Арно ќе беше да можеше со тебе да се разбереме, ама... Незнам каква дискусија очекуваш за клипчево со водечкиов адвокат, (многу ме бендиса изразов, уште шокантно фали). Ништо нема посебно кажано. Вакцинираните немаат симптоми, и? Што е поентата со тие 5 антигени за пертусис, да имаше потреба да се прима вакцина со 3000 антигени таа ќе се примаше, а не таа од 5. Исти се резултатите. И што сте се фатиле сите антиваксери со таа одговорност, па зарем ако потпише некој ќе прифатите вакцина?! Толку ли ви треба потпис? Не ми треба од никого потпис да си го сменам мислењето. Руски рулет ти си играш со децата , не ние.
Како нема? Во Македонија регистрирани случаи на беснило се во 2011 и 2012, од 2011 се дава орална вакцинација на лисици. Вакцината за беснило е задолжителна за домашните миленици, пренеси преку граница куче без поминати 3 месеци од вакцина за беснило да те видам. Да одиш со милениче во странство ти бараат задолжителна вакцинација и сертификат од АХВ. Ако имаш миленик што го носиш на ветеринар, чипиран, кога ќе е време за вакцина за беснило ти стига порака затоа што е задолжителна
Се подсмиривте ? Ајде и јас едно прашање да поставам. Дур ја чекаме „епидемијата“ на сипаници. Примивте ковид вакцина ? И ако да, колку дози ?
Примив јас 2 дози од синовак и една фајзер. Не се разболив, и немам никакви последици од вакцината сега? Да напоменам дека никој од мојата блиска фамилија кои секојдневно имаја контакти со болни, вакцинирани не се разболеја, и никој нема никакви последици од вакцината. Аман само не ми ставај линкој од видеа од нет со по еден лајк
Примивме. И зошто упорно ги внесувате вакцините за ковид во дикусии за детска вакцинација со вакцини кои се стари десетици години?
Не треба вакцините за Ковид и вакцини стари преку 10г. да мешате и да ги ставате во исти кош. Ради вас што не ги вакцинирате децата ни се враќаат болести од пред 100 години! Не дај боже да дојде до некаква компликација кај вашето дете ради не примени вакцини, цел живот "ќе се јадете". @KuklickaSk прати линк каде следиш состојба.
Абе вие све анти-ваксери сте станале Имам, ама не се за тука. Така велат другите. И океј е тоа. Можеби треба да се влече аналогија, ист производител на пример, неодговорност на производител.... ама ок.
Да, две дози и прележав без симптоми. Цела фамилија ми е вакцинирана (најмладиот 16 години, најстариот 83, една трудница и една доилка), со две и три дози и прележани се сите, дел со лесни симптоми, дел без никакви. Друго те интересира ли?
@yarre терминот за вакцина го пропуштив оти се породив, не оти нејќев бе душо Да нејќев ваљда и мм ќе го натерав да не се боцка со 5џи
@yarre Вакцинирани и јас и сопругот и сите и од мојата и од на сопругот фамилијата. Сите со по 3 дози, сите до ден денешен здрави, прави. Со години се борев со неплодност, ете вакцинирана успеав да родам, иако и со плодноста ја поврзуваа вакцината против ковид.
А врска нема зошто јас исто од еден однос останав бремена иако толку киретажи поминав и царски пораѓај еден. Плус и со тромбоза и лупус и никакви проблеми. ама толку ја ругаа фајзер дека неплодност предизвикувала. И да јаре јас бев со 2 дози вакцинирана без реакција на истите и не ни прележав ковид иако маж ми имаше и до мене спиеше.
