1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    738 глас(а)
    76,0%
  2. Против

    233 глас(а)
    24,0%
  1. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Секоја чест, ме провали во моите скриени намери да му наштетам на човештвото. Адхоминем профилирањето е обично единствената карика за комуинкација кога реалноста се базира строго на студии кои се направени „независно“ и секој што ќе скршне од истите „независни' автоматски е отпадник со доза на фанатизам кој ете бира црешички, а реплицира секогаш на целосни пасуси од пораки.
    Нема да паднам ниско и да те профилирам. За мене си како и секој друг член на форумот, независно од кој сегмент на општеството доаѓаш.
    Моите размислувања се базираат на логика и барање на одговори. Така сметам дека треба да размислува секој родител ако веќе размислува каква машина за перење купува. Мислам дека ќе се сложиш во две работи, а тоа е дека медалот на вакцините има 2 страни. Ти велиш постои добрата. А знаеш дека постои и лошата. Ама тоа намерно или не го преќутуваш или минизираш. И со тоа мора да има право на избор, кој сега го тера тешкиот пат.
    Ќе се сложиш и дека и зависната наука се движи, а неретко е тоа поради притисок од овие другиве доктори и научници. Преку 30 години се даваа вакцини со SV40 и тогаш беа добри. За после 30 години да утврдат дека аѓувантот е високо карциноген.
    Кумулативно дејство - студија нема. Јас уште те чекам да ми го објасниш колективниот имунитет од 0-80 години.
    И не си ласкај, прво обаснувањето не беше за тебе туку друга членка на која и е многу досадно.

    Некој седнал и направил студија, која ете не е повлечена, ниту оспорена. ССПЕ не било познато пред воведување на МРП.

    Логиката е проста но надвор од стереотипот на корпоративните убедувања. Тука јас не можам со сила да те натерам да размислиш. Ако ти каже мајсторот за машината за перење дека расипан е програматорот, а се работи само за некое менување осигурувач, ти како мајстор безрезервно ќе му ја дадеш твојата поддршка иако те заклал со цена за глупост. Пошто нели мајстор е. Јас ќе прашам уште 3ца мајстори.
    Тука се разликуваме. Во логиката.
    „Добробитот“ на вакцините го „жнееме“ се повеќе и повеќе. Убиваме мравка за да не прегази слон.

    Среќа море што има и доктори и научници кои не го делат ова стереотипно мислење. Се што произлегува од фармацијата мора да е добро, проверено и учинковито. Неретко жртвуваат се што имаат поради спротиставувањето.

    Не, никаква сатира не е во филмот. Тоа се обични серии, кога смртноста на морбилите е намалена на скоро 0 па се до „измислувањето“ на вакцината за ММР. Добри 30 години никој не ги рецкаше. Е после станаа опасни и фелата се раководеше од периодот кога сипаниците, поради лоши хигиенски услови и несоодветен третман навистина беа проблем

    Во Германија е задолжителна за градинка и за школо, но ако детето има прележано, тогаш и не е. (Кај нас нема врска дали е прележано).
    Особено интересно е во школите поради и кај нив задолжителното образование. Родителите си плаќаат казна од 2500 ЕУР и децата си одат во школо. И тоа и не е така лошо ако си навистина со став да не го вакцинираш детето. Чудно е и како тоа дете, кај што родителот платил 2500 Евра, понатаму не е проблем за општеството. Циркус.

    https://www.dw.com/en/germany-manda...-is-constitutional-top-court-rules/a-62844750
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Зашо се објаснувате со луѓе шо немаат елементарно познавање? Прво нека научат, што е вакцина, како се прави/добива, видови вакцини, колку болести искорениле. Вие им викате нема да ти заболи детето или ќе пројде полесно. Они упорно не. Значи не знаат шо има внатре.

