо епидемијата е измислена. :shake:
     
    На KuklickaSk, Brpbrp, Чанта и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    1.665
    Пол:
    Женски
    @Чанта антиваксер ќе ти рече за Полио дека Македонија и пошироко е polio free, при што ја исклучуваат можноста дека повратник од Авганистан или Пакистан нема да ја донесе. Јас како ваксер ќе ти речам и Вариола вера се сметала 1972 дека е искоренета, па избила епидемија во Југославија преку повратник од Блиски исток. Полио нема лек има само превентива и страшни последици. За Морбили антиваксер ќе ти рече измислуваат епидемии, со илјада линкови и дискредитирани теории, како и теории на заговор, а се лечи демек Морбили вирус е. Јас како ваксер ќе ти речам да се лечи, ама не е секогаш без последици, се смета како заразна болест од најголем размер. 2019 од компликации од Морбили починаа мислам 3 деца. Се лечат симптоми, а има превентива. Твој избор е. За она што ти го прашуваш како превенираат без вакцина незнам дали ќе најдеш некој на форумов и пошироко што би ти дал реален одговор какви мерки превземаат.
     
    На IRBBB, Yowannty, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  6. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Така терам, слободно. Тешко е да се разбере, ама тоа е. Тука сум 480 страни. И не ми е проблем. Секои 10 се појавуваат ликови и терам од почеток.
    Ги гледам другите теми, општ циркус. Не сакам да пишувам таму.
    Нејсе, не е е забрането да коменирам каде сакам. Ниту кршам правила.
    И не се секирај, не сум сам. Поттик ми даваат оние кои иако ми се чудат на истрајноста, ме контактираат приватно.
    И да култот е тој. Ти неможеш да го разбереш бидејќи неможе секој.
     
    На DonaOK и stefanija70 им се допаѓа ова.
  7. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Здраво @Чанта
    Ги пратам твоите постови тука. И никако не сакам да се мешам во личната одлука.Секој, ама баш секој треба и мора да одлучи. И да знам дека не е лесно. И јас лично сум го имал истото тоа пред себе пред да одлучам за моите деца.
    Жалосно е дека родителот треба да одлучува наместо да ја слуша струката која за тоа е платена. Ама коа ќе видиш разногласие во струката тогаш настанува проблем. Кому да верувуваш нели. Јас сум убеден дека тука на темава нема родител кој сака лошо а своето дете, И тие кои вакцинираат и тие кои не.
    Ама, имаш ама. Се работи до загребувањето малце подлабоко. Барем мене така ми беше. И јас бев во твојата кожа. Дур не ми се родија децата и како секој родител сакав најдобро за нив.
    И почнав да гребам. И гребев. И не спиев. И неможев да се замислам дека нема да дозволам вакцинации. Ама дојдов до тоа. И видов. Конултурав се што знаев, од доктори од пријатели доктори....
    И да, првиот трансфузилолог во Југославија, еден од 8те у тоа време, не ги вакцинирале своите деца, синот, врвен трансфузист, не е вакциниран, поради таткото, а и неговите деца и внуките исто така.
    И јас почнав да чешлам, се во насока на моите деца. И чешлав и чешлав. Е тој првиот трансфузист, бил во право.
    Заземав став. И секако не е лесно. Ич. Ама го заземеш ли, одиш натаму. И имаш еден куп овци од конфомистичкото трло кои те праат будала, ама ги разбираш и нив, и ти си бил таму.
    Дали имам страв? Да имам. Не е тајна. Ама тоа е од асимтоматските вакцинирани носители. За среќа моите деца немале проблем од нив. Биле со ненарушен (од вакцини) имунитет и немале проблем.
    Мојата борба се вика борба против ветерници, ама ставот кој го имам ме држи. Далеку од тоа дека е лесно, не е, ама уверен сум во мојата одлука, како и секој родител кој одлучил да не вакцинира. И тоа е 100%.

    Ние што не вакцинираме не сме различни и не сме од друга планета. И ние, како и ти сме родители кои сакаме најдобро за своите деца. Најлесно е да го осудиш Јаре, он е будала и антиваксер.Топ. Ама дали е така ? Зошто Јаре пишува тука, дали е умоболен?
    Верувај не. Јаре бара само да загребеш. А ако тоа успешно го направиш, ќе се отвори еден друг свет за тебе и твоите најдраги.
    Вакцините се едносмерна улица. Нема назад. Можеш да вакцинираш а неможеш да одвакцинираш.
    Голема е твојата одлука како родител. А не си ни свесен до моментот.
     
