Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    738 глас(а)
    76,0%
  2. Против

    233 глас(а)
    24,0%
  1. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    537
    Пол:
    Женски
    Мислам дека баш аутизам не излегува на тие тестови. А преку крв се дијагностицира ако одиш во ману и да го пратат примерокот во германија. Можеби и некој други приватни лабаротории го прават истото. Ама примерок треба да се земе од детето (родено).

    едит: да оф топик е иначе има теми во бременост а има и посебна група аутизам.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.151
    Не детектираат аутизам.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Тимеросал. Види, извадок од студииве е пред прекинувањето на тимеросалот во вакцините. Иако за жал има до 2021, а сега Тимеросалот наводно е многу наламелн но го има.
    Е сеа, да не беа овие „лошите“ извикани научници кои докажаа огромни проблеми со тимеросалот, можеби и понатаму ќе се користеше бидејќи „независната“ наука до тој момент немаше проблем со него. Генерации и генерации примаа вакцини со тимеросал и се беше во рамките на науката. Исто така примаа вакцини и со SV-40 кој со години си беше “научно подобен аѓувант“
    Но нели прво не смееш да ја прашуваш науката, а утредента кога науката ќе промени став науката не смееш да ја обвиниш. Се што треба да ти кажат - Новата студија покажува..... и овците ќе си голтаат. И тоа секој пат.

    Во продолжение ова се дел од составот на вакцините, спрема последните подлистоци. За жал и тимеросалот го има, дури и до 2020 и 2021.Како што го има и во тетанусната инекција која се дава во МК ако се исечеш.

    Нејсе, ти за тимеросалот се фати. Погледни ги и другите аѓуванти и релации спрема студии. Ембашка производителите на вакцни ги заштитуваат НЕКОИ од додатоците како бизнис тајна и никогаш не го знаеш реалниот состав. Не го знаат ниту ЕУ властите ниту институциите преку барата. Внесуваш во телото на детето некаква состојка која ниту медицинските власти не ја знаат.

    Slika-1-clanak-sastojci-cjepiva-1024x634.jpeg Slika-2-clanak-sastojci-cjepiva-976x1024.jpeg Slika-3-clanak-sastojci-cjepiva-989x1024.jpeg Slika-4-clanak-sastojci-cjepiva-1024x799.jpeg


    Slika-1-clanak-sastojci-cjepiva-1024x634.jpeg

    Некаде наназад го имав истото прашање. Се работи за големи истражувања и барања на логика. Како и ти, и јас сакав најдоборо за моите деца. Многу истражување и многу разговори со лекари, достапни кај нас. Кои позади завеса тешко но се отвораат да разговараат. Тоа што некои уште во 80тите години од минатиот век не ги вакцинирале своите деца, беше доволно за почеток на истражување. Во тоа истражување се сретнуваш со еден куп нелогичности и за жал уште поголем куп на затскриени работи.
    Родителите на невакцинираните деца не се тресат како поголем дел од родителите кои носат дете на боцкање. Нивниот став е цементиран во одлуката, и ниту една незаконска „мерка“ нема да ги предомисли. И тие не се различни од тебе, не се од Марс, тука се и ретко приметуваш нешто различно. Сега можеби ќе ги приметиш со последнава сегрегација на невакцинирани но здрави деца по градинките. Некои ќе попуштат и ќе ги избоцкаат децата, а некои како и минатите „епидемии“ ќе се организираат да земаат мајки боловање па ќе чуваат по 5-6 деца дома секој по недела две. Тие што ги прават мерките, знаат каде да удрат, имаат мотив, родителите работат, немаат баба сервис.
    Циркусот со давање вакцини во позрел период битно ги намалува шансите за проблеми, но не ги исклучува, бидејќи и тогаш вакцинацијата е руски рулет. Никој не сака (или скриено у некоја фиока) да испита кумулативно (заедничко) дејство на сите вакцини кои се даваат на децата.
    Поентата на моите постови тука е дека родител треба да загребе и да ја види и другата страна. Последиците ниту се ретки, ниту лесни. Некој ќе ме разбере, некој ќе ме плука.Но тоа не е ништо во однос на нацизмот кој се виде со ковидот.
    А некој ќе се чукне во глава за оној будалиот yarre кој пишувал во форум. Со надеж пред настаната штета. После, џабе е што ме читал.
    Вакцинацијата е едносмерна улица. Нема назад.
     
    На DonaOK му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.902
    Допаѓања:
    132.729
    Јаре, у епидемија на голема кашлица, од денес има препорака старите да се вакцинираат во домовите каде што има бебиња под 3 месеци. Ти ќе се вакцинираш ако имаш внуче дома?