    у зима, поготово Скопје, Тетово, дишеме ОТРОВ. Три месеци по еве 30 дена=90 дена годишно, минимум, дишеме ОТРОВ. И тоа не е штетно за децата, нека дишат гуми и пластики, ама не, во вакцините КЛАВЕТ отрови да нѐ уништат. Исто како у Белград што уште ги трујат со авиони (млазот од авионот бил со осиромашен ураниум)…


    Ви ставаат на вас нешто у пијачката жими сѐ. Опрајте се
     
    На SummerGirl, TammiB5, ArabellaStarfall и 8 други им се допаѓа ова.
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Утре кога сите ќе изумреме од вакцините ќе останат децата на Јаре и тие таквите за да го продолжат човековиот вид. Фала му на Господ.
     
    На Skyler81, Lianna Anna, FridaodaMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Не најјако ми е.
    Не ги вакцинирам поради мои причини сеа да не кажувам. Не даваат аргументи. Ние им даваме студии колку болести искорениле
    Ама не..
     
  5. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    11.973
    Пол:
    Женски
    Те молам @Feminka22 немој така, како не ни пушти членот научни докази ете го цитираше ДОКТОРОТ Dr. Eustace Mullin. Кој не е доктор, можи да е во својата област, но не во медицината. Патем му пречеше дека на wikipedia пишело дека сметал дека белата раса е над другите, ама статиите од google што 12 години ги копира се многу веродостојни. Корени пушти човекот на темава и пак слабо да се фатат следбеници. Арно малку се таквите како него оти во иднина ќе биди многу проблем за сите нас со нешто за кое не ни треба да се дискутира. Не се свесни што се случувало и зошто ги направиле вакцините очигледно
     
    На ArabellaStarfall и Skyler81 им се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.150
    Оставете го членот што од 2012 е активен само овде, зошто за жал, многу луѓе веруваат во се што ќе прочитаат.

    Отворете кај деца и градинки и видете колку членки не вакцинираат.

    За жал, малку луѓе има со капацитет да разберат научна студија. Полесно е да се поверува дека земјата е рамна и не прскаат со авиони.
     
    На Skyler, GirlRose, kitsune и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    19.656
    Пол:
    Женски
    Не постојат две страни, постои една. Другата е само деконтекстуализација и мисинтерпретација на податоци, ноторни лаги и морам да признаам, импресивна фантазија. Нирвана ефектот е невозможен, дури и кај парацетамолот кој го земаш без да трепкаш. И нема тука никаков стереотип, туку научно издржан наратив.

    Сакаш да кажеш дека подобрување на крајниот резултат е аргумент против вакцинација? Употребата на СВ40 престанала во раните 1960 - ти, а почнала во доцни 1950 - ти. Тоа не се 30 години. Агенсот е надвор од употреба, иако никогаш не е потврдена корелација кај луѓето. Технологијата за производство на вакцините е подобрена, што доведува до развој на вакцини кои не вклучуваат СВ40.

    Да направам аналогија со практиката на трансфузија на крв во минатото. Се случувале реакции на антиген - антитело, а кои вклучувале таложење и лепење на еритроцитите, а со тоа и компликации. Со напредокот во медицината како и строгите протоколи за безбедност од инфекции, истава еволуирала во она што го имаме денес. Сакам да кажам, апсолутно не е отфрлена, ниту демонизирана. Туку широко прифатена, оти е во корист на човештвото.

    Да, серија е, комедија! Во време кога луѓето не знаеле за психички болести, болните од истите ги таргетирале како опседнати од демони и им правеле егзорцизам. Во време кога болести коселе се пред себе, луѓето мислеле дека некој ги убива со вакцини. Во време кога луѓето не биле доволно едуцирани за морбилите, се исмејувале со сериозна болест. Обична комедија која сметаш дека е аргумент против вакцинација.

    Апсолутна невистина! ССПЕ не било непознато пред воведувањето на МРП. Па дури и да било непознато како дијагноза, не значи дека воопшто не постоело како болест. Вакцината е воведена како дел од програмите за имунизација во светот, како мерка за превенција на ССПЕ, како и други компликации поврзани со морбилите. МРП значително го намалува ризикот од морбили, а со тоа и од ССПЕ. Првата вакцина за морбили е лиценцирана во 1963, а случаи на ССПЕ многу порано.

