https://medlineplus.gov/ency/article/001419.htm Хронично воспаление на мозокот, последна фаза кома и смрт.
Да, сериозна, прогресивна и најчесто фатална болест. Последица е на морбили и се појавува неколку месеци или неколку години по прележување. Резултира со опаѓање на мозочните функции, интелектуалните и лингвистички способности, неконтролирано грчење на мускулатурата, несоница, отсутност, халуцинации, отежнато дишење, отежнато голтање... Како напредува болеста така се влошува и состојбата, може да дојде и до слепило. И во последна фаза, температурата, пулсот и крвниот притисок се абнормални. Фатален резултат се случува во рок од 1 до 3 години од болеста. Најчесто е истото поради пневмонија, предизвикана од болеста. Превенција е вакцина, ММР.
Проблемот не е во вакцинирањето на детето(а било вакцинирано поради прием во градинка). Треба да се гледа малку пошироко. Бељата потекнува од вакцинирана мајка. Ај со ред. Повеќето новороденчиња се раѓаат со имунитет на сипаници стекнат преку мајчински антитела пренесени во бременоста, што полека се намалува со текот на времето. Сепак, во средините каде што морбилите не циркулираат ендемично и поголемиот стекнат имунитет е од имунизација отколку од инфекција, нивото на мајчините антитела е пониско. Тоа се должи на фактот дека антителата на морбили, предизвикани од вакцинирање кај мајките, исчезнуваат побрзо од антителата предизвикани од болеста. Ова резултира со имунитет кај новороденчињата што исчезнува порано кај вакцинирани популации и се јавува поширок јаз на осетливост помеѓу исчезнувањето на антитела од мајките и имунизацијата на новороденчиња. Природно имуни бремени и доилки, кои во детството имале инфекции од сипаници, порано ги заштитувале своите бебиња преку пренесување на мајчини антитела од плацентата и преку мајчиното млеко. За разлика од нив, откриено е дека новороденчиња родени од вакцинирани мајки имаат значително помалку антитела отколку што имаат новороденчиња од природно имуни мајки, што резултира во губење на имунитетот на морбили пред да се квалификуваат за вакцинација. Студија од Канада покажа дека 92% од тримесечните и 100% од шестмесечните деца имаат нивоа на антитела „под заштитниот праг“. Ова резултираше со ситуација кога вакцината за морбили не успеа да произведе соодветен број на антитела кај вакцинирани мајки, доволни за да им овозможи на новороденчињата имунитет од мајката во првата година од животот. Се создаде кризна ситуација, бидејќи новороденчињата под една година сега се многу ранливи на инфекција со морбили. Овие млади доенчиња страдаат од поголема смртност во споредба со популацијата, историски погодена од диви сипаници, подоцна во детството. Поголем ризик од компликации CDC препорачува вакцинација со МРП помеѓу 12 и 15 месеци. Во првите четири месеци од 2019 година, една четвртина од случаите на морбили во САД беа кај деца помлади од 15 месеци. Ова е загрижувачко затоа што овие млади доенчиња се изложени на поголем ризик од сериозни компликации и смрт во споредба со деца над пет години. Една потенцијална компликација на сипаници е фатална невродегенеративна болест наречена субакутен склерозирачки паненцефалитис (SSPE), „разорувачка ‘бавна вирусна’ болест на мозокот како резултат на перзизтентна инфекција на невроните со вирусот од морбили“. Инфекцијата со сипаници пред две години е еден од најконзистентните фактори на ризик за ССПЕ, но заради долготрајната латентност на состојбата (во просек од 6-10 години), староста на презентацијата на ССПЕ е обично околу 8-11 години. Карактеристични симптоми на SSPE вклучуваат постепен когнитивен пад, промени во однесувањето, напади, губење на контрола на мускулите и нарушувања на видот, кулминирајќи со вегетативна состојба, проследена со смрт во рок од неколку години од почетокот на симптомите. Во ерата пред вакцинирање за морбили, ССПЕ беше многу ретка, проценета на 1 на 100 000. Сепак, студијата од Калифорнија објавена во Клинички инфективни заболувања