Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    738 глас(а)
    76,0%
  2. Против

    233 глас(а)
    24,0%
  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.150
    Јас баш заради истово ќе се вакцинирам со вакцинитр за возрасни
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. happy mommy

    happy mommy Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Имам три ќерки.
    Најголемата 7, средната 5 и најмалата штотуку направи 1 годинка.
    Првите две ќерки уредно вакцинирани а најмалово само една на 3 месеци.
    Сипаници, ларингит и некако се одложуваше вакцината.

    Во меѓувреме почна и сомнежот околу вакцините бидејќи сум опкружена со антиваксери кои се прилично мое секојдневие на работа или дома поблиска фамилија па ме отруја со муабетиве..

    Тотален лаик сум на темава, а особено сега мозокот ми е салата одкако Ве исчитав некои 10тина страници
     
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.578
    Пол:
    Женски
    Епа ова е тоа што велам, притисокот од околината што сее страв. И како секој нормален родител сто пати ќе се запрашаш да не згрешиш. И ќе одложуваш, ќе пролонгираш сѐ додека не се појави некоја ваква епидемија и после што од страв од болеста, што од притисок од здравствени власти ќе извакницираш дете со 5 вакцини наеднаш.

    Чисто, мислење ме интересира, бидејќи велиш дека првото и второто детенце ти се комплетно вакцинирани- имаш конкретна причина за да се сомневаш во вакцините?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. happy mommy

    happy mommy Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски

    Апсолутно не.

    Без никакви нус појави поминаа двете дури втората ќерка е вакцинирана и со вакцина против стрептокока која првата ќерка не ја фати а ми се покажа како многу ефикасна. Многу помалку се разболуваше од сестра а и двете се од 9 месеци во градинка...

    Но како што напоменав, секакви муабети, страшни сценарија па муабети дека порано биле други квалитетни вакцини а овие биле чисто профитерски и со сомнително потекло и состав, ми влева стравови и грч буквално.

    Јас посекако и најмалава ќе ја вакцинирам но анксиозност на најјако пуштено.
     
    На mal.ecka и IRBBB им се допаѓа ова.
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Мајка порано и беровскиот компир беше број еден никој му немаше рамен ама сега и тој е радиоактивен. Иато и другите работи ресенските јаболки некогаш беа најдобри ама и ти почнаа да ги трујат со пестициди кората дури не се џвака па пак јадеме. Ако нешто е штетно тоа е храната полна со тешки метали и хемикалии, додека пак лековите кои се примаат поминуваат низ низа лабалаториски процеси и е сигурно.

    Едит: како што дотичните сеат страв дека мрп дава аутизам, а деца има комплетно невакцинирани со аутизам што се. Сеат страв зошто они се заштитени и се боцкани, а децава кој преживее ќе збори кој не лесна му земја.
     
    На mal.ecka, IRBBB, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.367
    Допаѓања:
    11.987
    Пол:
    Женски
    За да се внесе вакцина во држава има регулативи, остајте ги шпекулациите настрана. Ете пример пак иако не станува збор за ковид фајзер вакцината и тука и во германија и во англија е истата. Се некои теории на заговор како ние сме експерименти... само нас некој не труе, нас ни мисли лошо, а и да, ние сме најбогати со информации за секое зошто имаме затоа без разлика дали сме учеле за тоа, дали сме компетентни...фактите се тие, антиваксерите можат да си убедуваат, али никој од нив не докажа за болестите кои денес ги нема како ги снема, ете им го примерот со вариола вера па бујрум да се дискутира ама со факти поткрепени со докази
     
    Последна измена: 13 март 2024
    На IRBBB, Skyler81 и happy mommy им се допаѓа ова.
  7. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Детето има 4 ипол години и е вакцинирано само у родилиште. Ако сега почнам со вакцинација од која вакцин ќе се почне и која нема потреба да ја прими? Знам за рота и пневмокок дека се промашени.... а за другите ?
     
  8. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.640
    Пол:
    Женски
    Пнеумокок не е промашена , таа може покасно. Пријатели на 5 години му ја ставија на детето и се спасија од редовните гнојни ангини кои ги имаше. Сите останати може да ги прими но можеби во помал број дози. Најдобро во диспанзер.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.150
    Баш сега вакцините се со подобар квалитет од пред 9г. Бар вакцината за дтп. Доктор Ставриќ збореше на тв за ова, ацелуларна е од 2015 навака таа вакцина.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Дојдов до текст од еден наш македонски професор-доктор кој е во пензија. Автор на 11 учебници за Мед. факултат, и дузина на научни трудови, дел од нив сеуште необјавени. Ми достави свое размислување кое го дели со сегашните колеги. Се работи за еден од ретките професори како врвен и интересен предавач на мед. факултет но и строг на испити. Ден денес иако е во пензија, помладите колеги лекари го контактираат со разни дијагнози и негови предлози за третман. Сметам дека сум привилегиран што го познавам.

