Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    738 глас(а)
    76,0%
  2. Против

    233 глас(а)
    24,0%
  1. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Ova se ke isceznelo za 2 nedeli zamisli:?:
    Neoficijalna izjava na ministerot za zdrastvo deka posle dve nedeli ke se pustale site deca vo gradinka i skroz nevakciniranite8-|
    Sekako pred izbori neli.
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.690
    Пол:
    Женски
    следните две недели се клучни( познато ? )

    @Brpbrp состојбата на малиот се влошила од како се заразил со корона.
     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.150
    Секако дека нема да се среди. Од секој од нас дс тргнеме колку сите за свој гз сме корумпирани. После не чини државата. Не чини, од најдоле до најгоре. Ама... друга тема.
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  4. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Добар Ден,

    Едно од прашањата кое здружението го постави кон Министерството за Здравство беше студија за кумулативно дејство на вакцини, за кое МЗ одговори дека не се раководи од научни студии ????
    Сега во јавност излегува претседателот на (пази име) КОМИТЕТ за имунизација (која е под капата на МЗ) и вели:
    Таа беше јасна дека вакцината против морбили може да се прими во ист ден со вакцината Ди-Те-Пер.

    Противниците на задолжителна вакцинација (или како некој од Вас милува да каже Антиваксери) како и дел од родителите кои прашуваат наместо поговорно да слушаат, треба да добијат одговор на ова и други прашања, барем од точка приматели на здравствена услуга. Но комисииве и комитетиве, ниту сакаат да разговараат ниту посредно да одговорат на прашањата. Дигај рака, ќути и боди.
    Нека не се чудат тогаш дека одзивот за вакцини е мал, а и покрај нелогичните одредби за градинките одлучуваат да се реорганизираат како родители и децата наизменично ги чуваат различни договорени родители и некакви дневни центри (читај игротеки) кои патем не се затворени.

    СИТЕ имунолози се сложуваат дека прележаните деца, не треба да се вакцинираат со коктелите од вакцини и евентуално се вакцинира со компоненти кои се за болести кои не се прележани. Така да детето иако можеби прележало морбили, се вакцинира со коктелот наместо само со ТеПе делот или наместо со 2 посебни.

    Се распрашав кај моите истомисленици во Србија за случајот со малиот Немања. Тој неполн месец пред да му се случи фрасот и деградацијата за да оди во градинки примил ММР. Иако е сугерирано на родителите вакцинацијата (најмалку)да се одложи. Тоа мајката го изјавила ама „ревносните“ новинари не го објавиле. Заборавиле. Заклучоци и можности, донесете сами.

    И за крај со Вашето утринско кафе, една кратка и логична изјава на Инфектологот со младата жена.

     
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Никој веќе не ни чека до 40 дена за да излезе. Порано не излегувале ради бабини деветини да не го видат детето пред 40 дена и да го урочат.

    Друга работа рино вируси има преку 200 може и повеќе но не сите се тешки за поднесување.

    Група на стрептококи има премногу но само од најтешките се вакцинира. Конкретно стрептокока пнеумоние е доста страшна ако не се третира.

    И уште не сфаќаш дека вакцина кога се прима не се пие антибиотик, а телото ствара антитела, додека пак невакциниран додека не фати и се избори со истото БЕЗ АНТИБИОТИК нема да створи антитела.

    Конкрено како морбилите со вакцината ствараш антитела и телото кога доаѓа во контакт со вистинскиот вирус тогаш полесно го победува и не е со тешка клиничка слика, додека кога ќе го фати вирусот не се третира со антибиотик туку со кислородна поддршка. Дали некој би сакал детето да си го види на апарати? Нормално дека не освен некои антивакс родител па после моли коли по доктоти да му се спаси дете.

    Малиот Немања на 6м не може да птими мрп кога се прима на 12 месеци најрано или во случај на епидемија на 9м така да изворите што си ги контактирал се антивакс подржувачи.
     
    На simoncelicius, Feminka22 и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  6. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Да, и вчера времето на Флорида беше малку облачно, но подморниците тргнаа од Канада за Африка.

    Пак не си го разбрала докторот со млада жена

    Колку нелогичност во една проширена реченица. Каков антибиотик те спопаднал ?

    Третманот на вакцинирани и невакцинирани е ист. По потреба антибиотик и кај едните и кај другите.

    Вакцината е дадена во редовниот термин, пред прием во градинка.
     
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Детето е заболено на 6 м со морбили кој редовен прием на 6 месеци?

    Кога фаќаш бактетија како се третира? Ајде сега е актуелна пертусис. Самиот ти кажа дека со антибиотик. Каде се антителата со антибиотикот? Треба телото само да го оставиш да створи, а не со антибиотикот да го уништуваш. Кога не знаеш како делуваат лековите подобро ќути си. И пак ќе ти кажам третамнот не е исти. Мајка ми со 3 деца 1 невакцинирано завршува во болница малтене на смртна постела , а другите 2 со морбили со смеење го поминуваат. Да напоменам не бил вакциниран ради друга состојба што впрочем така и не ја ставаат мрп. Јас и другото дете не завршивме на кислородна поддршка. Ова е доволен доказ за вакцините. Твоите деца се пораснати мали се шансите за компликации ако продолжи антивакс заедницата на ширење на пропагандата за вакцините ќе видиме внуците кај ќе ти завршат нормално доколку не се бодени што викаш ти.
     
