Татко ми после вакцината доби мозочен. Сестра ми и свекрва ми добиа алергија на се што постои(млечни продукти,овошје,тревки).Свекрва ми беше со страшеннн осип низ цело тело и лице.Бетер од морбили.Сестра ми од тогаш е со терапии за алергија.
Еве јас сум со 2 дози мм исто другите од фамилија никој со никакви последици. Вклучително јас што сум со тромбофилија и лупус што спаѓам во ризична група да се формира тромб.
Го имаш во текстот. Ако има нешто нејасно, напиши, верувам ќе биде љубезен да одговори. Човекот има 76 години, од Скопје.
Тукушто ми јавија. Се спрема епидемија од сипаници. Не од преголем обем. Бидете така.Причините ќе ви ги дадам после неколку страници.
Прашувам за пратката со вакцини против хепатитит Б што била контаминирана, сакам да ја прочитам веста. За морбили има во соседството, што е чудно да дојде и кај нас.
Искрено трудот од погоре цитиран скоро и да не го разбрав но трн во око ми е дека всушност говори во прости зборови еве: “некои единки кои имаат слаб имунитет ќе си умрат”. Ама еве таа единка може да биде и детето свое, нели? Друга работа бе јаре факт е дека вакцината некаков имунитет ствара против болеста за која ја примаш, ај нема да зборувам за несаканите ефекти ама факт е. Да не се правиме на будали. Трето за кои сите се прават уште по будали, често среќавам тука напишано за колективен имунитет потребни се вакцинирани 95%, тие 5% се незначајна бројка. Па тие 5% се оние кои ќе се заразат и ќе се влечкаат по болница. Незнам како не е јасно дека некој што е не вакциниран не може никако да му наштети на друг што е вакциниран??? Еве за проверена вакцина од сезонски грип(не таа за корона) . Тие што ја примиле ќе поминат лесно,но сепак се заразни и можат да заразт друг што одбрал да не се вакцинира. И тој секако полошо ќе помине. Од тука, не ми смета лично ако некој избрал да не де вакцинира. Можам да ја разберам државата што не би сакала преполни капацитети во болниците, ама па вам никако што викате дека невакциниран е опасност за вакциниран. Која е логиката ???
Ти веруваш дека лажат за епидемииве? Тие што ќе фатат морбили фантоми ли се? Јас така за короната никок не видов околу мене со корона, и кога ме фати после извесно време, еден месец неможев да се опоравам.
Кога веќе споделуваш информации со нас неупатените, барем да беа проверени. Истоимениот ,,доктор" кој го имаш наведено, не е доктор, туку се послужил со реченица од доктор кој служел во 1936. Истата личност не верува дека се случил холокаустот и верува дека белата раса е супериорна. Што сакаш да докажеш јас не знам, ама не ти оди. Патем и презимето си го утнал.
Тие 5% се оние кои од здравствени причини нема да можат да примат вакцина и ќе бидат заштитени од оние 95%, затоа што со толкава вакцинална покриеност се спречува ширење на болеста меѓу популација. Кога е паднат опфат со вакцинација и болеста се шири "колатерал" се токму овие 5% кои се со здравствени проблеми. Инаку со здравје викаат да не се фалиш така да никој не може да знае дете кога ќе се зарази каков имун одговор ќе има, пример после варичела,грип колку паѓа имунитетот, така да никогаш не се ударам у гради дека моево лесно ќе помине.
Секско дека различно кај секој сма општо популациски полесно поминале оние кои се вскцинирани. Секако дека има влијание се за имунитетот,има и такви кои и покрај вакцината пак се хоспитализираат.
Па поради тоа вакцинирам со надеж дека ќе заштитам затоа што не сакам да спијам на тоа уво дека ова се детски болести и ќе пројдат лесно. Маж ми прележал пертусис и со месеци кашлал и не спиел.. јас морбили многу лесно на 10 месеци, а брат ми бил 3 години и на инфузии во болница...
Еден комшија после шопска салата и чаша ракија си седнал на кревет и добил срцев удар. Дали е од шопската?
Ама ко да ги преспавте изминативе 4 години со коронава ,па не ви беше доволно да разберете и да увидите што значи вакцина и како функционира.95% никад немало нема ни да има ,вакцинирани заболуваат и шират барабан со невкцинирани.Цитам денес , во шутка нема петртусис сите вакцинирани.Пред 5 години си реков дека нема да пишувам во оваа тема и гледам дека ништо не е сменето.Се додека има доктори кои го акаат светов по семинари и коференции спонзорирани од оние кои измислуваат лекови и спас од болести ,ќе си страда народот кој "мора" да игра како што ќе им се свири.
Мораш на некој да веруваш, ти сметаш дека докториве и медицината се тука да не уништат, ок твое право. И да се вакциниравме од корона сите од фамилија, пола од нив лекари што да правам им верувам.
@yarre кој е тој Dr Eustace Mullinus дај да видам биографија на докторов или кажуваш за оној писателот кој сметал дека белата раса треба да е над другите, тој не треба ни да се спомнува во никаков контекст камоли да се смета неговиот збор за значаен. Изворов ти е
Ама он има дојава дека ќе има епидемија од морбили не се заебавај ти со него. Одма ќе го активираат анивакс друштвото дека не е така.