Имам контакт со повеќе мајки што сум правела вака муабет дур сум го чекала синко да заврши со час, нивната теорија е а и од доктори кај што одат дека наводно не постои дете со аутизам без ниедна вакцина, а од било која вакцина која може да наруши имунитет може . И дека мрп вакцината е нај без опасна од сите други.
@Чанта аутизмот е генетски детерминиран, барем досегашнитe испитувања одат на таа теорија. Иначе детето е опсервирано во центар за аутизам надвор од државата. Нешто му се случило во развојот, некаков стрес, барем според кажувањата на стручни лица. Исто да кажиме за аутизмот дека нели можат таквите луѓе да имаат деца, но на нивните деца има можност да се пренеси некој од гените кои се поврзуваат со аутизам. Сепак мојот став е дека вакцините штитат, да не беа тие денес нашиот животен век ќе беше многу пократок
Да да јасно, само ти кажувам што сум слушнала. Дали е така или не, не навлегувам во тоа, утре ќе имам можеби уште едно дете, еден ден и внуци, неќам да судам за туѓа мака. Секој како мисли нека прави, но на крајот од денот колективот е битен така да незнам какви денови не чекаат во иднина, искрено многу тешки времиња до прва ќе доаѓаат.
Според ова не само Јужен Судан, туку баш многу држави во светот бараат вакцини за влез во истите. Значи би биле ограничени децата од посета на некои места. https://wwwnc.cdc.gov/travel/yellow...w-fever-vaccine-malaria-prevention-by-country Како лаик на темата, баш ме интересира еве бидејќи имаме многу иселеници во Германија, дали и таму не се примаат вакцини, дали се задолжителни за одење во градинка, во училиште? Не зборувам за деца кои од Х причини, не смеат да примат вакцина или доктори одредиле дека не смеат да примат. И што доколку во иднина твоето дете, реши дека сака да си ги вакцинира сопствените деца?
Задолжителна е ммр, без нејзе не добиваш место во градинка а и го бараат картонот при упис во школо. Со А-Тест имам запишано дете и во градинка и во школо со непримена вакцина. За другата категорија, без потврда од доктор, не знам.
Незнам дали во цела германија е вака ама пријатели мои детето го вакцинираја само со рота и на една година ммр. Ниедна друга. Баш им реков дс не имате пропуст некој јавете се прашајте,ама наводно за тие вакцини ги повикале. Ми го слика и картончето.
На мене ми ги побараа картончињата со вакцини за да видат дали ги имаат примено сите вакцини. Најмногу обрнаа внимание на ммр. Моите се комплет вакцинирани. Ми беше кажано дека нема упис без примени вакцини. Ги земаа картончињата и ги фотокопираа. Сакав да го запишам поголемиот син во еден дневен центар за да го научи побрзо јазикот, ама далеку ми е локацијата. Од таму ми рекоа ако нема ммр вакцина, нема шанси да го примат.
Благодарам на сите, поентата ми е значи не само во Мкд, туку и секаде се задолжителни бар дел од вакцините. Ќе напоменам јас сум вакцинирана комплетно и моето дете си ги прима сите вакцини по календар.
Овде е строго. Секаде кај што треба да одат на места кај што има други деца, мора да се вакцинирани. На пример... Планирам напролет да ги запишам на фудбал. На сите места кај што прашувавме ни рекоа без вакцини на запишуваме деца. Е сега... Не знам дали ги бараат сите вакцини.
Значи пак ќе кажам, имам студирано во САД, Франција и во UK. За секаде мораше да доставам вакцинален картон, секако преведен на англиски/француски. Французите посебно беа загрижени за бсж зошто кај нив не се прима, а ние сме од ризично подрачје. Ако немаш вакцина те праќаа на ренген на плуќа и плус ти ставаа вакцина. Во UK, додека студирав, избија случаи на менингит на кампус. Буквално сите студенти до 26г ги вакцинираа. Не сакаш да примиш вакцина, немаш право да седиш на кампус. As simple as that е штитењето на јавното здравје.
