Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    738 глас(а)
    76,0%
  2. Против

    233 глас(а)
    24,0%
  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    20.325
    Ај не мешајте ковид и вакцина за ковид во темава.
     
  2. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Ти Благодарам за медиумската објава. Немам причина да не верувам, мада тука се поставуваат повеќе прашања кои, ако го прочиташе мојот претходен текст ќе го поставеше прашањето како детето се заразило,
    Дали можеби е заразено од друго лице кое можеби е асимптоматски носител.


    Епидемиите се доста добро покриени од медиумите.

    Но, доста малку се објавува дека дел од малите сипаници пријавени кај неодамна вакцинирани лица, всушност, може да бидат сипаници од вакцини, кои се несакани реакции од истите и се често погрешно дијагностицирани како морбили од див сој. Според трудот објавен во Journal of Clinical Microbiology, 2017 година:


    „За време на епидемијата на морбили во Калифорнија, 2015 година, кај неодамна вакцинираните – се случиле голем број на сомнителни случаи. Од 194 секвенци на морбили кои биле добиени од примероците, 73 беа идентификувани како вакцинални секвенци“.


    Со други зборови, околу 38% од сомнителните случаи на морбили во епидемија од Дизниленд (2015 година во Калифорнија), всушност, биле случаи на вакцинален сој на морбили, кај неодамна вакцинирани лица и не биле предизвикани од пренесување на сипаниците од диви соеви. Тогаш, разумно прашање би било: Колку од 704 случаи пријавени досега во САД оваа година, се всушност морбили од вакцини против морбили – несакан ефект на вакцината МРП?


    Главните медиуми и јавните здравствени власти ги форсираа вестите за „епидемијата на морбили“ во 2019 година. Иронично, тие очигледно не биле во можност да фотографираат активен случај на сипаници, бидејќи еден по друг медиум се фатени како објавуваат ретуширани фотографии – за да предизвикаат страв од морбилите.


    Како на пример, на 22 април 2019 г., The Clover Chronicle објави дека „ NBC News се фатени како лажно претставуваат фотографија на бебе заразено со морбили“, фотографија што се купува на страните лиценцирни за продажба на интернет – на којашто лекарот држи совршено здраво новороденче. Црвените точки (осипот) беа грубо додадени во Photoshop.

    Си-Ен-Ен исто така користеше фалсификувана фотографија на морбили. Во овој случај, тие користеле слика на дете од 1968 година со розеола вакцинија (состојба на кожата предизвикана од вакцината за вариола вера).

    CBS News исто така беше фатен со злоупотреба на слика на дете повредено од вакцина.

    Мајката Дон Њуфилд, сопруга на поранешниот играч на NFL – Рајан Њуфилд, го објави следниов коментар на Твитер, откако ја прочита репортажата на CBS во која беше користена фотографијата на нејзиниот син:

    „… Тоа е моето дете што го користевте во вашата приказна без моја дозвола. Тој нема морбили. Ова беше неговата реакција на МРП вакцината“.
     
  3. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Дете заразено со морбили без ниту една примена вакцина нема да го најдеш на билборд за сликање туку на клиника на апарати за кислородна поддршка.
     
  4. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    Мене само ме интересира дали кај нас ја има MMRV? Или така си е преведено од странските сајтови.
     
  5. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    1.640
    Пол:
    Женски
    За жал нема MMRV кај нас. Ќе мора да лечиме наместо да спречиме.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    537
    Пол:
    Женски
    А што е В во случајов ? Кој вирус?
     
  7. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    537
    Пол:
    Женски
    Незнам ова колку е точно ,ама немаше ли лани дете со морбили во мк ? Каде беше дали штип ли некаде ? Не биле излезени од мк ни па дознаа на крај од каде фатило, само еден случај беше изолиран и толку. Е неможам да се сетам дали беше вакцинирано.
     
  8. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    Варичела.
    Моите лесно ја поминаа ама маж ми нема прележано, за морбилите сум сигурна дека ги нема, за варичелата не баш ама па возрасните многу потешко поминуваат.
    Инаку, имаше лани да, во Св. Николе мислам беше некое малечко дете, мислам невакцинирано.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.142
    Допаѓања:
    112.842
    Пол:
    Женски
    Е за ова ќе те демантирам. Во пошироко семејство имам дете кое ги покажа симптомите на аутизам уште на 1 година. Ама има свесни родители и дедо му е специјалист во таа област и одма го приметија. Со добра терапија сега детето е како и сите деца. Вакцинирано се по ред.
    https://www.healthline.com/health/autism/signs-of-autism-in-babies#:~:text=Most parents observe early signs,name are some early signs.&text=As a parent or caregiver,view of your baby's development.
    И многу други примери. Секој кој ќе тресне дека од вакцина се добива аутизам, е за мене дебил. Крај.
     
