Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Discussion in 'Бебе' started by bebaa, Jun 9, 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    761 vote(s)
    76.2%
  2. Против

    238 vote(s)
    23.8%
  1. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Joined:
    Jul 17, 2023
    Messages:
    555
    Likes Received:
    731
    Gender:
    Female
    Мајки, како ја примате ДТП вакцината, како посебна или во 5то валентна?
     
  2. yarre

    yarre Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    915
    Likes Received:
    801
    Колку ли омраза во пишувањата. Жалосно. Таткото требало да остане невработен и дома затоа што ред чекале за градинка и со двајца вработени. Едвај чекала да ми одговори. и сум ја мотивирал.
    Супер, ама ниту еден не ми го објасни колективниот имунитет. Каде, за која возраст до која возраст се рачуна, ако се рачуна, кај се другите, до кога важат вакцините во колективот и така....

    Нашава дискусија ако можам така да ја наречам е опишана и во филмот Vaxxed 1 и 2
    Еве кој сака, ја частам 2ката, кецот беше наназад тука, ако некој сака ќе му го дадам и него.
    Не плукајте и не скокајте. Кој сака нека го погледне, да ги види нашиве сличности на „комуницирање“ и за жал искреирана омраза кон оние кои одлучиле да не вакцинираат. 1 саат 36 минути, со македонски превод.

    Форумот не дозволува имбед на видеа од Битчут, па затоа е линк.

    https://www.bitchute.com/video/NRzNUlgnMMfK/
     
  3. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Joined:
    Jul 28, 2020
    Messages:
    3,465
    Likes Received:
    12,265
    Gender:
    Female
    @yarre еве јас ке ти одговораш зошто се вакцинираат деца? Затоа што тие се најосетлива популација, и да опаѓа заштитата со тек на годините не е исто возрасен да се разболи и дете. Колективниот имунитет е многу важен затоа што ги заштитува и невакцинираните, али продолжете со пропагандата која ја ширите па за брзо ќе видите што значи полио. Груб пример ќе ти дам за тој колективен имунитет ковид непознат вирус нов се ширеше рапидно, е сега замисли си ти да немаше вакцини за морбили.... како тие би се ширеле. Ајде јас да те прашам тебе земја како Шведска има вакцинација на трудници за пертусис, ако толку се штетни вакцините зошто таква земја воведува за да го заштити новороденото, за да ги внесе во ризик трудниците? кога ете вие антиваксерите имате решение како ќе го лечите. Друго прашање ми е за вариола вера држава како Југославија како ја искорени и како така магично ја снема. Патем драг јаре сакал или нејкел ти, баш тие вакцини тебе те заштитиле, можиш уште години да полемизираш тука, али џабе ти е се, кога се косиш самиот себеси затоа што sorry not sorry и ти си вакциниран:lol:
    И толку збораш нус појави или отрови, од се можи се да ти се случи, утре од аспирин можи да имаш анафилактичен шок, или од апче за притисок кое мораш да го испиеш како составен дел од терапија, или вие со тревки се лечите? И аман напрај како сите болести на овој свет од вакцините да потекнуваат дури и оние со позната и оние со непозната етиологија...од автоимуни па натаму...
     
    Last edited: Mar 13, 2024
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2024
    Messages:
    1,237
    Likes Received:
    7,841
    Gender:
    Female
    https://www.washingtonpost.com/news...d-autism-that-the-movie-vaxxed-wont-tell-you/
    Кога споделуваш вакви линкови, јас можам да го споделам и ова.
    Ако ММР предизвикува аутизам, немаше ли сите деца да имаат аутизам? Ако се водиме по наративот дека сепак предизвикува, зошто само мала група на деца стануваат аутистични после примањето на вакцината? Од што зависи тоа?
    https://www.theguardian.com/us-news/2019/oct/31/vaxxed-2-movie-sequel-release-fears-propaganda
    Повели уште еден линк.
     
