Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    740 глас(а)
    76,0%
  2. Против

    234 глас(а)
    24,0%
  1. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.395
    Допаѓања:
    12.056
    Пол:
    Женски
    @yarre ако беа толку безопасни зошто има вакцини пак те прашвам, упорно ме избегаваш оти немаш соодветен одговор. И упорно копираш, а не даде одговор од што се умираше пред вакцините ако сите болести ги предизвикуваат тие? Немаш ич соодветно познавање од медицина, цитираш луѓе што не се ниту доктори ниту некако поврзани со тоа. Чиниш нуклеарка се вакцините па цел им е да го уништат човештвото. Ај сега да те прашам мора да те оперират од апендицитис, мора општа анестезија ти сигурен си дека нема организмот некако да ти изреагира? Сигурен си дека ќе се разбудиш? Од се можи се да ти се случи, оти не драг јаре не знајш што ти е запишано во генетскиот код, прај муабет тро со имунолози оти не ќе да имаш баш познавање. Ако одиме на то дека од нешто ќе ни се случи нешто ќе живеевме изолирано сами, али не ние живееме во заедница. Зато некој работел испитувал, али не се најдовте вие тука компетентните да кажвате за нешто што ниту сте испитувале ниту пак сте лечеле ниту сте виделе. Си видел што е менингит, енцефалит? Си видел општо компликации? Си видел како изгледа болен од полио? Си видел болен од вариола вера? Ко ќе видиш и лекуваш соли памет и советувај. И пак кажи зошто развиени земји вакцинират трудници за пертусис? За да му напрат компликации? За да не раѓат. Некој видел дека така ќе заштитат. Одговори на ова се шо те прашвам. За копирање од нет сите знајме. Испаѓа дека секој што решил детето да си го вакцинира според вас е лош родител и сака да му штети. Ојте си во та заедницата и ширете си ги статиите од нет, а родителите ќе си се советуват со некој што учел за то, ако не знајш има факултет за то, а за од интернет секој се можи да прочита, ако беше се така лесно зошто има воопшто образование еве вие ќе не просветлувате
     
    Последна измена: 22 март 2024
    На ArabellaStarfall, anngelique и Skyler81 им се допаѓа ова.
  2. Skyler81

    Skyler81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2024
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Ај сега објасни ми го она ако прележала во возраст кога се тотално безопасни. Ако јаре, едно големо ако. А ако ги прележала во опасна возраст што правиме тогаш. Голема е веројатноста никогаш и да не станела мајка. Ама по твојата логика секако помалку отпорните треба да ги жртвуваме, па ќе правиме после друго дете во надеж дека ќе биде тоа "отпорното". И така во 21 век ќе живееме ко у времето на Спарта.
     
  3. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    А ако не прележала и нема антитела тогаш што има новороденчето?
     
    На Skyler81 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Он не може да разбере дека од кога се вакцините зголемен е наталитетот пред тоа умирале бебиња и возрасни н ни стигале до старост. Ама им е гајле на антивакс родителите зошто они се вакцинирани, а деца се прават нели па кое има имунитет ќе живее.
     
    На Skyler81 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Со должна почит ама на клиника да е преполно со болни деца од моментална епидемија и да има доста деца вакцинирани со икс вирус или бактерија мислиш ли дека некој ќе се фокусира на тоа да ги оправа невакцинираните? Предност секогаш ќе имаат тие што се со редовна вакцинација што е логично нели? Дали мислиш дека некој ќе се замара ако е во критична состојба тогаш ем нема да знаеш кај ти е главата ем ќе те направат пуздер тие од таму зошто не е вакцинирано и што очекуваш. И да би можело со мнпгу труд да се спаси верувај нрма да бидат насочени кон тоа и на обдукција ќе испадне дека починало од тоа дека не е вакцинирано.
     
  6. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Женски
    Не, не е логично....
    Зошто мислиш дека треба да прават разлика меѓу вакцинирани и невакцинирани? Па уште и пуздер да прават.....не е тоа нивна работа. Лекари треба да лечат луѓе и да не прават дискриминација!