Гледам една појава на современо анти-ваксерство кај дел од Вас. Оние кои не можеле да се вакцинисаат за Ковид, сеуште можат да го направат тоа, а оние кои се со по 3 дози - воведена е и 4та. Навали народе. За среќа ковид „вакцините“ доведоа и до ново будење и нови прашања кај најовите родители, не само кај нас туку и низ светот, па фарма гигантите и медиумите платени од нив, па потпомогнати од локални НЏО платени ѓубриња мораа да произведат “епидемии“ на голема кашлица, а наскоро и новиот циркус во „нашиот град“ и “епидемја“ од морбили. Јас сега ќе се задржам на морбилите, како јамб у најава. Тоест, „епидемија“ во најава. Капмањата на стравот од морбилите и присилната вакцинација ја движат пет клучни точки: 1. Ако морбилите се вратат, илјадници деца ќе умираат годишно; 2. Двојна доза на МРП вакцина ќе обезбеди доживотна заштита кај повеќето луѓе; 3. Претходно вакцинираните возрасни лица со заштитни антитела кои се намалуваат, можат да добијат ефективна и трајна заштита со МРП бустери; 4. Ние мора да постигнеме и да одржиме 95% стапка на вакцинација за да го одржиме колективниот имунитет; 5. Вакцините МРП и МРП + варичела (MMRV) ќе штитат од сите видови на морбили. Но да одиме по ред и да разгледаме. Лага бр. 1: „Ако сипаниците се вратат, илјадници деца ќе умираат годишно“. Хипер-претерувањето на заканата од морбилите и стравот што оваа претерана појава го создава кај населението – е она преку што индустријата за вакцини и јавните здравствени службеници сметаат дека ќе ја спроведат покорноста на јавноста и законодавната акција за отстранување на слободата на избор. Сепак, време е да се стави крај на овој неразумен страв од морбилите. Вистинските ризици од морбили во денешна Америка се бледи во споредба со повредите од вакцините и негативните ефекти врз здравјето на нашите деца. Вакцината против морбили е одговорна за сериозни повреди, трајни инвалидитети и смртни случаи. Иако индустријата за вакцинирање сака да ја преземе заслугата за падот на смртните случаи од морбилите, државната статистика на САД кажува многу поинаква приказна. Кога беше воведена првата неефективна и проблематична вакцина против мали сипаници, во 1963 година (со втора вакцина воведена во 1968 година), стапката на смртност од малите сипаници веќе беше опадната за над 98% – помеѓу 1900 и 1962 година и ја продолжи својата надолна траекторија. Некои владини статистики дури велат дека стапката на смртност од морбили се намали за 99,4% пред воведувањето на вакцината. Без оглед која бројка се користи, тоа е скоро 100% пад. Покрај тоа, нема причина да веруваме дека стапката на смртност би престанала да паѓа доколку не се појавила вакцина. Така, да се сугерира дека вакцината против мали сипаници имала никаква врска со падот на морталитетот кај сипаниците – е нечесен и лош обид за извртување на историјата. Пад на смртноста од морбили во САД, 1900-1963 година Пред воведувањето на вакцината, стапката на смртност пријавена од владата за морбилите била приближно 1 на 10 000 случаи. Сепак, во друг обид да ги преувеличат фактите, официјалните лица сега често ја прикажуваат стапката како 1 на 1000 случаи. Она што треба да се разбере е дека 90% од сите случаи на сипаници никогаш не биле пријавени, затоа што родителите никогаш не ги однеле своите деца на лекар. Повеќето случаи на сипаници биле благи, траеле само неколку дена, потоа децата се враќале на училиште и животот продолжувал. Ништо страшно. Во 1950-тите и 60-тите години на минатиот век, луѓето ги гледале морбилите како незгодна, но безопасна состојба која практично сите ја добивале и закрепнувале, оставајќи ги со доживотна заштита. Само околу 10% од целокупниот број на случаи биле доволно сериозни за заболените да побараат медицинска помош, а меѓу тие што побарале лекарска помош и биле пријавени, стапката на смртност била околу 1 на 1000. Со тоа што го оставаат клучниот збор „пријавен“, неточно ја претставуваат стапката на смртност како 1 на 1000 случаи, наместо далеку поточниот 1 на 10 000 случаи. Постои уште еден клучен факт што треба да се разгледа. Студиите покажуваат дека смртните случаи од морбили биле 10 пати поголеми кај заедниците во сиромашните населби, во споредба со заедниците со среден приход. Зголемената