Јас не употребувам ваков речник ниту кога сум излезен со блиски на пијачка. Едно 5 пати напишав наназад. Третманот на вакцинирани и невакцинирани е ист. Секако дека исто би ги третирал како и оние што вакцинираат. Мојот став е различен за вакцините, а не за медицината воопшто. Чудно може да биде само во твојата глава, упс, во твоите размислувања. А твојов квотиран пост нема врска со напишаното во постот. Дали се лековите штетни или не, како и вакцините ЈАС одлучувам финално што ќе дадам на моите деца или себе. Сите прашања ти се одговорени, ама ти или не читаш или па не разбираш. Јас зборувам на македонски, не шведски. Темата е јасна. Вакцини да или не. Не лекови да или не. Баби и жаби. Тотално погрешна паралела. Не сум сигурен колку темата треба да опфати и Гардасил, ама еве, да ти кажам дека НИКОГАШ не би ја дал на ќерка ми. Со ова за среќа се сложуваат многумина гинеколози, а и 90% на родителите. Изминати се 18-19 години откако Американската Агенција за безбедност на храна и лекови (FDA) обезбеди одобрение по брза постапка за Гардасил вакцината на Мерк – која се промовира за спречување (превенција) на рак на грлото на матката и други состојби поврзани со 4 типови (видови) на Хуман Папилома Вирусот (HPV). Агенцијата на почетокот ја одобри Гардасил вакцината исклучиво за девојчиња и жени од 9 до 26 годишна возраст, но понатамошните последователни одлуки на агенцијата (FDA), сега му овозможуваат на Мерк да го рекламира наследникот на Гардасил – деветвалентната Гардасил 9 вакцина, за многу поширока старосна граница (од 9 до 45 години) – и за мажи и за жени. НЕСООДВЕТНО ПЛАЦЕБО И СПОРЕДБИ 1. Плацебото треба да претставува инертна супстанца која изгледа исто како и лекот кој се тестира. Но, во клиничките испитувања за Гардасил, Мерк употребувал неуротоксичен алуминиумски додаток (адјувант) наречен AAHS наместо да употребува инертен солен плацебо. 2. Кај девојките и жените кои ја примиле вакцината и кај девојките и жените кои примиле AAHS, неверојатни 2,3 % во двете групи доживеале состојби кои укажуваат на системски автоимуни нарушувања, од кои кај многумина – кратко после примањето на Гардасил вакцината. 3, Повеќе научни студии го поврзуваат алуминиумот не само со автоимуните болести, туку и со аутизам, Алцхајмерова болест, деменција и Паркинсонова болест, како и абнормалности во однесувањето на животните. 4. Мерк ги лажеше учесниците, лажно кажувајќи им дека клиничките испитувања во кои учествуваат не се испитувања за безбедност, туку за вакцината веќе е утврдено дека е безбедна и дека „плацебото“ е инертен солен раствор. [Извор: The HPV Vaccine on Trial, фото доказ, страна 6 и 12).] 5. Кога Мерк спроведе клинички испитувања за следната формулација на ХПВ вакцина, Гардасил 9, во контролните групи ја користеше вакцината Гардасил како плацебо, повторно потпирајќи се на недостатокот од инертен плацебо за да ги маскира сигналите за безбедност. 6. 500 микрограми од адјувантот (AAHS) во Гардасил 9, е повеќе од двојно поголема доза, отколку дозата на алуминиум содржана во вакцината Гардасил. Овде се поставува прашањето – дали споредбата на Гардасил 9 со Гардасил, во однос на клиничките испитувања, е оправдано? 7. Светската Здравствена Организација (СЗО) соопштува дека користењето вакцина (наместо инертна супстанца) како плацебо создава „методолошки недостаток“ и исто така забележува дека може да биде „тешко или невозможно“ правилно да се процени безбедноста на вакцините без користење на вистинско плацебо. НЕСООДВЕТНИ КРИТЕРИУМИ ЗА ВКЛУЧЕНОСТ И ИСКЛУЧОЦИ 8. Во единственото испитување за Гардасил кај целната возрасна група (девојчиња од 11 и 12 години) дизајнирана како контролна група, помалку од 1200 деца ја примиле вакцината и помалку од 600 деца служеле за споредба. Ова едно испитување кое опфаќа помалку од 1800 деца, ја постави сцената за понатамошното рекламирање на вакцината на милиони здрави деца во предпубертетска возраст насекаде низ светот. 