Не се враќаат, твоето дете е здраво, право затоа што повеќето деца од околината го штитат. Не би рекла дека ќе бидеш толку самоуверена кога би била обратна ситуацијата. Но, како што можеш да видиш, одредени заболувања уште циркулираат меѓу нас. Твоето здраво дете, денес е за здраво. Утре може и да се разболи. Не знам што ти е поентата со тоа здрави деца немало никој да разболат. Да, здрави, вакцинирани. Невакцинирани кого штитат, освен збунетиот памет на мајката? Не само градинка, да е до мене, ни во училиште не би дозволила невакцинирани деца да се запишуваат без медицинска причина. Ќе ја дадам опцијата дома да го едуцираш детето. Бидејќи кога не сакаш ти да придонесеш за општеството, нема ни да бараш привилегии од него. Градинката е баш таков вид на привилегија. Исто и образованието.
Шо читам рано ми е за у темава ама морам.. Значи докажани вакцини-не. Добро Не сфаќате колку болести се искорениле со тоа. Зашо и животни вакцинираме? Ќе си праиме имунитет со не знам? Антибиотици
@Mimmi39 Многу среќа имаш што живееш тука, а не си заминала некаде по дијаспората. Таму не само што ќе го вакцинирше детето без А да речеш ќе прашуваше и дали уште треба. Многу ви се дозволува тука. Носите по приватни градинки каде ви ги кријат досиеата од децата во случај на инспекција. Против сте превентивно здравство,па уште и мудрувате на форум. Поради мудреци ко тебе во Ск ќе си се враќаат болестите, во другите градови за среќа помалку ги има мамичките кои не ја признаваат вакцинацијата која што секаде се спроведува ама што знаат низ светов тебе и Јаре треба да в епрашаат.
Да може. Оти ниедна вакцина не гарантира 100% заштита од зараза и пренесување. Ама гарантира намалено пренесување и лесни симптоми. Али за вас логиката е све или ништо.
Ок, значи јас немам придонес кон општеството само затоа што детето е невакцинирано или делумно вакцинирано?? А не праша зошто е така...важно збунет ми е паметот......Добри сте со навредиве, секоја ви чест.....како и да е. Камо среќа вакцинацијава да беше главниот проблем во општеството, кон кое тие што не вакцинираат деца "никако не придонесуваат". Во спротивно, општеството ќе цветаше... И така се малку тие што не вакцинираат (од причини што само тие си знаат), па според статистички методи и резултати, мало е статистичкото значење на влијание.....
Ајде прочитај го едно 5 пати полека. Има потенцијал но не го превенира. Вакцината не го спречува ССПЕ, го прерасподелува временскиот период во незгодно време. ССПЕ не постои кога популацијата масовно прележува сипаници. Ајде веројатно и ти си на ред да објасниш како функционира имунитетот на стадото во популација од 0-80 години, ако се земе дека вакцините „заштитуваат“ 3-5 ( некаде прочитав и 10 ) години. Чекај малку. Невакцинираните се болни ? Тоа е таканаречениот вакцинацизам кон невакцинирани а здрави деца. За жал во МК нема home schooling. Инаку многу родители би ги отпишале децата, не само поради вакцините. Вакцинација придонес во општество ? Што праиме со бабите и дедовците, кои ете не се вакцинрани, некои не прележале ништо, а „заштитата“ ако и се вакцинирани им завршила пред 40 години ? Нема да ги пуштиш да ти го земат детето од школо или да поиграат дур си ти на работа. Или по ред и бабите ќе ги вакцинираш ? Не бе душичке. Ставот е тој кој што е фиксен, Околината се прилагодува. Една мајка пред некоја година на лотарија доби зелена карта за Америка. И замисли си, не отиде. Информирај се. Не е секаде, иако додуше еве во Германија ги уценува градинките само со ММР. И таму мајките се организираат како и кај нас сега, поради идиотштината. Не гарантира. За доказ ти треба ист организам кој е и вакциниран и невакциниран.
Оо па дек си ти Него вака успут да те прашам. Пред вакцините кој пренесувал? Јер нели, за секоја пандемија се криви вакцинираните што не се изолирани.