    На DonaOK и Чанта им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.097
    Допаѓања:
    135.119
    Знам само едно детенце што на неколку месеци доби морбили. Кога беше епидемијата. Последица доби менингит. Два дена беше во кома. Прими лекови како 200 вакцини. Со канила два месеци во болница. Имунитет 0. Забрана за се. Алергии на се. Забрана и за вакцини. Забрана буквално за секоја нова храна. Секое овошје прв пат го јадеше у дворот на болницата. Секое залче нова храна у болница пробуваше. Нема ни еден здрав млечен заб. Се уништиле. Не зборува убаво ради забите. Не џвака убаво ради забите и има проблеми со желудник. Кога треба лек, мора во болница. Не може ни Далерон дома да добие. Родителите се измачени и мајката не оди на работа. Пробаа со градинка и не успеаја заради јадењето. Детето знае дека не смее ништо да јаде од таму, ама плаче за да проба.
    Почна жената ама прекина.
    Другото дете здраво право вакцинирано... Се е океј. Малото заради епидемијата, има уништен живот. Може ќе се оправи еден ден, ама штетата е направена. Ако немаше епидемија и се вакцинираат сите кога треба, немаше тоа да се деси.

    Ама може подобро е да прележат сите деца оти еве има лек... И место вакцина два месеци да живеат на лекови, па се да биде ок.
     
    На IRBBB, mal.ecka, bertold и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    5.801
    Пол:
    Женски
    @yarre , ме интересираат неколку работи. Значи не те напаѓам, секој со свој избор кога се работи за сопствените деца.
    Претпоставувам од постовите се работи за веќе поголеми деца или баш млади луѓе.
    - Изминативе 15тина години имало епидемија на заушки некаде 2008-2009, морбили, еве сега пертусис. Дали нешто посебно се пазат децата, се изолираат повеќе во вакви ситуации?
    - Што е со патување надвор од државата, на пример каде се бара вакцина Мрп задолжително или против маларија и сл?
     
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Сега Јаре ќе излезе со научни докази дека ради првите вакцини ако ги има примено дека ради тоа му е нарушен имунитетот па довело до таква сосојба, а не морбилите.
     
    На bertold, Skyler81, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    587
    Пол:
    Женски
    Ти ја сфаќам скроз поентава. И мислам дека никој не би вакцинирал дете ако нема случаеви како примерот што го кажа @Cka погоре. Ете нашите пра пра предци не се вакцинирале. Имале по 10 деца и кое ќе останело живо кое не. Медицината дава решение секој да добие шанса за живот. Секако е рулет. Јас се водам според родителски инстикт и сметам дека утре ќе патуваат ќе се мешаат со мн различни луѓе и треба да се вакцинирани. Мислам дека помал е ризикот да вакцинираш дете со добра килажа,добар имунитет и во моментална здрава состојба од колку никогаш да не вакцинираш. Во спротивно треба да се препуштиш на животот и кој е посилен ќе преживее кој не -не.
     
  12. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Одамна сум на темата, уште од времето пред фејсбук. Моите истомисленици од тоа време одамна завршија со темата вакцини, И веројатно ја заборавија. Пред 10тина години имаше огромен број родители кои не вакцинираа. И сега има, но притисоците си го прават своето.
    Јас првпат со ова се судрив на хрватскиот форум Рода, каде постоеше огромна караница. Ми беше чудно и што педијатарката ми препорача малце да почекаме со вакцините бидејќи син ми е роден малку порано.
    Разговарав со синот на првиот трансфузист од Македонија, кој веќе во поодимнати години, не е вакцинирано ниту тој ниту сестра му, а понатаму ниту неговите ќерки и тогаш првата внука.
    Моите деца не се посебно пазени ни мазени. Оделе редовно во градинка и училиште. Во времето на гриповите биле најредовни. Ништо посебно не е водена грижа.
    Во училиште во одделението на ќерка ми невакцинирани дечиња беа 2 на доктори и 1 на еден познат фармацевт. Од 720 деца во училиштето 96 не беа вакцинирани. Податокот го дознав од една теренска докторка што и се испушти кога дојдоа да вакцинираат,
    Стравот од епидемиите го креираат медиумите. Веќе лесно се дознава кој од кого и како е платен. Невладини, вистиномери... кога ќе пратиш подолго веќе ги влечеш конците. Оној во комисијата во време на Ковид го најдоа на платен список на Шмајзер.
    А секој имунолог ќе ти каже дека не се вакцинира ако има епидемија. И ќе ти каже дека најмалку 15 дена вакцинраните дечиња се сеачи.

