. Да, има респираторен вирус со кашлица. Како знам? Го фатија децава тоа чудо, ене ги добри се после 5 дена. Тестирани се двајцата за бортадела, негативни се во две различни лабаратории. Исто така, со пертусис кашлицата не е резултат на 'слевање' од горно респираторни патишта, како што е со вирусов. Сосема различно се кашла, и не се качува температура 38.5 со пертусис. За тоа колку се децата сега поболни од порано, ќе се согласиме дека ковид изолацијата има голем придонес.
Ахахах кај амишите немало аутизам? Се надевам дека не си сериозен, иако не ми одговори на прашањата, барам од тебе конкретно што си направил, врз кој податок ти би укинал BSG, а не на ветер кажано за статистики, доказ, зошто, колку болни, се точно па после ќе дискутираме дали треба или не треба.Тоа сигурно е направено во горе споменатата инаку развиена земја, а ние ако не знаеш сеуште спаѓаме во земји во развој каде што има ризик за туберкулоза. Конкретно за Амишите дека немало аутизам https://www.crossrivertherapy.com/autism/do-amish-kids-get-autism Еден тон податоци имаш за тоа дали има или нема аутизам кај Амишите, и барем кога измислувате бидете по уверливи, не сме толку технолошки неписмени за да не се информираме, али знам google пишува се и сешто, иако и ти самиот од таму црпиш информации
Во Франција, зошто имам студирано таму знам, за да добиеш виза ти бараат вакцинален картон. Ако си од ризична земја, во која спаѓаме и ние, и ако има поминато х години од вакцина, во првите недели од пристигање, те снимаат на плуќа за да добиеш дозвола за престој. Немаат бсг вакцина, ама имаат систем кој проверува дали некој им носи буби. И покрај тие проверки им се случуваат мини епидемии, па пак боцкаат.
Да ? Јас знам баш такви примери. Мамо лука сака вода пие. После вакцината ништо од ова нема. Тап поглед во ѕид. Промената секогаш се случува после ММР вакцина, Нема никаво доцнење во развојот. Имаш тап поглед, и после кратко време класични аутистички однесувања. @KuklickaSk Јас мислам дека бев доволно јасен. Ќе ми извиниш, ама што сакаше да кажеш ? 3 пати ги препрочитувам твоите две пораки и се обидувам да расчанчам. Ајде со ред. Ти мислиш дека вакцинацијата превенирала твоите деца. Ок, супер. Ако добро разбрав, Франција бара ренген на плуќа ако одиш да студираш. Ок. прај рентген на плуќа. Они ја утврдиле неучинковитоста на БСГ вакцината, и ја исклучиле. Да имале проблем нели и ако вакцината била учинковита, со толку мигранти и доселеници последниве 50 -70 години немало да го направат тоа. Пола Франција е доселена со луѓе од нивните колонии.
@yarre Во самиот текст што го пушти многу убо се ти е објаснето, а сега ова објасни го и зошто баш во тој регион вакцимираат ако сметаат дека е неучинковита вакцината? study conducted in 2010 in Ile-de-France region in children aged ≤5 years has shown that children born to at least one parent originating from a high-TB incidence country were significantly better vaccinated than other children (97.3% vs 78.6%) [24]. This has likely contributed to the absence of increase of TBM in the Ile-de-France region. Исто одговори ми дали ние спаѓаме во земја од ризик? И мешаш многу оти правиш споредба со развиена земја и земја во развој што ама ич не е исто. Се надевам ја сфаќаш разликата или онака си копираш текстој само да си ја потврдиш поентата. Иначе кога збораме за Амишите и тие се вакцинират само што се премногу затворена заедница и нема многу достапни податоци за нив
Знаев дека ќе имаш веднаш аргумент, затоа и не пребарував истражувања и статистики кои беа поврзани со вакцини и аутизам. Прво пребарав каде има најмногу дијагностицирани деца од аутизам. Потоа за секоја држава дополнително пребарував колкава е покриеноста со вакцините и дали се задолжителни. Каква манипулација и од кого, кога не се работи за поврзано истражување туку две засебни статистики Чисто мене ме интересираше дали во земјите кои се максимално вакцинално покриени има голем број на дијагностицирани деца со аутизам. Последно што сакав да кажам. Усвоеното хипотетичко детенце од Германија може да има аутизам од генетски фактори или мора да е од вакцините?
Мене ме интересира како сите овие што се залагат да нема вакцини кога ќе напрат епидемија,( оти ете хипотетички сите да не се вакцинираме и за се да се лечиме со тревки и антибиотици) како ќе се справат со здравствениот систем? @yarre еве конкретно одговори? Како ти би се справил ако се врати вариола вера? Што би направил со оптеретен здравствен систем и ограничени болнички капацитети? Ете вакцините се штетни нема да се вакцинираме. Како ти би помогнал на болните од полио? Со чајче од Баба Рада? Или со статија од интернет. Оти вака зад тастатура сте потковани али дали сте спремни во реалноста и како би се соочиле? Или се она што се случувало во минатото е лага, али ги проваливте вие Или како да не спомнувам имиња онаа која што ја следиш што според неа ковидот беше една обична настина оди кажи му го тоа на сите ние кои изгубивме некој од Ковид, така за се ќе кажвате, ај бе шо е полио ќе лечиме со антибиотик, нејсе антибиотиците ги величате, а вакцините се само злото
Види, убаво е што почнуваш да истражуваш. Иако тоа не е работа на родител, кој нели треба безрезервно (читај верски) да верува во „званичните“ истражувања, добро е што ете загребуваш. Така и јас гребев пред години. Статистиките кои се порачани се едно а статистиките кои се случуваат се сосема друго. Ако јас продавам сладолед и ми треба статистика, ќе порачам дека мојот сладолед е најздравиот и најубавиот по вкус. Проста бизнис логика. Ако заработувам енормно од мојот сладолед, имам доволно приход да порачам статистика. Имам плус и да платам гласноговорници (мејнстрим медии) кои ќе пеат како јас сакам. Гроздановци, петличковци, мехмедовиќи.... ситна ефтина боранија. Барем во нашето сиромашно а лесно поткупливо општество. Такви ликови се најлесни за креирање на јавно мислење. Плус имаш министер кој е смотан, партиски избран, и да он е во филм дека прави добро дело. Од овие ефтиниве ликови помогнат. Она бабено Ставриќ е прикаска за себе. Батали го детето кај амишите. Што и да е причината за аутизам. Едно е дојдено е. Поентата е што немаат аутистично друго дете кај нив. Јас немам „веднаш“ аргументи. Имам сомнеж. Проврерувам се и читам мислења. Ако можам да проверам каква машина за веш ќе купам зошто тоа не би го направил и со вакцините кои треба да се дадат на моите деца. Сите ние тука сме родители. Не сме полоши ниту подобри. Најдобри сме. Не се сомневам дека можеби си и подобар родител од мене. Секој од нас се трудиме да го направиме најдоброто за нашите деца. И ти и јас. Не се сомневам во твојот порив. Обиди се да не го судиш мојот.