    Enders and his team tested their measles vaccine on small groups of children from 1958 to 1960, before beginning trials on thousands of children in New York City and Nigeria. In 1961 it was hailed as 100% effective and the first measles vaccine was licensed for public use in 1963.

    Documented history for SSPE stretches as far back as 1935
    when Dawson first identified the pathology in 2 children giving the disease its original name of “Dawson’s encephalitis. Between 1933 and 1934, Dawson investigated cerebral lesions of patients who had died from subacute sclerosing panencephalitis.
     
    На Yowannty, ArabellaStarfall, Cherry79 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.574
    Пол:
    Женски
    Знаете шо ме интересира?
    Зошто жива и остали тешки метали и што и да е друго токсично, канцерогено, тригер за аутизам и автоимуни болести итн го ставаат баш во вакцините, а не во некој фармаколошки препарат со широк спектар на употреба? Не знам, во парацетамол на пример?
     
    На MartinaMM, GirlRose, Mandela и 3 други им се допаѓа ова.
  9. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    11.973
    Пол:
    Женски

    Еве убаво објаснување од стручна личност, а не статија од писател туку од педијатар-имунолог
     
    На Anaroz1, Cherry79, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Многу храбро, и ептен непоромислено. Последици од вакцини значи нема. Чуму исплатите на оштетени деца од вакцина тогаш, барем во земјите каде што има функционални системи за репарација и се исплаќаат милионски суми ? Иако репортите за проблемите се 1 спрема 10 а исплатите се вршат директ од фондови а не од производители. Ама тоа е друга тема.
    Нема никаква импресивна фантазија ако се обидуваш последиците да ги ставиш под тепих.
    И не мешај баби и жаби со поистоветување на парацетамол со вакцини. Исти се само како медицинска интервенција, која како такви и двете можеш да ги одбиеш.

    Не. Науката, каква и да е - еволуира. Она што денес е ок, утре можеби и не е. Така беше и со СВ40. Кога се докажа канцерогеноста на СВ40, од сајтот на ЦДЦ преку ноќ исчезна периодот на имплементација. Некаде имав и скриншот нашравено. Курвински нели ? Од нет волшебно се бришат овие податоци, а вакцините со СВ40 се употребуваат дури до почеток на 70ти години, и тоа пази, не кај сите исто, туку од земја до земја.
    И по твое, се е тоа нормално и ок.

    Евулуцијата во науката нормално е да наоѓа грешки. Проблемот е коа истите, откако ќе се увиди проблемот или се минимизираат или се туркаат по тепих.

    Го залепи ова како г*з на нокшир. Беспотребно воопштување на вештерки кои ги палеле и обични ТВ серии и филмови. Не ти ја знам возраста, па затоа прашај ги родителите или некој од постарите. Сипаниците беа редовна нормална појава. Имам и анегдота од кај мене, кога мој постар братучед беше лут, зошто сите во школо фатиле сипаници и една недела се дома, само тој сирот не фатил. Па му дојде срцето на место, кога и тој фати после една недела.

    Пост старт на вакцините се пишуваат разни „научни“ спонзорирани објави. Наменски секако за бељите кои може да ги предизвика вакцинацијата. Истото беше со фимот Rain Man за „нормализација“ на аутизмот кој „постоел од пред дедо Ное“. Наназад 1-2 страни студијата што ја дадов го ССПЕ се јавува од див вирус кај неимуна (не неимунизирана) единка.

    Не ме чуди. Не успеваат сите да прележат морбили, а сега со вакцинацијата тоа и се случува во огромни рамки. Имунитетот од прележување на морбили е траен. Вакциналниот не. Затоа е и енормното зголемување на ССПЕ.
     