    На Feminka22 и MartinaMM им се допаѓа ова.
  8. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.363
    Допаѓања:
    11.976
    Пол:
    Женски
    @yarre барем кога ќе те лажат нека те лажат подобро, детето се заразило во 6ти месец како бил со ммр вакциниран жити се? Нова медицина измисливте самите се вплеткувате во неинформираноста(facepalm)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Не ме читате изгледа, пак шведски не разбирате. Детето е вакцинирано откако наполнило 12 месеци, и тоа за упис во градинка им барале потврда, и го вакцинирале. Што мешате баби и мисирки ? Да, претходно прележало морбили на 6 месеци без никакви компликации.

    @Brpbrp намали на „угоѓај“. Прво не спомнувај ничиви деца ни внуци, а второ ти и неможеш да ги видиш моите деца, а ни внуци. Ќе видела таа. Циркус.
    Кој ве научи вака некултурно да се однесувате ?
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.363
    Допаѓања:
    11.976
    Пол:
    Женски
    Сега ќе испадни дека од вакцината му се искомплицира, а не од морбилите, неам коментар, и уште не ми се разјасни за докторон претходно спомнат што уствари е писател, а не е доктор, компетентноста голема(facepalm)секој се дрзнува денес да знае се, за џабе школо, за џабе факултет, специјализации, научни дисертации...еве јаре учел медицина заедно со писателон и новинарине па нека ве просветли од 2012 наваму(facepalm)да не беа вакцините јаре можи немаше да стигниш деца да имаш... али ајде ќе верваме на статии од сомнителни извори и личности и видеа со еден лајк
     
    На Lianna Anna и Skyler81 им се допаѓа ова.
  11. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Добро е, шведскиот стана разбирлив. Алелуја. (facepalm)

    На широк сокак ќе држам предавање на темата:

    Како еден водоводџија бил одличен елетктричар.:*Со помлада жена.
    Подтема.
    Пропаста на еден одличен молер кој се ограничил на кречење и не ја прифатил понудата да работи со гипс.;)
    Под разно оди „вервањето“. Или активноста на платените „фактчекери“ и новинари во креирањето на мислењето на одредени животни со волна.
     
  12. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Биди конкретен не Рајко, Петко, Станко што ти кажал ако воопшто ти кажал.
    Еве што пишува на самата хуманитарна акција, ете батали новинари кои не допишале (мада тоа би бил шокантен и водечки наслов дека се е од вакцината), ако примил вакцина би требало тука да пишува, незнам од кои причини не би напишале
    https://www.budihuman.rs/korisnik/995/nemanja-ljutic
     
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.690
    Пол:
    Женски
    Мајка му кажа дека лесно ги поминал морбилите(иако не вакциниран).За 2 недели скроз се опоравил.Две години немал никакви здравствени проблеми.Се до моментот кога фатил корона и завршил со компликации.
     
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Таквите како тебе. Штетниците.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.872
    Допаѓања:
    178.934
    Според линкот погоре, детето прележува морбили во 2018. Тргнува во градинка во септември 2020 , во октомври завршува во болница на испитувања ради фрас и други нарушувања. Па после фаќа корона.
    Нешто се има случено меѓу септември и октомври, да му предизвика невролошки симптоми, пред короната. Кај пишува или кој кажува што?
     
  16. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Од директен контакт со Морбили никогаш не си сигурен дека целосно си се излечил, посебно не бебе.
    Еве го профилот на мајката , апелира за вакцинација ,
    https://www.facebook.com/share/p/gKhE6M1V9nMsgW5o/?mibextid=oFDknk
     
    На Skyler81, joy1 и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  17. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.363
    Допаѓања:
    11.976
    Пол:
    Женски
    @joy1 Мислам се работи за субакутен склерозирачки паненцефалитис кој се јавува 2 до 10 години по прележување на морбили, најчесто заради реактивација на вирусот. Иако е ретка компликација сепак постој или шо би рекол @yarre вакцината ја предизвикува(facepalm) Знајш што е то? И што го предизвикува или се е од вакцините?
     
    На simoncelicius, Brpbrp, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.690
    Пол:
    Женски
    Имаше по српски сајтови.Ако најдам пак, ке постирам баш.Може и да не беше официјална изјава.Се собираа пари за лекување во Турција со пресадување матични клетки.Овде пак во линкот доле мајката вели лек нема за таквата дијагноза.Не најдов податок дали е од после вакциниран?И ако да,има ли потреба некој што веќе ја прележал болеста од истата пак да се вакцинира?
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.484
    Допаѓања:
    19.687
    Пол:
    Женски
    Морбилите се сериозни и покрај лесна симптоматика, оти некоја година после нив може да се јави субакутен панцефалистис. Превенција е вакцина и тоа е тоа.
     
    На eli25, Mimmi39, Cherry79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    4.216
    Пол:
    Женски
    Извини, дали може појаснување на болеста? Не ми е познато, не сум медицинско лице, ниту најдов на интернет.
    Сериозно е многу субакутен панцефалистис?