@Mimmi39 ти вакцинирана си? И аман не одговарај со муабетите на јаре дека тогаш од торлак беа вакцините и беа квалитетни, па сега им текна да прат експерименти и носат неквалитет. Само да ви кажам дека вакцините подлежат на строга контрола, и не е баш како што се кажва. Ќе му текни на некој новинар...антиваксер ете не трујат со поминат рок нас, и ќе фрли фитиљ за да потпали оган. Многу им сме битни ние едвај 2 милиони народ ако сакат да не нема со еден потег ќе не срамнат. Ако бевме Југославија немаше да имате избор, али премногу се дава слобода. И секој што фалсификува документ дека детето му е вакцинирано да го стрпат 10 години во затвор за на другите да не им текне и да си ги гледате дома. Оти денес да се ширеше вариола вера Славица од фб ќе нејќеше да се вакцинира оти ете прочитала на интернет некоја статија од писател, али не тогаш мораше и немаше избор, и треба да се врати то време
Ти благодарам што праша. Вакцинирано е делумно, а потоа имавме некои проблеми (не би сакала да споделувам информации, се надевам ќе ме разбереш) и се беше по препорака на двајца специјалисти педијатри да се почека....така почекувајќи, помина период согласно вакциналниот картон. А веќе на 5 год нема поента да се става дитепер, повторно во консултација со медицински лица (меѓу кои и колеги од странство). Било со причина, верувај. ....................... Да биде јасно, не сум антиваксер. Како што кажав, и јас учествувам во научни истражувања, во МК и во европска држава каде што и сум моментално (не би сакала да споделувам приватни информации поради анонимност). Едноставно, не треба да се прават поделби и да се генерализира. Секој си знае како да постапи. Многу посериозни закони се прекршуваат, се прави криминал, се дише загаден воздух, храната е полна со пестициди, со канцорогени вештачки засладувачи....ама тоа не е проблем, важно било сите да се вакцинирани. Епа, извинете ама секој си сноси лична одговорност за своите постапки. И уште нешто, не мудрувам на форум (за Cosmi е ова,), а и да мудрувам мое право е, не е твое да ми кажеш. Инаку, погоре беше пишано за наводно "големата слобода што сме ја имале,".....секако дека имаме, сите имаат. Никој посебно не ни дава слобода, секој ја има слободата загарантирано. Фала многу Фрида што ни кажа дека подлежат на строга контрола вакциниге, само што не кажа кој ја прави контролата и како? Дали преку проверка на документација или во лабораторија? Бај д веј, темата е ЗА или ПРОТИВ вакцини. Не туку скокајте на некој кој е против вакцина (поради некаква причина) затоа што пишува во рамки на темата. Почитувајте го неговото мислење, исто како што тој ги почитува оние кои се вакцинираат. Поздрав до сите.
Ако твоето дете од медицински причини не ги допримило вакцините, не знам зошто се најде тогаш прозвана. Не знам ни како би те афектирала забраната за одење во градинка ако имаш документ за причината која ве оневозможила за континуирана имунизација. Тука не спаѓа детето ми беше настинато нон стоп, па ги одлагав. Затоа што јас и кога беше моето настинато, што следеше по календар, на тоа го носев. За таа возраст, до сега сите се примени во рок и регуларно. Затоа што и мене не ми е сеедно на најмлада возраст да биде решетано со еден куп коктели, но знаејќи дека треба од повеќе пати наведени причини, сепак прифаќам и јас да бидам дел од колективот. И кога ќе прочитам мајка без јасна причина ревносно да ја отфрла полезноста на вакцините, додека јас редовно го носам своето дете, кое покрај сопствена заштита, го штити и нејзиното, би се служела со секакви епитети колку и да навредат. Затоа што ни моето не е должно да крева температури, да е омалаксано и сл. на сметка на друго, чија мајка прочитала некаде на фејсбук дека ммр предизвикува аутизам.
И ти пак на крај ќе се секираш кога ќе се појави пертусис во колективот кај твоето дете од дете чии родители лажирале потврда, го оставиле да кашла до повраќање во градинка и не дигале телефон да го земат дома. Плус стрес ако дома имаш бебе кое не стигнало да прими 3 дози. Овие другите, топ не ги бие. Нит се секира за своето, нит за другото дете. На темата искоренување на болест заради вакцини, еве извадок од студија After the introduction of pertussis vaccine more than five decades ago, disease incidence decreased dramatically from 157 per 100,000 individuals in the prevaccine era to less than one per 100,000 individuals in the early 1970s, a decrease of more than 99%.
Стварно мкслите дека нема никаква контрола и дека внесуваат се и сешто? Министерство за здравство е одговорно. Вакцината пред да биде пуштена во употреба подлежи на строга контрола, збораме за вакцини кои се направени надвор од оваа држава и кои ги користат и други држави. Ние да правевме вакцини познавајќи што се се случува во сите сектори ќе речев да сомнително е. Еве ќе ти кажам пример едно куче прима вакцина за беснило што производител е фајзер таа вакцина за беснило ја примат и во други држави истата. И мислиш дека нема никаква проверка? Кога за животни има за луѓе има многу повеќе али ние сме научени дека сите се против нас и ни подметнуват.
Нема што јас да мислам, измислено е се. Ама ете бидејќи и ти знаеш, а и те прашав, но не ми одговори, повторно те прашувам: Каде се врши контролата? Како контролира министерството? Во која лабораторија? Со кои методи? Тешки метали дали проверуваат? Само ова кажи ми го, без многу филозофии за други држави, животни.......