9. Клиничките испитувања на Гардасил имаа бројни критериуми за исклучоци. Во испитувањата не им било дозволено учество на лицата со: сериозни алергии, лица со претходни абнормални резултати од ПАП тест, лицата кои имале повеќе од 4 сексуални партнери во нивниот живот, лицата со историја на имунолошки нарушувања и други хронични заболувања, лица со реакција на состојките во вакцината (вклучувајќи алуминиум, квасец и бензонаса, или историја на злоупотреба на дрога и алкохол – а сепак, сега Мерк ја препорачува Гардасил вакцината и за сите овие претходно спомнати групи. НЕСООДВЕТНО НАБЉУДУВАЊЕ (МОНИТОРИРАЊЕ) 10. Само на некои од учесниците во испитувањето – не на сите, им беа дадени картички за извештај, кои служеле за во нив да бидат забележани краткорочните реакции, како што се црвенило и чешање. Картичките за извештај ги следат реакциите само 14 дена, а освен тоа Мерк не ги следеше понатаму учесниците кои доживеале сериозни несакани реакции, како што се системски автоимуни или менструални проблеми. 11. Пациентите кои добиле несакани реакции се пожалија дека Мерк ги отфрлил нивните обиди да ги пријават несаканите ефекти. Во бројни случаи Мерк настапува со ставот дека овие последици не биле поврзани со вакцината. 12. Половина (49,6%) од учесниците во клиничкото испитување кои примиле Гардасил вакцина, пријавиле сериозни медицински состојби во рок од 7 месеци. За да избегне овие повреди да бидат класифицирани како несакани последици, Мерк ги отфрли несаканите последици именувајќи ги како „новонастанати медицински состојби“. СООДНОСОТ РИЗИК ОД КАРЦИНОМ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА И КОРИСТ ОД ВАКЦИНАТА 13. Средната математичка вредност за возраста кај смрт од карцином на матка е 58 години. Гардасил вакцината е насочена кон целна група од милиони здрави предадолесценти и тинејџери, кај кои ризикот за смрт од канцер на грлото на матката е практично еднаков на нула. Интервенциите (вакцинирањето) врз здрави луѓе мора да се со ризик кој исто така практично е нула. 14. Годишната смртност од карцином на грлото на матката во САД е 2,3 / 100,000. Во клиничките студии за Гардасил, имало 40 смртни случаи во групите изложени: или на вакцина или на „плацебо“ што содржи алуминиум или на раствор кој содржи полисорбат 80 и боракс. Иако околу половина од смртните случаи биле поврзани со несреќи или поврзани со самоубиства, меѓу останатите смртни случаи (65 / 100,000), многу од причините за смрт како сепса, срцеви проблеми и автоимуни состојби – со голема веројатност би можеле да бидат поврзани со вакцината. 15. Со вакцинирани 76 милиони деца, со просечен трошок од 420 американски долари за три дози од вакцината Гардасил – цената за заштитување на еден американски живот од рак на грлото на матката изнесува околу 18,3 милиони долари. Во споредба со тоа, вредноста на човечкиот живот според Министерството за здравство и човечки услуги (HHS) и Националната програма за компензација на повреди од вакцини изнесува 250,000 американски долари – тоа е максималната сума што владината програма ќе ја додели за смрт поврзана со вакцините. 16. Според упатството на вакцината Гардасил, веројатноста жените да страдаат од сериозна последица по вакцинацијата со Гардасил е 100 пати поголема отколку веројатноста да добијат карцином на грлото на матката. 17. Шансите за добивање автоимуна болест од Гардасил, дури и ако вакцината е успешна, е 1.000 пати поголема од шансите вакцината да ве спаси од смрт на карцином на матката. На страница 8 од упатството се наоѓа Табела: девојчиња / жени кои пријавиле „несакана состојба која е потенцијална индикација за системско автоимуно нарушување“ – што покажува дека 2,3% од примателите на вакцината Гардасил [и исто така, примателите на AAHS] пријавиле автоимуно нарушување, а 2,3% е 2,3 од 100. Ако тоа го конвертирате на 100,000 стапка, тоа изнесува 2 300 на 100 000. Американската база на податоци за рак SEER покажува дека за 2016 година, смртноста од рак на грлото на матката за сите возрасти / раси била 2,24 на 100 000. Споредбено 2 300 лица со автоимуно нарушување како последица од вакцината е приближно 1000 пати повеќе од 2,24 лица починати од рак на грлото на матката). 18. Во клиничките испитувања за Гардасил вакцината, жените кај кои имало доказ за тековна ХПВ инфекција и претходна изложеност на ХПВ, имале 44% поголем ризик од развој на лезии на грлото на матката или канцер, после примањето на вакцината. 