Прво, рече директно пенетрирање со игла во крвотокот. Второ, како го бајпасираат секој систем на одбрана, кога бела крвна лоза и антитела се наоѓаат во крвта? Трето, и сѐ што вдишуваме влегува во крвна циркулација, па аналогно на тоа и бактериите/вирусите шо се пренесуваат преку респираторен тракт. Не ми си јасен. Си одлучил да не ги вакцинираш децата, не си ги вакцинирал. Шо туку сееш страв наоколу? Зошто бараш уште истомисленици или следбеници ако си сигурен во својата одлука? Шо ти е гајле за одлуките на Ивана, Мартина и Тања за нивните деца? Си имате групи, средби, состаноци вие шо сте одлучиле да не вакцинирате деца, таму тешете се и тапшајте се по рамо дека не сте згрешиле.
– Сметам дека родителите треба повеќе да бидат информирани во однос на тоа какви се последиците во случај нивното дете да биде заразено со некоја болест. Неопходно е да знаат колку вакцинацијата ги штити од тие болести. Во нашата амбуланта има деца кои не се вакцинирани, на чии родители постојано им се објаснува бенефитот од вакцината. Но сепак, последниот збор го има, се разбира, родителот. Јас не мислам дека невакцинираните деца се толку опасни за другите деца колку што се сериозна опасност сами за себе. И да, имам пациенти со аутизам, а кои не се вакцинирани, па сега заклучете сами што довело до тоа – вели Стојанова – Атанасовска 2018 уште ова^ https://www.slobodnaevropa.mk/a/gol...sakaat-da-gi-vakciniraat-decata/32859973.html
Ќе избегнуваш и ренген ако треба да се снимиш? Воздухот го избегнуваш? Зеленчукот од Пелагонија. То е се здраво @yarre и да пошто многу добро ти оди гуглањето имаш податоци за составот на вакцините, а за то шо го јадиш имаш? И аман со пропагандите остај не нас неинформираните свесно ќе си нанесуваме штетада беше стручна личност во обласите кои дискутираш да, ќе се замислев, али замисли има педијатри, имунолози, микробиолози, кои кажуваат спротивно од вашата пропаганда. Арно ве немаше ко хараше полио, вариола вера, морбили оти можи сеа не ќе те имаше тука за да не труеш со години едно те исто, доволно штета нанесувате веќе гледаме во пракса. Изолирајте се како заедница и не ги малтретирајте другите ни доктори ни медицина ништо не ви треба сами се си знајте ете ти и тој писателот СТРУЧЕН
Полека. Опушти се. Земи воздух. Полека вдиши. Ајде издиши. Така.... Само што не сум се повлекол да се изолирам ПС. Имаш копче „игнорирај“ кај мојот профил. Да не се навлечеш случајно.
Едно видео за теориите на заговор и теоретичарите како членот погоре https://www.facebook.com/share/v/5uGEhaSc4kavdayv/?mibextid=oFDknk
@yarre нема да ти реплицирам повеќе не ти вредат коментарите ниту кажа нешто научно издржано, со самото то што кисниш години на едно исто и постираш статии од некомпетентни личности и не одговараш на конкретни прашања туку верглаш на едно исто без никаков доказ ниту си напрајл некое истражување(твое, а не копирано од google) па да не просветлиш тука со резултатите, кажува за твојата компетентност за темата. И релаксирај се малку не се напнувај со километражни статииеден е животот ние ќе умриме од вакцините, вие антиваксерите сте благословени од ништо нема да се разболите, го откривте еликсирот на вечен живот
Ми ласка што сум спомнат во контекст на вакви платенички НЏО дегенерици (кај овој меѓудругите спонзор е и сорос и разни потскриени „напредни“ движења) регистрирани во приватен стан составено од еден двајца ликови кои треба да не научат како да мислиме ама никако критички. Дури и претстава напраил, да си ги заработи паричките. Секако со разни воопштувања. Вистиномери колку сакаш. За пари и родена мајка ке си продатат. Нема да навлегувам во теми кои не се дел од темата. Но да не ми оди постот во ветер. Дали знаевте дека во Шведска во 1978 година испитувања покажале дека 84% од децата кои задобиле пертусис, преходно биле вакцинирани со 3 дози. Како резултат на ова, ДТП вакцината се прогласува за неефективна. Па така Шведското министерство за здравство загрижено за безбедноста на вакцината и вакцината од 1979 до 1996 (17 години) е исклучена од националната програма за вакцинација. Она што може да се види е дека нема зголемување на смртни случаи во тие 17 години, кои биле блиску до нула во 1953 кога е почната вакцинацијата.