Ритуализирана нарација и манипулативни реторики без научна заднина. Сериозно, како верски фанатик си, со не толку убедлив антивакс формат. Прочитај си ти уште еднаш, без бирање црешнички. Не си ми објаснил ти мене ништо, Јаре. Напротив, јас ти објаснив тебе. Али еј, i can explain it to you, but i can’t understand it for you! За восхит е ова со каква доза на сигурност настапуваш, тврдење дека детето е вакцинирано и дека причина за сспе е вакцинирана мајка. Многу субјективно. Исто како со фамозното видео за детето со аплицирана опв/ипв¿ "Мораш да ми веруваш на збор, оти мајке ми многу сум убав!". Добро и некоја филувана студија тука ќе убациш и тадааам, appeal to ignorance! Патем, имунитетот на новороденче од мајка е временски ограничен. Тука настапуваат вакцините и колективниот имунитет. Вакцинирани и невакцинирани немаат еднакви шанси за зараза и никогаш нема да имаат. Децидно тврдат 624447165 студии за истото. Вакцинираните се веќе запознаени со вирусот, а со тоа имаат и многу помала веројатност да се заразат и уште толку помала веројатност да пренесуваат. Каде ти замина логиката? Ох, уејт, ја немаш од старт. На толку голем процент вакцинирани, според бајкиве, се што чекори по светов ќе подлежи на болести. Лесната симптоматика која се постигнува преку вакцинација, има позитивен ефект во спречување на сериозни последици од болестите, што значи, спасени многу животи и спречени многу сериозни медицински компликации. Препораката за вакцинација е врз основа на истражувања и клинички испитувања кои докажуваат ефикасност на вакцините. Одлуките за вакцинација се врз основа на научни и епидемиолошки податоци, а не политички мотиви и Јаре јеа, не твоите демагогии. Да, да. Пред 30, 40, 50, 100 години, кога болести коселе се пред себе. Не постои возраст кога се безопасни. Популација со масовно прележани сипаници еј! Yeah, па кој преживее, ќе раскажува! Пошо еј, сериозно тврдиш дека не постои тешка симптоматика. Appel to nature, right?! За оној, сатира филмот од погоре пишувам. Пресмешно, еве очи ролам од смеење. И во Германија изведуваа, па сега МРП е задолжителна. И за во градинка и за во училиште. Во Германија функционираат закони и не се важат лажни медицински потврди. Мајките се организирале бе еј. Сакам да кажам, државата е многу поорганизирана од нив и ја држи болеста под контрола. РКИ: Seit 2020 liegt die Inzidenz der Masern in Deutschland unter der von der WHO geforderten Inzidenz von 1 Fall pro 1 Million Einwohner. Zudem herrscht in Deutschland seit März 2020 eine Masernimpfpflicht. Eltern müssen jetzt vor dem Eintritt ihrer Kinder in die Kita oder Schule nachweisen, dass diese gegen Masern geimpft sind oder bereits an Masern erkrankt waren.
Да ти одговорам на прашањето иако ти не одговори дали си вакцинирана и зошто да? Во Македонија нема лабараторија за проверка на биолошкиот состав на вакцините, но со самата набавка се добива сертификат од призната лабараторија од Европска унија каде што е извршена самата проверка, во однос на транспортот и состојбата на вакцините за тоа проверка прави Министерство за здравство и Биро за лекови оти и тоа е многу важно. Па да ти кажам јас повеќе верувам на лабараторија што испитува биолошки состав надвор од Македонија отколку да би било тоа кај нас. Заборавив дека многу и сме важни на Европа па сега ќе фингира резултати за да не труе со тешки метали има добар цитат Горан Стефановски за то во Диво месо оти знајш и таму е како тука па се проаѓа, ако живејш надвор од Македонија јасно ти е како функционираат институциите
Лек е зошто пред тоа луѓе умирале кога почнале да се вакцинираат се стишило, да оставеле така ќе биле само неколку луѓе. Благодарение на колективниот имунитет не умирале веќе малите деца и бебињата. Се до тој момент кога модерните родители не стапија на сцена да не си ги вакцинираат децата. Извини ама дарувањето крв,плазма,тромбоцити и матични клетки се дел од животот на еден човек и не секој ги може. Ако случајно на некое невакцинирано дете му треба трансфузија нека бара од невакциниран дарител ако го најдете здрав прав преживеан, а не од било кого. Зошто нели вакцинираниот е со 300 болести според вас. Темава е на долго и широко али драго би ми било кога за некоја болест која има лек доктор не би ви обрнал ни трошка внимание зошто од мода враќате болести. Треба еден град посебен за таквите како вас и да седите таму. Не може вакцината да ви ја одобрува доктор, а после вие кај истиот тој да барате помош зошто не сте сакале да го вакцинирате детето од мода.