    Инаку, не ти го разбирам коментарот. Каква врска има објаснувањево со тоа што го пишав во врска со стручноста и нестручноста?
    И како ЗДРАВО дете може да заразува??? Е ова ама ИЧ, АМА ИЧ не можам да го прифатам. Кој нормален човек би поверувал на вакви глупости??
     
    Последна измена: 22 март 2024
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    5.868
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам јас да објаснам. Кога медицината ти дава решение за болест која во денешницава е лесно превенирачка, а ти со своите себични, нереални, научно непотврдени размислувања не го вакцинираш детето, тогаш и медицината може да те третира како второстепен граѓанин. Го преоптоваруваш здравствениот систем и си потенцијална опасност за околината.

    Здраво дете не може да заразува, може невакцинирано дете, кое од здраво ќе стане нездраво. Демек некоја константа е да бидеш здрав?
     
    На Lianna Anna, FridaodaMk, Brpbrp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Женски
    Не, не ти дава решение за
    болест. Доктори викаат: и вакцинирано дете (или возресен) може да се разболи, ама полесно ќе помине. Дали е така, кој да знае... Значи нема решение, само ублажување.

    Друго, и вакцинирано дете може да заразува ако е болно!

    Секако, никој нема право да деградира луѓе!!

    Второстепен граѓанин?? Извини, прв пат слушам за ваква деградација. Може сум неедуцирана......

    Ако вакцинираните се супериорни, тогаш немаат проблем со невакцинирани. Што тогаш се замарате со невакцинираните?

    Нема константа да си здрав, и кај вакциниран и кај невакциниран, ниту па се оптеретува здравствениот систем. Па дури и да се оптеретува (така беше со ковидот, за друго преголемо оптеретување не знам). Главна работа им е да лекуваат луѓе, за која сите ние издвојуваме пари од платите!! Значи сите се еднакви во тој систем и на сите треба да им се помогне кога ќе им затреба.
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.395
    Допаѓања:
    12.056
    Пол:
    Женски
    @Mimmi39 задолжителна е вакцинацијата? Да, задолжителна е, и нема што да се дискутира повеќе, одете кај надлежните и кажете да го менат законот. Ако ти свесно нејкиш да го вакцинираш, тогаш нема градинка, нема школо. Зошто да те лечи некој од болест што си можела да ја превенираш, кога ти рекле вакцинирај се? Вие прајте да има епидемии вие прајте ризик за преоптоварување на здравствен систем. И ваша работа е да следите закон, али ете сте решиле поинаку и терајте како што мислите, а не да се вадат потврди лажни, сносете си се со се што ви е ускратено. Ние другите будалите ќе се вакцинираме
     
    Последна измена: 22 март 2024
    На Lianna Anna, ArabellaStarfall и Skyler81 им се допаѓа ова.
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Затоа што третирањето на невакциниран трае подолго не помнува со еден ден кашлање. Цел процес поминува ако телото со вакцина ствара антитела за 1 до 2 недели со вакцина каде вирусот е послаб тогаш вистинскиот вирус е појак и тело што нема створено веќе антитела или "прележано" на некој начин.

    Ќе ти дадам пример со морбили.
    Тој што е вакциниран ствара антитела и кога заболува од морбили се третира исфрленото и 1 ден темп со максимум 39 што поминува. Додека невакцинираниот крева НАД 40 темп и држи со денови мора да е хоспитализиран после на капак на темп може и фебрилни напади да има и плус гушење. Ова не се средува со 1 ден хосоитализација тука треба соодветна терапија, зафаќање болнички кревет на вакцинирано дете што боледува од сосем друго и тоа зошто ради модерни родители. Епа извини ама себично е ова и нотмално дека би ги третирале како второстепени граѓани не може бекој ради мода да има предност секаде и секогаш.