19. Жените кои ја примаат Гардасил вакцината пред или за време на периодот на пубертет (тинејџерска возраст), имаат поголема веројатност да ги прескокнат скрининзите (прегледите) за рак на грлото на матката како возрасни, погрешно претпоставувајќи дека ХПВ вакцинацијата е замена за прегледите и дека вакцината го елиминира целиот ризик. ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ПЛОДНОСТА 20. Собраните докази упатуваат кон Гардасил за потенцијалните сериозни несакани ефекти врз плодноста, вклучувајќи спонтан абортус и предвремена оваријална инсуфициенција. 21. Мерк никогаш не ги тестирал ефектите на вакцината врз плодноста. Како и да е, клиничките испитувања за вакцините Гардасил и Гардасил 9, покажаа високи стапки на спонтан абортус, од 25% и 27.4% соодветно. Овие стапки се значително повисоки од останатите податоци кои се движат приближно 10% – 15% за возрасната репродуктивна група. 22. Полисорбат 80 и Содиум борат (Боракс) се поврзуваат со неплодност кај животните. И двете состојки се наоѓаат во Гардасил вакцината, а исто така овие две состојки беа дел од „плацебото“ кое се користеше за време на единственото клиничко испитување за вакцината, за кое се тврдеше дека користи неопасно солено плацебо. Годишната смртност од карцином на грлото на матката во САД е 2,3 / 100,000. Стапката на смртност кај клиничките испитувања во Гардасил беше 85 / 100,000 — или 37 пати поголема од ракот на грлото на матката. Ако стоиш добро со англиски, 30тина минути од забранетиот документарец Sacrificial virgins https://www.bitchute.com/video/LmP0m1IuwgH2/ Јасно е сега или да се прфрлам на шведски ? Јас на македонски сеуште го очекувам процентот на колективниот имунитет и неговата математичка формула. И ете логиката на незадолжителноста на вакцината за пертусис за возрасни. Во епидемија. Ама ај ти одбери си четврт реченица, квотирај да „ морам“ да ти реплицирам. Циркус Поставувајќи прашања кои се одговорени не даваш на тежина во дискусијата. Напротив.
@yarre а за докторон погоре со сомнителната биографија според кој белата раса е над сите ништо не прокоментира м? Многу ти се релевантни изворите или и ти не веруваш дека постоел хоколаустот. И аман скрати со статииве по концизен биди за џабе ти е се нема никој да го преубедиш и пак ќе ти кажам не ни можиш затоа што си вакциниран и ти и Гоџо и сите што сејте непотребен страв, само некој кој не е вакциниран можи да кажва од негово искуство, а вас тоа што ве заштитило сега одите контра, дволичност се вика то Шо ти е гајле тебе заштитен си бил од морбили, нека си лупа некој гла кога неговото дете недај боже невакцинирано се разболи и ептен си како од секта упорно мислиш дека ќе ти се приклучат следбеници заради тоа си и тука нема друго логично објаснување, како пијан за стап те едно исто на иста тема Барем пари да ти дават за ова, иначе да верглаш со години едно исто на форум за џабе напорно е
Вашата екселеницја на мудроста ме провали. Браво. Утре сум на Широк сокак да собирам следбеници . Дел од турнејата низ Македонија
А за докторон штамаза експертот што деградира раси, па реално маж со години да се замара на форум за вакциниолади малку разбравме и ние ќе си прогугламе
Еве ја читам книгата. Секако дека википедија ќе деградира на сите можни начини ако некој се спротистави. Ке ти го прокоментирам мојот став откако ќе ја прочитам. https://ia801900.us.archive.org/0/i...ins/Murder By Injection - Eustace Mullins.pdf
50 пати ти пишавме дека не е ист. Ете појди од Превенар. Деца вакцинирани немаат никакви сиптоми, дури ни локална терапија не примаат. Кај невакцинирани едно чудо симтоми и антибиотици, гнојни ангини. Сите кои на децата отпосле им имаат ставено Превенар веднаш ги имаат осетено разликите. Потоа Рота вакцинирано дете нема да заврши во болница. Невакцинирано во 95% случаеви 2 недели хоспитализација, да не зборам за после паднат имунитет. И немој да ти текне да пишеш дека за ова се клицоносители вакцинирани деца, ова се чести вируси и бактерии кои возрасни ги носат без симтоми и последици, но најмалите и тоа како може да ги заштитиме ако се вакцинираат.
