Прашањава да ги поставиш за едно 10 години. Сега се само обичен филм. Наназад премногу јасно објаснив конкретно и за морбили и за пертусис. Последните случаи на полио илимити детска парализа беа индуцирани и докажани дека се од вакцина. Рота вирус вакцините се само посебен пример на измислување на вакцини за „влажно прдење“ и тотално непотребни. За се што искажуваш потребни се конкретни и докажани примери, а не произволни заклучоци. Кај беше рота вирусот минус 30 години ? Тука, ама немаше соодветна реклама за да настане вакцина. Околу сипаниците коа јас бев дете, и немаа доволно реклама и систем на застрашување. Да? Па што не чини Вело Марковски ? Не е антиваксер ама реален е со неговите ставови научени дур едно време бевме држава која се викаше Југославија. Сега е лесно. Комисијата за заразни болести, од кои двајца се кеш фраери и една тетка со „ладна трајна фризура“ креираат јавно мислење. И секако еден министер со упитна ДУИнг бизнис диполма, кој длабоко се наведнува на инструкциите дадени од брдото. Ало, се прашувате на кого верувате ?
Јаре проолжува да дроби бубрези, нели сфати дека во европа не ги вакцинираат со детска парализа и токму таму е зголемен бројот. Како тоа вакцината предизвикува детска парализа, а децава ја добиваат не вакцинирани? Втора работа кога не знаеш како изгледа не вакциниран заран со морбили подобро и не зборувај.
@yarre во комисијата за заразни болести е човек кој без никакви врски заврши медицина со висок просек и без никакви врски е сега професор за разлика од твојот споменуван и величан дека од вакцина ќе се разболиш со полио сигурно еве сите што сме вакцинирани вакцината ни дала морбили, пертусис, полио... страшно што се не ви полнат глава...оф да, изгледа отровот ни ги прави вакви ставовите да сме за вакцините
Ако е со висок просек не значи дека одлуките на комисијата се добри. Прво и основно се противзаконски а после и глупави. Зошто ? Еве ќе ви го пренесам постот од Соња Христовска Угриновска. Дали сте нормални кога носите одлуки со кои се засега здравјето на малите деца и егзистенцијата на семејствата? Или кога одлучивате си мислите само на рејтингот, затоа што се плашите како за вас ќе пишуваат необјективни новинари, џавкачи, кои повеќе личат на агенти на фармациската индустрија и пиари на министерот, наместо заштитници на јавниот интерес? Па, драги доктори, инспектори, министре, директори на градинки и лајачи: Едно бебе до 18 месеци за да ги прими сите четири дози вакцина ДТП треба да е здраво, а ако се разболи, вакцинацијата СЕ ОДЛОЖУВА. Штом се ОДЛОЖУВА, тоа значи дека бетето на 18 месеци ЌЕ ДОЦНИ со дозите. И покрај желбата на родителите, значи, од објективни причини, вакцинацијата - доцни. Знам за пример во кој бебето е родено со намалени тромбицити и вакцинацијата почна на шест месеци возраст. Потоа бебето имаше проблеми со крајник, па подоцна имаше варичела. Детето има три дози ДТП, според возраста треба да има четири, ама ете беља, се разболувало... Впрочем, како и многу други бебиња. Мајката на детето едвај скоро се вработи, таткото е НЕВРАБОТЕН. Во градинката им рекле дека детето повеќе нема да го примаат оти нема четири дози!!! Во диспанзер не смеат да го вакцинираат затоа што МОРА да помине период од трета до четврта доза. И сега? Ова семејство, кое редовно вакцинира и од објективни причини е спречено да го следи прецизно календарот за имунизација, ТРЕБА ДА УМРЕ ОД ГЛАД? Ајде бе! Се ситат лајачите со глупави муабети од типот, ете, арно им направија на антиваксерите. Без да размислат. Без да се потрудат да бидат објективни. Без суштински да го разгледаат и проблемот и понуденото решение. Па за какви антиваксери зборуваме во горниот случај? И сега имаме деца со примена ДТП предвреме. Со примени две дози наеднаш. Со потенцијал за штетна реакција по младите животи? А зошто? ЗОШТО? Толку ли ви е тешко да го вклучите мозокот пред да донесте одлука? И таа одлука да биде издржана, објетивна и навистина во корист на сите? Одлуката во градинките да се примаат само децата кои се комплетно вакцинирани според возраста треба да падне на суд. https://www.facebook.com/sonja.hristovska.5/posts/pfbid0a2DDR2eBxX6qGGb2LHPKZXJvU2AiDgJjui658HSAHcRot5p1SWJvADiNskLdqm37l