    Последна измена: 5 март 2024
    На Brpbrp, LiquidLuna, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    537
    Пол:
    Женски
    Е па прочитав во друга тема дека некои варичела може да ја поминат без осип. Може да си провери антитела. Јас кога правев тест за антитела на првата бременост бев позитивна за варичела. Замисли а фатив во 6то одделение. Мајка ми исто така никогаш не прележала варичела и покрај тоа што братот и сестрата нејзини имаат. Можеби и таа без осип поминала само со температура.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.369
    Допаѓања:
    11.989
    Пол:
    Женски
    @yarre Ајде вака имаше пред некоја година морбили и кај нас
    https://zdravstvo.gov.mk/proglasena-epidemija-na-morbili-mali-sipanici/
    Тука вика сите заболени се невакцинирани
    https://www.slobodnaevropa.mk/a/на-македонија-и-се-заканува-епидемија-со-морбили-/31832379.html
    Исто ако не се сеќаваш да те потсетам дека имаше смртни случаеви
    И можиш уште 10000глупости да копираш од неверодостојни извори али добро е малку да постираш за компликациите што се јавуваат кај НЕВАКЦИНИРАНИ, или ќе ги лечиш со антибиотици?
     
    На IRBBB, Skyler81 и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.142
    Допаѓања:
    112.842
    Пол:
    Женски
    Џабе објаснуваш.. испран мозок е.
     
    На IRBBB, Brpbrp, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.847
    Допаѓања:
    4.717
    јас не знам зошто упорно се објаснувате со човеков
     
    На IRBBB, LiquidLuna, Skyler81 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    1.656
    Пол:
    Женски
    Да точно е, рано ги појавуваат симптомите меѓутоа дијагнозата од доктор ја поставува најрано од 3 до 5 години оставаат простор за како ке се одвива ситуацијата. Аутизмот го дијагностицира цел еден тим а не само еден доктор. Тој што ви е близок сигурно немал аутизам туку некое друго нарушување во развојот. за аутизмот нема лек бидејќи не е болест туку тоа е состојба на умот.
     
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.353
    Допаѓања:
    20.325
    Откриено е дека има вродени болести кои придонесуваат до аутизам. Конкретно мислам на генетски нарушувања.
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.142
    Допаѓања:
    112.842
    Пол:
    Женски
    Ама не се јавува од вакцина..тоа ми е поентата. И да, има аутизам. Дијагностицирано е детето.
    Пак ќе кажам, аутизам не се добива, аутизам е вродено. Аутизам од вакцина не се добива.
     
    На Skyler81, FridaodaMk и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Постојат многу студии што ги поврзуваат вакцините со почетокот на аутизмот, како и многу студии што ја поврзуваат популарната состојка на вакцините – алуминиумот, со невролошката регресија (и аутизмот и Алцхајмеровата болест). Еве дел од нив.


    Двофазна студија за проценка на врската помеѓу администрацијата на вакцини кои содржат тимеросал и ризикот за дијагностицирање на нарушување на спектарот на аутизам во Соединетите Држави. Translational Neurodegeneration, 2013

    Дали администрирањето на вакцини кои содржат алуминиум е одговорно за зголемената стапка на аутизмот? Elsevier, 2011

    Што е регресивен аутизам и зошто се јавува? Дали е тоа последица од мултисистемска дисфункција која влијае на елиминација на тешките метали и можноста за регулирање на нервната температура? North American Journal of Medical Sciences, 2009

    Изложување на тимеросал, улогата на хемијата на сулфурот и достапноста на тиолот кај аутизмот. International Journal of Environmental Health and Public Studies, 2013

    Б-лимфоцити од популација на деца со нарушувања на спектарот на аутизам и сензитивноста на нивните браќа/сестри на тимеросал. Journal of Toxicology, 2013

    Теоретски аспекти на аутизмот: Причини – преглед. Journal of Immunotoxicology, 2011