инциденца на смртни случаи кај сиромашните заедници драстично ја намали вкупната стапка на смртност. Стапката на смртност во области со среден и висок приход може да биде околу 1 на 100 000 случаи. Графиконот за морталитет од морбили потврдува дека морбилите биле повеќе смртоносни во доцните 19-ти и почетокот на 20-тиот век во САД, а тоа било случај и во Западна Европа. Всушност, во 1800-тите и раните 1900-тите, големите градови беа плодна почва за ширење на заразни заболувања поради неухранетост, пренатрупаност, несоодветна лична хигиена, лоши санитарни услови, недостаток на витамини и збогатена со витамини храна како и ограничен пристап до соодветна медицинска нега. Покрај тоа, коњите биле главниот начин на транспорт и ги оставале тесните улици полни со измет. Мувите и стаорците биле насекаде. Сите овие фактори го слабееле имуниот систем на луѓето. Во сегашно време, сипаниците остануваат смртоносни во некои земји, за разлика од другите. Ова е затоа што условите во сиромашните делови на светот денес се слични на урбаните услови во индустријализираниот свет во средината и крајот на 1800-тите и раните 1900-ти. Сеуште е вообичаено посиромашните земји и заедници да бидат погодени од многу исти проблеми што некогаш ги доживеале големите американски градови. Како што веќе беше забележано, овие услови создаваат опкружување погодно за заразни заболувања и го ослабнуваат имуниот систем кај луѓето, до тој степен што не се во состојба да се борат дури и со најлесните инфекции. Сепак, овие описи и слики секако не претставуваат стандард на живеење што преовладува во САД, Западна Европа и другите напредни општества денес! Ова е причината зошто сеењето на страв, хистеријата и лагата околу морбилите кои се враќаат и ги уништуваат нашите деца, се толку неточни. Незаситните креатори на вакцини, мотивирани од профит, ја туркаат хистеријата за морбилите, а медиумите – гледајќи во фармацевтската индустрија приходи од рекламирање – се нивни гласноговорници. Ниту една од овие групации не сака луѓето да знаат дека постојат други решенија освен вакцини. Сепак, знаеме дека витаминот А е моќно оружје во арсеналот за намалување на стапките на компликации од морбили. Всушност, Светската здравствена организација (СЗО) промовира суплементација со витамин А во земјите во развој, каде што има епидемија на морбили, а нејзините кампањи со витамин А се покажаа како огромен успех. Покрај витаминот А, денешните Американци имаат пристап до растителни и природни антивирусни соединенија кои можат да го намалат ризикот од компликации и да го скратат времетраењето на болеста. Имунокомпромитираните лица имаат пристап до терапија со имунолошки глобулин, што е исклучително ефикасно за зајакнување на отпорноста на телото на инфекции и намалување на компликациите на сипаници. Лага бр. 2: „Двојна доза на МРП вакцина ќе обезбеди доживотна заштита кај повеќето луѓе“. На својата веб-страница, Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) го наведуваат следново: „Луѓето кои примаат МРП вакцина според американскиот распоред за вакцинирање обично се сметаат за заштитени доживотно за морбили и рубеола. Додека МРП обезбедува ефикасна заштита од заушки за повеќето луѓе, имунитетот против заушки може да се намали со текот на времето и некои луѓе веќе нема да бидат заштитени од заушки подоцна во животот. И серолошките и епидемиолошките докази, укажуваат на тоа дека имунитетот стекнат од вакцини против сипаници, се чини дека е долгорочен и веројатно е доживотен за време на повеќето лица“. Оваа информација е застарена и се покажа како целосно погрешна! Информациите беа до некаде точни кога сeуште имаше голем број на постаро население, кои прележале диви сипаници како деца и имаат имунитет – и кога некои деца добивале диви сипаници, а со тоа на возрасните им давале природни бустери. Ова динамично се менува со текот на времето, бидејќи сѐ повеќе луѓе се вакцинирани. Во текот на последните неколку години, научивме дека нивото на антитела произведено од вакцината против морбили – брзо опаѓа и тоа приближно 10% годишно, при што ефикасноста трае не повеќе од 10 години по втората доза вакцина. Една студија од 2018 година објавена во списанието Вакцина (насловена „Начин и стапка на опаѓање на