@yarre и? Не се крши закон градинката е избор не е задолжителна? Не е задолжително образование па ти го ускратува правото што ти е поентата? Си има надлежни, нека тужат таму каде што треба за ускратување на право,а и да тужат ќе изгубат затоа што законски мора да е вакцинирано. И сигурно со причина била одложена вакцинацијата, подобро за тоа дете невакцинирано е да не е во околина со невакцинирани. А и оваа компетентнава доктор е? Ако е новинар нема што да кажува, нека излезе докторската фела, тој што учел и е стручен, како доктор што не може да збора за новинарство, така и таа не може за медицина. Сите се знајме во државава. А ти сега зошто го постираш ова? Нели си против вакцините, што те засега за некој што не можело детето навреме да е вакцинирано. Јас како што знам темата е друга и држи се на неа и пак не одговори на конкретните прашања, или не најде статии за менингит, енцефалит...или вие дека не вакцинирате па сте заштитени.. кажи му на родител на дете што имало компликации од морбили невакцинирано па после тука споделувај нешто што едвај има еден лајк https://www.instagram.com/reel/C3YLAlpR2M8/?igsh=MWpxZm5nMzVpemhlaA== еве Пановски е пензионер не е во комисија и не е за пари, професор и негов став е то, и е поверодостоен во изјавите од некој друг
Нова сум на форумов, инаку мајка на две деца (5,5 и 7 год), случајно наидов на темава додека пребарував податоци за тоа колку точно деца се соодветно вакцинирани со актулнава ДТП : Пред помалку од месец дена опфатот за Скопје беше околу 92% , денес на Алфа слушнав изјава само 50% биле соодветно вакцинирани во Скопје? Ајде нека се решат веќе еднаш… Ако навистина 50% се невакцинирани, по логика на актуелната “реторика” треба да заклучиме дека 50% од луѓето се со многу низок интелект и не сакаат да ги заштитат своите деца од пертусис и тн. , а реално покажува дека повеќето родители што не вакцинираат се високо образовани и интелигентни родители… Зошто толку голем процент одбиваат да веруваат на “стручната фела и нејзиното убедување и уцени”?? Приближно околу 20.000 вакцини се применети последниве месец и половина, а бројките на заразените упорно расте … Не сакам да должам многу… Тој што сака да разбере ќе разбере и од малку кажано, ќе истражува, ќе прашува и тн. Тој што не е сигурен дали направил добар избор со вакцините, или платено сака да убеди и други да станат “клиентела на фармакомафија” - ќе напаѓа спротиставени мислења и ќе продолжи да дискутира без факти … Само може да кажам голем БРАВО за @yarre за неговата упорност аргументирано и со голема софистицираност во изразот без навреди кон другите, да ја покаже и другата страна на огледалото …
Ај сподели линк каде е кажано дека има опфат од 92%? Клиентела на фармакомафија повеќе ќе станеш и со милион примени лекови кога ќе фатиш пертусис. И не, не сте просветлени, нити градски 'интелегентни' фаци.
Тетанус појавен по 30г во USA. Case study. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/ar..._9-HjsFEpSPw2ut4IPmauFCRRkJfdlniGTeM9G9RIqlpc https://www.facebook.com/share/p/WQ4P5ZwwmEaSQb5B/?mibextid=CTbP7E
Страшно. Е сега стварно не ми е јасно како е можно од каде можеш да фатиш некоја болест што нема никаде ни еден случај. Како може да ја фати некој преку што ? Има некок логично објаснување. Еве и невскциниран да си каде ќе го фатиш?