    Skyler81, FridaodaMk and SummerGirl like this.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,290
    Likes Received:
    28,040
    Кога ќе размислиш подобро, може и има он side effect од вакцината.. :wasntme:^_^
     
    ArabellaStarfall, Skyler81 and Brpbrp like this.
  6. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Joined:
    Jul 17, 2023
    Messages:
    555
    Likes Received:
    731
    Gender:
    Female
    Ако вакцините ги штитат на оние кои се вакцинираат - нема потреба да се плашат од невакцинираните. И тука доаѓа муабетот- но мора да се вакцинираме за да ги заштитиме оние кои се најмали и неможат да примат соодветна вакцина на возраста која се наоѓаат. НО факт е дека ако си вакциниран не значи дека нема да го фатиш вирусот или бактеријата туку имаш имунитет створен од вакцината и иту како би можел да ја пренесеш на тој што не е вакциниран иако немаш главни симптоми. Од ова што не е мое обично мислење туку факт,можам да кажам дека буквално може човек да избере и опција да му биде дали да се вакцинира или не. Нема врска дека ги заштитуваме најмалите ако сме вакцинирани туку секој се заштитува себе си. Кој сака нека се заштити кој не, нека му ја мисли. Ама достате со тезата за колективот. Може да спречи натрупани болници ама не и заштита за другите.
     
    yarre likes this.
  7. DonaOK

    DonaOK Нов член

    Joined:
    Mar 12, 2024
    Messages:
    4
    Likes Received:
    7
    Gender:
    Female
    Зошто секогаш без исклучок, вие што најревносно ги браните вакцините, мора да ги навредувате другите што одлучиле да не вакцинираат дека се “непросветлени”, “неинтелигентни”, “не сме биле градски фаци” и тн.?

    Јас никогаш не сум навредила некој што одлучил да вакцинира; еве и @yarre го читам со повеќе постови наназад на страниве на форумот, човекот културно си образложува зошто одлучил да не ги вакцинира своите деца …

    Вакцините со сите состојки што ги имаат и со сите можни негативни последици, не смеат принудно да се ставаат; секој треба да има право да се информира и да одлучи што е најдобро за неговото здравје и за здравјето на неговите деца…

    Сега веднаш ќе ме нападнете со “колективниот имунитет” и со наводното тврдење дека невакцинираните предизвикуваат опасност за другите и затоа мора сите да се вакцинираат …


    Ми нема никаква логика тврдењето од типот “за да функционира мојата вакцина, мора и ти да се вакцинираш” (или те штити вакцината или не те штити), ни наводниот “колективен имунитет” не можете да го постигнете ниту со вакцинирање на сите деца. Траењето на заштитата на вакцините и самите производители тврдат дека е најчесто до 7 години после примените дози… Што значи тоа? Значи ли дека треба сите да се ревакцинирате на секои 7 год за да постигнете фамозен процент од 97/98% ? Се ревакцинирате?


    А што се однесува на тоа кој е најголем клиент на фармакомафија, јас и моите деца сигурно не сме… Во рок од 7 год, постарото детенце има пиено само двапти во животот антибиотик, а помалата 5 год колку што е возрасна, воопшто не се напила никаков лек на фармакомафија, немала потреба до сега и се надевам така и ќе остане…

    Ако бар малце нешто сте читале, ќе знаевте дека пертусисот може да биде опасен само за најмалите до кај 4год, најчесто за бебињта зашто не знаат да се справат со секретот… Кај возрасните и повозрасните деца може дури и да не се разликува и да помине како и сите останати кашлици со секрет…


    За “епидемииве” сѐ бираат некои болести чии симптоми најчесто тешко се разликуваат дури и од настинка… мора “посебен” тест да се прави за да се провери?!! Така беше со ковидот, сега пертусис … Зошто на пример нема епидемија со дифтерија? Со истата вакцина се спречува, а нели не се вакцинирани 50%? Нема епидемија со дифтерија зашто тие симптоми се гледаат и со око па не може да лажираат бројки…
     
    Pinapina, macalavica and yarre like this.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,290
    Likes Received:
    28,040
    Ти прва пиша дека 'образованите не ги вакцинираат децата'. Јас ти одговорив на тоа

    Уживај си, големи ти се децата. Ги заштитиле твоите деца другите родители кои вакцинирале

    За тие сеа што се бебиња што има ти да се замараш и да ги мислиш.