антитела на морбили, заушки и рубеола по втората доза на МРП вакцината“) го потврдува овој факт, а студијата од 2017 година објавена во Јournal of Infectious Diseases (со назив „Неутрализирачки антитела на морбили вирусот кај интравенски имуноглобулини: Дали е можно зголемување на антителата со ревакцинација од донатори на плазма?”) објаснува како дополнителните дози на вакцини не даваат трајна заштита. Овие два фактори – слабеењето на вакцината и неможноста ревакцината да пружи заштита – ја оставаат претходно вакцинираната возрасна популација целосно незаштитена. Во суштина, програмите за вакцинирање против морбили може првично да функционират (научниците го нарекуваат „период на меден месец“), но само кога многу деца веќе прележале диви сипаници како основа, развивајќи доживотен имунитет и останувајќи безбедни и имуни како возрасните. Тој природен имунитет може да ги контролира инфекциите на морбили во текот на неколку години. Како што вакцинираните деца растат – опаѓа заштитата и како стапките на вакцинација кај помладите деца остануваат високи, веќе не постојат (како во ерата пред вакцинирање) малите деца со диви сипаници кои на возрасната популацијата ѝ обезбедуваат природни бустери. Со текот на времето, нивото на антитела предизвикано од вакцина се спушта низ целата популација, оставајќи ги луѓето ранливи на инфекција. За жал, меденот месец тогаш е завршен. Вакцината против сипаници го уништи природниот колективен што некогаш го уживавме – а псевдо „имунитетот на стадото“ што го бараа приврзаниците на вакцините се покажува како целосна заблуда, се распаѓа како резултат на тоа што вакцината не го обезбеди ветениот доживотен имунитет. Ова објаснува зошто толку висок процент на луѓе кои се заразиле со сипаници во неодамнешните епидемии – се вакцинирани возрасни. Како што е случај и во нашата неодамнешна епидемија. 58,2 % од заразените се на возраст над 20 години. 20% од заболените, односно 371, се со доказ дека имаат примено 2 дози на МРП вакцина. Останатите 80% се вбројуват во невакцинирани, делумно вакцинирани или непознато. Делумно вакцинираните се со доказ за една доза вакцина, а оние со статус непознато се изедначени со оние кои не се вакцинирани. ИЈЗ не дава конкретна бројка колкав процент се всушност невакцинирани, имајќи го во предвид фактот дека барем лицата од 30-40 години се скоро сигурно вакцинирани. Прашање е зошто овој број јавно не е прикажан. Во ерата пред вакцинацијата, половина од сите деца имаа морбили на возраст од шест години, а остатокот се здоби со болестa во годините наскоро после тоа – ова е кога сипаниците се најблаги и имаат најниска стапка на компликации. Фактот дека толку многу случаи биле во нивните 20-ти години или постари, во сите епидемии, укажува на значителен нагорен тренд на зачестеност на сипаници кај постари возрасти заради „траењето“ на вакцините. Постои уште една несакана последица како резултат на ниското ниво на титри на антитела на мали сипаници кај претходно вакцинирани возрасни. Жените на возраст за раѓање немаат доволно антитела за да им пренесат на новороденчињата. Ова ги прави нивните новороденчиња поподложни на мали сипаници. Овие новороденчиња најверојатно би биле заштитени доколку нивните мајки прележале диви сипаници како деца. Во текот на епидемијата во нашата земја, 17,2% (327) од заразените биле новороденчиња, кои не подлежат на вакцинација. 20% се вакцинирани со 2 дози. Останатите 63% се вакцинирани со 1 доза, непознат статус или невакцинирани. Да напоменеме дека непознатиот статус, односно немањето доказ за примена вакцина, не значи дека вакцината не е примена. МРП вакцината е препорачана да се прими од 12-18 месеци според нашиот Вакцинален календар. Овде, покарај другите, се наметнува и прашањето зошто наредната групација е од 1-4 години и колкав е бројот на деца невакцинирани од 1, 2, 3 или 4 години? Накратко, науката покажува промена во демографијата на случаите на сипаници поради програмата за вакцинирање. Оваа промена ефикасно го пренесе ризикот кај двете групи најранливи на сериозни компликации, имено новороденчиња и возрасни. Научниците исто така ја препознаваат истата шема на неуспех на вакцините за други заразни болести за кои мислевме дека сме постигнале контрола.