    Пример со пертусис почнува со обична кашлица па после прераснува со голема кашлица што дете едвај дише и доведува до смрт исто како и кај морбилите. Вакцинирано дете со 3 дози е заштитено веќе и нема да биде хоспитализирано ќе седи дома и ќе поткашлува уште краток период невакциниран уште 3 месеци. Ресурсите и се трошат на болницата за невакцинирани зошто родителот така сакал биле штетни а истите тие можат да се искористат за вакцинирано дете што има сосема трет проблем.

    Дотичниот што го кажа имало на 200 рино вируси да имала ноже и преку 500 бактерии но не сите прават проблем. Колку видови на стрептокока има најзастапрни А и Б но стрептокока пенумоние е многу гадна и членката што ја спомна што ги напраѓа зглобовите јас кога сум се вакцинирала ја немало превенар и мн лошо поминав додека син ми со вакцината 2 дена темп и здрав како дрен беше.
     
    На ArabellaStarfall и FridaodaMk им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    5.868
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ја прочитам таа реченица ,,кога вие сте вакцинирани, што се плашите од невакцинираните" сфаќам кој калибар на луѓе не вакцинираат.

    Затоа што утре ќе родам уште едно бебе, и додека дојде ред за соодветната вакцина, поради невакцинираните деца, може да биде инфицирано со некоја од овие лесно превенирачки, а кобни болести. Затоа што друго дете со имунокомпромитирано здравје, може веднаш да почине, при контакт со тие болести, а не може да прими вакцина.
    Кога сите би се вакцинирале како ќе се шири болеста?

    Ја имаш привилегијата да пишуваш од комфорот на својот дом на оваа тема, а не од гасна лименка, баш благодарение на тие вакцини.

    Не знам само кого ќе кривите, кога вашето дете ќе заболи од некоја од овие болести и ќе има страшни последици. Немој да плукате тогаш по докторите.
     
    На KuklickaSk, Lianna Anna и Skyler81 им се допаѓа ова.
  12. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Женски
    Фала Богу, ништо не им е ускратено. Постојат приватни градинки и школи.

    Пази сега еден момент, штом веќе одиме на момент на деградирање: Оној кој има поголема плата, има поголем придонес во фондот. Така?
    Значи, му се одбива од платата повисока сума за здравство. И според ова што зборите вие дека невакцинираните се второстепени граѓани, би требало оние што помалку вложуваат во фондот, да добијат помалку внимание и третман.
     
    На yarre и zence им се допаѓа ова.
  13. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Женски
    А кога јас ќе прочитам дека ЗДРАВО дете шири болест, исто знам за каков калибар на луѓе се работи.
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Ако гледаме така има луѓе што си ги вакцинираат децата и вложуваат во фондот и никогаш не биле на лекар и не искористиле ништо од фондот, а со тоа што невакциниран лежи подолго во болница со веќе вакцина за одредена болест ти го црпиш и неговиот фонд, така?
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Женски
    Аха, не ви одговара оваа реалност.

    Јас лично НЕ не го црпам . Фала богу не, само давам да се користат моите пари и за вакцинирани и за невакцинирани.
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    5.868
    Пол:
    Женски
    Здраво дете може да шири болест, ако е асимптоматски носител.
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Не дека не одговара, само ти одговорив на твоето прашање. Не се гледа тоа така. Ако гледаме така еве јас сум дарител на крв што треба сега да забранам да се дава мојата крв и да си ја чувам за мои потреби? Не. Туку пренасочена е на оној што му треба. Исто така и тромбоцитна плазма е неколку пати донирана за мали дечиња што се на хематологија и тоа не по нивна вина и е сосема друг проблем. Но за нешто што има лек и човештвото се проширило и те како реагирам бутно од аздисаност.

    Тоа ти е исто како да има лек за канцер ама не би примила зошто би паднал имунитетот па после други проблеми би се јавиле.
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    5.552
    Пол:
    Женски
    @Mimmi39 ,зошто па приватните градинки и школи да не почитуваат закон еве конкретно за вакцините?
    Ако законот вели дека дете за да посетува градинка, треба да е вакцинирано, важи за сите градинки. Не вика законот за државна градинка само.
    Страници уназад членки имаа пишано за Германија дека без Мрп, не може ни на тренинг да одат, а не пак во образовна институција.