    Ама пак ќе речам, не е за секој организирано општество.

    Себичњаци.
     
    Spidy, Chantal, happy mommy and 2 others like this.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Joined:
    Aug 9, 2019
    Messages:
    9,227
    Likes Received:
    13,503
    И дифтерија ќе има и полио и се ќе има. Се додека другите веруваат дека вакцините се штетни и дека фармацевските компании прават профит од тоа. Не, они прават профит од болниците и од витамините што никогаш не помагаат само одмагаат. Јас работев во таква компанија и знам точно што се произведува и за каде се произведува и кој е најголем пазар за таква работа.

    Вакцините се за лесно да поминеш не е да не заболиш од вирус или бактерија, еве во болниците се полнат не значи дека нема вакцинирано дете да заврши таму али тоа ќе замине со 2 инфузии и дома ќе го пратат додека пак невакцинираното ќе заглави и ете го кешот на фармацијата да не кажам дека Алкалоид е тој што највеќе ги снабдува клиниките кај нас со препарати.

    На клиника најмалото е од 1 месец ете не е вакцинирано тоа и сега ќе заглави зошто? Ради некој што е буквално малоумен дека вакцините предизвикуваат аутизам и шират пропаганда, а децата си ги трујат преку разни други работи.
     
    Skyler81 and SummerGirl like this.
  10. DonaOK

    DonaOK Нов член

    Joined:
    Mar 12, 2024
    Messages:
    4
    Likes Received:
    7
    Gender:
    Female
    Во ниеден момент не реков дека не се образовани и неинтелигентни тие што вакцинираат, само реков дека тие што не вакцинираат во голем број се образовани и интелигентни, така бар покажуваат истражувањата …

    Ако моите деца се опасност за невакцинирани бебиња (бебињава ги вакцинираат од два месеци па натаму) и сум себична, тогаш истото важи и за вас, верувам дека доста време поминало од вашата последна доза, и според вас и вие сте потенцијална опасност за бебињата- Натаму оди целата ваша реторика, дека сите треба да се ревакцинираме на секои 7 години со сите актуелни вакцини…

    Грижата за моите деца нема да заврши додека сум жива, а не пак сега на 5 и 7 години.. И јас се плашам од болести, но повеќе ми е страв од сите состојки на вакцините и нивните сериозни последици…
     
    macalavica likes this.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    7,857
    Likes Received:
    41,169
    Gender:
    Female
    Ми го направи денот :D:D:D:D:D
    Јас не знам луѓе од кај ви е оваа самодоверба, од едукација сигурно не.
     
  12. DonaOK

    DonaOK Нов член

    Joined:
    Mar 12, 2024
    Messages:
    4
    Likes Received:
    7
    Gender:
    Female
    И навистина не ги разбирам вашите напади дека сум себична само затоа што мислам дека вакцините се штетни за моите деца
    Ете пак навредувате… Тоа само кажува за Вашиот интелектуален капацитет и ништо повеќе … И сите факултети да ги завршите, џабе Ви е..
    И тука се повлекувам од дискусијава… Немам намера да трошам повеќе време на вас … Боцкајте си се колку сакате…
     
    Anyshka and macalavica like this.
  13. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Joined:
    Jul 28, 2020
    Messages:
    3,465
    Likes Received:
    12,265
    Gender:
    Female
    Ајде по 100 пат да те прашам како се искорена вариола вера? Со факти дека сама исчезна, знаеш ти што е поентата на вакцините? Вакцината те штити од комликации како што е менингит. Да, твоето невакцинирано дете може да го зарази моето вакцинирано, кое твоето невакцинирано дете може да има доживотни последици, за разлика од моето вакцинирано. Да не беше тој колективен имунитет и тие вакцини денес ќе имаше вариола вера, ќе имаше полио....
    https://www.crnobelo.com/novosti/sv...mijata-na-variola-vera-od-1972-vo-jugoslavija
     