    Издвоив дел од текстот кој е во контекст на темава.


    Dr Eustace Mullinus: став на доктор од 1936 година: ниедно невакцинирано лице не умрело од карцином.Вакцина никогаш на никому не му помогнала.Секоја вакцина користи живи инактиви-рани или мртви микроорганизми за кои се претпоставува дека носат идентични антигени каракте-ристики како потенцијалниот,див сој на микроорганизам од кој сакаме да се заштитиме. Имуниот систем функционира строго согласно механизам на клуч и брава.Заради мутација на микроорганизмите,особено во простетички групи на антигени,тешко е да се поверува дека создадените антитела ќе го неутрализираат инфективниот агенс при негов влез во тело (респираторен тракт, дигестивен тракт,кожа..).Незгода на секоја вакцинација: имуниот систем се активира кон нетокси-чен / хипотетичен агенс и пропушта да изреагира кон агресивен микроорганизам или ослабува механизам на имунолошки надзор/хомеостаза што доведува до буење на изменети/малигнизи-рани клетки.Вакцина создава долгоживечки клетки на меморија (memory cells) кои се функционални после 10-40 години,на овој начин се спречува создавање на поголем квантум корисни клетки на меморија против реален агресор (инфективни агенси,малигнизирани клетки)

    Имуниот систем се развива со милениуми (онто и филогенеза) доаѓајќи во контакт со различни антигени низ вековите и адаптирајќи се кон секој агресивен антиген.Заради наведеното,ниедна вакцина не може да биде поефикасна од кумулирана имунолошка одбрана на конкретна единка. Вакцината може само да создаде непотребна диверзија на имун одговор.Имуниот систем има две компоненти-вроден и стекнат.Вродениот имунитет не штити од историски кумулирани шетни агенси ако со нив повторно дојдеме во контакт (актуелно случаи на сифилис и чума во САД,ослободени агенси од лед на Антарктик,ev.вирус на голема сипаница..).Стекнатиот имунитет е адаптабилен: се сообразува/усогласува со новиот агресор и се бори со хуморален (создавање антитела) и клеточен имунитет (специјални Т-клетки убијци).Имуниот систем има за цел да ја сочува врстата. Затоа некои единки ќе бидат уништени,но оние кои ќе опстанат ќе ја пренесат отпорноста кон тој агресор врз идни генерации.Некојпат лекарите одржуваат во живот единки осудени на пропаст од имуниот систем (пациенти со лупус,ревматоиден артритис,системска склероза, syndroma sicca..) заради инфицираност со непознати,споро делувачки агенси.Имуниот систем ја жртвува единката за да ја спаси врстата,а здравствениот систем свесно помага во експанзија на непознатите агресори одржувајќи ги во живот “осудениците” на имуниот систем и создавајќи ризик за други здрави индивидуи (теорија на Јерне)

    Во нашава земја се воведуваат мандаторни/уценувачки мерки против родители кои не сакаат нивните деца да се вакцинираат (во просек 3 вакцинални дози,па и една потсетувачка доза).Некои доктори пресметале дека детето треба да прими 24 различни вакцини за 24 сукцесивни недели. Каква папазјанија за имун систем кој е специјализиран да реагира кон реален,опасен и единечен агенс! Сега е актуелна голема кашлица.Слушам како вакцината се препорачува од експерти/ микробиолози/вирусолози.Прашувам: ако се децата во градинка вакцинирани и заштитени,како ќе им наштетат на невакцинираните деца?.Тие/родителите го преземаат ризикот да се инфицираат нивните деца меѓусебно.Од друга страна,Bordetella pertussis,согласно последни соопштенија од САД, ако навлезе во организам на вакцинирано дете,од неговото тело се излачува Бордетела која е потоксична за 1.65 пати од дивиот сој.Па така,кога ев.тешко ќе се разболат невакцинирани деца ќе се каже “сами сте криви,не сакавте да се вакцинирате”.Затоа,невакцинирани деца треба да бидат згрижени во одделна институција,а не заедно со вакцинирани деца!.На крај,ако е епидемија на голема кашлица зошто не се даде само вакцина против кашлица туку ди-те-пер што е тројно поголем ризик од несакани ефекти на вакцина (дифтерија немало веќе 50-ина години,а и тетанус-сем ако не се направи лабораториска диверзија/експанзија)

    Никој во нашата земја не ја проверува содржината на вакцината (порано го имавме Торлак, Белград;денес немаме вирусологија,па мораме да им веруваме на збор и црни очи!) и никој жив не знае што всушност детето прима со вакцина.Во една гратис-пратка од 2400 вакцини против хепатитис-В (Хепатовакс) добиена преку Rotary International пред осамостојувањето на Македонија,контролата во Белград откри на 20 примероци вакцина,5 контаминирани со вирус на ХИВ.Толку за добротата на оние кои поклонуваат.
     