Лага бр. 3: „Претходно вакцинираните возрасни лица со заштитни антитела што се намалуваат, можат да добијат ефективна и трајна заштита од МРП бустер“. Истражувањето објавено во 2017 година во Journal of Infectious Diseases покажа дека дополнителните дози на МРП дадени на возрасни имаат минимален ефект врз покачувањето на нивото на антитела, а зголемените титри се многу краткотрајни – изчезнуваат за под четири месеци! Затоа, рефлексната реакција на некои поборници за вакцинирање да ги задолжат возрасните да примаат МРП вакцина, на секои пет до 10 години, нема да функционира. Јасно е дека не можеме да го вакцинираме патот за излез од овој проблем. Па, што да правиме сега? Тоа е како да се исцеди паста за заби од туба. Не можете да ја вратите назад! Лага бр. 4: „Мора да постигнеме и одржиме 95% стапка на вакцинација за да го одржиме ‘имунитетот на стадото’.“ Го слушаме ова цело време: „Мораме да ги вакцинираме сите деца за да одржат ‘статус на имунитет‘, а тоа е она што ќе ги заштити ранливите кои не можат да бидат вакцинирани“. Нарацијата за „имунитет на стадото“ е дизајнирана да ги поддржи напорите за вакцинирање и согласноста на јавноста – но не држи вода. Со незаштитена возрасна популација (како што беше дискутирано во претходните делови), никаде не сме близу до 95% на „имуните“ на морбили, што треба да ветат статус имунитет. Всушност, статистиката на ЦКБ докажува дека не сме никаде близу 95%, за која било „вакцинопревентабилна“ болест. Интернет страницата на ЦКБ има дел под наслов Трендови во опфатот на вакцинирање кај возрасни: 2010 до 2016 година. Во извештајот се објавени резултатите од Националното истражување со интервју за здравствени услуги (NHIS) и ги покажува процентите на возрасната популација на САД кои велат дека се вакцинирани против разни заразни болести. Сосема видливо, морбилите, заушките и рубеолата се отсутни од истражувањето. Треба да се постави прашањето – зошто нема национални истражувања кои прашуваат за вакцината против МРП, кога таа е една од главните моменти на парадигмата за вакцини на САД (ако не и самиот свет грал)? Дали е тоа затоа што огромното мнозинство на возрасни се од пост-вакциналната ера (т.е. под 60-годишна возраст), од кои повеќето не добиле вакцина против МРП уште од предучилишна возраст? Дали е тоа затоа што дизајнерите на анкетата знаат дека процентот на возрасни кои потврдуваат вакцинација против М, Р или П би бил крајно низок? Истражувачите на вакцини веќе извесно време знаат дека титрите на антитела бргу изчезнуваат и дека возрасните не се заштитени. Која и да е причината за слепите точки на истражувањето, одговорите на хипотетички прашања за МРП вакцината не би одговарале на нарацијата што ја вршат службените лица, нели? NHIS ги прашува возрасните дали биле вакцинирани за разни заразни заболувања, но многу од возрасните кои одговараат потврдно и се вклучени во „вакцинираните“ проценти – сигурно го изгубиле привремениот имунитет, со оглед на она што го знаеме за намалувањето на имунитетот од вакцините со тек на времето. Затоа, тие лица не спаѓаат во „вакцинираната“ група, што значи дека „вакцинираните“ проценти треба да бидат уште пониски. Размислете исто така дека додека децата на возраст од 2-6 години имаат високи стапки на покриеност со вакцини (во опсег од 80% до 90%), таа возрасна група претставува мал дел од „стадото“ (можеби 5%) и лицата под 18 години на возраст сочинуваат помалку од 20% од целата популација. Про – вакциналниот аргумент за „имунитетот на стадото“ може да држи вода доколку сите мали деца се чуваат во меур, целосно изолирани од сите возрасни кои се или невакцинирани или го изгубиле имунитет од вакцините – но знаеме дека не е така. Сите живееме заедно, со вкрстено изложување во ова големо „стадо“ што го нарекуваме човечност. Така, лажната точка на зборување за колективниот имунитет нема основа, всушност, е намерна стратегија за создавање на „решение“, за да се постигне целта – целосна согласност, покорност на вакцинацијата кај сите деца. Нешто друго што треба да се разгледа е феноменот на „примарен неуспех