  11. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    1.759
    Пол:
    Женски
    Затоа што да видам кој е тој јунак што на температура од 40°C кај дете нема да трча да даде парацетамол.
     
    На SummerGirl и IRBBB им се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.150
    Thimerosal is added to vials of vaccine that contain more than one dose (multi-dose vials) to prevent growth of germs, like bacteria and fungi. Introduction of bacteria and fungi has the potential to occur when a syringe needle enters a vial as a vaccine is being prepared for administration. Contamination by germs in a vaccine could cause severe local reactions, serious illness or death. In some vaccines, preservatives, including thimerosal, are added during the manufacturing process to prevent germ growth.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    1.759
    Пол:
    Женски
    Ја имам читано членката во други теми во врска со вакцини, па според тоа мислам дека прашањето и беше хипотетичко, во смисла ако веќе сакаат да не трујат или нанесат штета по здравјето многу поедноставно им е тоа да се направи со оптшо прифатен лек, како на пример парацетамол што сами си го препишуваме и достапен ни е на секој чекор. Ама бидејќи никому не одговара парацетамолот да не чини, се труби само за вакцините дека се штетни.
     
    На Feminka22, SummerGirl и IRBBB им се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.681
    Допаѓања:
    174.608
    Пол:
    Женски
    Канцерогени состојки има во козметика. Има прилично во павловичева што наголемо се користи со генерации. Алуминиум има во бананите што сите ги јадеме. Жива има во оној штрафот што го ставаат забарите при мостови, коронки. Итн итн… Ама вакцините се зло.
     
    На kozuf, Feminka22, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  15. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Искрено ми се допаѓа како размислувате иако воопштувате. Тоа е веројатно првиот чекор. Секако дека има канцерогени состојки кај многу работи кои ги конзумираме или мачкаме на кожа. Ние, „глупавите“ одамна ги одбегнуваме и нив. Колку е можно нели. Јас на пример максимално ја одбегнувам пченката која се вика Шеќерац. Поголемо ГМО лај*о нема.

    Но една работа заборавате. Дека сите тие состојки имаат претходен систем кој делумно ги превенира да стигнат до телото. Некои од нив некако и ќе успеат, некои секако не.
    Со вакцините и нивните дози ( за возрасен се многу камоли за дете ) тие пенетрираат директно со игла во крвотокот на децата бајпасирајќи ги сите системи на одбрана. Ниту еден вирус не влегува така. Ниту аѓувант.

    Ако е полесно да се воопштуваат работите ок, let be it, ама ако се борите спрема ГМО производите, логично е прв чекор да бидат вакцините. Во најмала рака вие НЕ знаете што има внатре. Тоа е „деловна тајна“.
    Или полесно е дека се е затруено, па сеа за едни вакцини ?
     
  16. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.574
    Пол:
    Женски
    Која вакцина се дава интравенски? :^)
     
    На Feminka22, ArabellaStarfall и Skyler81 им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.681
    Допаѓања:
    174.608
    Пол:
    Женски
    Тоа значи дека сите ќе умреме на крај, ама некои ќе умрат со нишка вина за правење штети по здравје на другите, што од тотална игнорантност ко тебе и посебна пахуљица комплекс.
    Од вас глупавите остануваме насамарени ко човечки род кроз историја, докажано многу пати.
     
    На Feminka22, Lianna Anna, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    На FridaodaMk и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  19. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    797
    Озбилна си со прашањево ? :)
    Хинт. Како се дава инсулин и каде веднаш завршува, Епа исто така само со подолга игла.
     
  20. Skyler81

    Skyler81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2024
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Не, ти не си сериозен со одговоров. Не постои вакцина што се дава интравенски. А каде завршува е друго прашање. На истото место каде што завршува и било кој друг медикамент без разлика на начинот на администрација. Проблемот е што ти упорно тврдиш дека вакцините се даваат директно во крв, што е апсолутно не вистина.
     
    На kozuf, Yowannty, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.