Никој не ја спомна вакцината не знам што толку се напна. Читај дека те прашав што ако ќерка ти добие хпв и дали ќе ја третираш со хемотерапија. Нигде не ја спомнав вакцината али толку ти чука во главата. Велиш вакцините го уништуваат имуниот систем, а антибиотиците не? Епа голема грешка си очигледно треба да те вметнат во некој од нашите рудници како Алкалоид и Реплек па да видиш што ќе му се случи на твоето тело упс заборавив ти си вакциниран и не ти е гајле здрав прав си и жив благодарение на твоите родители, а за твоите деца Господ нека ги поживее. За да створи телото антитела не треба да прима антибиотик али ни тоа не го знаеш. Да би фатило детето твое пертусис не треба да прима терапија т.е. не треба никако да се третира, а ти упорно дробиш дека има терапија имунитет не се гради со терапија примена туку без терапија. И ти не треба да ги носиш децата на педијатар зошто за било каков вирус,бактерија,малигни и автоимуни наследни болести телото само ќе се избори, зошто терапија? Или прпа дека нема да преживее? Разликата од вакциниран и невакциниран е разликата во тоа што вакциниран 2 дена мака има додека невакциниран продолжена му е терапијата. Епа извини ама 7 дена антибиотик и 20 дена не е исто. Тебе воопшто не треба да те интересира терапијата ако си одлучен дека невакцинираните имаат појак имунитет и дека ќе им се избори самото тело.
Те молам биди конкретна во заклучоците. Јас искрено не сум запознаен со превенар и придобивките, а ниту со рота вакцината. Моите невакцинирани деца немало потреба да ги примаат, веројатно поради ненарушениот (од вакцини) имун систем. Некако и ми било срам да ти кажам, моите оделе во градинка и во време на епидемии, и грипови, додека други родители ги носеле децата по 2 дена, па една недела ги лечеле дома. Од друга страна дали има крај на зголемувањето на бројот на вакцини ? Дали е тоа решение ? Дали некој се дрзнал да направи студија за нивно кумулативно дејство...Однос бенефит/штета... Ти одговорив, во вид на целосен прилог. А понатаму нема да ти одговорам поради твојот однос. Едноставно не заслужуваш. Секако. Вакцините го уништуваат имуниот систем. Го бајпасираат природниот начин. Одат директно во крвоток прерипувајќи ги стандардните бариери. Автоимуни болести. Да застанеме. При вакцинација телото почнува да се бори и не застанува дур е живо. Во таа борба, се збунува, па почнува да се бори против самото себе. Автоимуна болест на тацна. - 1 Опција - да не ја задобие болеста. Дифтерија не постои на пример. Туберкулоза фаќаат неухранети а сепак вакцинирани.... - 2 Да ја добие. И да се третира исто. Времетраењето на третманот не е различен кај вакциниран или невакциниран. Или во најмала рака неможе да се докаже. Секако. Невакцинираните со ненарушен (од вакцини) имунитет поретко заболуваат. Имаше и холандска студија наназад во темата. Со моите истомисленици во стадото на невакцинирани го гледаме тоа. Терапија во случај на потреба не е исклучена, но секако е далеку поретко потребна.
Не мпра да е мк нека е и во странство. Хемотерапијата помалце штета прави од вакцините? Јас мислам дека пола живот уништен е.
Нема поента за дискусија со тебе. Не вредиш за времето кое го трошиме. Жал ми само за оние кои ќе ти поверуваат. Прво треба да се запознаеш со болестите, па потоа со вакцините. Ако не ги знаеш придобивките од Рота и Превенар вакцина не пишувај во теми за бебиња.