  11. Skyler81

    Skyler81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2024
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Значи блазе си ви на вас невакцинираните, ќе се изнаживеете. Кога веќе нешто пишуваш информирај се подобро, не само да напишеш. Првата вакцина е произведена 1796 година, карциноми имало уште во времето на Хипократ, а сигурно и пред тоа, само што тој прв ги опишал. Сакаш да кажеш дека во тоа време медицината била толку развиена па никој заболен од карцином не умрел. Еве не се вакцинираш, ок, ама која е потребата да пишуваш глупости навистина не разбирам.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    За да развиеш ти имунитет треба секоја бактерија, секој вирус и страно тело што навлегува во организмот да не го третираш со тоа телото да се избори и да стекне имунитет. Драг Јаре сите трчате по антибиотици, антипиретик итн за детето. Тогаш не треба децата да се носат на лекар матични доктори и педијатри па и хирурзи не треба да има т.е. воопшто не треба да има. Ако вакцините развиваат тешки автоинуни заболувања,карциноми,уништен имунитет зошто се тогаш докторите? Треба да се остави на тоа тој има среќа ќе преживее.

    Дали знаеш дека ако дете во исто време закачи бактерија и 2 вируси и не се трерира дека ќе почине? Дека самата крв станува токсична и згаснува живот?

    Еве имаш ќерка невакцинирана пример и фаќа ХПВ, како ќе се третира особено ако е во доцен стадиум од цин2 па да се развие рак на грло на матка? Ќе ја носиш на операција, ќе прима хемотерапија или ќе ја оставиш да видиш дали самото тело ќе створи имунитет?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Денес го вакцинираа со Дитепер а наредна во мај ми закажа мрпм. Прво сакаше да му стави мрпм па се премисли.
     
  14. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    @Skyler81

    Мислам и дека не го разбираш. Независно од кога постои вакцина и канцер, Тој во 1936 година дошол до тоа сознание.
    Многу чуден заклучок вадиш. И во нелогични временски зависности.

    @Brpbrp мислам дека не треба да реплицираш кога репликата воопшто не соодејствува со тоа што го цитираш. Напиши си нов пост.
    ХПВ вакцината заслужува посебен пост, ама не е за во оваа тема. За среќа, нејзината очајност и неучинковитост е масовно препознаена од родителите дури и кај нас, па опафтот за среќа слаб и никаков.
     
    Последна измена: 14 март 2024
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Не зборам за вакцината зборам за вирусот. И мислам дека соодветно прашање ти поставив, а ти избегнуваш да го одговориш.

    И соодветно ти реплицирам но ти го избегнуваш фактот дека треба да се третира се што е штетно за наш организам, зборам за бактерии,вируси дури и покачена температура, всушност покачената температура на нашето тело покажува дека телото се бори со нешто и ствара антитела зошто дете со 40 температура му се дава парацетамол да му се симне, нели ќе се избори телото? Или можеби мозокот ќе му прегори?
     
  16. katte82

    katte82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Се офајдивме од фајзер ,топ.Тироида,хормони,циклус вилица нерви,срце,уши....и да не продолжувам да редам.Ама додека не те стрефи лично не веруваш во празни муабети.Недај боже да осети некој на своја кожа само.
     
    На Autumn Love, yarre, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.367
    Допаѓања:
    11.987
    Пол:
    Женски
    @katte82 и јас се вакцинирав еве немам ништо од вакцината ниту некој од најблиската околина, и за грип се вакцинирам секоја година, до сега немам никаква последица, полошо поминав кога фатив грип невакцинирана, на инфузии, 2 месеци не можев да се опрам
     
    На Skyler81 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  18. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    4.245
    Дома сме сите вакцинирани со фајзер, стари лица од 80 години, цело друштво со фајзер, никакви последици. Јас вакви работи само на нет читам, дали ние сме имале среќа, не знам.
     
  19. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.782
    Допаѓања:
    34.473
    Пол:
    Женски
    Јас да си пишам, односно да се надоврзам на твојов пост, зошто темава читам е повеќе за вакцини за деца, и тука не можам да ги споредам тие вакцини со фајзер, што се однесува за фајзер сите што ги познавам што се вакцинираа имаат последици, од нормален притисок на висок.
    Јас, мм и мајка ми не се вакциниравме, па ниту грип сме фатиле ниту сме настанале, сите што се вакцинираа, зборам за во моја околина, за блиски, нон стоп се грипосани, нон стоп кашлаат.
    И не мора сите да се сложат со нечие мислење, секој си одговара и за себе и за своето дете.
     
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Извор ?