А зошто кај родилки е препорачана вакцинација во Шведска за пертусис? Добро пребаруваш побарај и за то малку ако како што кажваш е неефективна зошто би ги вакцинирале? Онака од разонода да се дешава нешто. Кога ставаш податоци ставај и за се, а не само за то тебе што ти одговара, од сумливи извори во заедницата приберени
Вакцината во Шведска се банира по јаки напори на антиваксерски организации и се прогласува за убиец на децата, поврзувајќи ја со СИДС. Не само што случаите на СИДС не се намалуваат, туку пертусисот затропува во Шведска на голема врата, не со по неколку случаеви годишно туку епидемиски и со многу повеќе компликации при заразувањето кои што претходно биле типични кај земји во развој. Нормално, апсолутно сите претходни антиваксерски теории се докажуваат и потврдуваат за неточни, паѓаат во вода народски кажано и малку засрамени (претпоставувам) ко попчиња ја враќаат вакцината и спречуваат понатамошно ширење и поголеми компликации оти сепак си се грижат за својот народ.
Епа тоа е што не може да разбере дека кога почнала да се аплицира вакцината се намалиле и случаите на пертусис па и на другите работи. И понатака ќе се воведат и други вакцини во картонот како задолжителни зошто ќе излегуваат и нови вируси и бактерии. Ама не можеш да му објасниш дека тие таквите како него ги враќаат заразите. Не се секира дека отров му јадат децата и се озрачени ама битно нема вакцина да прими.
И не само то случаите на SIDS не опаднале во Шведска, а претходно нели беше од вацината. Па нека кажи членот како не се намалиле кога не вакцинирале?
Сорос е одамна затворен во Мкд. Инаку, еве го син ми е на 10ти ден од директен контакт со дете со потврден пертусис. Под директен мислам на седење спроти дете што има интензивна кашлица на маса додека јадат и цртаат во градинка повеќе од 5 часа. Од 6 до 10 ден е инкубација, син ми нема ниеден симптом на болест. Последна ревакцина има примено пред 2 ипол години. Заради тоа што имам бебе дома, денес му правев и пцр, па баш ќе ви кажам дали е заразен асимтоматски или никако.
Настрана неговата специјализација, ако професорот нема доволно интегритет за да не спие со студентките, па и да ги жени, не би му верувал на неговиот интегритет како доктор, кој знае може цел живот кривини фаќал.
Многу јаки шведскиве „антиваксери“. Просто неверојатно. Извор ? На сајтот си го пишале Сорос (скролни надолу) иако како и многу други НЏО платеници, нема лица со име и презиме. И регистрација во стан. Почнале и со „бесплатна“ презентација на МТВ1 https://medium.edu.mk/za-iks/
Слободно можи да се види што се случувало во Шведска од 1979 до 1996 кога не вакцинирале али нека си труби членот дека неговите "податоци" се најточни, и дека будали се властите од Шведска што ја вратија вакцината и што ја препорачуваат на трудници и пак ќе прашам зошто така препорачуват? Замисли земја по развиена од нас ги увидела бенефитите од вакцините, или свесно решиле да си трујат народ, а не заборајв порастот бил оти мајката е крива што се вакцинирала, за се се вакцините криви и оние кои работеле на то за да ја уништат популацијата. Вакцинираната мајка е крива за SIDS според теорииве што не држат вода, нејсе вакцинирани се борат против вакцини која дволичност
Само што вакцината за Детепер сега е ацелуларна, не whole cell. И затоа се појавуваат епидемии и затоа ја препорачуваат на трудници, јер нема поинаков начин да се заштитат бебињата.
Ајде, палите логика (кој колку може) вакцини и малку историја. Догмата дека вакцините нѐ спасија и дека без нив не ќе преживеевме, секако е иницирана со самиот почеток на вакцинацијата, а особено е одржувана со вакцината. За да разбереме како всушност вакцините влијаеле и влијаат на денешниот живот, потребно е да нурнеме во добро маскираната историја. Преведено на Македонски. Напомена: Не е за затворени умови. https://seed167.bitchute.com/ndXMq09uhDPQ/pV0hwjBvQn5z.mp4 Втор дел https://www.bitchute.com/video/ZgmTVvds932e/