во 2017 година, даде драматично повисоки проценки за периодот 1998-2015 година: стапка од 1 на 609 за новороденчиња кои добиле сипаници пред една година. Од 17 случаи на ССПЕ откриени од страна на истражувачите, 12 деца имале позната историја на инфекција со сипаници „или компатибилен фебрилен осип“, што во 11 од 12 случаи се случило пред една година (Во дванаесетиот случај, детето имало 14 месеци). Слична студија во источноевропската нација Грузија идентификуваше 12 случаи на ССПЕ (2008-2017) со позната историја на инфекција со сипаници пред две години. Како и нивните американски колеги, грузиските истражувачи заклучија дека ризикот од ССПЕ „е поголем отколку што претходно се мислеше“. Научниците негираат дека вакцината против сипаници може да предизвика ССПЕ, но тие цитираат докази кои укажуваат на „дивиот вирус што предизвикува ССПЕ во случаи кои биле имунизирани и немале познати природни инфекции на сипаници“. Оваа година, индиските истражувачи опишаа таков случај. Претходно здраво 26-месечено дете бргу напредувало кон вегетативна состојба, во рок од пет месеци од развој на напади. Момчето примило вакцина против сипаници на девет месеци, проследено со „заболувања слични на сипаници на возраст од 1 година“. Овој и други индиски извештаи за случаи на „ран почеток на ССПЕ“ кај мали деца укажуваат на необјасниво, но „постепено намалување на латентниот период помеѓу инфекцијата на сипаници и почетокот на симптомите забележани во случаи со ССПЕ“. Во минатото, беше „ многу невообичаено“ за ССПП да има толку краток период на латентност.
Професоров со млада жена, и дел од интервјуто околу Пертусисот, начинот на одлуки на комисијата, воопшто за прекуменрното вакцинирање. И секако нелогичностите на комисијата, против сите науки и вон тековите на ЕУ трендовите околу вакцинацијата. Видеото е од моментот за сето ова, претходно е скокнат политичкиот дел на разговорот. Од јасно појасно.
Прескокни слободно ако ти е досадно. Зголемувањето на ССПЕ е причината. Се збореше за детенцето од Србија.
Аууууу што видов.... Мислам за плодот е подобро мајката да оболи од морбили кога е трудна, отколку да се е вакцинира на 6 год возраст...
Не ми одговараш на ниту едно мое прашање, претпоставувам затоа што немаш логичен одговор, но барем сподели извор од каде имаш прочитано дека Немања бил вакциниран и причината за влошување на неговата состојба е токму вакцината. Дали ти знаеш повеќе од неговата мајка која апелира децата да се вакцинираат? На кои печурки си?
Не.... Пред да се појават вакцините никој не умирал... Со орлите летале. И после дошле вакцините и почнала смртта да доаѓа.
Бебето преку доење е заштитено со антитела само првите у месеци понатака веќе не затоа и се препорачува да се почне со вакцинација од 2м или првично од раѓање. Прво ризично е за бебе и хемофилус инфлуенца да фати настрана другите да не ги набројувам. За мрп не се вакцинираат само тие ао фебрилни напади, епилептични,конвулзии. Највеќе на овие обрнуваат внимание не се боцка по секоја цена. Затоа малце учтивост треба, а не копи пасте како што ти кажаа да правиш има некои со вистински последици од морбили. Дали воопшто знаеш како избиваат морбилите? Очигледно не, па да ти појаснам морбилите се единствениот вид на сипаници што повеќе избиваат внатре одколку надворешно т.е. на кожа и кога телото се исфрла од внатре се гуши и не можеш да дишеш со тоа што креваш висока температура од 40 степени па нагоре и не се апушта со денови и тука добиваш ризик од од гушење,страбизам и најлошото да прегори мозокот и да доведе до смрт. Сигурно подобро би ставил вакцина 2 дена да има 37 темп одколку да го изгубиш детето. И да на етапи се појавуваат епидемииве зошто луѓево се прават антивакс не боцкаат па после им прпа па ги боцкаат на голема возраст и трауми им прават на децата и тогаш е тој колективен имунитет кога има 95% вакцинирани па пак се намалува зошто пак нема да ги боцкаат и пак избива епидемија и се така во круг. Бетер од Африка сме.