на вакцината“, што се однесува на група деца кај кои дадена вакцина никогаш не произведува доволен одговор на антитела. Поддржувачите на вакцините тврдат дека овој број е само околу 5%, но податоците сугерираат дека тој број може е многу поголем. Дури и со 100% покриеност со вакцини кај децата, овој феномен значи дека скоро 1 од секои 10 деца, никогаш нема да биде заштитено. Како што веќе беше дискутирано, вакцините го уништија природниот колективен имунитет, кој беше резултат на имунолошкиот одговор произведен од инфекција со диви сипаници. Ова доведе до промена на демографскиот профил на луѓе кои добиваат морбили, на возраст од 4 до 12 години (пред-вакцинирање) – кај кои болеста е најблага, кон новороденчиња и возрасни (пост-вакцини) – популации кај кои сипаниците предизвикуваат најмногу компликации. Лага бр. 5: „Вакцините МРП и МРПВ ќе штитат од сите видови на морбили“. Се појавуваат докази дека вирусот на сипаници е мутиран како резултат на интензивен притисок од вакцините. Напис од 2017 година во „Journal of Virology“ предупредува на овој застрашувачки сигнал, откритието на она што го нарекуваат субгенотип D4.2. Досега, истражувачите го изолирале овој „мутант“ во Франција и Велика Британија. Покрај тоа, мутираниот вирус не беше ефикасно неутрализиран кога серолошки се тестираше кај околу 70 лица вакцинирани во Северна Америка. Експертите ги нарекуваат овие видови „избегани мутанти“ и предупредуваат дека со незаштитена возрасна популација (чии титри не можат да се засилат, како што споменавме порано), се соочуваме со потенцијал на невидени епидемии. Загрижувачки е што, во услови на високо покривање со вакцина, вирусот на сипаници наоѓа начини да преживее. Во ерата пред вакцинацијата, детската изложеност на диви сипаници им овозможи заштита на целото население преку одржување на стабилен имунитет од сите типови на сипаници. Сега, бидејќи вакцините обезбедуваат само краткорочен имунитет, ние сме во опасност од широко распространети епидемии. Истражувањето сигнализира опасна криза, слично на она што го создадовме со антибиотиците. Препишувањето на антибиотици создаде мутации кај бактериите кои го надминаа развојот на нови антибиотици. Не само тоа, туку овие „супербактерии“ се многу повирулентни (смртоносни), со над 100.000 Американци кои годишно умираат од инфекции отпорни на антибиотици. Дали е можно да поставиме слично сценарио со вакцините? Замолувам за озбилна дискусија. На небиденки нема да коментирам.
Дали си видел што прават морбилите кај невакцинирано дете? Очигледно не. Зошто твоите деца кога биле мали ти не си ги вакцинирал, а сите други вакцинирале и така не се заразиле од колективниот имунитет што се одржувал од 95%. Шансите за да преживеш од морбили во оваа доба да големи се без вакцина али тоа што ќе му се случи на телото и какви последици ќе има од толкави дози на лекарства вклучително кортикостероиди патем да те упатам дека кортико е толку штетно исто како болните од рак што примаат хемотерапија, но нека подобро кортико него ли вакцина нели. Друга работа малите деца немаат толку јак имунитет затоа и тогаш се примаат вакцините зошто завршува со хоспитализација и траен имунитет на морбили но и уништени органи. Подобро е смртност 1 на 1 милион вакцинирани одколку 1 на 10 000 не вакцинирани.
@yarre Аман не пишиш научна теза на форум си 1. Кој се тие диви сипаници 2. Како прележување на едни сипаници ќе те заштити од сите кога станува збор за различни вируси 3.Како го побиваш фактот што животнот век е продолжен? Кажи ми како според тебе се искорени полио? Од тоа што нашите претци го прележале иако беше кој ќе преживеј ќе кажва. Како не ти е мака глупости да постираш како пијан за стап 4. Ете јас се вакцинирав и за ковид. Зошто не се разболив? Зошто немам последици никакви од вакцината? Зошто никој од мојата блиска околина сите вакцинирани не се разболи? 5. Знаеш што компликации прават морбили или онака си читал, но не си разбрал баш?
@yarre Не можам да ги најдам видеото али повели https://www.blic.rs/vesti/drustvo/i...ostao-nepokretan-sa-teskim-ostecenjem/skktj35