Како немат? Кај Амишите нема аутизам? истражи многу подлабоко па ќе видиш дека тоа е само еден обичен мит, имаш бази на податоци. И да, сметам дека ако толку се борите докажете, не преку видеа и статии, туку вие лично ваше истражување. Немате аргументи, ете тоа што те прашав беше од тоа што сподели ти за Франција, не го сподели некој друг. Туку едноставно си ги толкувате онака како што ви одговара. Немате ниту еден релевантен извор, али ете тргнете од себеси, како родители кои сакате да ги заштитите децата спроведете, истражете, дојдете до релевантни извори брз база на податоци и слободно споделете, убедете не дека ние грешиме и свесно се труеме. Меѓу вас нели има и доктор па ете нека биди мотив да напрај истражувањеТолку години убедваш сакаме доказ, и не одговараш на едноставни прашања. Зошто во одредени области во Франција вакцинират?
Грешка си. Од Пертусис се кашла од преголемо слевање кое е тешко да се исфрли, затоа што дишните патишта се стеснети од тоа што се отечени. Се качува и температура. Еве веродостојна снимка од кашлица трета недела од инкубација. Од силно кашлање може и да поврати. Доколку децата почнат да ви кашлаат без други симптоми, тестирајте ги со пцр тест, само таму покажува дека може да има пертусис. Од крвна слика не може да се утврди присуство.
Прц тест. Уште ли со циркусот ? PCR методата не е дизајнирана да се користи како дијагностичка алатка, бидејќи не може да прави разлика помеѓу неактивни вируси и „живи“ или оние кои се репродуктивни. PCR e кратенка за полимераза верижна реакција, е високо специфична лабораториска техника. Со PCR-тестирањето може да се идентификува индивидуален специфичен вирус во рамките на вирусно семејство. Сепак пронаоѓачот на оваа техника – Кери Мулинс, кој доби Нобелова награда за овој процес во 1993 година сам изјави дека техниката не служи за дијагноза.
Причината е преолемата конзумација на разни метали преку храна,вода. Почвата негде е по загадена негде не, на кој начин се одгледуваат растенијата какви препарати се користат за да се намалат штетниците итн. Вакцините немаат допирна точка со аутизмот зошто кај децата со аутизам се најдени големи количини на метал во нивното тело. И да е само доено детето ако мајката јаде храна со метали тогаш и бебето добива од истото затоа не е ни чуно што и кај доено бебе наоѓаат високи нивоа на тешки метали. Само за антиваксерите подобро ќе јадат контаминирана храна со радијација одколку да прими вакцина.
Да ќе ги исплати државата зошто има кга не се става мрп вакцината уназад имав кажано. Не по секоја цена се ставаат вакцините кај секого.
Неможам да барам а и тешко може топиков секогаш да се следи што се пишува, мн мислења има од еднаш ,големи реферати… претпоставувам не смееш да имаш хронично заболување? Има др контрадикција поради што не може?
Епилептични напади,фебрилни напади, тешки автоимуни заболувања итн. Ако веќе организмот е кревок не вакцинираат зошто така ќе го уништат скроз не е целта да скине конци некој. Друга работа е што истите тие лица ќе треба да се пазат од вируси и бактерии зошто имуниот систем им е слаб по секако да не кажам дека треба да се изолирани.
Ни вакцини, ни тестови, ништо не ви треба. Само читајте си вака по форуми и соц.мрежи, а по потреба на гравчиња или во тарот гледајте дали имате пертусис, хемофилус или нешто трето.
Го тестирав секако и тоа неколку пати. Тоа за кашлањето и за темп ми беше кажано од професорка на детска клиника, демек одма ќе приметиш поинаква кашлица.
Еден татко со рационално размислување. Писма на зачитани татковци Потребна ни е борба против дезинформации, јавна отворена дебата и искрен разговор на темата, за да се искристализираат работите и да не бидеме жртви ниту на антиваксерска, ниту на ваксерска пропаганда. Да излеземе од положбата во која сме втурнати, меѓу чеканот и наковалната на ваксерската и антиваксерската пропаганда. Се работи за нашето најмило, бесценето богатство, нашите деца и нивниот живот и иднина. Објавено на офнет. https://off.net.mk/pisma-na-chitateli/pisma-na-zachitani-tatkovci Целото писмо. https://off.net.mk/files/razno/2024/04/19/415731-pisma-na-zachitani-tatkovci.docx