    Што со патување надвор од државата ? Досега за патување никаде никој не ми барал ништо. Ако треба да одат во Јужен Судан и да примат вакцина за маларија, можат и да не одат во Јужен Судан.
     
    На DonaOK му/ѝ се допаѓа ова.
  13. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    И јас ти ја разбирам поентата бидејќи ја имав истата. Нашите пра пра дедовци и баби живееле во време на полош начин наќин на живот, полоши санитарни услови, полош или никаков третман на заболувања. Баба ми, 7 сестри и еден брат сите дочекаа длабока старост. Кај дедо ми од 4 браќа и сестра, едниот го утепале бугарите, а сите дочекаа над 75.
    Јас идејата за вакцините не ја оспорувам Одлична е. Проблемот настанува кога ќе видиш дека не само што не е учинковита туку со сите примеси аѓуванти и животински додатоци е екстремно опасна и е темпирана бомба.
    А тоа дека детето треба да е здраво, секако. Ама настрадале и здрави и дебелки и со врвен имунитет.
    По ставањето вакцина, телото почнува да се бори. Проблемот е што не застанува до крајот на животот. Во таа 24 часовна борба, телото е помалку отпорно кон надворешни влијанија. Уште полошо почнува да се бори и против самото себа. Па настануваат разни автоимуни заболувања. Некои веднаш некои после години.

    Чуден е човечкиот организам. Бајпасот некои системи со внесувањето на вакцината со игла не го прават организмот отпорен. Напротив.
     
    На DonaOK и Чанта им се допаѓа ова.
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.375
    Не им е гајле за туѓи деца. Му пораснсле неговите во колективен имунитет, што ќе се секира дали син ми на 4м или внук ми стар 15 дена ќе фати пертусис.
     
    На mal.ecka, bertold, Чанта и 2 други им се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.375
    А може и сам да одлучи да оди во Јужен Судан и да се вакцинира.
    Или да студира во Велика Британија, Франција, САД.. упс за секаде уствари бараат вакцинален картон.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Секако дека може сам да одлучи.
    Мада очекувам да го дели мојот став и понатаму.
    За САД ич не се секирам. Одамна беше тоа ветена земја.
    Словенија, Германија, Италија.... Русија, Јапонија, Никаков проблем.
    Чудно е што се врши наменско населување од Бангладеши Непали Пакситани.... а нив никој не ги прашува...
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.097
    Допаѓања:
    135.119
    Тешко малце. Си му ограничил слободно да го шета светот. Си го ставил во опасност. Верувам и дека во епидемијата на морбили, ковид и перистус си го носел да прележи за да има имунитет.
    Да сум ти дете ќе почнам да се дрогирам оти не ме сакале моите. Сум бил експеримент на тато дали ќе преживеам оти некој трансфузиолог така некогаш му кажал.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.429
    Допаѓања:
    12.197
    Пол:
    Женски
    @yarre јас имам во блиската фамилија дете со аутизам. Родителите чекаа 3 години за да го вакцинират со мрп. Нели таа е спорната вакцина. Детето после 2рата година, невакцинирано почна да ги јавува типичните симптоми, ниту почна да кажува 2 зборчиња, ниту целно кажуваше. Прими мрп на 3 години донесена од Грција. Пошто си дијагностичар, научник или па можи психијатар што работи со деца со аутизам кажи ми од што му е? Вакциниран не беше:)
    Рекла казала од таму некој трансфузиолог, како се погоди баш тебе сите да ти се доверуваат за сопствените деца.:)
     
    На JoyJoy, Brpbrp и bertold им се допаѓа ова.
  19. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    280
    Само со МРП не бил вакциниран? Другите ги примил?
     
  20. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.429
    Допаѓања:
    12.197
    Пол:
    Женски
    Да, таа е спорната вакцина нели сите што се плашат. Дури земаат и од Грција дека нели страв од квалитетот
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.