    Транскриптомска анализа на невротоксични ефекти во мозокот на глувчето по неонатална администрација на тимеросал. Toxicological Sciences,2014

    Алуминиум во мозочно ткиво при аутизам. Science Direct, 2018

    Позитивна асоцијација се пронајде помеѓу преваленцата на аутизмот и вакцинацијата во детството кај американската популација. Journal of Toxicology and environmental health Part A, 2011

    Коментар – Контроверзии околу живата кај вакцините: Негирање на аутизамот како пречка за универзална имунизација. Indian Journal of Medical Ethics, 2014

    Методолошки проблеми и докази за злоупотреба при истражувањата кои претпоставуваат дека тимеросалот во вакцините е безбеден. BioMed Research International, 2014

    Абнормални антитела на морбили-заушки-рубеола и автоимунитет на ЦНС кај деца со аутизам. Journal of biomedical science, 2002

    Вакцинација против хепатитис Б кај машки новороденчиња и дијагностицирање на аутизам, NHIS 1997-2002. Journal of Toxicology and Environmental Health, 2010

    Сличности во карактеристиките на аутизамот и астмата и можна врска со употреба на ацетаминофен. Medical Hypothesis, 2010

    Употреба на ацетаминофен (парацетамол), вакцинирање со морбили-заушки-рубеола и нарушување на аутизам: резултати од анкета на родители. Autism, 2008

    Серија на случаи на деца со очигледна енцефалопатија предизвикана од токсичниот ефект на живата, што се манифестира со клинички симптоми на регресивни аутистични нарушувања. Journal of Toxicology and Environmental Health, 2007

    Сеопфатен преглед на аутизам предизвикан од жива. Indian Journal of Medical Research, 2008

    Теоретски аспекти на аутизмот: причини – преглед. Journal of Immunotoxicology, 2011

    Аутизам: нова форма на труење со жива. Medical Hypothesis, 2001

    Проспективна студија за администрација на имуно глобулин Rho :d: кој содржи тимеросал, како фактор на ризик за аутистични нарушувања. The Journal of Maternal-Fetal and Neonatal Medicine, 2007

    Хипотеза: конјугираните вакцини може да предиспонира нарушувања на спектарот на аутизам, кај децата. Medical Hypothesis, 2011

    Потенцијалната важност на стероидите во третманот на нарушувања на аутистичен спектар и други нарушувања кои вклучуваат токсичност на жива. Medical Hypothesis, 2005

    Намалено ниво на жива во косата кај деца со аутизам. International Journal Of Toxicology, 2003

    Култивираните лимфоцити од деца со аутизам и не-аутистични браќа и сестри го регулираат топлотниот удар на РНК протеинот, како одговор на предизвик со тимеросал. Neurotoxicology, 2006

    Односот помеѓу реакцијата и дозата на жива преку изложеност од вакцини што содржат тимеросал и невроразвојни нарушувања. International Journal Of Environmental Research and Public Health, 2014

    Дали администрирањето на вакцини кои содржат алуминиум придонесуваат за зголемување на стапката на аутизмот? Journal of inorganic biochemistry, 2011

    Невролошки несакани ефекти поврзани со вакцинацијата. Current Opinion in Neurology, 2012

    Можен централен механизам во нарушувања на спектарот на аутизмот, дел 1. Alternative Therapies in Health and Medicine, 2008
     
  18. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.369
    Допаѓања:
    11.989
    Пол:
    Женски
    @yarre тимерсол не се користи повеќе по вакцините иначе
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  19. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    1.656
    Пол:
    Женски
    Јаре јас би сакала твое мислење зошто толку голема одбивност и негодување спрема вакцините, јас разбирам и се согласувам дека треба да сме предпазливи дека треба и да се почека макар и неколку години за да се дојде до некоја по зрела возраст и да се вакцинира. Еве јас на син ми ммр ја ставив на 6 години, сметам дека кога се развиени убаво центрите на мозокот и нема некој ризик. Јас верувам дека и ти си вакциниран па ете здрав,жив како и сите ние што сме вакцинирани и никому ништо не фали. Сакам да ми кажеш кој е твојот став и што сметаш за ризик при ставањето вакцина во позрел период?
     
  20. ija

    ija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    703
    Можи не е за овде прашањево и можи е глупаво, во бременост правев пренатален тест за генетски испитувања прашањето ми е дали овие испитувања би можело да детектираат и аутизам или немаат врска тие испитувања со аутизам.