Прв случај после 30 години? Не верувам Јас знам дека секоја година има барем по 30 тина случаи на тетанус низ Сад.
Ова е бактерија која живее секаде во животната средина, во почва, во прашина и сл. и се добива кога ќе навлезе во телото преку исекотина. Не се пренесува меѓу луѓе. Затоа кога ќе се исечеме од нешто се прима тетанус.
Да и јас сега гуглав. Најмн биле луѓе што не биле никогаш вакцинирани. Е сега знаеќи како можеш да фариш тетанус, нели можеле да се вакцинираат одма после настанатата повреда? Не го ли практикуваат тоа ?
Да јасно. Ама не земаат ли вакцина луѓево веднаш после повреда ако никогаш не биле вакцинирани ? Кој зема вакво ризик ? едит: сега зборував со мајка ми, ми вели во основно како мала сум нагазила на големо стакло и без разлика што сум вакцинирана пал ми ставиле за секој случај вакцина.
За жал, многу ме мотивираш да ти реплицирам, како ретко кој. Детето кое не можело да е навреме вакцинирано може да е пример за уште максимум 10% од децата кои не се навреме вакцинирани, или не се воопшто. Како што знаеш, затоа се вика колективна заштита, за со над 90% вакцинирани да се заштити и детето од статусот и детето кои има канцер, и тукушто роденото бебе. Ама зошто очигледно твојата страна на гледање на нештата има следбеници, кои ене се караат у темата со градинките, тоа дете не е заштитено. И не може да оди во градинка. Не знам како не гледаш проблем во себе во случајов?
Ако имаше 92% вакцинирани деца, немаше да има хоспитализирани дечиња, шо е и целта на вакцините-да се намали смртноста и да се спречат компликациите од болеста. Можеби не се 50% од луѓето со низок интелект, но добар процент од нив се-по 5 години не вакцинираа деца, сега за да не останат без место во градинка (како шо би требало да е и без било каква епидемија на болест шо се спречува/контролира со вакцина) одат и како луди бараат да им ги вакцинираат децата со 2, 3, па и повеќе дози наеднаш. Пази, истите тие се убедени дека епидемијата е измислена, "маркетиншки трик" за да се потрошат набавените вакцини, можеби и веруваат дека децата ќе престанат да им зборуваат ако примат вакцина, ама да, ќе ги испелцаат децата со сѐ можно наеднаш, само за да се задржи место во градинка. Со должна почит, мене тоа не ми изгледа на некој со висок интелект, уште помалку на родител шо му мисли добро на своето дете. Те молам упати ме на кое место дава фармакомафијата пари за ширење пропаганда за вакцинација? И дали истата таа фармакомафија ги финансира родителите што им даваат антибиотици и кортикостероиди како бонбони на децата или пак имуностимулатори и имуномодулатори? Штом е таткото невработен, воопшто не треба ни да држи место детето, оти има куп деца на листа со двајца вработени родители што чекаат ред. Друго, одреден процент деца под одредени околности задоцниле и веројатно за тоа имаат соодветна медицинска документација и воопшто не е исто како тие што на 4 години примиле само една доза дтп. Не можи детето да било настинато цели 4 години за да се вакцинира, а не било настинато за да оди в градинка.
Не за тетанус ама општо ќе го објаснам малце лаички. Работава не е дека тој вирус или бактерија го немало воопшто, туку бил држен под контрола. Ако во една популација имаш доволен процент на вакцинирани и вирусот ако циркулира меѓу нив, затоа што повеќето се вакцинирани, вирусот може многу малку да се намножи (оти нели го напаѓа навремено имунитетот) со тоа ем "заразениот" нема да има симптоми сумњиви за да се провери, (со тоа и нема да се регистрира како офизијален случај)ем бројот на луѓе кои ќе ги зарази ќе е многу мал. Накратко, нема патогенот кај да оди за да добие потентност. Значи не е дека тој вирус или бактерија биле истребени (погрешно се користи зборов) само немало официјален случај, ама си постоеле меѓу нас. Тоа е фората со колективниот имунитет уствари Е пример кај вариола верата, вирусот дефинитивно е истребен оти не се вакцинира а официјален случај нема со години.