Пак ќе те означам @yarre , гледам бараш посебни градинки за невакцинирани деца. Малку иронично. Зошто би се плашел од болестите кои можат да ги шират вакцинираните деца, ако веруваш во имунитетот на невакцинираните?
Не го ставај во незгодно сега. Нема да ти одговори исто како и на мене страв му е да не треба да ги лечи со антибиотици не за друго. Неговите се поголеми деца па и да фатат не е страшно али со антивакс пропагандата шѕо ја шират таквите како него мали бебиња завршуваат на клиника, а големи деца допрва ги носат на вакцина што им влеваат трауми баш во периодот за развој кога им е.
Истите доктори што шетаат по светот на конференции му даваат на твоето дете сумамед кој го пара желудникот, панцеф, лоратадин место, пример рупафин, кој е најнова генерација антихистаминик без многу несакани ефекти итн. Итн. За дексаметазон и др лекови за алергија не ни почнувам дискусија. Како одлучуваш на кој доктор ќе веруваш за лековите што ги прима твоето дете и на фармакомафијата? И да, во градовите кадешто има над 95% вакцинирани нема пертусис. Ете провери сама.
@FriendOfDorothy ти благодарам за асоцијацијата. Малку сум постар од Гордана Гоџо, во години сигурно, но истотака и во почеток на размислувањата околу вакцините. Ме потсети па видов дека вчера повторно имале емисија и ја изгледав. Не ми се свиѓа сакото на домаќинот, фризурата на Гоџо, и одбраната позадина. Домаќинот некако нема харизма а Гоџо на моменти има пискав глас. Гледам дека суштински се што е кажано е логично и издржано. И многу прецизно, што ми е најважно. Поставените прашања кон јавните институции и нивните одговори се многу добро доловени. Составот на вакцините кај нас е класифицирана информација. И родителите па ниту педијатрите не знаат што има во вакцините, Ако комисијата за заразни болести навистина е чиста во својата намера и одлуки, прво што треба е да ги викне овие „отпадници“ и други здруженија да одговорат на прашања што ги засегаат родителите. Сите, повторувам СИТЕ прашања поставени се јасни и недвосмислени Доколку некој сака да погледне и да развие дискусија на темата - бујрум. За адхоминем плукања не ве дружам.
Арно си прашуваш ти, според вокабуларот на експертите, ама јас странец па не разбирам Од 2019 наводно (така вика интернет).
Ти си послободна ,гледам си имала време да читаш што сум пишувала.Да ти се верува у шутка исто нема никакви болести,живи здрави вакцинирани.Да пие лекови и антибиотици и антипиретици и др.,заради моментални болести ,што треба да се третираат ,а не за нешто недај боже ако се разболи да помине полесно.Плус групава е За или Против.Мене не ми смета тие што се за ,туку што се плашите од тие што сме против(а вие вакцинирани нели нема простор за страв)
@katte82 знајш зошто се плашиме? Затоа што вакцинираното дете ќе помини со полесно, но што ќе биди со баба му која има 90 години ? Плус зошто воопшто и да ја поминва болеста? Детето е вакцинирано се разболва од морбили поминва лесно, мајката е трудница зошто во таква состојба да носиш некој во ризик? Знаеш дека што поголема бројка на вакцинирани толку помал ризик за епидемија. Колку е поголем бројот на невакцинирани толку е поголема можноста да харат болестите, а да не зборуваме колкав капацитет ни имаат болниците да се справат со се. Виде како беше со ковид. Зошто да се вратат болести кој не се баш така лесни? Читни за полио и за вариола вера малку
Ми падна во око денес пост на една ретко ревносна новинарка, ја спомнав пред некоја страна наназад. Соња Христовска Угриновска. Па вели: „Стигнале вакцините против пертусис за возрасни, ама тие не се задолжителни. Само им се препорачуваат на оние што работат со малите деца - педијатри, медицински сестри, негуватели, воспитувачи и семејства со мали деца. Да си се вакцинураат само ако сакаат? А ако не сакаат? Ќе ги пуштите меѓу децата? Како така среде епидемија на голема кашлица вакцината само ИМ СЕ ПРЕПОРАЧУВА, а не им е задолжителна? Па што ако родителите се исплашени дека така ќе се шири заразата низ градинките и диспанзерите? Има мајки што ќе инсистираат и директорите на градинките да се вакцинираат, затоа што нели во прашање е опасна епидемија, со високозаразна болест од која умираат бебињата и малите деца? Нели вакцинацијата во детството не дава траен иминитет од пертусис и возрасните мора да се ревакцинираат? Затоа што, нели, возрасните може да добијат пертусис, ама со помали симптоми, па може да ја шират меѓу децата. И МОРА да се вакцинираат кога е епидемија. А ако малите деца се разболат од невакцинирани негувателки, воспитувачки и директорки на градинки? И од невакцинирани медицински сестри и педијатри? Нели ситуацијата не е под контрола? Пак си носите одлуки што се контра вашите изјави и тврдења. Што ви знае вам, хех.“ https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=10159711784676245&id=544956244&mibextid=WC7FNe И секако видеото на доктор Петличковски. Ауч колку е ненамерно јасен. Помош за тие што слабо детектираат. 2 работи кажува. - Што е било било е, а не било добро. (Иако своевремено било добро и се раководеле од тоа) - Не е како што било па сега имаме проблем со „новото добро“ https://www.youtube.com/shorts/5R2lB-Jw7zU?feature=share
Јаре брату се дрогираш или? Предходно и јас и уште една членка те прашавме дали доколку твое дете се зарази со некоја од појакиве болести за кои се вакцинираме би го третирал детето со лекови и доколку добијат лоша клиничка слика би ги однел во болница? Зошто ако примаат антибиотик се им се уништува во телото, да не зборам и за другите лекарства. И упорно не осговараш на прашањата зошто ли е тоа така? Јас мислам дека при прва кашлица би ги однел на лекар, а не треба затоа што лековите се штетни и тоа далеку поштетни од вакцините. Друго те прашав да имаш ќерка да се зарази со хпв и да е веќе во доцен станиум што фаќа карцином на грло на матка дали ќе ја однесеш на хемотерапија или ќе ја оставиш да и се избори организмот против карциномот? Многу девојки па и жени има заразено со хпв вирус што немаат воопшто вакцина примено за хпв ама затоа агресивна терапија се примала за тоа. И Јаре ќе осговориш сега или уште ќе се бодеш?