    ArabellaStarfall, Skyler81 and IRBBB like this.
  14. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Joined:
    Oct 16, 2019
    Messages:
    8,325
    Likes Received:
    33,665
    Gender:
    Female
    @DonaOK почитувам родители шо се интересираат и истражуваат, ама тоа да го прават на релевантни места или од релевантни луѓе. Појдете на пр на институтот за имунологија, побарајте го проф. д-р Петличковски, проф д-р Дејан Трајков или било кој друг вработен на институтот и побарајте да ви објаснат сѐ шо ве интересира за имунизација по пат на вакцинација, имунитет на стадо, процент на вакцинирани, заштита од вакцини, антитела, прв антигенски грев...и сѐ друго шо би ви било од корист.
    Би требало да се постручни луѓе што животот го посветиле за да ја изучуваат имунологијата од некој на Фемина шо напишал 'колективен имунитет е измишљотина'.
    Воедно распрашајте се дали и како вакцината може да е тригер за генетски детерминиран аутизам, дали и како може да се влијае на гените. Па можи ќе научиме како се спречуваат други генетски и автоимуни болести.

    Не штитат вакцините само 7 години, туку највисок процентот е на заштита првите 10 години. Потоа опаѓа. Не мора да ми верувате, ако сте вакцинирана појдете проверете антитела за болест што не сте ја прележале и ќе видите дали сѐ уште имате заштита од вакцината.
    И да, пожелно е при одредени епидемии од одредени заболувања, да се ревакцинираат возрасните за да ги заштитат најмалите.

    Супер што твоите деца немале потреба од било какви лекарства. Што да прави родител со дете со дијабет тип 1? Да не му дава инсулин оти и тој го произведува фармакомафијата?

    За крај, не сите родители им мислат добро на своите деца, за жал.
    Многу родители не вакцинираат од притисокот од околината, а не дека имаат причина или некакво сознание и факти. Од страв. Поназад имаше споделено статија @FridaodaMk за мајка што не вакцинирала дете со ммр и после прележување на морбили детето е неподвижно, како компликација на болеста.
    Оти таквите случаи ги игнорирате, а им верувате на некој анонимен шо пишал статус на фб група 'дтп е страшна, моето дете имаше последици'?
     
    Lizi, Angie1432, Mom's_life and 5 others like this.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Joined:
    Aug 14, 2012
    Messages:
    20,110
    Likes Received:
    328,802
    Gender:
    Female
    Како си сигурна дека бебето е заразено од невакцинирано дете, а не од возрасен?Знаеме дека и ние возрасните немаме веќе имунитет на пертузис, со оглед на тоа дека вакцината не не штити повеќе од 10 тина години?
     
    H.VAGA and KuklickaSk like this.
  16. yarre

    yarre Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    915
    Likes Received:
    801
    Влегуваш во сива зона со предвидувањата. Делот на гатање во графче. Ќе имало полио и дифтерија.
    Драга Брпбрп, сите прават профит. Ене ги и Мерк и Шмајзер се на тапет за корупција во милијарди. Судир на интереси колку сакаш. После направена беља од вакцини сите се во профит. И тие првите со вакцините и целиот синџир надолу, до витамините и суплементите кои по нарачка на твоја рецепта ти ги праат кинезите.

    1. Ако е така супер, ич да не се секираш за своето дете. Јас повеќе треба да се секирам бидејќи твоето е преносител после вакцинација, + асимптоматски сеач ако задобие.
    2. Не е така, бидејќи не постои и неможе да има доказ за „поминувањето“ и „незаболувањето“ бидејќи за тоа ти треба еден ист организам кој е вакцинран и невакциниран.