    А ако му донесеш дома? Јас да сум ти снаа душата ќе ти ја извадам
     
    На Waverly Raven, IRBBB, Brpbrp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Спонзорираните медиуми се страшна работа. Исто како и пропишувачите на незаконски одлуки. Само некуките не знаат дека ако има епидемија не се вакцинира. Вакцинираните како сеачи во траење од 15-30 дена можат само да ја влошат состојбата.
    Ако имам некоја лева снаа здравје боже, нема да се доближувам поради неа. Да не му го расипувам бракот на син ми.
    Сигурно нема да се вакцинирам. А ке предупредам вакцинирани да не се доближуваат до внучето. Ако сакаат нека ме послушаат, ако не - не.
    А со сила можеш некого да поробиш, но со сила неможеш никого да ослободиш, беше една стара поговорка.
     
    На DonaOK му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    5.446
    Пол:
    Женски
    @yarre , ако баш снаата е запната да вакцинира дете, со сите вакцини што следуваат? Кога веќе се фативме за снаата.

    Инаку лаички во епидемија и јас мислам дека е ризик за вакцинирање. Ама пак не ме спречи ништо моето дете навреме да си прими вакцини, баш кога немаше епидемија.
     
    На SummerGirl и Brpbrp им се допаѓа ова.
  7. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.369
    Допаѓања:
    11.989
    Пол:
    Женски
    @yarre Зошто вакцинирани да не се доближват до внучето? Нели ќе се лечи се со антибиотик, плус сакаш природен имунитет? Па нека се зарази ако толку си убеден дека вакцинираните се трансмитери, зошто да го тргаш, јачај го или прпа од менингит...
    м? Баш ме интересира како би го лечел? Дома? Или прв ќе трчаш на болница.
     
    На Мариаа., IRBBB, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  8. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    1.656
    Пол:
    Женски
    Јаре од секогаш постоеле тие две спротиставени страни, но една е вистина вакцините спречиле многу болести и пред се многу смрт меѓу насленијето, не викам не, се плашам и јас од вакцините но исто така а можеби и повеќе од болестите, кога почна 2019 мислам беше епедемијата со морбилите го вакцинирав син ми со ммр од страв за недај боже ако нешто фати а сум можела да го спречам ете тоа е нешто што никогаш не би си го простила и совеста би ме јадела цел живот. Искрено ти се воодушевувам на храброста и лежерноста во однос на твоите деца да хараат болести а да не се заштитетни ни минимално не викам дека имаме заштита 100% но каква таква некаква се има.
     
  9. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Како и ти, и јас моите деца ги воспитувам во правецот кој што мене ми е близок. Истражен и докажан. Секако дека нема да се мешам во одлуката на моите деца, но чувстувам должност да им го кажам мојот став и системот на кој тие се израснати. Дали ќе го прифатат, можам само да се надевам. Мајка ми за мене не знаела. Одела по системот. Да имало некој да и ги отвори очите, верувам дека различно ќе постапела.
    Ти имаш став. Придобивките или последиците може да ги покаже само времето. Или искуството од другите.
    Ние како карактери и луѓе не веруваме на другите. Дур проблемот не се случи во нашиот двор. Тоа е веројатно нормално и стандардно ама лошо. Не учиме од туѓите грешки.

    Драга @FridaodaMk, мислев дека не ме читаш а гледам и дека не ми го разбираш пишаното. Како би се лечел? Абе душо драга. Исто. Како и тие што се вакцинирани а ја задобиле ситуацијата.

    Да, спротиставенотста е постара повеќе од 100 години, Не е од завчера. И не е вистина дека вакцините спречиле болести, бидејќи се појавиле дури откако смртноста на истите била на 0 или блиску до 0. Иако табелите се повеќепати повторувани на темата, сврти наназад едно 15-20 страни. Медаљата на вакцините е само злоупотребена. Од бизнис наратив.
    Не сум нешто посебно храбар а не сум ни лежерен. Само сум реален. Откако ќе го надминеш децениски наметнуваниот стереотип дека вакцините го спасиле човештвото, се постанува појасно. Нели, ако можеш да го направиш тоа. Што мислиш дека родителите кои не ги вакцинираат децата се храбри ? Не. Далеку од тоа. Храбри се само во делот на размислувањата, бидејќи тешко е да се напушти стадото. А во стадото е најсигирно. Ако може голиот Асан можам и јас,
    Токму тоа е големината и храброста. Дали можеш (или не) да размислиш како единка наспротив стадото. Од една страна имаш топлина на стадото, кое нуди конфор на колективноста, а од друга страна имаш опција на свој став кој што ако малце повеќе го расччкаш отвора нови реалности и логика.
    Некогаш ако избегаш од колективната „топлина“ ќе разбереш дека не постои „каква-таква“ заштита.
    Стравот како опција јас не го употребувам. И ти и јас сакаме најдобро. Зарем не е така?
    Моите деца не се вакцинирани. И јас, како и моите исомисленици не се плашиме од епидемии. Дали сме глупави ? Дали јас сум отповеќе храбар ? Дали сум глупав да им наштетам на моите деца ?
    Дали воопшто ти делувам за таков?