Сега прашав, па и проверив. Ммр е само задолжителна а сите други се препорачани да се стават изборот е твој.
Од моја точка на гледање, и ставот по прашање на вакцините, сметам дека сум го направил вистинскиот избор за моите деца. За ова се разговара и дома, разговарани се причини, и единствено можам да се надевам дека и тие понатаму ќе го имаат истиот став. Германија до пред 2 години беше целосно слободна по прашањето на вакцините за деца. Со некои закони сменети по различни покраини, ММР вакцината стана услов за градинка. Постојат препреки, по одредени земји. Некаде е лабаво. Но ако си убеден во твојот став, тој те носи. Досеа 194 земји потпишаа дека приватната СЗО ќе биде надлежна и над владите во случај на епидемија од „непозната болест“ која сега ја викаат „ИКС“. Човековите права и слободи полека се намалуваат. Ковид движењата беа само обичен тест на интелегенција.
За тој транафузиолог што збориш дека он лично не е вакциниран и сестра му и ќерките ама сестра му бог да ја прости отиде на оној свет дека од вакцините пократок е векот и побрзо умираме она отиде пред сите, жално за нејзе. Исто за истиот човек едвај преживеа кој е моментално со тешки последици од короната, но сеуште е верен и сака да помага и до последно ќе помага но крајот му се ближи веќе за жал. И затоа од тоа што таквите како Германија не вакцинираат и во Европа вратена е детска парализа али ако слободно нека не вакцинираат иако константно се прикажуваат бројките али човечки мозок озрачен што ќе прави... искоренети болести се враќаат али нека се враќаат за тие таквите што не вакцинираат нека им го берат гајлето на децата покасно па може и ќе си пресудат и таман да почнат еден по еден да се искоренуваат таквите.
Жмт тт.сврт тут. Ама квтц шпрт тут у мут. Ова успеав да разберам. Одиме понатаму. Актуело за моменталната „епидемија“ на пертусис. Водечкиот адвокат на ICAN – Informed Consent Action Network, сведочеше пред Сенатот на Аризона, во Феникс. Во ова видео тој говори за вакцината против пертусис и како таа делува на имунолошкиот систем на вакцинираните, и најважното дали ја врши добро рекламираната функција. Неполни 3 минути. Со превод. ДАЛИ ДТАП ВАКЦИНАТА СПРЕЧУВА ИДНИ ИНФЕКЦИИ ОД ГОЛЕМА КАШЛИЦА? https://www.bitchute.com/video/7dNkltD2JaYo/
@yarre ме интересира твоето внуче/дете неважно се набодва на клин, го каснува куче... докторите одма гледаат дали има примено тетанус или не, треба да прими, ти ќе забраниш?
Не е само тетанус, пример вирусот на беснило. Ако не примиш вакцина во најбрз временски рок, шансите да не преживееш се огромни, т.е не постои никаква шанса да преживееш. Па и јас би сакала да слушнам мислење од членот, што доколку детето биде каснато од диво животно со сомнеж за присуство на беснило. Дали и во овој случај нема да дозволи детето во најкус период да биде вакцинирано и ако не, тогаш што му е план Б, бидејќи план Б во реалноста во која живееме е само смрт.
Абе не сфативте неговите деца не ги гризаат кучиња, не ги гребат мачки. Тие што не се вакцинираат имуни се на све. Кога шетаат надвор уличните кучиња ги одбегнуваат нив на чело им пишува.
Еве небитно кој вирус, да земеме како сега нека е пертусис. Дали има некаде податок за следното - бројки така од памет дадени се - популација 100 луѓе да речеме: - од 100 невакцинирани луѓе, доколку сите се заразат со пертусис, колкав е процентот на компликации и смртност - 100 луѓе да вакцинираш со вакцина колкав е процентот на компликации и смртност од примената вакцина - и крајно од 100 вакцинирани луѓе, колку во случајов би се заразиле и би имале компликации или смртен исход Ако пример во првиот случај е 90% можноста, во вториот и третиот 5% и те како е далеку помала можноста за компликации