Не беа за ковид. Може и за нив да било дека имало со поминат рок. Ама беше пред неколку години и баш фама се крена дали да се вакцинираат децата.
@H.VAGA абе сега ако тргаме така знаеш дека и на лекови менуваат рок? ги враќат назад во веледрогериите, и на производи во маркет, не е за тоа темата, то треба да е строго казниво, без разлика за што е ништо не треба да е со поминат рок али тоа е веќе друга тема
Za MMR bea, 2019 god, vo ek na epidemija. Nikoj ne primetil deka se so pominat rok, zatoa sto nikoj ne gi proveruval, dodeka stoele vo Obodin frizideri od 196.. i nekoja proizvedeni zaedno so site ruceci doneseni denta i kesite ispazareni na pauza.
Toa i e strogo kaznivo za lekovi, a nazad se vrakaat vo veledrogerija za da istata inicira postapka za unistuvanje.
Тоа е така по закон во пракса и не е. Работев со лекови и ти кажувам дека не се прави тоа така со 100% гаранција. Не може нешто да не е во ред . До сега е вакцинирано првото дете немам прашано за рокови. За препакување на сите лекарства и те како е можно и се прави. Која фирма оди во загуба?
Врв на темава ми се цитати од Вело Марковски на женски форум. Само не вакцинирајте деца, од модерни мајки ќе си ги вратиме старите болести
Абе воздухот, водата и храната ни се загадени. До вакцините им дое. Јаде патлиџан у јануари и куца на фемина ,,ВаКцИнИтЕ сЕ шТеТнИ”
Јас јадам сладолед во Јануари, се банњам со мраз ладна вода во Јануари, и куцам дека се Штетни вакцините. Од модерни мајки и татковци глава не можете да кренете на форумот
Јас само го спомнав случајот од пред неколку години. А за тргање многу работи не функционираат кај нас како што треба. Не само вакцините.
Малце е ван тема ова што ќе го спомнам но сепак ќе кажам. Сите гледаат по ново органска храна што е и прескапа, а врска немА. Истата таа има рок но се препакува и се става нов рок. Особено на путери што се 2 бубрега скапи.
Зошто врв? Што е проблемот со Марковски? Ако инфектолог не е стручен, тогаш кој би бил? Зарем специјалист по медицина на трудот?
Пишуваа членки поназад зошто. Иначе не секој што завршил факултет и е стручен за истото. Пракса е едно и тоа треба, по книга е едно во пракса е друго затоа повеќе треба да објаснува некој што е стручен, а не некој што се води по книга.
Душо, колку што знам, човеков е доктор на науки и универзитетски професор. И стручен е, и има знаење ама и пракса. Работел на инфективна клиника, за разлика од портпаролот на комисијата за инфектовни болести (да не го именувам). Извини, не сум прочитала што пишувале членките. Синоќа на ТВ, заменик техничка министерка за труд и социјала изјавува: невакцинираните деца да седат дома за да не ги заразат вакцинираните во градинка!! Како може ЗДРАВО, право дете да заразува и да биде опасност за некого??! Ај што не се доктори во областа, па уште и сеат страв меѓу луѓето. Значи, во оваа држава сите "се стручни", а само стручните се нестручни!!
Од каде си ти ? Абе разбирате ли македонски, мајчин јазик ? И ти и твоиве лајкачи ? Повеќето новороденчиња се раѓаат со имунитет на сипаници стекнат преку мајчински антитела пренесени во бременоста, „Пренесени“. Ако имала мајката што да пренесе. Односно ако прележала во возраст кога се тотално безопасни. Очигледно е дека проблемот е во вакцинирањето на мајката. Ајде да цитирам текст од претходната страна која очигледно си го скролнала Научниците негираат дека вакцината против сипаници може да предизвика ССПЕ, но тие цитираат докази кои укажуваат на „дивиот вирус што предизвикува ССПЕ во случаи кои биле имунизирани и немале познати природни инфекции на сипаници“. Оваа година, индиските истражувачи опишаа таков случај