    Од каде знаеш дека бебето задобило пертусис од невакциниран ? Што ако е вакцинано детенце, заболено но асимптоматски ?

    Има различни профили на родители. Во случајот кај ќерка ми во одделение, со ќерка ми 4 дечиња беа невакцинирани. 1 дете на доктор 1 на родители вработен во синдикатото на МЗ, и едно на фармацевт на висока позиција во една фармацевтска куќа.

    Пукањето се прави со епидемијава по градинките, а не по школите бидејќи им е попрактично. Иако градинката не е медицинска институција и дури при упис НЕ СМЕЕ да бара вакцинален статус. И истото го нема во регулативата за упис. Малтретирањето за сипаници очекувам да се случат во школите.
     
  17. yarre

    yarre Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    915
    Likes Received:
    801
    Пред 4 години, здружението „Од нас за нас“ имаше конференција во Скопје со еминентни стручњаци од областа на имнологијата. Дури тогашната влада, скромно но донираше средства за истата. Беа поканети СИТЕ доктори за кои здружението имаше имејл. Преку 470 лекари поканети, од кои оние од „имунолошката фела“ и со писма. Знаеш колку дојдоа ? 1. Др. Владимир Трајковски.

    https://k2019mk.odnaszanas.com/agenda/

    Не сакаат да разговараат, не сакаат да разјаснат. Едноставно бегаат од дискусија. Јас немам што да прашувам или одговарам. Доктори со доктори. Ама едните спремни другите бегаатт.

    /Молам админот на групата ако може нека ја стави оваа порака заедно со претходната/
     
    Last edited: Mar 13, 2024
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Joined:
    Oct 16, 2019
    Messages:
    8,325
    Likes Received:
    33,665
    Gender:
    Female
    Се прашувам зошто од 470 поканети дошол само 1. Претпоставувам го знаеш одговорот.
     
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Joined:
    Aug 9, 2019
    Messages:
    9,227
    Likes Received:
    13,503
    Зборам дека бебето од 1м е заразено, а не е вакцинирано за пертусис сеуште зошто прва доза е на 2 месеци. Нас не не штити ама ти градиш имунитет после 2г и затоа е различно новороденче и 2 или3г дете да е заразено па и поголемо. Не е исто цефалексин или алмацин едни како пд најслабите антибиотици да му ги дадеш на бебе од 1м и 1г дете, нели?

    Не ти треба еден ист организам зошто се гледа како поминуваат невакцинирани и вакцинирани. Се виде и со рота како поминуваат невакцинирани директна хоспитализација од најмалку 14 дена зобрам за групата до 1 година зошто и е најкритична таа.
    А во врска со суплементите зборам за тие што се произведуваат тука и што се конзумираат Кина и да е производител за нешто не значи дека е се штетно. Патем и ти си вакциниран што значи дека си им потенцијален преносител на болести на своите чеда, ако гледаме така ти си тој што има најголема можност да им пренесе нешто воедно и сопругата.
     
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    2,893
    Likes Received:
    11,286
    Gender:
    Female
    Официјалната наука вика дека заразните болести како пертусис и морбили не се шират кога има над 95% покриеност со вакцини, односно и при појава останува на спорадични случаи. Пример ви е епидемијата, жари во Скопје, а не во другите градови. Секако јаре ќе ти каже дека официјалната наука нема везе ама веќе натаму не би да дискутирам. Ги спомнувате возрасните кои имаат намалено дејство од вакцините, но ова се детски болести и се шират меѓу децата во колективи, а ако детските колективи се заштитени и болеста нема да се шири.
    Друго, пренатрупување на болнички капацитети за болест за која има вакцина е многу сериозен проблем за здравството и за пациентите.

    И многу лабави со пертусисот као за бебињата проблем, па и горе коментар дека личело на настинка.. личи на настинка првата недела, после клиничката слика е карактеристична и мачна.
     
    Last edited: Mar 13, 2024