Чива емпатија? Немам емпатија што споделив искуство? @Mrs. right ти чинам сеуште немаш деца, ако грешам прости ми? Ќе правиме муабет ако нешто на твој грб искусиш...
@Viveki точно, неам, коа ќе иам, мислиш не би дозволила да се вакцинираат? И да речеме ако искусам, би требало во провокаторски антиваксер да се претворам или свое искуство да си кажам? Има голема разлика. Забораив дека штом немаш родено не смееш да коментираш на никаква тема поврзана со деца. Ајде се одјавувам, никако не можеме да се разбереме.
Ама пак ќе кажам, не мислев за тебе, тој што спомна емпатија ќе си се пронајде. Јас имам деца, и не ми се вакцинирани само со ММР од тоа што слушам лоши мислења и коментари не сум ги вакцинирала, и од страв исто.
Ете тоа е моментот, страв. Јас не сакам да ја гледам пак таа слика, детето помодрено да ми биде и да му се тресе вилицата. За мене тоа беше траума. Не форсирам ниту убедувам некого да не вакцинира, ама мене ми е страв да го поминам истото... @Mrs. right прво рипни па речи оп. Немав намера да те увредам, коментирај каде сакаш и колку сакаш, само едноставно некои работи прво треба да ги искусиш па после да имаш мислење.
Ние не сме имале од вакцина толку лоша реакција, ама нешто како ти што опиша имавме од Трицеф, лошо е во секој случај да. И страв е во прашање, еве од што слушам од другите лоши мислења за ММР, не сакам уште да ги вакцинирам...
Вакцинирање е потребно и неопходно. Многу е себично некој да изложи дете на секакви болести, оти решил да верува дека постои голема можност одредена вакцина лошо да му делува. А буквално во 99% од случаите, самите се вакцинирани со сите вакцини. Нуспојави, од незабележливи до нешто посериозно отсекогаш постоеле со сите медикаменти, но антиваксервие се обидуваат нуспојавите да ги направат правило, не исклучок.
Ок ете не Рајти ама ќе дојде мајка рецимо што бебето нејзино фатило пертусис пред да стаса до вакцина. И, која е во право, кое мислење?
Некои се во заблуда, вакцината не те штити од зараза, те штити од компликации од вирусот. Никаде не има податок ако сте читале дека ако сте вакцинирани нема да се разболите. Ако има такво нешто негде слободно споделете. @Viveki вакцината за рота што ја примило твоето дете не го прави имуно од рота т.е не значи дека нема да се разболи, туку значи дека многу полесно ќе ги помини за разлика од невакцинирани, тоа е и целта на вакцините. Пред да пишите работи од инает и контра добро би било да прочитате зошто е вакцината. Нигде нема податок ниту доказ дека нема да се разболи
Те разбирам зошто имаш одбивност према вакцините, но ова нема никаква поента. Нормално дека членката не би дала веќе трицеф, но доколку има потреба би дала друг антибиотик. Сите вакцини не се исти, што значи, зошто ти не би дала да се вакцинира детето со друга вакцина? Исто така ме интересира дали е докажано тоа што ви се случило, односно дека е предизвикано од вакцината? Не те напаѓам, да се разбереме.
Се е тоа во ред, во право си. Меѓутоа моето дете, тогаш 2 месечно бебе беше однесено да прими вакцина рота, за да се заштити од рота, и доби жив вирус рота. Колку бебиња прележале рота, вакцинирани или не?
@Viveki да, вакцината за рота вирус содржи жив рота атенуиран вирус. Ако твоето дете примило рота не значи дека нема да се разболи, а ако примило и имало дијареја, повраќање, гечеви тоа се несакани нус појави, впрочем не се толку чести. Да се надоврзам за претходно што беше коментирано. Алергиска реакција може да се случи од многу работи. Тоа е нешто што не можиш да го предвидиш, дали на трицеф или на компонента од вакцина. Доколку се случило се знае што се прави. А дека ќе се заштитиш од се во животот е научна фантастика. Еден беналгин, амоксиклаф, трицеф може да ти предизвика алергиска реакција. Аналогно на то ако сме уплашени од се, нема ни антибиотик ни ништо да пиеме, а како ќе симниме висока температура и што уште не...еве кажете. Кога ве боли глава 90% одма апче пиете, кога вирус ќе ве фати се ќе се изнапиете гла сечам ако некој се лечи природно, нејсе за вирус антибиотици како алва одат. Тогаш не попувате на нет дека нешто можи да ви биди, или не ги мислите нив, не се страшни, само вакцините се бабароги
Она што за најмалку се размислува е се можните долгорочни последици од вакцините. Обично е она - ништо не му беше, малце температурче, малце црвенило... Преку барата, нема ниту една долгорочна студија (или барем испитувања) со плацебо за редовните вакцини кои што се во програмата за вакцинација. Кај нас секако тоа не се прави, и се зема „здраво за готово“. Се извинувам што ве разбудив, продолжете со главата во песок. https://icandecide.org/wp-content/uploads/2024/03/no-placebo-101823.pdf
Здраво, можеби не ми е прашањево баш за тука бидејќи е за деца, ама не најдов посоодветна тема. Би сакала да прашам дали има некој што се вакцинирал со вакцина против варичела во Македонија? Знам дека не е во задолжителните вакцини. Имам 31 година и направив испитувања и имам 0 антитела, а бидејќи сум со мало дете, се плашам да не се заразам доколку сум бремена.
Фати рота после 1 доза вакцина или од вакцината имаше реакција? Една доза рота штити минимално, затоа се даваат 3 дози. Вие возрасните не сте вакцинирани за рота, не постоела тогаш таа вакцина.