Мене ме интересира дали читаш општо то шо го копираш? И? Според тебе и твоите следбеници сите треба да прележиме без вакцина, па кој ќе преживеј ќе има потомство и ќе му пренеси антитела. Затоа драг јаре се напраени вакцините, за ти да не се разболиш, оти не е исто да бидиш во контакт со вирусот ослабен и организмот да ти го регистрира при повторен контакт, отколку воопшто да не си бил. Ако одевме по вашата тероија немаше можи ни ти денес да си меѓу нас оти можи ќе ти се искомплицираше состојбата. Години научни сознанија и испитувања ги побиваш со што си? Имаш врска со медицина? Си бил во контакт со болни од туберкулоза? Си видел вариола вера болен? За разлика од тебе има стручни лица што виделе и биле директни сведоци, и замисли им текнало дека сакат да го ништат човештвото па ги направиле вакцините за јас воедно и ти да поминиш со полесно. И почни со свој зборови то што си прочитал доста е со статииве
Види пак. Лошо си видала со „само да пишам нешто“ системот. Да. Едно е повикот на мајката а сосема друго е вакцинирањето и нејзино и на детето. Мајката е убедена дека проблемот е од морбилите, што е најверојатно. Но причината за истото е наведена во „мојот долг пост“. Толку ли те мрзи да прочиташ причина за зголемување на ССПЕ после морбили, во „мојот долг пост“? Проблемот е во вакцинацијата на мајката а не на детето. Фала на инфо, се слагам со ова што го пишуваш. На непрочитан пост, коментираш она што е познато за морбилите. Не ми треба ова, јас го знам, проблемот е друг. Прочитај го постот. И кога почна тоа невремето во Канада, а бродот тргна, па едни бранови удараат и удараат. Иде Дунав Читам секако. Ти не читаш. Проблемот е во децениско масовно непрележување, а сега само ги „собираме“ резултатите во вид на нуспојави на тој децениски стереотип. Ако ти е проблем моето споделување на текст, барем претрчај. Досадно ти е ? Нема потреба со однесување како дежурна бабичка пред влез. Има членови што сакаат да прочитаат проверени и издражни и трудови и размислувања. Жалам што ти и не читаш и не разбираш. Еве за тие што читаат на кратко и ова Повеќе од 50 години, вакцините за морбили ширум светот се потпираат на еден „генетски ограничен“ вирус на сипаници – генотип А. И во овој период од половина век, „генотипните модели на циркулација“ значително се променија. Луксембургшки виролог шпекулираше во 2017 година дека овие промени „може да рефлектираат имунолошкиот избор на ‘појаки’ вируси“ и исто така коментираше дека брзата генетска еволуција може „да доведе до појава на вирусни варијанти кои го избегнуваат имунолошкиот надзор“. Во 2001 година, истиот вирусолог објави дека типовите на морбили вирусот кои циркулираат во Африка „стекнале значително ниво на отпорност на вообичаената вакцина против сипаници што се користи на континентот“ и „барем половина од антителата на имунолошкиот систем произведени како одговор на вакцините, немаат никаков ефект врз овие видови“. Исто така, во раните 2000-ти, истражувачите во Белорусија ги секвенционираа морбили вирусите, за да утврдат зошто републиката бележи бројни случаи на сипаници и покрај стапката на вакцинација од 98%. Додека нивната анализа откри генотип А во 2001 и 2002 година, до 2003 година, веќе беа присутни различни генотипови како Д6 и Д7, што ги доведе истражувачите да ги припишат повеќето случаи на морбили – на несупехот на вакцините. Слична студија во Русија опиша „недостаток на заштитни титри на неутрализирачки антитела“ против циркулирачките генотипови на морбили и повторно го поврза генотипот Д6 со појава на сипаници кај високо вакцинирана возрасна популација. Во средината на 2000-тите години, Светската здравствена организација (СЗО) ги поврза епидемиите на мали сипаници во Европа со генотипите на морбили Д4, Д6 и Б3. Генетиката на овие видови отпорни на вакцини кои се појавија, се слични на генетиката на многу опасна форма на вирусот што може да предизвика ССПЕ. Ова прогресивно, често смртоносно нарушување на мозокот одеднаш стана многу почеста појава. Загрижувачки е што генетиката на типовите на морбили вируси кои се оптпорни на вакцината, вклучително и генотипот Д6, е слична на генетиката на мутантната форма на морбили вирусот поврзан со ССПЕ. Разгледувајќи ги случаите на ССПЕ кај лица вакцинирани против морбили, а подоцна изложени на див тип на морбили вирус, една група автори изјавија: „Ако вакцинираните лица … се подложни на инфекција со див сој на морбили вирус, ова предизвикува загриженост не само за невролошки компликации, туку исто така и за глобалното искоренување на морбилите“. Авторите заклучуваат дека ќе биде важно да се следат „новите видови вируси“.