Секогаш е потреба терапија. Како ќе излечиш вактерија? Вирус ајде мора само да пројде нема друг начин, но бактерија мора да се третира со терапија. Антибиотикот е штетен секако анителата ги уништува во телото со тоа што го прави имунитетот кревок и треба енормно пазење. Никој не ја спомна ни дифтерија јас зборев за ХПВ затоа што е доста агресивен вирус што страдаат многу од женската популација и често знае да прерасне во карцином што се знае карцином како се третира. Ти си спремен и на хемотерапија да однесеш дете ама вакцина никако. Дали некој примал антибиотик после вакцина? Не! Зошто ли е тоа така а сепак телото ствара антитела. За автоимуни заболувања имаш наследни и стекнати информирај се околу ова. Автоимуните заболувања што се стекнати се од прекумерна конзумација на антибиотици. Автоимуните заболувања што се наследни и не се активни моментално и да не си вакциниран било каков тип на вирус,бактерија дури и за жебска популација пораѓај можат да бидат тригер за да се активира. Нема студија и иатражување РЕЛЕВАНТНО да се докаже дека стекнато автоимуно заболување е од вакцина. И да третманот на вакцинирани и невакцинирани не е ист и никогаш нема да биде зошто тело што има створено антитела од послаб вирус или бактерија е далеку подобар од тело со што ќе се справи директно со јакиот вирус или бактерија и допрва да ствара антитела. А за телото да створи соодветни антитела не треба да прима терапија детето како на пример антибиотска. А ти се тешиш на тоа. Тоа што си жив сега и имаш фамилија е благодарение на вакцините можеби и си немал да преживееш ако и тогаш биле со раЗмислување такво како денешниве модерни родители. Твоите деца пораснале на ред се внуците здравје боже нека има што помалку вакцинирани па после исходот ќе си го видите вие како антивакс заедницата. Нормално е во календарот за имунозација да се вметнат нови вакцини некогаш била само бсж после тоа полио, па дифтерија па пертусис итн се појавуваат нови вируси и се наоѓа решение за истото. Рак не се добива од вакцина се добива од радиоактивна храна што се конзумира и рѓава вода за пиење од чешма. Аутизам не се добива од вакцина се добива од прекумерно конзумирање на тешки метали, а тоа нормално е преку храна особено рибата содржи доста жива. Али за вас антивакс заедницата не е битно тоа подобро во Чернобил ќе живеете во радиоактивно општество него ли да вакцинирате.
Според теорииве ако немаше вакцини немаше да има рак, автоимуни заболувања, реакции на хиперсензитивност, вакцините се најголемото зло да, затоа многу години пред вакцините се живееше безгрижно до 20, 30 години, немаше тогаш ништо ни рак ни леукемии ни СЛЕ ништо, вакцините го уништија човештвото м @yarre а имаш малку читнато општо како било пред вакцините? И да твојте деца биле заштитени знајш зошто оти 95% од тие во градинка биле вакцинирани, и самиот спомна дека во клас само 4 немале примено вакцина од колку? Од 30? Па да тоа ти е покриена вакцинација од 98,5% самиот си кажа твоето дете и уште 4, и да другите вакцинирани го заштитиле твоето дете ти сакал или нејќел то е факт. Уф заборајв вакцинираните се носители, а магично не му пренесле на твоето детезаборајв имунитетот го заштитилако толку штитеше имунитетот оти не ги заштити во минатото кога косеа полио , вариола вера, морбили? колку нелогичности али терај си уште 20 години на форум со истите теории
Ја читам темава и ај стварно не ги мешајте ковид вакцините. Кога се вакцинираше против ковид не се знаеше кој пие, кој плаќа. Здрави, болни, стари, млади, трудни, прележани, сите на куп идеа на вакцини. Знам жена со куп алергии што прашала ДОКТОР дали е океј ради алергиите да се вакцинира, овој ѝ рекол да, слободно, дека немало врска тоа, може со фајзер. Е сиротава добива страшна реакција после прва доза и ѝ се поебува уште толку имунитетот после. Да не зборам за глупоста прележани да се вакцинираат, а тие кутрите уште неопоравени Вакциниве за кои прајме муабет главно во темава се други.
https://zenskimagazin.mk/nemanja-do...PdFEI7WtfPjDqI0p6nsvjVczUtjNsVX67MMwnnGDXUU8o Поздрав јаре. Се надевам внуците вака нема да бидат.
За вакцинирање прележани од пертитус преслушај го Петличковски. Наративот му остана од ковид- прележувањето давало ,,некаков,, имунитет...
За пертусис не знам искрено. Ама за ковид...не може од една страна да збориш дека со месеци трае опоравувањето, од друга да форсираш вакцинација одма по прележување.
Ако може некој да ми објасни нешто само, не го носев моето детето додека не се ревакцнириаше со 4 та доза за кашлица нели дека градинките не примаат со одлука со се, ама комшика упорно си ги носи и зима децата од градинка без ни една вакцина и ми се смее како сум била мутава што сум земала денови од одмор за да го чувам дома и сум чекала да оздраве детето за да можам да го ревакцинирам.Прашањето ми е пред инспекција кога ги бараат книшките што покажуваат за тие деца што идат во градинка а немаат ни бсж?