    Види, ние што сме одлучиле да не ги вакцинираме нашите деца, не сме од друга планета. Како и ти сме родители од крв и месо. Имаме различен пат на барање на логика. И да повторно за најдоборо за нашите најмили. Никогаш, никогаш не се раководи од наметнатиот страв. Барај логика. Имаш прашања, барај одговори. Реални и издржани.
     
    На DonaOK му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.369
    Допаѓања:
    11.989
    Пол:
    Женски
    @yarre Ти вакциниран си? Хах сигурно во Југославија ќе те прашаше некој сакам нејќам, ќе крениш ракав и боц. Иначе ти како ќе се носиш со фактот ако од тебе твоето невакцинирано внуче се зарази со морбили и развие менингит? Или се зарази со пертусис? Или ти живејш на планина изолиран, али според тоа што имаш достапност на интернет не ми се верува. И да, треба закон каде што невакцинирани, а болни нема да се примат во болница, да си седите дома и да се лечите со вашето знаење од интернет. Google it. И аман конкретно одговори на прашањата, а не статии копирани од нет. А пошто и ти самиот си вакциниран не си баш компетентен да кажуваш за тоа дека треба или не треба да се вакцинираме. Малку е контрадикторно
     
    На KuklickaSk и Skyler81 им се допаѓа ова.
  11. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    1.656
    Пол:
    Женски
    Јаре јас само забележав дека ти си помирен човек, помирен со судбината и настаните и се што дојде ти го прифаќаш како добредојде. Си имаш свое размислување и си имаш логичности за истото, но јас сепак како и поголемиот дел ке решам да превенирам отколку да лечам барем ќе речам направив се што можев. Само немој да го негираш фактот дека многу болести се искорениле со вакцините, точно е дека пред вакцините имунитет се создавало со прележување ама и многу умирале а тоа време одамна е заборавено...
     
  12. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Повторно ќе се прашам дали ти воопшто ме разбираш. Јас сум вакциниран, додуше не со се поради сплет на околности во тогашната држава. Тогаш имаше прво далеку помалку на број вакцини, а имаше и институт кој се викаше Батут, и можеше и правеше независни испитувања на сите вакцини кои се даваа. Дали ми фали нешто јас си знам. Од тогаш досеа воведоа мултишот вакцини зголемија број на дадени вакцини, останаа уште да измислат за влажно прдење.
    Јас конкретно ти одговарам, ама ќе престанам. Ти не ме читаш и поставуваш исти прашања.

    Види, превенцијата е одлична работа, нема двојба во тоа. Но поентата е дека не превенираш. Напротив. Само те убедуваат дека превенираш. Повторно, и повторно. Болестите не се искоренети со вакцинацијата. Земи го само датумот на почеток на употреба, споредено со смртноста на болестите. Јасно е како 2 и 2
    И јас жалам што тоа е така. Вбризгуваш очајни состојки во детето (познатите ги имаш погоре во листите а непознатите се тајна) имаш чувство на некаква превенција а немаш, и имаш мутиации на соеви на болести со што само го продолжуваш опстанокот на болеста во наредни генерации. Па имаш локални „стручњаци“ кои вакцинираат во тек на епидемија. Мерките се шоу за широки народни маси.
    И да точно е дека умирале, ама епидемиите се јавувале поради лошите услови на живот и немањето на соодветен третман на истите. Класичен пример беше со малите ромчиња во Романија пред некоја година.
    Педијатрите- „превентивци“ се особена карика во целата прикаска. Затоа кај нас ги раздвоија во матични и превентивци. Надвор, на пример во Германија се исти. Ама земаат по 17 Евра од дадена вакцина ако го убедат родителот да вакцинира, каде родителот прифаќа ( со потпис) евентуални несакани последици. Кај нас превентивците (државни) се плашат за работно место. А приватните матични се ослободени од вакцинацијата. Голем дел од нив не се сложува со вакцинацијата, ама тоа не е дел од нивната работа, бидејќи државните спроведуваат. Јас ја имав таа среќа со моите, да имам еден педијатар кој во тоа време беше и матичен и превентивец.
     