@yarre кои се тие членови баш ме интересира како што гледаш и самиот нема баш некој членови што сакаат многу да те читат ако сакаја немаше да имаш пропаганда тука 12 години,а не си ни компетентен ниту имаш познавање од медицина, и да најглавното ВАКЦИНИРАН СИ така да за џабе ти е се самиот одиш против себеси и им сејш страв, има каде да се обратат за да добијат разумно и поткрепено објаснување, а не од статии на некој писател шо не вервал во холокауст....готово некој на форум ќе им копира текст и сите ќе поверват, а во пракса се гледа нешто сосема друго. Недај боже да си и во кожа на мајката на детето, и на многу други што ги виделе последиците од болести што се опасни, и пак не одговори кога немало вакцини ракот на што го препишувале? Автоимуните? Заради таквите ко вас она што некој се борел да го нема, денес ќе се врати, и ќе настрада некое бебе ни криво ни должно, ти е гајле тебе заштитен си бил, после тебе потоп м?
Не. Пред неколку години се шпекулираше за вакцини со поминат рок. Луѓето се плашат да ги вакцинираат децата за тоа што не знаат со што вакцинираат. Во странсто додека бев никогаш немало фама за вакцините како овде. Ама производителот си беше самата земја.
Па не баш. И од овие вакцини имало со поминат рок. Не сум антиваксер, напротив, ама за вакви случаи знам. Имаше и по ТВ знам, само не се сеќавам на периодот. Не знам сега како е, за синко немав во Мк, овде имам за ќерка ми, лепенка од серијата, рокот и производителот на вакцината. И така треба да е.
Не знам, досега кога сум носела дете на вакцина никогаш немало поминат рок вакцина. А јавно достапен податок е, има за сите јавено објавен договор за сите вакцини. Има често трач за рокот, за фрижидерот, за прегледот, за многу работи. Антиваксери. Пре би сумамед и еден месец у државна, отколку вакцина.
И да примиш со поминат рок нема да има само ефект вакцината не дека нешто ќе се случи посебно. @yarre пак ќе ти повторам дека не е проблемот во вакцините проблемот е во антивакс комјунити. Некој што искусил како е со и без вакцина има право на говор, а не некој да безделничи на форум при тоа вакциниран и уво да не му чуе за другите. Според твојата теорија ако се оди не требало да има доктори, зошто да има доктори кога болестиве за кои има вакцина се безопасни? Според тебе и лесно се третираат со чајчиња и не прават никакви последици врз телото. И пак се навраќаме на тоа дека доктори на антивакс комјунити не им требаат бидејќи телото како што викаш ти ќе се избори само и нема да има потреба од лекарства ќе си створи антитела. Ако веќе имате избор дали ќе се лечите или не тогаш и здравството треба да има избор да не лечи невакцинирани, а заболени од тие болести за кои има вакцини. Па ко преживи причаче.