Извини, може е надвор од темата, но ми падна во очи делот дека "антибиотикот уништува се во телото". Те молам, може подетално да ми објасниш што сакаше да кажеш со ова? Како тоа се уништува? Ќерка ми за инфекција на уво пиеше еден ден Трицеф, па наредниот ден и сменија со Панцеф, дека бил поефикасен. Искрено, ме замисли твојата изјава.....и ме загрижи.
@Mimmi39 сигурно мислеше дека не е селективен туку влијае и на нормална флора па затоа се дава и пробиотик, сигурно членката не мислеше буквално уништува се
Антибиотици уништуваат и добри и лоши бактерии, затоа барем мала компензација се прави со пробиотици. Кога има бактериска инфекција за жал нема друго чаре освен антибиотик. Што помалку се користат тоа подобро, во секој случај го нарушуваат имунитетот, но нема друг избор. Затоа внимателно треба да се издаваат од страна на лекари, преку показатели за крвна слика, брисеви и слично. За воспаление на уши кај деца во секој случај треба антибиотици. Мали им се каналите лесно доаѓа до инфекција. Обавезно давај пробиотик за време на терапија па дури и после тоа.
Ако антибиотикот уништува бактерија тогаш и антитела нема паднат е имунитетот. Затоа после антибиотик преферираат лекарите да се седи барем една недела дома за да се врати телото во нормала. Ти и да пратиш дете со антибиотик во градинка како што многумина прават нема ефект зошто дејството е моментално т.е. заштитата после тоа кога ќе заврши антибиотикот ако детето закачи бактерија или вирус е далеку потешко да го оправиш и често вака завршуваат во козле. Пречесто разболување и користење на антибиотици доведува до автоимуни заболувања (како јас што сум случај). Затоа и дробам цело време дека антибиотиците се далеку поштетни од вакцините. Пример да не прими ди те пер тоа е сега актуелно нели драг Јаре кажува дека има терапија и се лечи со антибиотици, детето колку време ќе биде под тешки лекаратва вклучително и антибиотици за да се излечи бактеријата? Многу долго што после тоа ќе си има последици. Јас дете не изолирав од градинка зошто ми е ќејф туку ту мач беше давање антибиотик малтене му се фаќаше 2 пати во месец.
Да точно не мислев дека од еден антибиотик се унишуваат органи, али без вакцини и да се лечат болестите со терапија телото ќе биде пепел. @Mimmi39 и не споменав погоре дека да се створи имунитет соодветен треба да го оставиш телото без терапија т.е. без антибиотик, но такво време е дојдено што тоа просто не е возможно зошто тоа би траело со недели и константно да се следи дете али луѓе што се вработени немаат таква опција плус не знаеш во меѓувреме дали ќе му донесеш дома нов вирус на цела мака.
Ставот зошто сте против, како и што напиша сама во претходниот пост е бидејќи не веруваш на некој кој го праќаат на конференции и е платен да дава лекови. Баш за лековите и витамините кои најчесто ти ги препишуваат на твоето дете и на тебе одат на конференции, не одат за вакцини. Зборите за фармакомафија, а око не ви трепнува кога болни давате све живо што постои за моменталните болести. Ај за пертусис, има антибиотик и делува, па детето ќе оздраве после 20 дена антибиотска терапија со траума од тоа кашлање за цел живот, ама за морбили нема лек. Никаков. Ни ацикловир, ни никаков антивирален. Ниедна фармакомафија замисли не смислила лек да го продава за пари. (Бтв вакцинирани заразени со пертусис имаат кашлица во времетраење од 2/3 дена наспроти 100 дена кај невакцинирани) И да, ми пречите тие што не вакцинирате. Зошто сте себични. Зошто твоето 4 годишно дете кога било бебе добило заштита од пертусис и морбили зошто јас сум го вакцинирала моето сега 4 ипол годишно дете. А сега ќе се тресам дали бебето кое не стигнало да добие 3 дози ќе закачи пертусис заради вашата неодговорност кон општеството во кое живеете.