    На DonaOK му/ѝ се допаѓа ова.
  13. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    1.656
    Пол:
    Женски
    Дали сега имаме лек за пертусис, морбили, заушки? Која е клиничката слика кај вакциниран заболен и невакциниран заболен? Во опкружувањето имам своја блиска повозрасна личност, децата и прележале претусис, ќерка и на две години невакцинирана и син и на пет години вакциниран, за ќерката вика се плашев дали ќе преживее додека син и го поминал од нога, во исто време и мајката заболела од децата со пертусис а е кажано како лесна болест за возрасните но жената до ден денес е со оштетено белодробно крило од претусис. Така да никогаш нема да сме начисто дали сме донеле правилна одлука или не а тоа што состојки и какви има во вакцината никогаш нема да се дозне со сигурност...
     
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Дали примаш лекарства и дали си ги лечел децата со лекарства, а да не биде тоа бабин иљач?

    Бидејќи уверена сум дека примаш лекарства и на децата си давал лекарства, зарем не мислиш дека истите постојат да те трујат како вакцините? Зошто повеќе веруваш во апче, него вакцина? Истата фармација е производител. Сешто може да додаде во составот на лекот, особено во земји како нашата каде никаква контрола нема.
    Што ти фали тебе од вакцините, не напиша? Ако беше така како што пишуваш, зарем популацијата на земјата немаше да биде во опаѓање?
     
    На Skyler81 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.369
    Допаѓања:
    11.989
    Пол:
    Женски
    @yarre па ти ги поставувам истите прашања затоа што ништо не кажа конкретно, и да, вакциниран си, а тоа кажува дека како сите нас си "отруен" ништо повеќе ниту помалку од нас, пошто си вакциниран немаш право да му го ускратуваш тоа на друг, и пак тоа што те прашав не одговори оти очигледно не си баш многу свесен за опасноста
     
  16. Alex.T

    Alex.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    229
    Пол:
    Машки
    Дали Бил Гејтс ги следи и вакцинираните кучиња или само луѓето? :D
     
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.151
    Најголема лага што упорно се повторува во наративот против вакцинација е дека вакцините не спречуваат болести.

    И ова и те како лесно се проверува и е во најмала рака безобразно да се повторува како факт.

    Зошто случаите на морбили и пертусис беа поединечни со децении? Или ги немало воопшто со години? Зошто нема детска парализа? Зошто бројот на деца хоспитализирани со рота вирус е неспоредливо помал во однос на пред 10 години?
    Зошто се реткост менингити предизвикани од хемофилус?

    Моменталниот министер за здравство, на страна политичката припадност, е инфектолог. И е прилично добар доктор.
    Сигурно дека ќе донесе одлука за заштита на децата од инфективни болести кои и те како гледал како напаѓаат и убиваат деца. Па и возрасни.
     
    На Spidy, Yowannty, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  18. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.403
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    @KuklickaSk ме интересира дали е точно тврдењето дека свежо вакцинираните ја шират кашлицата? Каков е ставот на инфектолозите? На интернет не можам да најдам конкретни информации.

    (Големото дете ја прими ревакцината пред 10 дeна, малата треба од понеделник ако е се како што треба)

    И колку е паметно да се вакцинира сега, со оглед на тоа што и тука има еден пријавен случај?
     
  19. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    Вакцината за кашлица содржи неактивни делови од бортедела бактерија, што значи дека свежо вакцинираните не ја шират болеста.
     
    На IRBBB, Lianna Anna, kristina.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.151
    Јас ќе го вакцинирам бебето здравје за некој ден со втора доза. За да делува вакцината се потребни 2 недели. Кога ќе дојдат вакцини за возрасни, и јас ќе се вакцинирам. Брат ми има бебе од 1 месец, работи со деца, и он ќе се вакцинира. Подобро, него да си трескам глава дека јас сум го заразила син ми или внук ми.

    Вакцинирано дете ќе шири пертусис ако пред тоа е заразено со пертусис, не затоа што е вакцинирано. Вакцината не е жива.

    Како мерки пред вакцина, големиот не оди 1 недела во градинка, и им правам крвна слика на двајцата.
     
    На Yowannty, IRBBB, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.