    Конкретно истиот муабет пред некој ден од пријателка го добив. Демек да не мораше детето да оди во градинка, немаше да прими воопшто ни Мрп, ни Дтп. Е, па не. Не мора да оди во градинка. Седи си дома и чувај си го, беше мојот одговор.

    И надвор од тема, глупаво е во тема за бебе, ковид и примерите да се споменуваат ама барем во помаливе градови, а веројатно и Скопје имаше и те како селекција кој ќе се лечи.
    Преоптоварување на болниците, ако во ист момент требаше да се хоспитализира 97 годишен човек или 30 годишен, се бираше на помладиот да се помогне. Етички или не, не навлегувам.
     
    На KuklickaSk, LiquidLuna, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  19. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.395
    Допаѓања:
    12.056
    Пол:
    Женски
    Па не баш, не е така. Имаш закон така? Законот што ти вели? Никој не кажува дека некој е првостепен или второстепен, туку го прекршуваш законот. Ако ти вика мора да вакцинираш за во градинка која си ти шо фактор си за невакцинирано да го носиш детето. Законот е за сите нема врска приватно државно, кај пиши дека таму можи, а таму не? Детето ќе си го чуваш дома оти ти така си одлучила, а ако беше по избор поинаку ќе дискутиравме. Со то здраво болно, шо се плашите детето е здраво. Како се шират епидемиите знајш? Ете види како беше ковод, да не беше нова болест и да имаше покриеност со вакцинација ќе се ширеше така? Нема да се ширеше. Едноставно е, вакцината штити. Ти знајш како се шират морбилите? Ако нема толкава покриеност со вакцинација сите ќе се разболиме, а то што значи за земја како нас? Крах на цел здравствен систем. Имавме пандемија, епа сега замисли наместо ковид да беше вариола вера. Па ќе ти стани малку појасно. Чист пример ти е со вариола вера во Југославија, сите се вакцинираја нема сакам нејќам, и заради тој потег сега ти си заштитена од та болест. Ќе те прашаше некој тебе што сакаш или нејќиш. Знајш дека трудниците мораше да абортират? Имаш извори доста читни
    Еве
    https://irl.mk/bi-bi-si-reportazha-...a-ugoslavia-od-smrtonosnata-epidemia-od-1972/
     
    Последна измена: 22 март 2024
    На MartinaMM, ArabellaStarfall, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.526
    Допаѓања:
    19.994
    Пол:
    Женски
    Здраво дете, без разлика дали е вакцинирано или не, не може никого да зарази, ако и самото не подлежи на зараза. Но, од 20 невакцинирани деца во колектив, 15 ќе се заразат, а со тоа и ќе пренесуваат. Од 20 вакцинирани деца во колектив, само две ќе се заразат. И тоа погодете од кого. Невакцинираното дете ќе подлежи на потешка симптоматика, за разлика од вакцинираното дете. Симптоматиката на вакцинираните е минорна и многу помалку контагиозна.

    Сакам да кажам, вакцинираните деца имаат значително помали шанси да се заразат, а со тоа и значително помали шанси да пренесуваат зараза. За разлика од невакцинираните, нели. Значи, зборуваме за сериозни компликации и хоспитализација поради истото.

    Затварање колектив за невакцинирани деца, е мерка за спречување на ширење на болеста, односно, истава, ја обезбедува и безбедноста на невакцинираните и ја намалува опасноста за заразување на другите.

    Антивакс наративот дека невакцинирано дете не може да зарази никого, едноставно не е точен, бидејќи невакцинираните деца можат да бидат носители на вирусот во многу поголем процент од вакцинираните.
     
    На fbaby, KuklickaSk, Munchmallow20 и 7 други им се допаѓа ова.